In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Халифа-тул Месих II: Бисери на мудроста

Хазрети Муслех Мауд р.а. објаснил дека постојано треба да размислуваме за тоа дали нашата пракса и нашите одлуки се во согласност со Чесниот Кур‘ан и хадисите. Решенијата кои не можеме да ги најдеме во Чесниот Кур‘ан или хадисите треба да ги побараме во изреките и праксата на поранешните муслимански верски зналци.

Ветениот Месија а.с. во врска со ова бил запрашан и тој одговорил дека неговиот начин е пред се да го следи Чесниот Кур‘ан и доколку за одреден проблем не може да најде упатство во Кур‘анот, тогаш треба да се погледне во хадисот и доколку и таму не може да се најде, одлуката треба да биде базирана на она што поранешните зналци на умметот го кажале. Исто така, треба да биде јасно дека Ветениот Месија а.с. рекол дека суннетот има предност пред хадисот. Суннет е пракса на Чесниот Пратеник с.а.в.с. која неговите следбеници ја научиле од него и истата пракса ја прифатиле и Табиуни (муслимани кои се родени по смртта на Чесниот Пратеник с.а.в.с. но биле современици на неговите следбеници) а по нив и Таби-ул Табуини (генерација на муслимани кои дошле по Табуините).

Ние треба да имаме на ум да практикуваме само тоа што Бог и Чесниот Пратеник с.а.в.с. го дозволиле. Понекогаш, луѓето толку многу се внесуваат во побожноста што ги пречекоруваат границите, додека пак мнозинството на луѓе со Божјите заповеди и заповедите на Чесниот Пратеник с.а.в.с. се однесуваат површно. Ставот и на двете групи нештата ги доведува до крајност. Имаме пример за една жена која сакала да направи нешто побожно што не било оправдано и дозволено од страна на Бог и на Чесниот Пратеник с.а.в.с., тука исто така се содржи и лекцијата за оние кои даваат преголем значај на соништата а немаат духовен статус во кој сите нивни соништа би биле вистинити и би означувале нешто.

Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека жена со ментални проблеми го посетила неговиот дом и рекла дека во сонот го видела Ветениот Месија а.с. кој и кажал дека Халифа-тул Месих р.а. ќе и ги поврати здравјето доколку непрекинато пости шест месеци. Рекла дека сите зналци кои ги прашала и кажале дека таквото однесување не е во ред.  Миан Башир Ахмад Сахиб и советувал да пости во понеделник и четврток. Таа кажала дека имала друг сон во кој Ветениот Месија а.с. ја прашал зошто се уште не почнала да пости цели шест месеци. Одговорот на хазрети Муслех Мауд р.а. бил дека дури и Ветениот Месија а.с. кога добивал објава која не била во согласност со Чесниот Кур‘ан и суннетот, тој ја отфрлал. Кога од учењето на Чесниот Пратеник с.а.в.с. е јасно дека непрекинат пост не е дозволен, тогаш сонот на жената е спротивен на тоа. Сè што е спротивно е шејтанско и не е од Бог. Секој сон кој му противречи на Чесниот Кур‘ан и суннетот не може да биде вистинит сон.

Погрешно е, не е побожно и грешно е нечиј сон да го направиме како основа за нешто и себе си да се доведеме во непотребни неволји. Навистина, луѓето кои се пратени од Бог не се како обичните луѓе и односот на Бог кон нив е сосема поинаков. Треба на сите да им биде јасно дека Ветениот Месија а.с. непрекинато постел шест месеци бидејќи Бог сакал да го дарува со пратеништво.

Ветениот Месија а.с. објаснил дека постењето не било по негова волја. Тој рекол дека тоа го направил откако ги добил Божјите објави и откако му било кажано да пости и тој тоа ѝ го направил. Рекол дека по постот имал извонредни духовни искуства но не треба сите да тргнат по истиот пат. Рекол дека тоа го направил откако Бог така му кажал. Некои упатуваат критики на Ветениот Месија а.с. дека откако направил одвоен Џемаат, тој формирал 73-та секта и создал неслога а не го намалил раздорот. Вакви работи редовно се случувале во времето на доаѓањето на Божјите пратеници. Меканците тврделе дека Чесниот Пратеник с.а.в.с. го разорил семејството и ги скарал браќата, иако во времето на неговото доаѓање имало и премногу раздор. Ситуацијата меѓу муслиманите и денес е иста. Бог ги испраќа пратениците за да го отстранат нередот, и оние кои го прифаќаат доаѓаат во мир. Без оглед колку и да се обединети нашите противници (меѓу муслиманите) сепак помеѓу нив не постои љубов.

