In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Халифа-тул Месих II: Бисери на мудроста

Откако сите ги поздрави со ’Ассаламо алеикум ва Рахматуллах‘ – нека е мир на вас и Аллаховата милост – и после проучениот шехадет (сведочење дека Аллах е Еден и дека Мухаммед е Негов Пратеник и роб), и еузу била хи минешејтани раџим и бисмиллахи (барање заштита од Аллах против шејтанот), Хузур акдас (нека Аллах го зајакне со Својата моќна помош)  ја проучи сура Ал-Фатиха и потоа рече:

Аллах, Возвишениот ги чува Своите пријатели и Своите миленици и нивните потомци со генерации и ги благословува сите се додека овие деца останат на патиштата на доблестите и вистините.

Хазрети Муслех Мауд (Ветениот Реформатор, хазрети Мирза Башир-уд Дин Махмуд, Халифа-тул Месих II р.а.) преставувајќи пример за тоа во однос на хазрети Алија р.а. рекол: „Погледајте, кога Чесниот Пратеник с.а.в.с. во првите денови од своето пратеништво ги повикал своите блиски роднини да им ја упати Пораката на Вистината, тој ги повикал на ручек и кога после тоа почнал да им говори, неговиот амиџа, Абу Лехеб ги растерал сите од Чесниот Пратеник с.а.в.с. и тие си заминале а ништо не слушнале. Чесниот Пратеник с.а.в.с. бил изненаден од однесувањето на својот амиџа но не губел надеж. Му наредил на хазрети Алија р.а. да договори уште еден собир и да ги повика неговите драги лица повторно на ручек.

На вториот собир Чесниот Пратеник с.а.в.с. ја упатил пораката на исламот и кога завршил надвладеала тишината. Сите молчеле. Никој не зборувал. На крајот хазрети Алија р.а. рекол: ’Иако сум во тие години и сум најмлад од сите кои сме собрани овде, јас сум подготвен да се согласам со тебе и ветувам дека ќе стојам покрај тебе засекогаш во поглед на сето она што го зборуваше.‘

После тоа немирите во Мека достигнале кулминација и Чесниот Пратеник с.а.в.с. морал да се исели. На хазрети Алија р.а. му е дадена прилика да даде жртва и Чесниот Пратеник с.а.в.с. му рекол да легне во неговиот кревет во ноќта кога тој се селел така да непријателот помисли дека Чесниот Пратеник с.а.в.с. се уште е во кревет.

Хазрети Алија р.а. не му рекол на Чесниот Пратеник с.а.в.с.: ’О Божји Веровесниче, надвор е непријателот и ја опколил куќата, зарем ене е можно да ме убијат кога наутро откријат дека си заминал?‘ Напротив, хазрети Алија р.а. отишол да спие на тој кревет совршено задоволен. И кога неверниците утрото тоа го откриле го претепале хазрети Алија р.а. но до тоа време Чесниот Пратеник с.а.в.с. веќе се иселил.“

Во тоа време хазрети Алија р.а. не бил свесен за тоа колку ова жртвување ќе биде благословено и наградено до Аллах. Тој таа жртва не ја направил за да стекне било каква награда. Неговата жртва била само поради љубовта кон Чесниот Пратеник с.а.в.с. и да го заслужи Аллаховото задоволство.

Во тоа време само Аллах знаел колкава чест хазрети Али р.а. ќе прими за своето жртвување и не само од него туку и од неговите честит потомци. Првата наклоност на хазрети Али р.а. била тоа што бил благословен да му биде зет на Чесниот Пратеник с.а.в.с.. Потоа, Чесниот Пратеник с.а.в.с. во разни прилики го фалел поради неговите честити постапки и дела.

Еднаш Чесниот Пратеник с.а.в.с. тргнал во битка и наредил хазрети Али р.а. да остане во Медина. Хазрети Али р.а. рекол: „О божји Пратениче, ти мене ме оставаш во позадина со жените и со децата?“ Чесниот Пратеник с.а.в.с. одговорил: „О Али, зарем ти не сакаш да имаш позиција со мене како што хазрети Харум а.с. имал со хазрети Муса а.с.?

