In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Битката кај Нахаванд и причината за офанзивата против Иран

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих (нека Аллах биде неговиот помагач) рече дека ќе продолжи да зборува за животот и делата на хазрети Омер р.а..

Битката кај Гундесхапур

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека една од битките кои се воделе во времето на хазрети Омер р.а. била битката кај Гундесхапур. Тоа се случило во градот Кхузестан. Битката траела некое време и двете спротивставени страни се одржувале во борбата. Во текот на битката еден одважен муслиман одлучил да каже дека не мора да се борат до исцрпување и дека може да се дојде до примирје преку преговори.

Кога го виделе муслиманот пред капиите на градот тие ги отвориле. По отворањето на капиите луѓето веднаш истрчале надвор мислејќи дека се безбедни, и дека веднаш ќе прифатат плаќање на џизија (данок) а за возврат да добијат мир и спокојство во градот. Муслиманите, дознавајќи дека сето тоа со преговорите не било дозволено од муслиманскиот командант на војската, не знаејќи што да прават понатаму веднаш одлучиле да го известат хазрети Омер р.а. за ситуацијата.

Дознавајќи за ситуацијата на теренот хазрети Омер р.а. рекол дека Возвишениот Аллах дал големо значење на исполнувањето на обврските, и според тоа постигнатиот договор мора да се почитува.

Иако, ова го ветил обичен муслиман тоа верување морало да се исполни. На тој начин битката била завршена и муслиманската војска се вратила на своите позиции.

Освојувањето на Иран

Што се однесува до освојувањето на Иран и мотивите кои стојат зад тоа, хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Омер р.а. сакал да стави точка на борбите помеѓу Ирак и Ахваз, места во Иран.

Многу пати се хазрети Омер р.а. изразувал желба дека постои некој вид на бариери помеѓу нив како би се спречило движењето во тој регион. Меѓутоа, тоа не било можно поради постојаните напади  од страна на Иран.

Во 17-та година по Хиџра муслиманска воена делегација дошла кај хазрети Омер р.а.. Тој ги прашал зошто и понатаму постојат кршења на спогодбите во освоените земји. Хазрети Омер р.а. тоа го кажал мислејќи дека муслиманите можеби се проблемот кој го правеле на тамошните жители.

Членовите на воената делегација тоа го негирале и рекле дека тоа не е случај и дека муслиманите ги исполнуваат своите должности.

Еден член на делегацијата, Ахнаф бин Кеис, рекол:

„О водачу на верниците, ни забрани да превземаме воени чекори и да не ги напаѓаме. Меѓутоа, Иранскиот крал се уште е жив и Иранците продолжуваат да се борат против нас. Не е можно да постојат две влади кои коегзистираат на едно место.“

Ова, всушност, е доказот дека муслиманите никогаш не освоиле земји само да се предизвика војна, туку само воделе одбранбени војни.

Битката кај Нахаванд

Во 21-та година после Хиџра хазрети Омер р.а. одлучил да преземе акција бидејќи се собрала голема иранска војска, и тогаш се случила битката кај Нахаванд, позната и како ’победа над сите победи‘.

Откако претходно Иранците претрпеле два ужасни порази, тие за последен пат пробале да извојуваат победа над муслиманите.

Нахаванд бил град опкружен со планини. Хазрети Са’ад р.а. го известил хазрети Омер р.а. за големата војска која се собирала на тоа место, и така хазрети Аммар бин Јасир р.а. бил поставен да командува со муслиманската војска.

Во текот на еден состанок, хазрет Омер р.а. станал и одржал говор, после кој присутните муслимани одговориле дека се подготвени да направат сè што он ќе одлучи; дали да остане во Медина или да оди да се бори против непријателите.

Хазрети Осман р.а. побарал и тој да биде упатен на фронтот да се бори. Хазрети Омер р.а. од присутните побарал дополнителни совети. Хазрети Али р.а. рекол дека војската треба да ја подели на три дела за Медина да може да биде заштитена. На крајот хазрети Омер р.а. одлучил да го постави хазрети Ну’ман бин Мукаррин р.а. за оваа голема задача и тој бил поставен за командант на муслиманската армија во битката.

Кога хазрети Ну’ман бин Мукаррин р.а. пристигнал на местото на фронтот добил писмо од хазрети Омер р.а. да тргне во со муслиманската војска во борба.

Во ова писмо било споменато кој ќе биде негов заменик во случај тој да загине во борбата.