И, се додека не го прифатат Имамот на ова доба, истата ситуација ќе продолжи без оглед дали и понатаму ќе продолжат да не нарекуваат не-муслимани или не. Во согласност со дефиницијата на Бог и на Чесниот Пратеник с.а.в.с. ние сме вистински муслимани и тоа никој не може да ни го одземе.

Хазрети Муслех Мауд р.а. раскажува како некој човек од Ал Хадис правел намаз со луѓето од ханефијската вера во нивната џамија. Кога го кренал прстот во време на тасхахуд (сеџда), останатите го прекинале намазот и се нафрлиле на него како тона цигли и почнале вербално да го малтретираат. Ни малку не помислиле дека се наоѓаат во состојба на намаз. На сличен начин, ваков неред постоел дури и кога дошол Ветениот Месија а.с. и тој истиот го поправил.

Кој создава неред? Оној кој некого ќе повреди или докторот кој ги лечи повредите, иако неговото лечење може да предизвика болка. Кој може да каже дека докторот е суров ако препише кинин (кинин е лек кој се добива од кората на дрвото на кинкона) на некого кој има температура. Некој, Ветениот Месија а.с. го прашал за создавањето на нередот и тој одговорил дека, ако не сакаме млекото да скисне го држиме подалеку од јогуртот, бидејќи кога млекото дојде во допир со јогурт тоа скиснува. Поради тоа, важно е Заедницата која е пратена од Бог да биде одвоена од другите за да не го изгуби својот пат. Здравите луѓе се разболуваат од болните ако се невнимателни. Божјиот начин е заедницата која е пратена од Бог да се држи одвоено од духовно болните. Поради тоа постои наредба за одвоени џенази, бракови, намази, итн.

Ветениот Месија а.с. ги советувал жените во тоа време говорејќи дека токму како што животот на здрава личност може да дојде во опасност кога контактира со болна личност исто така треба да се има на ум дека се работи за слична состојба кога се создава врска со не-ахмади личноста. Често, жените велат дека во слична ситуација сепак не може да се стават нечии брат или нечија сестра. Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека во случај на земјотрес или пожар сестрата би се борела за свој живот без да се загрижи за својот брат. Зошто тогаш да не се заземе истиот став и во поглед на верата? Тоа е поради недостатокот на увидот за верата и на тој начин личноста е преплавена со чувството на удобност. Ако мелекот во случај на смрт би дошол кај жената и кога би и кажал дека ќе го одземе животот на братот или на некој друг член на семејството или тој ќе го земе нејзиниот, тоа никогаш никој не би го прифатил. Бог вели:

„О вие кои верувате! Чувајте се себе сѝ и семејствата ваши од Огнот.“

(66:7)

Ако следбеникот на Ветениот Месија а.с. би се оженил со не-ахмади муслиман, таа би се оддалечила од Ахмадијатот или би починала во беда бидејќи би била оддалечена од семејството. Може ли жена со сопствените раце да ја фрли својата ќерка во огнот? Праксата на Ахмади муслиманите да не се женат со не-ахмади не создава раздор; тоа е сопствена заштита и давање на предност на верата пред световните нешта. Младите луѓе би требало да разберат дека ако себе се нарекуваат Ахмади и сметат дека се искрени Ахмади тогаш не треба едноставно само да ги пратат своите желби и дека треба да се женат со Ахмади девојки и да обрнат поголемо внимание на верата пред световните желби.

Следната генерација не е уништена само со тоа што девојките се мажат надвор од Ахмадијатот, туку и поради тоа што мажите се женат надвор од Џемаатот. Секој Ахмад треба да обрне внимание дека личноста не е Ахмад само поради општествениот притисок или поради врските.  Човекот треба да биде Ахмад поради тоа што на умот ја има верата. Ако Ахмади мажите продолжат да се женат со девојки кои се надвор од Џемаатот, тогаш што ќе се случи со Ахмади девојките? Ако не се обрне внимание, можеби Ахмадијатот нема да опстане во семејствата.

