In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Намаз

Хазрети Муслех Мауд, нека Аллах е задоволен со него, рекол дека два вида на прочистување се многу битни за човекот; едниот е прочистување на мислите и погледот а вториот е да има чисти и побожни чувства. Длабоки и трајни побожни чувства и емоции имаат срцата кои се потполно исчистени. Постојани и трајни чисти мисли носат прочистените умови и оваа состојба на арапски јазик се нарекува ’танвеер‘. Тоа е состојба кога се создава светлина во човекот кој секогаш има чисти мисли. ’Танвеер‘ не значи создавање на чисти и праведни мисли со сила, туку, тоа е состојба кога личноста е подготвена и способна секогаш да има праведни и чисти мисли и кога лоши мисли никогаш не се јавуваат. Оваа состојба настанува само со постојан труд и со Божјата милост.

Хазрети Муслех Мауд, нека Аллах е задоволен со него, рекол дека слушнал оти Ветениот Месија, нека е мир на него, сите прашања кои се врска со исламската правна филозофија ги препуштал на оние кои се добро упатени во работите и кои имале подготвени одговори.

Одговорите на таквите прашања би ги препуштил на луѓе како што се Хазрети Маулан Нур-уд-Дин или Хазрети Маулви Абдул Карим (нека Аллах е задоволен со нив) или на други оџи. Меѓутоа, понекогаш Ветениот Месија, нека е мир над него, чувствувал дека упатствата треба да дојдат од личност која Бог ја пратил и тогаш тој самиот би ги објаснил работите. Од друга страна, понекогаш едноставно би рекол, прашајте го Маулви Сахиб, и дури и на собири на кои и тој бил присутен рабите би ги предал на некои други религиски зналци кои исто така биле присутни. Понекогаш знаел да каже, мојот природен инстинкт ми вели дека работата би требала да биде таква и таква, и имам искуство дека понекогаш, иако немам знаење за одредена работа, јас инстиктивно давам одговор за кој подоцна се докажало дека е точен во светлината на хадисите и суннетот. Хазрети Муслех Мауд, нека Аллах е задоволен со него, рекол дека навистина е ’танвеер‘!

Објаснувајќи, рекол дека ’танвеер‘ значи оти сите мисли кои доаѓаат до човековиот ум се точни и праведни. Добрата здравствена состојба може да значи да се биде со добро здравје во одредено време и добра здравствена состојба може да се има кога личноста остане со добро здравје.

’Танвеер‘ е поседување на мисли и погледи кои се добри и праведни како резултат на мислите и погледите во иднината. ’Танвеер‘ во мислите е битен за духовниот развој како што се праведноста и чистотата. ’Танвеер‘ е поврзан со умот додека праведноста (’таква‘) е поврзана со срцето. Понекогаш луѓето сметаат дека побожноста и праведноста се едно те исто, иако побожност значи да се работи нешто добро или да се има намера тоа да се направи додека праведност значи дека сите идни мисли треба да бидат побожни.

’Танвеер‘ означува мисли, размислувања и е поврзан со умот додека праведност е кога емоциите цврсто се воспоставени врз основа на побожноста и тоа има врска со срцето.

Иако Ветениот Месија, нека е мир над него, некои прашања им ги препушти на други религиски зналци, понекогаш тоа би ги поправал своите зналци во некои помали работи, на пример, во скратување на намазите во текот на патувањата.

Ветениот Месија, нека е мир над него, рекол дека верува оти човекот не треба на себе да си наметнува премногу проблеми. Објаснил дека состојба на патување кога личноста отиде само неколку километри понатаму. Се е релативно, како што се вели во хадисот, делата се судат според мотивите. Понекогаш личноста отиде заедно со пријателите и не изгледа како да патува. Меѓутоа, кога се излезе со спакувана торба, тоа значи дека личноста оди на пат.

