In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Преглед од Џалса Салана – Германија

Денешната хутба во петок Халифа-тул Месих V, нека Аллах биде негов Помошник, ја одржа во Баи’тул Субоох џамијата, Франкфурт, Германија. После ташахуд и сура Ал Фатиха рече дека со Аллаховата милост во недела се заврши тридневната програма на Џалса Салана во Германија. Рече дека се направени одредени напори во текот на годината за подготовка на Џалса Салана. Стотина работници ја почнале својата работа неколку дена порано, но штом почнала Џалса Салана изгледало како одеднаш да завршила. Трите дена поминале во еден миг. Луѓето кои живеат во странство можат да замислат дека овде Џалса Салана се одржува во огромна сала. Мислат дека сè е веќе подготвено и зошто тогаш има потреба од волонтери? Хузур а.т.б.а. рече дека и покрај тоа што имаат огромни сали сепак треба да се направат поголеми напори а тоа подразбира и многу тешка работа. И покрај големите сали треба да се направи аранжман за сместување на гостите, готвење и служење на храна. Тука има и некои други привремени аранжмани кои треба да се изготват. Сите овие аранжмани се направени надвор од главната зграда и подигнати се шатори. Внатре во салите поставени се седишта, озвучување и многу други работи кои ги извршуваат волонтерите кои доаѓаат од Кхуддам, Ансар, лаѓна, итн. Во текот на деновите на Џалса Салана се организира готвење, служење на храна, чистење, паркинг места, осигурување, контрола и МТА која организира и врши пренос на програмите кои се одвиваат на Џалса Салана. Сите овие работи ги извршуваат волонтери, мажи, жени, момчиња, девојки, а има и деца. Хузур а.т.б.а. рече дека сите овие волонтери заслужуваат дови, посебно од учесниците на Џалса Салана и воопшто од сите Ахмади муслимани кои живеат било каде во светот, бидејќи Возвишениот Аллах преку Своите волонтери овозможува учествување, слушање и гледање на програмите на Џалса Салана. Затоа, треба да им се заблагодариме на сите овие волонтери. Нека Аллах обилно ги награди. Хузур а.т.б.а. рече дека им се заблагодарува на сите оние кои допринеле оваа програма да биде успешна во секоја смисла и кои имале прилика да им служат на гостите на Ветениот Месија а.с. (нека е мир на него) со сите свои можности. Нека Возвишениот Аллах во иднина им овозможи да служат на уште подобар начин. Хузур а.т.б.а. рече дека од една страна оваа Џалса станала извор за тренинг на нас самите, посебно тренинг за учесниците на Џалса и за сите оние кои ја пратат преку МТА. Од друга страна, преставува извор на пренесување на порака до не-ахмади муслиманите и не-муслиманите кои присуствуваат на Џалса, и до другите кои на некој начин се во контакт со Џемаатот или ја гледаат МТА. Хузур а.т.б.а. рече дека многу Ахмади муслимани изјавиле дека нивниот однос со не-ахмади муслиманите и не-муслиманите станал посилен поради Џалса и дека многумина од нив му се придружиле на Џемаатот и имале намера да го запознаат Џемаатот.

Хузур а.т.б.а. рече дека окружувањето на Џалса Салана ги импресионирало некои не-ахмади муслимани и не-муслимани така што тие дале баи’ат и му се приклучиле на Ахмадијатот, вистинскиот ислам. Така, постојат неброени благослови на Џалса кои се очигледни и кои се покажуваат на секоја Џалса во сите држави. Хузур а.т.б.а. рече дека Џалса Салана во Германија оставила многу такви впечатоци на учесниците и посетителите и јас ќе пренесам некои од нив.

Пред неколку години на програмата на Џалса Салана во Германија и е додадена баи’ат програмата. Оваа година луѓе од 14 држави, 83 мажи и жени дале баи’ат и му се приклучиле на Ахмадијатот, вистинскиот ислам. Постојат некои од нив кои срцето го наклонуваат кон Ахмадијатот поради програмата на Џалса Салана, окружувањето и доброто однесување на Ахмади муслиманите.

Ибрахим Мусаиб, Босанец, рече: „Ахмадијатот е вистина која се засновува на Чесниот Кур’ан. Хутбите на Хузур а.т.б.а. и неговите говори на мене ми оставија голем впечаток и од нив јас добив одговори на сите прашања. Моето срце во целост остана задоволно и јас дадов баи’ат и го прифатив Ахмадијатот. Сакав да му станам слуга на Халифа-тул Месих и да бидам блиску до него. Јас сум импресиониран од организацијата, љубовта и мирот.“

Хузур а.т.б.а. рече дека уште еден пријател на Џемаатот, господинот Риаз кој е од Ирак но живее овде, изјавил: „Со Џемаатот ме запозна еден Ахмади муслиман. Присуствував на два состанока на Џемаатот на арапски. Тука, верувањата на Џемаатот ми ги престави локалниот мисионер. Тие верувања беа нови за мене но беа базирани на вистината и го допреа моето срце. Потоа присуствував на Џалса Салана каде што бев воодушевен присуствувајќи на најдобрата организација, духот на службата, човечките вредности, братството помеѓу луѓето од различни нации. Мислам дека такво нешто никаде на друго место не може да се види освен во Ахмадијатот. Овде насекаде владееше љубовта. Хутбите на Халифата се одржуваа со искрена емоција. Изјавувам под заклетва дека правата слика на исламот е тука и никаде на друго место, со било која секта на исламот. Откако го видовме сето ова моето семејство и јас немавме никакви дилеми во прифаќањето на Ахмадијатот. Кога се вративме кај своите роднини и им кажавме дека сме го прифатиле Ахмадијатот тие прашаа зошто не сме ги повеле и нив со нас за да ги искусат овие убавини и да му се приклучат на Џемаатот.“