Хазрети Халифа-тул Месих р.а. рекол дека тој често на младите луѓе кои се женат надвор од Џемаатот им кажува дека треба да работат на тоа младиот маж да стане Ахмад, да биде искрен Ахмад и потоа да склопи брак со Ахмади девојка. Тоа ќе им даде прилика да прават таблигх (да ја пренесуваат пораката на верата) и ќе им го сврти вниманието на важноста на женењето со Ахмади девојки.

На почетокот на својот Халифат, во 1914 година, хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека му е познато како луѓето од Џемаатот имаат проблеми во браковите помеѓу Ахмади и не-ахмади но дури после Халифатот тој сфатил колку навистина тие имаат тешкотии. Ветениот Месија а.с., на предлогот на некој кој рекол дека постојат големи тешкотии во врска со бракот, на младите мажи и девојки им препорачал да се направи список на младите жени и мажи кои во се години за брак. Тој рекол дека советот на Ветениот Месија а.с. не бил да се поддржува врската надвор од Џемаатот а луѓето во Џемаатот биле најразлични, и што тука требало да се направи? Тој препорачал список со имиња на млади Ахмади мажи и жени на кои можело да се упати кога некој би го прашал Ветениот Месија а.с. за бракот, бидејќи тој рекол, никој во Џемаатот нема да го послуша советот на Ветениот Месија а.с.. Понекогаш луѓето дават предлози врз основа на личниот интерес и секогаш поради тоа завршуваат во неволја. Се чини дека намерата на личноста која го направила предлогот не била толку добра. Во исто време една силно искрена Ахмади личност го прашала Ветениот Месија а.с. за совет во врска со брак и Ветениот Месија а.с. го упатил кон ќерката на личноста која го предложила списокот.

Меѓутоа, тој направил многу нелогичен изговор и својата ќерка ја омажил за не-ахмади личност. Кога Ветениот Месија а.с. дознал за ова тој рекол дека повеќе нема да се вклучува во брачните предлози. Ако тоа не бил случај, Џемаатот не би се соочувал со проблеми во овој поглед. Нечие одрекување на она што Божјиот Пратеник го кажал може да стане извор на постојана осуда на заедницата.

Луѓето кои своите ќерки ги мажат надвор од Џемаатот набргу ја увидуваат грешката. Луѓето се уште пишуваат признавајќи дека патат поради одлуката која ја направиле. На некои девојки им е забрането да го посетуваат своето семејство и се лишени од верата. Постојат и родители кои поради егоистични тенденции не ги одобруваат добрите Ахмади брачни понуди иако младиот маж и жената се среќни. Хазрети Халифа-тул Месих р.а. рекол дека понекогаш луѓето не ги прифаќаат неговите предлози за брак. Тој додал дека ако постои некој кој не го прифатил предлогот на Ветениот Месија а.с тогаш тоа, што луѓето не го прифатиле неговиот предлог, не е толку значајно. Меѓутоа, такви луѓе завршуваат во грозни ситуации. Такво нешто се случило во Германија каде родителите на девојката не и дале да се омажи за кого сака и ја убиле, и сега се во затвор. Родителите не би требало да се непопустливи кога двајца сакат да се земаат и не треба да прават голем проблем во разликата на кастата, и не смеат да дозволат егото да ги победи.

Друго нешто кое треба да биде јасно во врска со бракот е тоа дека во исламот изборот на жената каде ќе се мажи се зема во предвид. Чесниот Пратеник с.а.в.с. на жените им дал право на избор. Меѓутоа, исламот исто така го ограничува тоа дека секој никах без присуство на валија (старател) на девојката не важи. Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека ако Бог го пратил Ветениот Месија а.с. и ако тој навистина е од Бог тогаш освен исклучоците кои исламскиот шеријат го прави, ниту еден никах не е важечки без валија. Нашата одговорност е да ги објасниме овие нешта на луѓето и ако тие тоа не го прифатат тогаш врската со нив треба да ја прекинеме.

