In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Халифа-тул Месих II: Бисери на мудроста

Откако сите ги поздравил со „Ассаламо-Алаикум ва Рахматуллах“ – нека се мир и Аллаховата милост над вас, и посведочил за Аллаховото Единство и дека Мухаммед с.а.в.с. е Неговиот Пратеник и слуга, и побарал заштита од шејтанот, Хузур Акдас (нека Аллах го засили со својата силна помош) и ја проучил сура Фатиха тој кажал:

Многу луѓе во светот учествуваат во бесмислени расправии. Често едни на други во шала си кажуваат непотребни работи кои доведуваат до несогласување. Зборуваат без размислување и тоа непотребни и бесмислени нешта кои немаат никаква корисна цел и само доведуваат до тешкотии и караници. Чесниот Кур‘ан на верниците им забранил да влегуваат во такви бесмислени расправии. Хазрети Муслех Мауд р.а. во врска со ова раскажува за она што кажувал Ветениот Месија а.с.:

Чесниот Кур‘ан вели:

„… и оние кои сведочат лажно, и кога поминуваат покрај нешто бесмислено, поминуваат достоинствено.“ (25:73)

Една од карактеристиките на верниците е да ги заобиколат бесмислените расправии и да не им обрнуваат внимание. Даден е пример за жените. Тие секогаш се интересираат за овие бесмислени, бесцелни нешта, но овие денови и мажите како да се во иста ситуација.

На пример, жените се распрашуваат за цената на одредени производи или пак каде се подготвени, и тоа е пример за навистина бескорисен и бесмислен разговор кој е чисто од световна природа и нема никаква корисна цел, и понекогаш може да има штетно влијание на жените кои седат во близина. Тој вели дека се додека не ја добие целата историја на производот жената не е задоволна.

Ветениот Месија а.с. раскажал пример за жената која имала преубав златен прстен, на кој никој не му обрнувал внимание. Таа толку многу се налутила што ја запалила куќата и кога ја прашале дали нешто е спасено таа рекла: „Ништо освен овој прстен.“ Друга жена се доближила и ја прашала кога го направила прстенот кој навистина е преубав. Жената и одговорила: „Ако тоа ме прашаше порано немаше потреба да ја запалам куќата.“

Хазрети Муслех Муд р.а. рекол дека оваа навика не е карактеристична само за жените туку ја имаат и мажите. Откако ќе се поздрават, почнуваат да се распрашуваат од каде доаѓаш, каде одиш и колку заработуваш. Зошто ова е потребно? Потоа, тука е примерот на западните земји каде никаде не гледаме дека таму некој се распрашува за нечија плата, образование или работа. Бесмислени нешта не се само оние кои можат да доведат до штета, туку се работи од што немаме корист и кои спаѓаат во листата на работи кои треба да ги избегнуваме.

Ветениот Месија а.с. тие нешта ги дефинира како нешта кои не произведуваат штета или корист. Тоа се бесмислени работи за кои е кажано дека верникот треба да ги избегнува. Условот за верникот е дека сите расправи треба да бидат со некоја цел и тој треба да го избегнува секој вид на бесмислени и бескорисни нешта. Но, ако спроведеме анкета, ќе видиме дека многумина се впуштаат во такви бесмислени разговори.

Хузур (аб) рекол дека ќе раскаже уште една важна случка од Ветениот Месија а.с. која ја раскажувал Хазрети Муслех Мауд р.а.. По распрашувањето, дознал дека сето ова се случувало поради смртта на кралот Рањит Сингх.

Ветениот Месија а.с. раскажал приказна за некоја скромна личност која поминувала низ Лахор и сретнала група луѓе кои викале и плачеле. Своевремено постоеле строги кралеви, но Рањит Сингх бил одговорен за воспоставување на мирот во земјата. Тој имал мирен однос со муслиманите. Муслиманите исто така служеле под неговата власт. И таткото на Ветениот Месија а.с. подолго време служел по неговите закони. Човекот минувајќи прашал зошто луѓето се толку вознемирени од неговата смрт. Рекол дека и неговиот татко починал и каква врска со тоа има Махараџата Рањит Сингх. Поуката која Ветениот Месија а.с. сака да ни ја покаже е дека нештата кои некому му се драги е тоа што ги прави големи во нивните очи. Иако Рањит Сингх влијаел на илјадници луѓе, овој човек тоа не го интересирало, бидејќи неговиот татко кој великодушно се грижел за него е тој што за него бил важен.

