In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

СВЕДОШТВА ЗА БЛАГОСЛОВИТЕ НА ЏАЛСА САЛАНА ШИРУМ СВЕТОТ

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих (нека Аллах биде неговиот помагач) рече:

Со Аллаховата милост, Ахмадија муслиманската заедница е благословена да ја започне својата Џалса Салана претходниот петок.

Поради корона вирусот одржан мината година, постоеше можност да не се одржи и оваа година.

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека дошло до опуштање при подготовките од страна на организаторите, што понатаму би довело и до опуштање на доброволните работници, но сепак имал доверба во Аллах џ.ш. дека сè ќе биде исполнето на најдобар начин.

Благодарност до сите работници и волонтери

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече, потценувајќи ги работниците на нивните должности, дека многу мажи и жени дошле да волонтираат и да ги пружат своите услуги.

Хузур а.т.б.а. рече дека Возвишениот Аллах  сите нив ќе ги награди според нивните нијети, дури и оние кои не биле одбрани да ги пружат своите услуги и покрај нивната желба за да го дадат својот придонес за собирот.

Оваа година, поради ограничениот број на гости, немаше потреба сите волонтери да служат на собирот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. спомна дека многу луѓе праќале писма и пишувале како би изразиле благодарност кон сите работници и волонтери. Сите тие помагале во разни ситуации, како што ги насочувале возачите и помагале нивните автомобилите да се извлечат од калта на паркинзите, што била огромна задача. Оваа ситуација не поминала незабележано, а МТА прикажала видео снимка која ја доловува непријатната ситуација што оставило голем впечаток на луѓето.

Преку МТА интернационално чување на духот на Џалса Салана  

Многу од волонтерите помагале во други оддели, посебно околу хигиената, готвењето и послужувањето на храна, поставување подови на тревата и слично. Многумина од присутните биле импресионирани од однесувањето на работниците и волонтерите на собирот, посебно гледајќи го тоа на МТА.

Преку МТА Џалса Салана била емитирана ширум светот, и преку неа се прикажани сите подготовки, што на гледачите им оставило прекрасен впечаток и им влеало дух на благодарност и сигурност за трудот на овие луѓе.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. изрази благодарност до сите оние кои несебично работеле и рече дека ќе навести некои коментари и забелешки изразени преку писма од целиот свет.

Хузур а.т.б.а. , сепак, наведе дека недостасувала една битна работа на оваа Џалса Салана, а тоа е интернационалната церемонија на давање на Баи’ат (заклетва за верност), на која претходно многумина и се радувале.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека на оваа Џалса Салана, одржана во Велика Британија, присуствувале гости од 22 земји ширум сватот, меѓу кои; од Соединетите Американски Држави, Канада, Гватемала, Бангладеш, Нигер, Маурицијус, Гамбија, Франција, Германија, Финска и многу други земји.

Сведочења за благословите на Халифатот и на Џалса Салана

Една личност од Нигер, која била голем противник на Ахмадијатот, три дена ги гледала програмите и активностите на Џалса Салана преку МТА. После извесно време тој признал дека ова е доказ за вистинитоста на исламот, бил импресиониран од сето тоа случување и кажал дека се надева оти целиот муслимански свет ќе почне да го следи овој пример на Ахамдијатот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека еден не муслиман, од Нигерија, ги гледал преносите од Џалса Салана преку МТА и коментирал дека ова сигурно е вистинска Аллахова заедница, изразил желба да му се приклучи на Ахамдијатот.

Една учителка од Замбија, која не е муслиманка рекла дека, гледајќи ги преносите од Џалса Салана на МТА станала уверена дека исламот е единствена вера која на жените им ги дава сите права и дека била импресионирана од исламското учење и одговорноста на мажите и на жените.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. потсети дека сите Ахмади муслимани треба да го одржуваат ова ниво на послушност и да даваат добар пример во сите ситуации и на сите места, а не само во овие три дена на Џалса Салана.

Не треба да се случи само овие три дена го мамиме светот со такви примери туку зборовите и делата треба да бидат постојано исти.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека една личност кажала оти била импресионирана од атмосферата на Џалса Салана и духот на однесувањето, на служењето и на жртвувањето.

Ова е нешто што само исправна Аллахова заедница може да го покаже.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. изјави дека еден Главатар на едно село во Камерун рекол дека цел живот го учеле дека целиот свет ќе види оти имам Махди се појавил. Гледајќи ја Џалса Салана преку МТА бил уверен дека ја гледа Заедницата на имам Махди и неговиот претставник, Халифата на Ахмадија муслиманската заедница.

Еден муслиман од Танзанија, кој не е Ахмади, рекол дека за прв пат ги гледал програмите на Џалса Салана преку МТА. После тоа, изјавил дека сите заблуди кои биле кажувани за Ахмадијатот биле отстранети и тој на собирот не забележал ништо друго освен љубов и вистина.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. раскажа за еден нов Ахмади муслиман од Малезија, кој рекол дека гледајќи ја Џалса Салана бил толку благодарен на Аллах џ.ш. што му овозможил да го прати Ахмадијатот и дека би бил лишен од сите тие благодати доколку не бил дел од таква благословена Заедница.

Тој, после тоа, ветил дека ќе ја зајакне својата врска со Ахмадијатот и Халифата.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека многу луѓе ја фалеле прекрасната организација на Џалса Салана, и покрај сите тешкотии и тешки околности, а други ги фалеле говорите што ги прателе во текот на програмата.