Хузур а.т.б.а. рече дека уште еден пријател на Џемаатот, господинот Салман рекол: „Со Ахмадијатот ме запозна еден Ахмади муслиман чиј морал ме импресионираше. Поради тоа посакав да дознам нешто повеќе за Џемаатот и поради тоа присуствував на Џалса Салана, а окружувањето на Џалсата ме воодушеви. Никогаш порано немав видено толку ускладен собир во мојот живот. Никаде не сум видел таква моралност кај луѓето, нивниот однос и однесување и исполнетоста со љубов и почитување. Сите овие убавини единствено можат да се видат во Ахмадијатот и поради тоа денес го објавувам моето прифаќање на Ахмадијатот. “

Хузур а.т.б.а. рече дека овој човек дал баи’ат и му се приклучил на Џемаатот.

Хузур а.т.б.а. рече дека Ахмади муслиманите треба да бидат пример во поглед на моралот и доброто морално однесување бидејќи таквиот начин на однесување претставува причина за напредување.

Хузур а.т.б.а. рече дека уште еден човек од Босна, господинот Биран, рекол: „Ова е прв пат да присуствувам на Џалса Салана и да го запознам Ахмадијатот и Џемаатот. Овој Џемаат е искрен џемаат кој се движи на правиот пат. Кога лично го слушнав Халифата одлучив да дадам баи’ат.“

Хузур а.т.б.а. рече дека на тој начин тој дал баи’ат и му се приклучил на Џемаатот. Господинот Биран понатаму рекол: „Сега се сметам за среќник што Халифата ме спомна во своите зборови. Сега сум дел од Џемаатот и давам ветување дека и понатаму ќе ја ширам оваа порака.“

Хузур а.т.б.а. рече дека еден гостин од Белгија, господинот Гхрио рекол: „Никогаш досега не сум видел толку сјаен собир, духовно собирање, и ми се чини дека се знаеме веќе долго време. Прво преку писмо дадов баи’ат но денес поради желбата и стравот моето срце побрзо чука. Ќе им кажам на сите муслимани дека ова е правиот ислам, влезете во Ахмадијатот, правиот ислам. Неверојатно е за мене што пред Халифата давам баи’ат. Се сеќавам дека кога имав 14 години слушнав хадис дека ќе дојде Мехди, денес желбата ми се исполни и јас сето тоа го гледам со сопствените очи.“

Хузур а.т.б.а. рече дек Џалса Салана станува тивок извор на подобрување, или окружувањето исто така станува извор на подобрување. Говорите стануваат извор на подобрување и влијаат на срцата кај луѓето. На тој начин сите наши дела а не само говори треба да бидат такви за да допрат до срцата на другите луѓе. Сите Ахмади муслимани треба да прават такви дела што ќе имаат влијание над другите. И не треба само да работиме за да им покажеме на другите туку треба во стварноста сите наши дела да бидат ехо на нашето срце и верување.

Хузур а.т.б.а. рече дека Европејците кои присуствувале на Џалса Салана останале импресионирани. Некои од нив можеби нема да го прифатат Ахмадијатот но сепак добиле добар впечаток. Некои од нив ќе станат амбасадори на Џемаатот и ќе ја шират пораката. Оваа година дојдоа гости од разни држави. Меѓу нив се и оние од Литванија, Македонија, Латвија, Босна, Албанија, Казахстан, Романија, Белгија, Хрватска и Унгарија. Хузур а.т.б.а. рече дека тие гости имале состанок и со него.

Една жена, по име Марија од Литванија, водител на проект во книговодствена фирма, рекла: „Присуството на оваа Џалса Салана беше добро животно искуство. Поради работата често се среќавам со муслимани од Пакистан, Иран, Ирак и Дубаи. Моите пријатели секогаш зборуваат дела исламот е религија на тероризмот. Меѓутоа, после присуствувањето на оваа Џалса Салана принудена сум да верувам дека муслиманите се многу добри луѓе кои си помагаат едни на други. Во текот на Џалса се чувствувам како да живеам во мојата куќа. И, кога ќе се вратам дома ќе го променам мислењето на моите пријатели.“

Хузур а.т.б.а. реше дека еден гостин од Литванија, кој е министер за надворешни работи, изјавил: „Ова е величествено собирање кое засекогаш го промени моето мислење за исламот. Пред ова случување јас немав многу информации за Ахмадија Џемаатот. Луѓето од овој Џемаат се многу гостољубиви и мили. На изложбата ми се допадна идејата, пишувања на Чесниот Кур’ан од страна на различни луѓе. Се чувствував добро гледајќи луѓе од различни држави на едно место.“

Хузур а.т.б.а. рече дека еден гости од Белгија, по потекло од Мароко, изјавил: „Мојот татко Абдулкадир го прифати Ахмадијатот во текот на Џалса Салана во Велика Британија и ме доведе овде да присуствувам на Џалса Салана во Германија. Ова е прв пат да присуствувам на било која Џалса Салана и како млад човек можам да им пренесам на останата младина дека мора да дојдат на Џалса Салана бидејќи таа ја отвори мојата духовност и се чувствувам многу добро. Нас младите, кога одиме по улицата ретко кој не поздравува со селам, но овде на Џалсата сите се поздравуваат со селам едни со други. Тоа ми остави силен впечаток. Јас сум му благодарен на Возвишениот Аллах што ми даде прилика да учествувам на вакво духовно собирање. Кога пристигнав овде помислив, што ќе правам овде овие три дена? Но, кога почнав да присуствувам на програмите на Џалса Салана и го видов братството, љубовта и вниманието изгубив поим за времето и веќе третиот ден дадов баи’ат.