Хазрети Халифа-тул Месих, нека Аллах е задоволен со него, вели дека состојба на патување е кога личноста има намера да патува. Рекол дека неодамна отишол во Лечестер (Leicester) на еднодневно патување, и додека бил таму предводел цел јација намаз. Се поставува прашањето, зошто намазот не е скратен. Хузур на ум ги имал зборовите на Ветениот Месија, нека е мир над него, дека состојба на патување е кога личноста ја спакува торбата. Кога патував во Лечестер (Leicester) тоа не беше така и тоа е причината зошто намазот не е скратен. Освен тоа, држејќи се до хадисите кои велат дека на делата им се суди според мотивите, личноста не треба да си наметнува премногу проблеми но и не треба да претерува при користењето на олеснувања.

Хазрети Муслех Мауд, нека Аллах е задоволен со него, рекол дека личноста треба да има на ум која е намерата после сторената работа. Ако личноста патува/секој ден патува, тогаш тоа не е состојба на патување. Всушност, состојба на патување е кога некој посебно одлучи да отиде некаде и тоа е познато како патување. Да се излезе на прошетка на неколку километри не е патување. Намазот треба да биде скратен кога нечие срце е склоно дека личноста е во состојба на патување.

На Ветениот Месија, нека е мир над него, му е поставено прашање дали личноста треба да го скратува намазот кога посетува верски објект. Ова прашање се поставува и ден денес. Ветениот Месија, нека е мир над него, рекол дека коа личноста отиде со намера да остане три дена во верскиот објект, тогаш е исправно за неа да го скрати намазот. Кога има намера да патува, иако е само неколку километри подалеку, ќе се смета за состојба на патување. Меѓутоа, ако имамот е од тоа подрачје (верскиот објект), тој ќе клања цел намаз и во тој случај и патникот треба да клања цел намаз заедно со имамот. Исто така рекол дека, кога одредени претставници имаат некои турнеи и посети, тоа не се смета за патување, тоа е како прошетка во нечија градина.

Следбеникот на Ветениот Месија, нека е мир над него, Кази Амир Хуссеин Сахиб, рекол дека бил уверен оти не е исправно да се скратува намазот во текот на патувањата и дека тоа е дозволено само во случај на воени судири и многу често зборувал за таа работа со Хазрети Маулан Нур-уд-Дин Сахиб, нека Аллах е задоволен со него.

Еднаш го прател Ветениот Месија, нека е мир над него, во Гурдаспур (Gurdaspur) за да присуствува на некој судски случај. Хазрети Маулан Нур-уд-Дин и Хазрети Маулви Абдул Карим (нека Аллах е задоволен со нив) исто така биле присутни. За време на пладне намаз Ветениот Месија, нека е мир над него, го упатил Кази Сахиб да го предводи намазот. Тој одлучил да клања цел намаз за работата да биде решена во целост. Баш кога бил подготвен да го почне намазот, Ветениот Месија, нека е мир над него, кој стоел зад него од десната страна, му се приближил и на уво му шепнал, ќе клањаш само два реката од намазот, зар не? На тоа Кази Сахиб одговорил потврдно, само два и со тоа работата за него била решена.

Хазрети Халифа-тул Месих, нека Аллах е задоволен со него, рекол дека Ветениот Месија, нека е мир над него, разјаснил различни прашања од судската пракса кои сега макотрпно ги собрале зналците од Рабва (Rabwa) и ги објавиле под наслов ’Фикх е Месих‘ (’Fiqh e Mesih‘). Џемаатот треба да ја добие оваа книга за да има информации за разни прашања од судската пракса. Нека Бог ги награди они кои го собирале овој материјал на така убав начин!