Положбата на хазрети Харум а.с. не се намалила со тоа што хазрети Муса а.с. го оставил во позадина. Ист бил случајот и со хазрети Али р.а.. Неговата позиција се зголемила. И не само тоа, многу побожни луѓе на исламот биле од потомците на хазрети Али р.а. и на многумина од овие честит луѓе им биле покажувани знаци и примале Аллахова помош и поддршка.

Хазрети Муслаех Мауд р.а. пренесува дека ветениот Месија а.с. говори како Хароон Рашид затворил еден човек  по име Имам Муса Раза и со канап му ги врзал рацете и нозете. За тоа време Хароон Рашид удобно одмарал кога во сон видел дека му се јавил Чесниот Пратеник с.а.в.с. и на неговото лице се гледало големо незадоволство. Чесниот Пратеник с.а.в.с. му рекол: „О Хароон Рашид, ти тврдиш дека си оној кој ме сака но зарем не се срамиш што спиеш во длабок сон окружен со удобности додека Мој миленик лежи целиот врзан на исклучителна топлина во затвор?“

Видувајќи го овој призор Хароон Рашид целиот вознемирен веднаш станал и отишол во затворот со својот командир и со свои раце ги одврзал рацете и нозете на Имам Муса Раза. Имам Муса Раза му рекол: „Ти толку ми се спротивставуваше, па што се случи и те натера да дојдеш во затворот?“ Хароон Рашид му го навел својот сон и рекол дека бара прошка од него бидејќи не знаел како стојат работите.

Хазрети Муслех Мауд р.а. вели: „Погледнете колку време помина од времето на хазрети Али р.а. и ова време на Хароон Рашид. Ние посматравме потомци на многу кралеви како одат по улицата и просат.“

Тој вели дека во Делхи лично видел човек кој носи вода а бил потомок на Мугхал кралевите. Неговата работа била да оди наоколу и на луѓето да им носи вода за пиење. Сепак имал доволно чувство на срам за да не оди наоколу и да проси од луѓето. А, погледнете ги од друга страна потомците на хазрети Али р.а.. И покрај тоа што поминале многу генерации сепак Бог предупредил еден крал за потомокот на хазрети Али р.а. и му наредил љубезно да се однесува кон него.

Хазрети Али р.а. да знаел колкава чест ќе добие и да знаел за невидливото и направил жртва поради сето тоа, неговата вера не би била ништо повеќе од купување и продавање или порамнување. И тоа не би заслужило никакви награди.

На едно место хазрети Ветениот Месија а.с. спомнува случај за еден евлија (Божји пријател) кога бил на брод на кој во морето му се случила страшна бура и бродот бил во ситуација скоро да потоне. Но довите на побожната личност станале причина за спасување на бродот од потонување. Додека се молел на Бог му било објавено дека само поради него бродот и останатите патници ќе бидат спасени.

Ветениот Месија а.с. рекол:

„Видете, ваквите работи не можат да се постигнат само со зборови туку е неопходно личноста да преземе ревни напори за тоа да го постигне и мора да боде воспоставена о одржана врската со Аллах Возвишениот. Личноста треба да има добар и честит однос со родителите.“

Личноста може да има корист од тоа што е потомок на богобојазливи родители само ако и таа е честита личност.

Јас ќе спомнам и други работи кои ги спомнал хазрети Муслех Мауд р.а. лично а кои ги слушнал од Ветениот Месија а.с..

Хазрети Муслех Мауд р.а. зборувал за строгоста на Ветениот Месија а.с. во поглед на клањањето на намази во Џемаатот и дека намазот му бил многу драг на Ветениот Месија а.с.. Секогаш кога не можел да клања намаз во Џемаатот поради болест тој клањал намаз дома жена и децата ги повикувал да клањаат намаз во Џемаатот. Тој не би клањал намаз сам туку во Џемаатот.