Хузур а.т.б.а. рече дека господинот Тони, кој е христијанин и пријател на Џемаатот, рекол: „Јас сум новинар и присуствував на Џалса Салана во Велика Британија и во Германија. Минатата година кога за прв пат присуствував на Џалса Салана во Велика Британија голем впечаток ми остави тоа што голем број на луѓе присуствуваа на ваков собир и сите активности течеа непречено. Сите беа дисциплинирани и се почитуваа едни со други. Најпрво помислив дека тоа е случајност или дека тоа напросто така се случува. Бев збунет или можеби сонував. Оваа Џалса Салана преставува собир на многу луѓе. Потоа во август учествував на Џалса Салана во Германија и сметав дека активностите на таа Џалса се совршени.“ Потоа рече: „Јас имам 52 години и никогаш досега не сум видел толку совршено организиран собир. Не видов никаква слабост ниту во Велика Британија ниту во Германија.“

Хузур а.т.б.а. рече дека новинарот нештата ги посматрал детално но убавината на Ахмадија Џемаатот е во тоа што секаде ја видел истата работа.

Хузур а.т.б.а. рече дека уште еден не-ахмади муслиман, кој е новинар, рекол: „Јас сум воодушевен од организацијата на Џалса Салана. Кога ја прифатив поканата за Џалса Салана воопшто не помислив дека тоа ќе биде успешен собир. Во текот на Џалса многу работи позитивни влијаеја на мене. Ова е прв пат во мојот живот да видам толку многу луѓе соберени на едно место и сите да се однесуваат убаво, и никој на своето лице да не покажува омраза или лутење или некој да го смета за понижен. Сите луѓе многу убаво се однесуваа кон мене. Говорите на Халифата беа многу моќни и ги допреа срцата на луѓето. Бев изненаден од стандардот на чистота. Без оглед на тоа што тоа е голем собир, тоалетите цело време беа чисти. Бев во друштво со еден пријател, христијанин, кој доби одличен впечаток веднаш кога пристигна овде. Додека јас пишував коментари мојот пријател христијанин читаше книги за исламот. На овој начин тој го запознава Џеамаатот, и исто така ја слуша поемата која е отпеана на Џалсата.“

Хузур а.т.б.а. рече дека, како што спомна претходно, Џалса е извор на тивко подобрување.

Хузур а.т.б.а. рече дека еден пријател од Босна, господинот Адил, изјавил: „Сите програми и организации на Џалса Салана се единствени. Како доктор, последните 25 години присуствував на многу програми но никогаш немам видено таква организација и дисциплина насекаде. Темели на исламот се послушноста и дисциплината и тоа е она што го видов овде на Џалса Салана.“

Хузур а.т.б.а. рече дека господинот Даниел рекол: „Џалса Салана е извор на живот за илјадници кои се духовно мртви. Меѓу тие духовно мртви сум и јас кој со присуството на Џалса одново се враќам во духовниот живот. Иако сум во Џемаатот во последните неколку години никогаш не сум почувствувал таква духовна топлина во моето срце како овој пат и сега добив нов духовен живот.“

Хузур а.т.б.а. рече дека еден не-ахмади гостин рекол: „Слушнав за Џалса Салана но никогаш немав прилика да присуствувам. Оваа година после присуството на Џалса Салана имав чудно чувство кое е тешко да се објасни и чувствувам како да сум се променил од внатре.“

Хузур а.т.б.а. рече дека некои луѓе дошле на Џалса Салана само за да ги тестираат Ахмади муслиманите. Една таква личност е господинот Амар, Сириец кој живее овде во Германија, кој рекол: „Јас сум жесток противник на џемаатот и дојдов да присуствувам на Џалсата само за да пронајдам слабости на џемаатот и да го осрамотам џемаатот. Поради тоа својот телефон го оставив три дена на масата но никој не го украде. Детално посматрав сè, и луѓето, но не најдов никаква слабост и сега сум натеран да го променам мислењето за овој џемаат.“

Хузур а.т.б.а. рече дека не вреди да се тестираат луѓето на таков начин, бидејќи луѓето понекогаш знаат да поклекнат. Но сега знаеме дека некои доаѓаат со лоша намера и затоа Ахмади муслиманите треба да бидат многу внимателни.