Постои една случка во времето на животот на Ветениот Месија а.с.. Девојката сакала да се омажи за некој кого нејзиниот татко не го одобрувал. Девојката отишла во друг град и направила никах кој го предводел некој оџа и прогласила дека е мажена. Кога брачната двојка се вратил во Кадијана Ветениот Месија а.с. ги протерал од Кадијана бидејќи направиле никах против правилата на Шеријатот.

Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека имал ситуација кога мајката сакала синот да ја ожени девојката без присуство на валија. Таа помислила, ако девојката е среќна зошто е потребна согласност од валија. Хазрети Муслех Мауд р.а. ја прашал како таа би се чувствувала кога некоја од нејзините ќерки би се омажила за некој однадвор? Ниту еден родител не треба да биде неправедно строг и не смее на ќерката да не и дозволи да се омажи поради неговата лажна горделивост но, исто така, исламот не им дозволува на девојките да одат на суд или оџите да прават никах. Ако имаат проблем можат да му пишуваат на Халифата на време и тој ќе донесе добра одлука во согласност со ситуацијата. Божјите благослови се присутни кога се држиме до принципите на предноста на верата над световните нешта.

Во една од своите хутби хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека, ако сакаме да ја всадиме љубовта кон Бог, важно е да се замислиме над разните Божји атрибути кога се зафаќаме со спомнувањето на Бог. Тој рекол, според сеопштите закон на природата нормално е луѓето да бидат блиску до саканите или пак да имаат слика на саканиот, и тоа  дури важи и за световната љубов. На пример, исламот вели дека личноста пред бракот може да го погледне идниот брачен другар а таму кај што е тешко тоа да се направи треба да се испрати слика. Хазрети Муслех Мауд р.а. се сеќава дека бил многу млад кога дошло време за негова женидба и ја побарале сликата на неговата идна млада, и откако девојката на сликата му се допаднала, бракот бил склучен. Тогаш рекол во форма на прашање: ’Како некој може да почувствува љубов а да не видел!‘ На пример, кога се работи за Бог, ако Бог е пред вас а вие своите очи ги прекривате со рацете и потоа очекувате да го сакате Бог. Како тоа е можно!

Во една од своите урду поетични строфи Ветениот Месија а.с. вели дека, ако некој не е во состојба да го види Саканиот можеби може да Го слушне. Можеби ќе ги доживее трагите на убавината и милоста на саканиот. Односно, ако не може да го види Саканиот барем може да го слушне Неговиот глас, да доживее некои знаци на Неговата убавина. А каква би била сликата на Бог?

Он е Господар (Рабб), Он е Најмислостивиот (Рахман), Он е Најсомилосниот (Рахиим), Он е Господар на Судниот ден (Малики Јеум и Дин), Он е Тој Кој ги прикрива маните (Саттар), Он е Светиот (Кудус), Он дава сигурност (Мумин), Он е Заштитник (Мухеимин), Он е Изворот на мирот (Селам), Он е Скротител (Џабар) и Он е Највисокиот (Каххар) и има уште многу атрибути. Кога човекот повторувајќи ги држи на ум овие атрибути заедно со нивното значење тогаш, секој од овие атрибути станува Божји слух, другиот станува Неговиот вид, другиот станува Неговата рака, другиот станува Неговото битие и така човекот добива целосна слика за Бог. Кога човекот ги држи сите овие атрибути на ум ја добива љубовта кон Бог.

Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол како слушнал дека Ветениот Месија а.с. многу пати рекол, а и стотици негови асхаби слушнале како вели, дека поради ранливоста на својата природа одредени луѓе не можат да го прифатат исправниот пат и наспроти добрите намери и добрите цели.

Ветениот Месија а.с. зборувал како некој човек барал од својот пријател да најде соодветен маж за неговата ќерка. Овој пријател му нашол соодветен маж и рекол дека младиот човек  бил многу чесен. Кога таткото побарал уште информации пријателот рекол дека младиот маж е со добра нарав. Таткото и понатаму испрашувал но неговиот пријател кажал: „Зарем не ти кажав дека тој е со добра нарав?“ Таткото кажал дека не може да оди понатаму само со понудата дека младиот човек има добра нарав. Ако некој ја грабне неговата ќерка, ако тој нема чувство за чест на вера и има само добра нарав, тој ништо нема да направи за неа. Верниците имаат добри намери но заедно со добрите намери треба да имаат и чувство на чест.