Дури и малечки нешта изгледаат големи бидејќи ни се потребни но поради недостатокот на знаењето ние големите нешта ги сметаме за мали. Дури и ако не детето му дадеме скап дијамант, дали тоа него ќе го интересира?

Треба да се насочиме кон тоа општеството да го почитуваме во целина а не само внатре во нашата ограничена сфера. Кога еден Ахмад ќе направи нешто добро во општеството тоа не се одразува само на неговата репутација туку и на Џемаатот. Така, патиштата на напредокот се очигледни доколку ја прошириме нашата сфера на сомилост. Светот ќе разбере дека единствено вистинските учења на исламот можат да доведат до вистинскиот мир.

Луѓето прават мали жртви и мислат дека направиле нешто големо или пак направиле голема услуга.

Ветениот Месија а.с. во поглед на таквите луѓе спомнал една случка. Се раскажува како некој примил некого на гости и претерал во гостопримството. На крајот, кога гостинот требало да замине тој повторно му се извинувал како не бил во состојба во целост да ја исполни должноста на гостопримството бидејќи жената му била болна а и поради некои други околности и го замолил да му ги опрости недостатоците.

Гостинот рекол: „Јас знам дека ова го зборуваш бидејќи сакаш да те пофалам но сепак ти мене треба да ми бидеш благодарен.“ Домаќинот кажал дека тоа воопшто не му била намерата. Гостинот на тоа одговорил: „Треба да сфатиш дека јас можев да ти ја запалам куќата додека ти го подготвуваше јадењето. Фактот дека не го направив тоа е голема услуга. Ти треба да ми бидеш благодарен.“  Домаќинот му се заблагодарил што не му ја запалил куќата.

Верникот треба да им биде благодарен на другите наместо да бара благодарност од нив.

Постоел еден крал кој многу бил наклонет и импресиониран од некој пиир (верски водач) и на својот везир постојано му зборувал дека мора да оди да се сретне со него. Но, бидејќи везирот ја знаел вистината за пиирот секој пат одбегнувал да оди. Но еднаш кога кралот отишол во посета на пиирот го повел и везирот. Во таа прилика пиирот навел погрешни податоци од историја и везирот рекол дека со тоа покажал потполно незнаење; и кралот ја загубил сета почит кон пиирот. Ветениот Месија а.с. го спомнал ова и тогаш рекол дека треба да водиме сметка за своето опкружување и се да знаеме за него. Важно е да се разберат традициите и навиките на местото во кое човекот се наоѓа.

Сега на нашите мисионери им се поставуваат прашања за состојбата во светот. Сите мисионери треба да држат чекор во знаењето по историја, географија, медицина, како и начинот на кој се однесуваат луѓето на собирите – макар до степен во кој би биле во состојба да им се придружат на разговорот на почитуваните луѓе. Тоа воопшто не е тешко да се постигне. Се што се бара во тој поглед е малечок напор. Затоа треба да се читаат книги од овие области на знаењето. Освен тоа, понекогаш кога нашите мисионери ги прашуваат за сегашната состојба на работите тие не се во состојба да дадат соодветен одговор бидејќи не држат чекор со знаењето за она што се случува во светот или не ги истражувале подлабоко тие нешта. Под таквите околности световните луѓе заминуваат со лош впечаток и понекогаш добиваме приговори.

Ветениот Месија а.с. ни раскажал за човек кој имал два сина. Тој имотот го поделил помеѓу нив. Помладиот син го земал својот дел, отишол некаде далеку и изгубил сè што имал. Кога изгубил сè завршил како обичен работник. Но, кога увидел дека не е во состојба дури ниту да се прехрани, иако работи, и дека неговиот татко вработува многу такви слуги кои не се во состојба да се грижат за себе, тој одлучил да оди кај татко му и да бара вработување. Таткото со задоволство му излегол во пресрет и го прославил враќањето на синот со тоа што наредил да се заколе животно во чест на неговото враќање и среќа.

Кога дошол другиот син, не му се допаднал фактот што на таков начин се прославува враќањето на помладиот син – оној кој го изгубил наследството. Тој му кажал на таткото како секогаш му бил послушен а сепак тој никогаш толку убаво не се однесувал кон него како што се однесува кон братот. Таткото кажал: „Ти секогаш беше со мене и се што имам е твое но оваа среќа ја прославуваме затоа што мојот син беше изгубен но сега го најдовме и тој се врати во животот.“

Кога некој пред Бог ќе ги признае своите мани, Бог му се обраќа со милост и го прима нивното покајание. Затоа, научете да им опростувате на своите браќа кои ќе ви дојдат со чисто срце признавајќи ги своите недостатоци.