Хузур а.т.б.а. рече дека еден гостин од Сирија, господин Али, изјавил: „Еден арапски Ахмади муслиман ме запозна со Џемаатот. Присуствував на состанок на Џемаатот каде се водеше детална расправа и добив некое задоволство овде. Присуствував на Џалса Салана во Германија со семејството и бев запрепастен со организацијата на Џемаатот и духовното окружување на Џалса. Ова беше прекрасна прилика за мене што го поминав времето со вас. Ви благодарам за гостољубивоста, братството и што гостите се добредојдени. И на тоа што волонтерите ги жртвуваат своите ноќи за да им служат на гостите. Навистина, Ахмадија Џемаатот е муслимански џемаат и ги покажува убавите учења на исламот и своите убавини им ги покажува на другите. Наша должност е преку истражување и размислување тие убавини да им ги покажеме на другите.“

Хузур а.т.б.а. рече дека еден нов Ахмади муслиман од Романија изјавил: „Јас сум воодушевен од организацијата на Џалса Салана, од сите активности кои се одлични и се е во нормални рамки, и тешко е да се каже дека било кој дел од организацијата има некаква слабост или мана. Потребна е тешка работа, искуство и години на планирање за сето ова да биде совршено за вака голем собир. Рече дека и малите деца после служењето на вода со насмевка на лицето радосно подрипнувале како да нашле некоја драгоцена изгубена работа. Во секој случај, секој работник беше весел додека им служеше на гостите. Јас сум нов Ахмади муслиман и на Џалса Салана присуствувам за прв пат. Првата лекција која ја научив од слегувањето на аеродромот па се до крајот на Џалса е служењето, љубовта и радоста кои мора да се усвојат.“

Хузур а.т.б.а. рече дека потоа се придружил на церемонијата на давање баи’ат и понатаму рече: „Тоа беше многу среќен момент кој тешко може да се објасни со зборови, моето срце посебно се чувствува. Во текот на баи’атот почувствував како да има некое магнетно поле околу нас кое го подигна секое влакно од моето тело и почувствував како да сме опкружени со некоја привлечна енергија. Тоа не беше помалку од сон за мене.

Хузур а.т.б.а. рече дека еден гостин од Косово изјавил: „Слушав од многу луѓе за Џалса Салана но му благодарам на Бога што сум сведок на овие настани. Ги посматрав организацијата и дисциплината, доблеста на моралноста и силниот систем на Џемаатот.“

Хузур а.т.б.а. рече дека гостинот му поставил едно прашање: „Која е тајната снага на Џемаатот?“ Хузур а.т.б.а. рече дека му одговорил оти овој Џемаат не е создаден од било која личност. Повеќе од тоа, создаден во согласност со претскажувањата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. И според ветувањата на Возвишениот Аллах џ.ш. во кои е кажано дека ќе дојде време кога ќе дојде Ветениот Месија а.с. кој ќе го основа Џемаатот. Така да овој Џемаат го создал Аллах и затоа ги гледаш сите овие работи. Овој Џемаат кој е создаден од страна на Возвишениот Аллах џ.ш., преку Ветениот Месија а.с. ги собрал членовите на Џемаатот и Халифата во организација и создал таков систем кој се развива и шири преку благословите на Возвишениот Аллах џ.ш.. Да е создаден од човек одамна би исчезнал, а последните 125 години имало многу обиди да се уништи.

Хузур а.т.б.а. рече дека поголема група гости (76 лица) дошле од Бугарија. Само 25 од нив биле Ахмади муслимани а останатите биле не-ахмади. Меѓу нив биле доктори, бизнисмени, пензионирани високи офицери, учители и други образовани лица. Една госпоѓа Мегда рекла дека во Европа многу луѓе мигрираат од една држава во друга, дека локалните луѓе ги мразат и дека е создадена непријатна ситуација.

Хузур а.т.б.а. рече дека таа госпоѓа се повикувала на упатствата на Хузур и рекла дека упатствата на Хузур пружат задоволство во срцата и дека во нив се препознаваат решенија за сите тешкотии. Таа рекла дека била импресионирана од упатствата на Хузур кои се однесуваат правата и одговорностите на жените и мажите. Хузур а.т.б.а. рече дека тоа од нас повеќе се бара кога другите биваат импресионирани и тоа барање се однесува на потребата да ги разбереме своите одговорности повеќе од порано и тоа треба да биде подржано преку нашите постапки.

Хузур а.т.б.а. рече дека еден гостин рекол: „Ова е прв пат да присуствувам на Џалса и научив по нешто од секој говор, а посебно од говорот на Хузур а.т.б.а. одржан на женската страна кој ми остави силен впечаток во кој Хузур а.т.б.а. ја отслика преубавата слика на исламот која денес ни е многу потребна.

Хузур а.т.б.а. рече дека на Џалса присуствувала и делегација од Малта а со нив бил и еден доктор од Нигерија кој рекол: „Јас пред многу години посетував шестмесечен курс за исламот. После тој курс сметав дека исламот е место каде што можам да се најдам но она што ме загрижуваше е тоа што постапките на некои муслимани го нагрдуваа убавото лице на исламот. Меѓутоа, Ахмадијатот е единствена муслиманска организација која не зборува само за исламот туку и се однесува според преубавите учења на исламот. Кога сите муслимани би ја прифатиле дефиницијата за џихад, која ја прифаќа Ахмадија Џемаатот, тогаш светот би станал лулка на мирот и љубовта и би преовладувало братството. Ахмадија Џемаатот верува дека Бог е Господар на сите светови и не го ограничуваат Бог само на муслиманите, и ова размислување ме доведе поблиску до Ахмадија Џемаатот. Оние луѓе кои велат дека Бог говорел и дека сега не говори не се во право и Ахмадијатот е на правиот пат кога прогласува дека Возвишениот Аллах на Своите робови им говори и денес. Јас присуствував на Џалса Салана за да ги најдам одговорите на своите прашања за исламот и после присуството на Џалса и слушањето на говорите на Хузур а.т.б.а., а посебно на говорот за не-муслиманите на вториот ден од Џалса, јас можам да кажам дека ги добив сите одговори на моите прашања. Дефиницијата за џихад кој ја дава Ахмадија Џемаатот мора да биде отпечатена во форма на книга и треба да ја читаат не-ахмади муслиманите, и слично на тоа не-ахмади муслиманите треба да бидат известени за стварноста на џихадот. Јас оваа порака ќе ја ширам меѓу луѓето на Малта и ќе ги известам дека вистинскиот ислам е со Ахмадија Џемаатот и дека исламот е порака на мирот. Јас отсега ќе соработувам со Ахмади муслиманите и ќе ја ширам пораката на Ахмадијатот.“

Хузур а.т.б.а. рече дека три жени христијанки од Малта присуствувале на Џалса Салана. На крајот на вториот ден тие на нашиот мисионер на должност, кој тој ден жените ги оставил на женската страна од кампот,  му рекле дека многу по слободно и удобно уживале и изразиле желба остатокот од времето на Џалса да го проведат на женската страна.