Хазрети Муслех Мауд, нека Аллах е задоволен со него, рекол како му е кажано дека во текот на намазите во петок некои пријатели имале несогласувања. Кажано е дека Ветениот Месија, нека е мир над него, дал исказ дека доколку џума намаз е составен со икиндија намаз, тогаш првиот, средниот и вториот суннет не се клањаат. Кога пладне и икиндија намаз се состават тогаш првиот и средниот суннет не се клањаат. Или, кога акшам и јација намаз се составуваат средниот и вториот суннет не се клањаат. Меѓутоа, несогласувањето се случило бидејќи некој рекол дека кога бил на некое претходно патување заедно со Хазрети Муслех Мауд, нека Аллах е задоволен со него, тој клањал заедно џума намаз и икиндија намаз но во исто време го клањал и првиот суннет од џума намаз. Хазрети Муслех Мауд, нека Аллах е задоволен со него, рекол дека двата случаи се исправни. Кога се составени два намаза суннет не се клања и во тој случај е точно дека тој клањал суннет пред џума намаз во текот на патувањето, и тој ги клања токму поради патувањето. Причина за тоа е што навафил намаз кој се клања пред џума намаз е поинаков од првиот суннет пред џума намаз. Чесниот Пратеник, нека се мир и благослов Аллахов над него, ги востановил во чест на денот петок. И во двете ситуации е исправно, да се клања џума намаз кога патуваме или да го замениме со пладне намаз. Тој видел дека Ветениот Месија, нека е мир над него, ги практикува и двата.

Кога еднаш патувал за Гурдаспур (Gurdaspur) поради судски процес, Ветениот Месија, нека е мир над него, рекол дека тој и неговите асхаби нема да клањаат џума намаз бидејќи патуваат. Еден од асхабите кој патувал заедно со нив помислил дека Ветениот Месија, нека е мир над него, ова го рекол затоа што хазрети Маулан Нур-уд-Дин не бил со нив, а кој најчесто го предводел џума намаз. Така, овој асхаб кој бил со отворен карактер, почнал да инсистира дека и тој знае како се предводи џума намаз и поради тоа треба да го клањаат овој намаз. На негово инсистирање Ветениот Месија, нека е мир над него, се согласил во таа прилика да го клањаат џума намаз.

Хазрети Муслех Мауд, нека Аллах е задоволен со него, кажува оти го видел Ветениот Месија, нека е мир над него, дека правел џума намази додека патувал а понекогаш ги заменувал со зухр (пладне) намаз. Тој рекол дека кога Ветениот Месија, нека е мир над него, клањал џума намаз во текот на патувањата тој исто така клањал и суннет и според негово мислење суннет намазите треба да се прават затоа што се посебни и се прават во чест на денот петок. Првиот суннет треба да се извршува кога џума намаз се спојува со зухр (пладне) намаз.

Хазрети Муслех Мауд, нека Аллах е задоволен со него, рекол дека Ветениот Месија, нека е мир над него, дошол за да допринесе луѓето да го следат исламот и исламските учења и да го следат патот на умереноста. Така тој донел упатства и за надворешните мали работи кои се со световна природа. Ветениот Месија, нека е мир над него, го одобрил поставувањето на осветлувањето или светилките. Во време на прославата на 60 годишнината на кралицата Викторија направено е дополнително осветлување а истото е направено и за кралот Едвард VII. Хазрети Муслех Мауд, нека Аллах е задоволен со него, рекол дека децата сакаат такви работи и вели дека тој многу добро се сеќава дека биле запалени мали ламби во џамијата Месџид Мубарак и кога тие се угасиле Ветениот Месија, нека е мир над него, пратил да се донесат уште ламби.

Хазрети Муслех Мауд, нека Аллах е задоволен со него, рекол дека било поставено осветлување во неговата куќа како и на Медреса.

Ветениот Месија, нека е мир над него, бил судија (Хакм) и арбитер (Адл) на ова време и како таков тој не работел ништо што било спротивно на Чесниот Кур’ан. Поради тоа, немало потреба да држи расправи за тоа дали е исправно да се има осветлување или не. Начинот на кој Ветениот Месија, нека е мир над него, го поставил осветлувањето бил израз на радост и во сето тоа постоела мудрост. Ако било прифатено осветлувањето да биде направено во секоја куќа тоа би предизвикало трошоци без било каква вистинска корист. Меѓутоа, во ред е кога тоа би било направено на национално ниво или од некои политички причини или е направено таму каде имало потреба од повеќе светло. Во некои хадиси пишува дека хазрети Омер р.а. организирал дополнително осветление во џамијата, и џамијата се наоѓа на место каде што дополнителното осветление им овозможува на луѓето таму да го учат Чесниот Кур’ан и други книги. Во исламот радосните прилики се прославуваат на начин кој е корисен за луѓето.