На такви луѓе со добра нарав им се случува да завршат на собирите  на луѓето кои се впуштат во несоодветно критикување. Добрата нарав сама по себе не е сè. На пример, присуствувањето на такви собири може да значи губење на чувството на чест. Барем треба да се има доволно чувство на чест за да се напуштат такви собири. И, ако таквата критика е редовна појава, управата на Џемаатот треба да биде известена и управата треба да го извести Халифата на време за да бидат преземени неопходните чекори.

Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека луѓето Ветениот Месија а.с. го нарекувале маѓепсник. Тој вели дека се сеќава дека некој пријател му зборувал како слушнал еден оџа како ги наговара луѓето никогаш да не прочитаат ниту една книга од Ахмади муслиманите и никогаш да не ја посетуваат Кадијана. Понатаму раскажал измислена приказна која одела вака: „Еднаш со пријателот отидов во Кадијана. Спиевме во куќата за гости и изразивме желба да го видиме Мирза сахиб. Дојде маулави Нур-уд-Дин сахиб и љубезно зборуваше со нас. Ни понудија алва и тогаш ми стана јасно дека во алвата е направена некаква магија. Мојот пријател јадеше од алвата но бидејќи јас бев запознаен со сè не јадев, најдов изговор и излегов. Маулави Нур-уд-Дин сахиб не знаеше дека јас не ја јадев алва. Кратко време потоа мојот пријател кој ја јадеше алва рече дека се чувствува привлечен кон тоа што го слушнал и дека ќе го даде заветот на баи‘атот, но бидејќи јас не јадев алвата на мене немаше дејство. Потоа, Мирза сахиб барал да му се подготви носилка и заедно со маулави Нур-уд-Дин сахиб седна во неа и ме повика и мене. Мирза сахиб почна да зборува со мене и јас продолжив да климам со главата. Тој мислеше дека сум јадел алва и дека ќе го прифатам. Мирза сахиб рече дека е пратеник и потоа кажа, чувај Боже, дека е поголем од Чесниот Пратеник с.а.в.с. и потоа кажа, чувај Боже, дека е Бог. Кога јас го одбив тој го праша маулави Нур-уд-Дин сахиб, зарем не ми дал да јадам од алва. Тој одговори дека ми била понудена но изгледа дека не делувала.“

Понекогаш се случува лагите на овие луѓе да бидат разоткриени на лице место. Во истиот собир бил и еден не-ахмади адвокат кој поради лечењето одел во Кадијана за да го види Халифа-тул Месих I р.а.. Тој рекол дека и порано имал негативно мислење за овие оџи и ги сметал за лажговци но сега му е јасно дека поголеми лажговци од нив нема. Тој рекол дека лично не е Ахмад но дека бил во Кадијана поради лечењето и дека се што овој оџа го кажал е лага. Додал дека во Кадијана не постојат ниту едноставни носилки а камо ли такви раскошни носилки. Во времето кога хазрети Муслех Мауд р.а. ова го пишувал, а тоа било година подоцна, дека таму во Кадијана се уште немало раскошни носилки. Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека народот се уште мисли оти во Кадијана прават магии, дека кога ќе ги видат луѓето кои го прифатиле Ахмадијатот остануваат цврсти и решителни во својата вера наспроти тоа што се соочуваат со прогони. Луѓето ова храбра решителност и ја припишуваат на магијата.

Потоа е најавена џеназа за две личности.

Првата џеназа е за Сакина Нахеед сахиб, која починала на 3 април на 90 години. Нејзиното тело е присутно.

Џеназа во отсуство (на телото) е за Схаукат Гхана Шахиид кој животот го дал во потфатот на 3 април. Тој бил војник во Пакистанската војска и бил во Гвадоа областа во Балучистан и учествувал во воена операција. Тој животот го дал по последица на терористичка акција. Имал 21 година и погребан е во Рабва со целосна воена почест. Бил мусси.