Хузур а.т.б.а. рече дека според тоа ова е поука за оние Ахмади девојки кои под влијание на Европската култура велат дека не треба да има одвојување меѓу мажите и жените и дека сите треба да седат на исто место и со тоа го отруле мислењето на многу млади мажи.

Хузур а.т.б.а. рече дека еден адвокат од Латвија дал коментар: „Јас за прв пат имам прилика да присуствувам на Џалса Салана. Пред тоа немав многу информации за Џемаатот. Во текот на Џалса многу научив за исламот. Никогаш во животот немам видено толку луѓе кои се полни со љубов, кои се грижат и им помагаат на другите. Присуството на Џалса за мене преставување чест. Јас повторно ќе размислувам за себе кога ќе се вратам.“

Хузур а.т.б.а. рече дека една жена, гостин рекла: „На Џалса Салана во Германија говорот за женските права и добрите дела на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. оставија голем впечаток на мене и сега можам да кажам дека жените во исламот имаат висока положба. Многу бев задоволна после слушањето на говорот на Хузур а.т.б.а. на вториот ден од Џалса и бев изненадена колку преубаво исламот создал рамнотежа за жените и помеѓу мажите и жените, и исто така ги објаснил нивните права. После тој говор моето познавање за исламот многукратно се зголеми.“

Хузур а.т.б.а. рече дека еден гостин од Белгија кој не е Ахмад а кој е по потекло од Сенегал рекол: „Јас сум присуствувал на многу собири и програми на не-ахамди муслимани но системот кој овде го видов го немам видено на ниту едно друго место.“

Хузур а.т.б.а. го спомна случајот кој се случил во шаторот за Џалса. Тој рече: „Еден човек падна од столот и сите работници во шаторот потрчаа кон него како тој да бил најважната личност. Гледајќи го ова помислив дека овде секој поединец добива полно внимание и почит и кон секој се постапува еднакво – за мене тоа беше сведочење дека ова е оживување на исламот. Сега Ахмадија Џемаатот е оној кој постапува според учењата на вистинскиот ислам.

Хузур а.т.б.а. рече дека гостинот подоцна рекол: „Јас сакам да посведочам за друга работа, дека во Европа сите случувања ги обезбедува полицијата, полиција и локални чувари можат да се видат насекаде во текот на програмата. Во текот на овие денови, и покрај тоа што овде се собраа скоро четириесет илјади луѓе не се случија никакви проблеми или било какви инциденти, а немаше присуство на полиција.  Јас дури и не знам која е бојата на униформите на локалната полиција. Од тука е очигледно дека Ахмадијатот ги сфатил вистинските учења на исламот и дека постапува според нив и затоа окружувањето на Џалса е мирно.“

Хузур а.т.б.а. рече дека една госпоѓа од Литванија прокоментирала: „Во мојата земја Литванија велат дека постојано треба да учиме, да учиме и што повеќе да учиме. Во текот на овие денови јас научив многу за исламот и добив чувство дека исламот дава посебен акцент на човековите права. После враќањето ќе ја ширам пораката на исламот на другите. Понатаму, благодарна сум дека поради Џалса чувствувам голема промена во својот живот. Ви посакувам се најдобро и се надевам дека повторно ќе дојдам да присуствувам на Џалса Салана.

Хузур а.т.б.а. рече дека еден гостин, книговодител, рекол: „Џалса Салана создаде љубов во моето срце за муслиманите кои сакаат мир а не војна. ИСИС на ја отсликува правата слика за исламот и она што тие го прават е за нивни лични интереси.

Хузур а.т.б.а. рече дека еден нов Ахмади муслиман, Недим рекол: „Ова е моја трета Џалса Салана.“

Хузур а.т.б.а. прокоментира дека овој пример зборува за моралните доблести, и како што рече Ахмади муслиманите мора да имаат високи морални стандарди и тоа не се однесува само на луѓето од надвор и за новите Ахмади муслимани туку всушност ние помеѓу нас треба да имаме добар однос и мора да ги отстраниме сите недоразбирања и приговори.

Хузур а.т.б.а.  рече дека Недим рекол: „Јас пред два месеци дојдов во Германија да барам работа. Еден ден посакав да отидам во Баи’тул Субоох џамијата поради намаз. Дојдов со такси а таксист беше Ахмади муслиман и начинот на кој ме прегрна беше единствен. Од тука јас верувам дека тоа е љубовта која Ветениот Месија а.с. сакал да ја види помеѓу своите следбеници и ова беше пример за тоа.“

Хузур а.т.б.а. рече: „Како што спомнав порано, со Аллаховата милост имаме многу добри коментари од присутните. Само Он со Неговата милост може да ги прекрие нашите пропусти. Но некои од присутните ни обрнаа внимание на некои слабости и истакнаа дел од нив. Некои од нив рекоа дека преводот треба да биде подобрен бидејќи имало шумови и дека понекогаш се мешале други јазици во преводот. Хузур а.т.б.а. нагласи дека тоа лично го искусил кога го слушал говорот не еден гостин од Германија, во текот на преводот на урду други јазици се мешале со урду јазикот и се појавувале повремени пречки. Хузур а.т.б.а. рече дека управата треба да посвети посебно внимание на ова и наместо да штедат пари мора да направат поголеми напори и да купат подобра опрема.