Што се однесува до иранската војска, историчарите напишале дека иранската војска броела помеѓу 60.000 и 100.000 војници. Меѓутоа, според Сахих Букхари тие броеле околу 40.000 војници.

Се пишува дека и двете спротивставени војски се сретнале лице во лице, при што Иранците користеле погрдни зборови против муслиманите заканувајќи им се дека потполно ќе ги уништат.

На почетокот Иранците биле во своите тврдини и користејќи ги своите ровови тие го одредувале времето кога ќе излезат во борба и кога ќе се вратат во своите безбедносни зони, додека муслиманската војска била на отворено поле.

Еден асхаб дал предлог поради кои Иранците би можеле да помислат дека муслиманската војска се повлекува од борбата и можеби ќе ги отворат капиите на тврдината да побрзаат по нив да ги изгонат подалеку.

Всушност, тоа и се случило. Хазрети Ну’ман бин Мукаррин р.а. одржал страшно охрабрувачки говор на муслиманите кои останале со насолзени очи пред да тргнат во напад на непријателите. Во текот на битката се пролеале толкави количини на крв што и коњите паѓале лизгајќи се во крвта.

Хазрети Ну’ман бин Мукаррин р.а. бил убиен во битката паѓајќи од коњот и станал шехид. Борбата траела цел ден и на крајот до вечерта муслиманите победиле во битката.

Кога хазрети Омер р.а. бил запознаен со исходот од битката му се заблагодарил на Семоќниот Аллах за неговата поддршка на муслиманите.

Кога дознал кои од муслиманите загинал во борбите хазрети Омер р.а. плачел и се молел за сите нив, и кажал дека Семоќниот Аллах им дозволил да станат шехиди и им оддал чест на Аллаховиот пат.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека на хазрети Омер р.а. му било кажано дека, сè додека Иранците се на влас во одредени земји ќе продолжат да предизвикуваат проблеми. Затоа, хазрети Омер р.а. им одобрил на муслиманите да се упатат во тие земји и за секогаш да го доведат до крај овој проблем.

Освојувањето на Исфахан  и Хамедан

Хазрети Омер р.а. го предал знамето на хазрети Абдуллах бин Абдиллах р.а. да ги преводи муслиманите во освојувањето на Исфахан. Хазрети Абдуллах бин Абдиллах р.а. со муслиманската војска се упатил кон Исфахан, каде го дочекала непријателската војска. После жестока борба непријателот се повлекол. Муслиманите напредувале после битката го опколиле градот, кој подоцна им бил предаден на муслиманите.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. кажа дека Хамедан бил освоен после битката кај Нахаванд. Иранците, претходно го прекршиле пактот и почнале да   формираат војска за борба против муслиманите.

Хазрети Омер р.а. наредил да се собере муслиманската војска, која тргнала и муслиманите повторно го освоиле градот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќе продолжи да зборува и за други битки кои се одвивале во текот на времето на хазрети Омер р.а..

Џенази

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече река ќе предводи џенази за неколку починати членови на Заедницата.

Мухаммад Дијантоно сахиб

Мухаммад Дијантоно сахиб од Индонезија, починал на 15 јули во 47-та година од животот.

’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘

Тој не бил роден како муслиман, но со задоволство влегувал во џамија и учел за исламот. Откако го прифатил Ахмадијатот, студирал во Џамија и дипломирал во 2002 година.

Преку неговото проповедање многумина имале чест да го прифатат Ахмадијатот. Се соочувал со големи проблеми и противења во времето додека бил мисионер.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да го воздигне неговиот статус и да им овозможи на неговите деца да ги продолжат неговите добри дела.

Сахибзада Фархан Латиф сахиб

Сахибзада Фархан Латиф сахиб од Чикаго, бил правнук на хазрети Сахизбада Абдул Латиф Схахеед сахиб р.а..

’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘

Секогаш бил подготвен да одговори на должностите кон Ахмадијатот. Имал само 45 години.

После него останале три деца и неговите родители.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Возвишениот Аллах да му подари милост и да му прости и да овозможи неговите деца да останат цврсто поврзани со Заедницата.

Малик Мубасхер Ахмад сахиб

Малик Мубасхер Ахмад сахиб од Лахор, починал на 21 ноември.

’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘

Бил син на Малик Гхулам Фареед сахиб. Служел на различни функции во Заедницата

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Возвишениот Аллах да му прости и да му подари милост.