In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Култура на однесувањето на гостите и домаќините на Џалса Салана

По проучениот Шехадет, Та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека со помошта на Семоќниот Аллах, Џалса Салана во Велика Британија се одржува со полна сила, за прв пат од 2019 година. Иако и минитата година беше одржана, Џалса Салана беше многу ограничена.

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека овогодишната Џалса првично се одржува за членовите на Џемаатот на Велика Британија, и бројот на гостите од странство е ограничен. Сите членови на Џемаатот на Велика Британија можат да присуствуваат сите три дена.

Важноста на почитувањето на протоколот во текот на Џалса Салана

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека пандемијата на ковид-19 предизвикала прекин во одржувањето на Џалса Салана. Дури и сега, иако донекаде се намалила, пандемијата продолжува и расте во бранови.

Сепак, Владата дозволи настанот да се одржи во полн капацитет, што не значи дека треба да се напуштаат сите чекори на заштита. Сите кои присуствуваат на Џалса Салана мора да ги имаат на ум овие мерки на претпазливост, вклучувајќи го и носењето на маски.

Додека ги слушате говорите, ја извршувате должноста или шетате надвор, секој треба да ја носи маската.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хомеопатскиот лек е достапен на оние кои се присутни на Џалса Салана.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш., Неговиот лек да го подари на овој свет, бидејќи Он е тој кој навистина лечи и дава лек.

Потсетувањето на целта за одржување на Џалса Салана

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќе зборува за должностите кои мора да се исполнат во служењето на гостите на Ветениот Месија а.с., посебно за добробит на новите волонтери и оние кои во последните три години дошле од Пакистан. Истото ќе послужи како потсетник за искусните волонтери. Ако овие работи ги имаме на ум, тогаш ќе се постигне вистинската цел на Џалса Салана.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Ветениот Месија а.с. објаснил дека ова не е обичен световен собир, туку прилика да потсетиме на Аллаховото учење и на примерот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. за своите животи да ги обликуваме според тоа.

Подготвеноста на џематлиите да го жртвуваат своето време

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече сите волонтери да се јават на својата должност, без оглед на нивното занимање или статус. Подготовките за Џалса Салана почнуваат многу порано од самите три дена на одржување на Џалса Салана и бараат многу време кое волонтерите го жртвуваат.

Всушност, историјата сведочи дека многу луѓе се јавуваат за доброволна работа што на организаторите им останува да одредат каде сите тие луѓе можат да бидат од корист.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека само минатата недела за помош во подготовка на локацијата на Џалса Салана се појавиле повеќе волонтери одошто се очекувало. Всушност, воопшто не се очекувал толкав број што ниту храната соодветно не била договорена. Организаторите треба да земат во предвид за тоа дека за време на викендите посебно да се подготват и генерално да подготви големо количество храна.

Предупредување за угостителското одделение во време на Џалса Салана

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече го советуваше угостителското одделение зборувајќи дека во подготовката на храна за гостите не треба да бидат конзервативни во количеството на храна која ја подготвуваат.

Слично на тоа, советуваше, бидејќи времето е жешко, кога и да се подготвува храна и сече месо, веднаш да се става во разладни уреди, наместо цел ден да останува надвор.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека волонтерите треба чувствително да служат и да не очекуваат признание од другите, бидејќи оваа служба ја извршуваат поради Аллах џ.ш..

Волонтерите треба да служат со ист дух како оној асхаб на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., како и неговата жена, кои и самите останувале гладни за да го нахранат гостот.

Всушност, направиле така што нивниот гост не сфатил дека тие не јадат со него. Ова многу го израдувало Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., кој рекол дека и Аллах џ.ш., исто така, бил задоволен со тоа што го направиле.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека волонтерите ќе се сретнат со различни типови на луѓе, вклучувајќи ги и оние кои се со слаб карактер.

Во секој случај. Волонтерите мора со сите да се однесуваат со почит и да бидат љубезни. Никогаш не смеат да бидат остри во разговорот со гостите, или со колегите волонтери, и треба да задржат највисок степен на достоинство.