Хузур а.т.б.а. рече дека една госпоѓа од Македонија во својот коментар рекла: „Не е за спомнување но сепак сакам да кажам дека ни е служена храна која ние немаме навика да ја јадеме така што некои од нас се разболеа. Во храната имаше зачини кои ние не ги јадеме и поради тоа ни беше тешко да ја јадеме таа храна.“

Хузур а.т.б.а. рече дека не треба да претставува тешкотија за управата да уреди за одвоена храна за странците бидејќи во ова време мал број на луѓе доаѓаат од страна. Кога ние правиме макарони мислиме дека секој јаде макарони додека сите не ги сакаат макароните. Луѓето од некои подрачја сакаат да јадат чорби  и не треба да биде тешко да се откријат навиките за исхрана на луѓето од мисионерите во нивните области – треба да се обрне внимание на тоа.

Хузур а.т.б.а. рече дека дознал за една работа и тоа дека во шаторот за женски гости се создала гужва затоа што Ахмади девојки и жени јаделе таму. Управата треба да обрати внимание на ова и нашите жени и девојки не треба да јадат диетална храна и треба да јадат во својот шатор. На тој начин ќе биде полесно да се послужи храна на гостите.

Хузур а.т.б.а. рече дека некоја жена поставила директно прашање но дека нејзината намера била да даде приговор. Сакаше да ми каже дека дури и за време на намаз изгледот на некои жени не бил прикладен. Хузур а.т.б.а. рече дека некои жени не носеле наметки, некои не ги покриле своите глави и кај некои се покажувала косата. Хузур а.т.б.а. рече дека таа жена поднела правилен приговор и дека косата мора да биде покриена во целост.

Хузур а.т.б.а. рече дека некои мајки му пишувале приговор или може да се нарече дова за наредната година да се направат напори да се одделат области посебно за мајки со мали деца и деца кои прават врева  и одвоено за мајки со постари деца. Поради вревата не можеле да се слушаат говорите така да нема корист да седат во иста област.

Хузур  а.т.б.а. рече дека му е обрнато внимание на тоа дека во текот на поделбата на дипломи на жените, камерите на МТА ги покажувале девојките од блиску. Тој рече дека јасно наредил во врска со оваа работа и дека лицата не треба да бидат покажувани. Понатаму рече дека всушност секоја девојка треба да има соодветна наметка а доколку ја нема тогаш луѓето од МТА треба да бидат внимателни. Ако новите работници не се обучени како што треба тогаш треба да им се обрне внимание и МТА треба да води грижа за тоа.

Хузур а.т.б.а. рече дека што се однесува до користењето на наметки ќе го информира претседателот на Лаѓна, женската организација.

Во текот на Џалса Салана ние добиваме благослови, добиваме образование и обука и стануваме извор на пропагирање, и затоа треба да внимаваме на своите слабости. Не е неопходно постојано да ги спомнувам слабостите или одредени прашања. Но реално е дека тука сепак постојат некои прашања и слабости – нема систем кој е совршен. За тоа сме му благодарни на Возвишениот Аллах дека Он ги покри нашите слабости и тука управата треба да се процени самата себе. Управата треба критички да ги анализира и да ги открие своите слабости и грешки. Многу пати реков да се отвори црвена книга и да се запишат сите грешки и слабости и потоа да се настојува да се елиминираат. На тој начин можеме да го поправиме својот систем. Должност на секој службеник на Џалса Салана е да одржи состанок со сите водачи на одделенија на крајот на Џалса. Тој од нив треба да бара да му поднесат извештај за сите слабости во нивните одделенија и да се дискутира за тоа како би се нашле решенија за во иднина. Прашањата кои ги изнеле присутните мора да се прифатат со отворено срце и приговорите треба да се отстранат, а поради тоа за во иднина треба да се направи соодветно планирање.

Нека Возвишениот Аллах ни подари успех. Амин.

Хузур а.т.б.а. рече дека во текот на своето патување имал прилика да положи камен темелник и да отвори некои џамии. Ова исто така станува извор на пропагирање затоа што гостите што доаѓаат добиваат информации за исламот и се изненадени што ова лице на исламот досега немале прилика да го видат.

Хузур а.т.б.а. рече дека во врска со тоа ќе спомне неколку коментари. За време на отворањето на една џамија еден христијанин од Шпанија му рекол дека неговиот син го прифатил Ахмадијатот за што бил загрижен затоа што тој е верен католик христијанин и го практикува христијанството. Бил загрижен за изборот на неговиот син и сметал дека исламот е штетен. Во секој случај рече дека денес кога го видел Халифата дека е задоволен што неговиот син е во добри раце.