Исто така, молете го Бог за оние кои не бараат опростување.

Треба да ја зајакнете својата личност и не потценувајте.

Ветениот Месија а.с. раскажувал една приказна. Некој крал сакал домат. Кога неговиот слуга тоа го дознал почнал да ги пофалува карактеристиките на доматот. По неколку дена кралот се разболел и рекол дека не ги сака доматите. Кога го слушнал тоа слугата почнал да зборува лошо за доматите. Еден човек кој присуствувал на сето тоа му рекол дека е чудно како пред неколку дена ги пофалувал доматите а сега зборува лошо за нив. Овој слуга рекол: „Јас сум му слуга на кралот а не на доматите.“

Тоа е карактерот кој го гледаме кај денешните муслимани. Муслиманите треба да го покажуваат својот најсилен карактер и постапки но ние сме сведоци дека тие најмногу се клеветени. Не се поставува прашањето за тоа дали тоа е втемелено на вистината. Муслиманите каде и да видат трошка корист се свртуваат во таа насока. И водачите и граѓаните се исти.

Создавањето на однос со Аллах помага да се решаваат работите. Овој однос се збогатува само со богобојазливоста. Ние, Ахмади муслиманите кои тврдиме дека сме го прифатиле Месијата а.с. треба да го прифатиме учењето на исламот и да ги подобриме своите животи. Ние треба да засноваме врска со Бог и да живееме во согласност со тоа. Ако бидеме богобојазливи и имаме страв од Бог, само тогаш ќе се посведочиме во успехот. Мелеките ќе ни помогнат, ИншАллах.

Сите ние треба да мислиме за тоа како да ја втемелиме богобојазливоста и какао да ја засноваме врската со Бог. Кога световниот човек може да има корист од своите световни релации со световна личност тогаш релацијата со Бог може да ни донесе стотици илјади пати повеќе од тоа.

Некој човек тргнал на пат и парите ги оставил кај некој друг. По враќањето си ги побарал парите но човекот на кој му ги дал рекол дека никакви пари не се оставени кај него. На крајот овој човек му се обратил на кралот и кралот одлучил да му помогне. Рекол да ги следи чекорите кои оваа личност ќе ја наведе да мисли како тој има добри врски со кралот и дека тоа ќе го премисли да му ги врати парите. Кралот во присуство на човекот на кој дал пари започнал долга дискусија и човекот на кој му биле дадени пари на чување кога го видел тоа одлучил да ги врати парите.

Зошто да се грижиме за спротивставувањето во светот? Ние треба да се сосредоточиме на развивањето на љубовта кон Бог. Вистинскиот успех е да се препуштиме на прагот Божји.

Вистинскиот верник е близок со вистинскиот пријател. Еднаш, некој татко на својот син му кажал дека ниту еден од неговите пријатели не му е вистински пријател, и дека со него се дружат само за да извлечат корист. Таткото кажал како во целиот свој живот нашол само еден вистински пријател. Таткото сакал на синот да му даде прилика да ги испита своите пријатели. Кога таткото престанал да му дава пари кои тој ги барал од него и кога пријателите сфатиле дека таткото веќе не му помага се оддалечиле од него и го напуштиле. Синот отишол кај пријателите но никој повеќе не сакал да има врска со него. Тој му кажал на таткото дека сите тие се неверни.

Таткото му кажал дека сега ќе го запознае со вистинскиот пријател. Дошол во текот на ноќта до вратата на својот пријател и почукал. Но пријателот долго време не излегол и синот помислил дека и неговиот пријател е ист. Но, по подолго време пријателот на таткото излегол и објаснил дека се задржал затоа што помислил дека можеби му треба некаква помош и затоа сега доаѓа со сабја, вреќа пари и заедно со својата жена за да му понуди помош ако тоа е потребно.

Тој донел сабја во случај ако неговиот пријател бил во опасност. Донел и пари за да му помогне финансиски. И ја довел жената во случај ако пријателот бил болен. Таткото кажал дека немал никаква тешкотија и дека е тука само за да го подучи синот. Ова е пример на добро пријателство. Нашето пријателство со Бог треба да биде далеку поголемо.