Една личност од Маурицијус рекла дека била импресионирана од целиот тек на Џалса Салана, и дека секој збор на Халифата, во текот на неговите обраќања, оставил голем впечаток во нејзиното срце.

Како Џалса Салана продолжува да ги привлекува душите кон вистината

Една личност од Брегот На Слоновата Коска раскажува дека, откако ја гледал Џалса Салана на МТА, со неколку пријатели во еден ресторан зборувале за Ахмадија заедницата. После некое време, една непозната личност се вметнала во нивниот разговор и рекла дека, ако некоја заедница денес се однесува според вистинските учења на исламот, тоа е Ахмадија муслиманската заедница. Таа личност го коментирала само тоа и си заминала.

Подоцна, го запознал Му’аллимот на Заедницата и рекол дека сака да добие и други благослови по што влегол под закрилата на Ахмадијатот.

Му’аллим од Конго кажува дека еден негов пријател, кој бил христијанин, заедно со својата сопруга ги гледале сите преноси од Џалса Салана на МТА. После тоа, разговарале со сопругата дека не верува оти такви учења и упатства можат да пронајдат било каде на друго место. Констатирале дека голем дел од животот го поминале како христијани и дека ова што го научиле во овие три дена на Џалса Салана не можеле да го научат за време на целиот живот проведен во христијанството.

На тој начин тој, неговата сопруга и нивните деца го прифатиле Ахмадијатот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека говорите се емитувале во Сенегал на 4 радио станици и на една ТВ станица. Еден, многу образуван, радио водител бил толку импресиониран од зборовите на Халифата по што бил сигурен дека ја открил вистината.

После тоа, тој и неговото семејство му се придружиле на Ахмадијатот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека една личност од Гватемала кажала дека сега е сигурна дека Ахмадија заедницата е Аллахова заедница. Претходно, тој предавал за Библијата долги години, но, откако го истражил Ахмадијатот животот му се променил и почнал редовно да се моли и да посетува џамија.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека една личност во Албанија ги гледала преносите од Џалса Салана на МТА и рекла дека пораките на Халифата се оние кои ќе го спасат човештвото, и дека Халифата преку говорите ги потсетил на нивните одговорности. Сето она што го видел во текот на Џалса Салана, услугите кои ги обезбедува Ахмадијатот, услугите што Хуманити Фрст (Humanity First) ги прави ширум светот, навистина го импресионирале на најдобар начин.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. наведе и многу други впечатоци од други луѓе кои го изразиле своето задоволство за учењата кои ги научиле, и најголемиот број од нив кажале дека на муслиманскиот свет сигурно му е потребен Халифа да ги обедини, на начин како што Ахмадија муслиманската заедница е една обединета Заедница која го шири вистинското учење на исламот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека на Ахмадијатот му се приклучиле многу луѓе од различни земји во светот кои ги прателе преносите од Џалса Салана на МТА и говорите на Халифата.

Пораки на поддршка од многу важни личности

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. спомна многу важни личности од целиот свет кои ја дале својата поддршка на Ахмадијатот, од кои дел пораките ги пренеле преку видео линкови, а други поддршката ја упатиле во писмена форма. Премиерот на Велика Британија, премиерот на Канада, водачот на Лабуристичката партија, водачот на либералните демократи и многу други министри ја изразиле својата поддршка и пораките со добри желби кон Заедницата.

Преносот на Џалса Салана ширум светот

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека многу луѓе во светот го гледале преносот на Џалса Салана преку МТА Африка, но преносот е гледан и преку многу други ТВ канали.

Хузур а.т.б.а. спомна дека, според одредени процени, пораката преку ТВ и радио станиците стигнала до повеќе милиони луѓе.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека еден не Ахмади муслиман ги гледал преносите од Џалса Салана за да може да сознае која е разликата помеѓу Ахмадијатот и другите муслимански групи. После тоа, бил уверен дека целата пропаганда против Ахмадијатот е потполно лажна и дека преку патот на Ахмадија муслиманската заедница  е преставено правото учење на исламот.

Тој рекол дека сега смета оти негова следна одговорност е да ја пренесе оваа порака на сите околу себе.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Џалса Салана преку печатените медиуми и други медиуми многу пати била емитувана на ББЦ (BBC). Според една процена овој пренос стигнал до 52 милиони луѓе. И на социјалните мрежи, односно, 40 веб (web) страници објавувале статии и 20 весници пишувале за Џалса Салана, во Велика Британија, оваа година. Биле емитувани повеќе од 16 радио програми кои биле слушани од повеќе од 16 милиони луѓе. Повеќе од 12 ТВ канали ја покривале Џалса Салана и тоа го прателе повеќе од 2,2 милиони луѓе.

Преку Ју Туб (YouTube) каналите на МТА повеќе од 15 милиони луѓе ги прателе преносите од собирот, 35.000 луѓе ги посетиле преносите преку нивниот Инстаграм (Instagram), а повеќе од 100.000 луѓе ја посетило нивната страница на Твитер (Twitter). Најголема посетеност имало на страницата на Фејсбук (Facebook), односно посетеност од повеќе од 550.000 луѓе.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Џалса Салана да продолжи да донесува благослови и да овозможи сè поголем број на луѓе своето внимание да го насочуваат кон правиот ислам, така што народот ќе биде заштитен од таканаречените зналци.