Хузур а.т.б.а. рече дека тука била и некоја госпоѓа која рекла: „Се чувствувам лошо и жал ми е што Халифата мора постојано да повторува дека исламот е мирољубива религија. Но јас можам да разберам дека има многу негативна кампања за исламот и толку многу грди работи се кажани за исламот што станува неопходно постојано да се повторува дека исламот е мирољубива религија.“ Потоа рекла дека Халифата тоа го објасни во детали и дека секој треба да биде добредојден и да живее мирно. Потоа рекла дека нема никакви приговори против џамиите на Ахмади муслиманите. Рекла дека џамијата и црквата имаат иста улога но дека и е жал што мора да спомне оти црквите се изградени во центарот на градот а џамиите се изграден надвор од градот и дека оние кои клањаат мора далеку да патуваат. Го постави прашањето зошто општините не дозволуваат изградба на џамии во градовите? Хузур а.т.б.а. рече дека поради ваквите програми за отворање на џамии локалните луѓе го дигаат својот глас во наш прилог за тоа џамиите да се градат во градовите иако порано биле против тоа.

Хузур а.т.б.а. рече дека градоначалникот кажал: „Бев горд што го познавам вашиот Џемаат но денес научив повеќе за исламот а посебно за вашата хуманитарна помош полна со исламско сочувство. Мило ми е да слушнам дека исламот ги чува црквите и следбениците на другите вери.“

Хузур а.т.б.а. рече дека еден друг гостин, господин Стефан, рекол: „Тоа беше единствено различно искуство од она што јас го мислев. Јас не се сеќавам што очекував но тоа сепак не беше ни слично на ова, всушност беше спротивно на ова и ја се почувствував многу мирно кога Халифата зборуваше за правата на другите, нивната сигурност и сочувство. Јас денес ги научив темелните принципи на исламот и најомилена работа ми беше кога го слушав Халифата како вели дека треба да се концентрираме на своите добри работи и да ги занемариме слабостите на другите. Исто така ми се допадна кога зборуваше за исламската историја и кога рече оти Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. бил принуден да се исели. Но и покрај тоа и понатаму го угнетувале. Почувствував како да отворил книга на загатки кои никој не ги знаел пред тоа.“

Хузур а.т.б.а. рече дека една госпоѓа рекла: „Јас го слушав Халифата, го слушав и неговиот говор за правата на соседите. Никогаш досега не сум слушнала така величествени учења за правата на соседите. Ако секој би почнал да им дава права на своите соседи тогаш, како што рече Халифата, овој свет би постанал џеннет. Халифата рече дека наместо да ги бараме своите права треба на другите да им ги дадеме нивните права и ова може да биде дефиниција на мирот.“

Хузур а.т.б.а. рече дека при отворањето на оваа џамија раководителот на таа област рекол дека ова преставува препрека за вклопување на Ахмади муслиманите во нивното општество, односно поради правилото дека мажите и жените не треба да се ракуваат меѓу себе. Со други зборови, тие говорат дека нашите луѓе не можат да станат дел од општеството доколку нашите жени не се ракуваат со нивните мажи и нивните жени не се ракуваат со нашите мажи. Хузур а.т.б.а. рече дека после тоа во својот краток говор одговорил на нивните грижи. На ова раководителот на таа област рекол дека е задоволен што Халифата зборувал околу прашањето за ракување. Не е неопходно сите во оваа соба да се согласуваат со Халифата но дека тој потполно се согласува со Халифата. Рече дека треба да се ценат одликите на другите и ова денес јас го научив од вашиот Халифа, и за да се вклопат и двете страни треба да се направат обострани отстапки. Јас знам дека муслиманите не јадат свинско месо и ако би повикал муслимани на гости би готвел друг вид на месо. Слично на тоа, муслиманите мажи не сакаат да се ракуваат со мене и зошто тогаш да ги присилувам да се ракуваат со мене.

Хузур а.т.б.а. рече дека еден Германец рекол дека е задоволен што Халифата го отворил прашањето за ракувањето помеѓу мажите и жените до детали и за мене и што му било чест да го слуша неговиот говор – неговите докази не можат да се одрекнат. За нашето општество не е обична работа муслиманите да не се ракуваат со жените но Халифата правилно рече дека во мирољубиво и толерантно општество треба да се почитуваат верувањата едни на други. Хузур а.т.б.а. рече дека на жената која дојде со раководителот на таа област и кажал дека мажите не се ракуваат со жените. Хузур а.т.б.а. рече дека оваа жена дошла на полагањето на камен темелникот на џамијата и дека повторно дошла на нејзиното свечено отворање пред година дена. Таа рекла дека е многу лута зошто мажите не можат да се ракуваат со жените. Хузур а.т.б.а. рече дека однапред и е кажано дека нема да се ракува со неа. Во секој случај таа рекла дека од Халифата добила одговор на сите прашања кои ги поставил раководителот на таа област. Минатата година кога таа добила покана на неа пишувало дека Ахмади мажите нема да се ракуваат со жените и дека тоа било шокантно за неа кога го прочитала. Но, како што денес во детали ова прашање за ракување со жените го објаснил Халифата, ако тоа порано и било кажано таа би сфатила иако сепак нејзино верување е дека жените можат да се ракуваат со мажите. Сепак, говорот на Халифата го сменил нејзиното мислење и не треба да ги наметнуваме своите обичаи и традиции на другите и треба да водиме сметка за обичаите и традициите на другите.