Верниците треба искрено да му се молат на Бог. Бог ги создал нештата заради вашата удобност. Бог ги исполнува вашите желби без мерење и ако не исполни една ваша желба вие станувате обесхрабрени. Оние кои не ја исполнуваат должноста кон ибадетот треба да се проценат самите себе. Оние кои не успеваат да и дадат предност на верата треба да се проценат самите себе. Оние кои дошле во западните земји поради Ахмадијатот но не ги исполниле своите должности, треба да проценат самите себе.

Ние треба да се подготвиме да се жртвуваме поради Бог. Каде и да постои вистинската љубов не бара логичен темел. Кога изнесуваме тврдење за послушност, тоа не бара разјаснување. Кога Бог објавува, вистинските верници волно тоа го прифаќаат и прават планови како да ги исполнат Божјите планови.

Бог го пратил Чесниот Пратеник с.а.в.с. поради упатство за човештвото и тој направил планови како да ги оствари своите цели. Сега поминаа 126-127 години откако започнала Новата ера. Колку од нас навистина се замислуваат над тоа зошто токму нам ни е дадена оваа радост? Многумина го очекувале Месијата и умреле. Овој ден на успех и среќа е даден затоа што Бог воздигнал еден поединец поради човештвото.

Плачот и смеата не се Божји одлики, но во случај на голема љубов, Он може да ги покаже Своите чувства. Бог, да може да се смее, Он би се насмеал на тоа како еден поединец успеал да му се спротивстави на светот. Бог би се расплакал, да може, кога би го видел човекот кој е во длабока љубов кон Него. Претходниот пример на пријателство не е ништо во споредба со пријателството на Божјите пратеници. Односот на пратеникот со Бог е од многу повисок степен.

Во љубовта, сиромашниот пријател излегол со сабјата, парите и со жената за да му помогне на својот пријател. Кога некој навистина сака, неговите сетила остануваат на страна. Кога е некој загрижен, сетилата остануваат на страна. Во стварноста емоциите и љубовта се вистинити.

Кога Бог на Веровесниците ќе им објави дека Бог, Кој го гледа целиот свет, побара од Своите Веровесници да Му помогнат, Веровесникот не вели: „Како јас можам да Ти помогнам кога си Ти Старател на целата вселена?“ Веровесникот кажува: „Јас сум овде, јас сум овде, јас сум овде.“

Поминаа 126 години откога Бог го кренал Својот глас и повикал еден осамен поединец во Кадијана. Тој Бог рекол: „Светот Мене ме напушти. Јас барам помош, о мои суштества, помогнете Ми! Тој поединец не мислел дека Бог е семоќен – како навистина можел да му помогне?

Тој поединец станал и рекол: „О мој Господару, јас сум подготвен, јас сум подготвен, јас сум подготвен. Јас ќе го спасам светот со оваа вера.“

Кога ние тврдиме дека сме во прегратка на најверниот поклоник на нашиот сакан Пратеник с.а.в.с., кога ние веруваме дека исламот влегол во ера на преродбата и дека ќе стаса до сите краишта на светот – ако сме влегле во неговата закрила за да му бидеме помошници на Месијата а.с. тогаш треба да кажеме: ’Препорачајте се.‘

Изразете ја својата љубов кон Бог, Неговиот Пратеник и Неговиот Месија. Проценувајте се себе си и проценувајте ги своите стандарди.

Нека Аллах не оспособи така да направиме.

Сета благодарност му припаѓа на Аллах. Ние Него го пофалуваме, Ние од Него бараме помош и ја бараме Неговата заштита. Ние Нему му се доверуваме, Ние само Нему му веруваме и бараме заштита од злото. Оној кого Он ќе го упати на Правиот пат, никој не може да го заведе. Он е Едниот и нема другар. Ние сведочиме дека Мухаммед е Неговиот роб и Пратеник. О Аллахови робови! Нека Аллах биде милостив кон вас. Навистина, Аллах наредува да постапувате праведно. Забранете го злото кое го правите самите на себе и злото кое ги погодува другите. Тој ве предупредува да не бидете немарни. Сеќавајте се на Аллах и Он исто така ќе се сеќава на вас. Повикувајте го Него и Он ќе одговори на вашиот повик. Навистина, спомнувањето на Бог е најголема доблест.