Ова, исто така, треба да го имаат на ум и надлежните службеници во поглед на нивниот третман на волонтерите кои работат под нивното раководство.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, еднаш, кај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. дошол гост. Му била понудена храна и кревет за спиење. Следното утро рано го изгнасил креветот и заминал. Наместо да го прекори гостот, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. побарал малку вода и почнал да го чисти креветот.

Присутните асхаби го замолиле Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. да им дозволи тие тоа да го направат, но тој одбил, кажувајќи дека тоа бил негов гост. Рекол дека секој што верува во Аллах џ.ш. и Судниот ден, го почастува својот гостин.

Значи, волонтерите на Џалса Салана треба да се трудат да служат во духот на жртвата и да служат во највисок степен, дури и кога ќе се соочат со потешкотии.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека секретарите треба да имаат на ум дека, благодарејќи на благословите на Возвишениот Аллах, добиле прилика да служат. Како такви, тие мора да покажат највисоки морални стандарди. Ако го направат тоа, тогаш нивните подредени ќе покажат ист висок морален стандард.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во светлото на мерките на внимание поради ковид-19 организаторите се обиделе да направат аранжмани со кои луѓето во просториите за кафе не остануваат долго време.

Бидејќи маските за време на јадењето мора да се симнат, сите би требало да соработуваат со организаторите и да ги ограничат своите разговори во таквите простории.

Упатства за гостите кои се на Џалса Салана

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека и гостите имаат одредени обврски. Не треба да имаат нереални очекувања од своите домаќини, за да и едните и другите не бидат под притисок и да бидат релаксирани. Може да се случи на гостот храната да не му се допаѓа, меѓутоа, би требало со задоволство да јадат сè што ќе им се понуди. Куварите би требало континуирано да подготвуваат храна со најдобар квалитет.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека добар морал не треба да покажуваат само волонтерите, туку сите присутни на Џалса Салана. Значи, сите кои присуствуваат треба да имаат на ум дека на Џалса Салана се присутни за да ја зголемат својата врска со Аллах џ.ш. и да ја зголемат духовноста. Тие доаѓаат на Џалса Салана која е само заради Аллх џ.ш. и не треба да истакнуваат мали работи или притужби.

Наместо тоа, треба да разберат дека и волонтерите се луѓе и ако направат некаква грешка не треба да им се замерува.

Секогаш треба да имаме на ум дека целта на собирањето на Џалса Салана е возвишена и дека најмалку што можеме да направиме е жртвување на личните чувства, и наместо тоа да се насочиме на сеќавањето на Аллах џ.ш. и на барањето прочка.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека постојано мора да имаме на ум дека сме ги напуштиле своите домови и поради Аллах џ.ш. сме отпатувале на Џалса Салана.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. не научил на дова за богобојазливоста и Аллаховото задоволство, додека патуваме. Тој не подучил на дова за сигурноста при патувањето и за сигурноста на оние кои остануваат дома.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека овие денови постои загриженост поради пандемијата на ковидот и затоа сите треба да се фокусираме на молитви за сечија сигурност.

Сите би требало да се фокусираме на учењето на Салаватите и на клањањето на намаз во Џемаатот.

Присутните би требало внимателно да ги слушаат говорите на Џалса Салана кои се подготвени со голем труд и кои можат да дадат одговори на многу прашања кои луѓето ги имаат.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека оваа година нема да има продажен дел и дека во изборот на програмите треба да се посетат разни изложби.

Понатаму, поради големиот број на автомобили на паркинзите, сите треба да бидат трпеливи и да соработуваат со волонтерите.

Луѓето би требало да одржуваат висок степен на хигиена во тоалетите и да штедат вода, посебно поради недостаток на дожд.

Безбедноста е должност на сите присутни и треба да бидат внимателни и да ја надгледуваат својата околина.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. повторно ја истакна важноста на спомнувањето на Аллах џ.ш. и ибадетот, посебно во овие денови.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. сите ги насочи да се молат за успехот на Заедницата, сигурноста од нејзините непријатели и еманципација на оние кои лажно се затворени поради својата вера.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. заврши со дова и со зборовите на Ветениот Месија а.с., кои се однесуваат на сите оние кои присуствуваат како гости и како домаќини на Џалса Салана.