Хузур а.т.б.а. рече дека според тоа ние треба да запомниме една работа, кога им говориме на другите за религијата и традицијата треба да говориме мудро, така што нашата порака да биде пренесена на начин чувствата на другите да не бидат повредени. Оваа жена ја претставува црквата, и таа рече дека немало потреба на поканата да се напише дека ние не се ракуваме. Кога дојдете обезбедете да не дојде до ракување. Ние вас ве каниме на свеченост поради полагање на камен темелник но не пробајте да се ракувате, дури и не помислувајте да се ракувате. Хузур а.т.б.а. го поставил прашањето: „Зошто било неопходно да се напише таква реченица?“ Ако се сомневате тогаш немојте да каните. Но потоа, сепак сте ја поканиле на свеченото отворање. На тој начин беше добро што сте ја поканиле и раководителот на таа област го покренал прашањето а јас имав прилика да им одговорам до одредена мера. Јас не се плашев додека зборував за ова прашање. Јас зборував отворено но зборував мудро. Раководителот на областа не очекување дека за тоа ќе зборувам на тој начин бидејќи и тој ги изрази своите чувства но сепак беше задоволен што одговорив на неговите прашања и тоа го разведри неговото срце.

Хузур а.т.б.а. рече: „Запомнете дека не треба да присилуваме никој  да ни верува но и не треба да отстапиме од нашите учења. Не треба да се срамиме од религијата. Учењата на исламот се толку благонаклонети што нема причина за било кое момче, било која девојка, маж или жена да имаат комплекс на нижа вредност. Ако треба луѓето да се доведат под знамето на исламот мора да им го покажеме својот практичен пример и треба да покажеме храброст. Оваа жена за која ви зборував претходно рече дека последните години била сериозно збунета, чувствувала дека е навредена и дома отишла со тешко срце. Таа рече дека овој пат дошла овде со голема нервоза. Рекла: „Но денеска, откако ве слушнав, јас дома се враќам со насмевка на лицето и сега е ваша слободата на одлучување дали да се ракувате или не. Хузур а.т.б.а. рече дека многу луѓе изјавиле дека сега го разбираат вистинското вклопување и вистинскиот Халифат. Еден гостин споменал дека Хузур а.т.б.а. рекол оти она што тој го рекол е многу важно за сите вас, мажи и жени. Тој рекол: „Вашиот Халифа е постара личност и како Халифа тој ги следи своите учења во овој поглед но во стварноста ќе знаете кога ги следите овие учења на исламот. Тоа ќе го знаете кога младите мажи и младите девојки, и мажи и жени постапуваат според овие учења и се воздржуваат од ракувања. Само тогаш ќе стане јасно и само тогаш ќе знам дека ги следите своите учења.“

Хузур а.т.б.а. рече дека овој човек им дал голем предизвик на оние Ахмади мажи и жени кои живеат овде. Сега е наша одговорност да постапиме дури и по најмалата наредба од нашите учења без било какво чувство на комплекс од нижа вредност. И покажете им на Европејците дека ние ни најмалку не се сомневаме во супериорноста на било кое исламско учење. Слично на тоа девојките треба да поведат сметка за својата облека и наметки, и да не дозволат било каква дамка  да падне на нивната честитост и побожност.

Хузур а.т.б.а. рече дека Лаѓна организацијата треба да посвети посебно внимание на тоа. И слично на тоа, организацијата Худама треба да се концентрира на обука худама. Хузур а.т.б.а. рече дека Ансаруллах не треба да биде немарен кон своите одговорности. Сите помошни организации во системот на Џемаатот треба да подготват програми за обука имајќи ги во вид слабостите на одредени членови на Џемаатот и да настојуваат од тие програми да ги извлечат најдобрите резултати. Сега луѓето гледаат на вас и ќе ве проценат според вашите постапки.

Нека Возвишениот Аллах им подари успех на сите. Амин.

Хузур а.т.б.а. рече. „Дозволете ми да ви кажам дека поради Џалса Салана и програмата за отворање на џамии има објавено повеќе од 80 вести во медиумите. Проценето е дека преку медиумите вестите стигнале до 72 милиони гледачи и слушатели. Пет ТВ канали објавувале вести во текот на Џалса Салана во Германија. Една радио станица, три главни весника и многу други весници објавувале вести од Џалса Салана. Канали кои објавувале вести од Џалса Салана се: СВР ТВ, Баден ТВ, РТЛ ТВ, ЗДФ ТВ и Албанската телевизија.

Хузур а.т.б.а. испитуваше дали да се клања намаз од друга сала. Рече дека поради недоволниот простор хутбата ја одржал овде но ќе оди надвор за приемот и дека ќе го предводи намазот а за тоа време луѓето треба да останат да седат.

Хузур а.т.б.а.  рече дека минатиот пат кога бил овде дека Лаѓна и Ансар купиле место, дека таму имало голема сала но дека поради некои недоразбирања со општината кои не се решени, не ни било дозволено таму да клањаме намаз. Затоа на жените не им е дозволено да дојдат овде поради џума намаз и биле присутни само мажи.

Хузур а.т.б.а. понатаму рече дека на Лаѓна и на Ансар им било должност да ги разјаснат овие недоразбирања со општината и да го обезбедат ова место корисно за намази. Саркастично рече дека можеби Лаѓна и Ансар чекаат општината сама да дојде и да побара од нив да почнат да го користат ова место. Рече дека тоа сигурно нема да се случи и ги советува дека веднаш треба да преземат соодветни мерки. Потоа Хузур а.т.б.а. го советуваше Амир сахиб и одделението за објекти веднаш да им помогнат. Можеби, за да не се случи наредните години да продолжат да чекаат општината да дојде и да побара од нив да го користат нашиот објект. Ги советува Лаѓна и Ансар да ги отстранат тие слабости и да ги преземат своите обврски и одговорности.