На пример, на Бајрам се колат животни и месото се распоредува и фитрана фондот е оформен за да им помогне на сиромашните. Така, исламското изразување на среќа има за цел да постигне што поголема корист за луѓето. Не се гледа дека од осветлувањето има каква таква корист но тоа Ветениот Месија, нека е мир над него, го направил од политички причини. Понекогаш, Ветениот Месија, нека е мир над него, им приредувал на децата мали огномети за тие да се забавуваат. Тој, исто така, зборувал дека во средствата за огномет има динамит кој го прочистува воздухот. Многу пати нарачувал мали огномети за децата да уживаат. Иако тоа преставува само загуба, сепак од тоа има и привремена корист. Иако тоа не е некоја значајна корист тоа децата сепак ги чини среќни и така се избегнува штетата која би се направила со потиснување на децата.

Хазрети Муслех Мауд, нека Аллах е задоволен со него, рекол дека Ветениот Месија, нека е мир над него, не рекол дека Џемаатот треба да се окупира со организирање на огномети, тој само дозволил децата повремено да уживаат во нив а посебно поради фактот дека тоа помага да се прочисти воздухот. Во ред е децата да имаат своја забава, и нивните чувства не смеат да се потиснат и на тој начин да разберат дека исламот не ги отфрла нивните исправни барања за игра, како што се осветлувањето и огнометот. Кога ваквите прослави се организираат на национално ниво тие сигурно придонесуваат децата да се запознаат со својата земја. Нема ништо погрешно во тоа да се има забава во право време и на право место и умерено, но на децата треба да им се објасни дека нашите прослави се организираат во рамките на учењето на исламот и законите на земјата.

Хазрети Муслех Мауд, нека Аллах е задоволен со него, рекол дека се сеќава од детството за престојот во Лахор (Lahor) кога имал 7 или 8 години. Во тоа време во Лахор имало изложба на восочни фигури која прикажувала сцени од кралскиот двор. Луѓето од Ветениот Месија, нека е мир над него, побарале да ја посети изложбата на восочни фигури бидејќи има и образовен карактер но тој ги одбил. Тогаш, тие почнале да го убедуваат хазрети Муслех Мауд, нека Аллах е задоволен со него, да оди и да ја посети изложбата. Поради својата младост тој почнал да го убедува Ветениот Месија, нека е мир над него, да отиде и да ги види восочните фигури. И на негово инсистирање Ветениот Месија, нека е мир над него, го одвел на изложбата. Восочните фигури отсликувале животни приказни за различни кралеви. Ветениот Месија, нека е мир над него, се согласил да појде да појде на изложбата не поради инсистирањето на детето да ја посети изложбата туку затоа што луѓето дале многу позитивни мислења за неа, посебно за образовниот карактер на работата со восокот и делата кои се направени.

Друг пример на кој се сеќава хазрети Муслех Мауд, нека Аллах е задоволен со него, на престојот во Лахор е дека некој го повикал Ветениот Месија, нека е мир над него, во својата куќа во внатрешноста на Лахор, или можеби бил во посета на некоја болна жена. Кога се враќале хазрети Муслех Мауд, нека Аллах е задоволен со него, забележал група на луѓе пред Златната џамија а некој човек стоел на средината од таа група. Додека нивната носилка поминувала покрај групата хазрети Муслех Мауд, нека Аллах е задоволен со него, помислил дека се работи за некаков панаѓур. Тој ја поддал главата надвор од носилката и забележал нешто што не можел да го заборави. Еден човек без рака со завој околу осакатената рака, удирал со осакатената рака по другата рака и извикувал: „Мирза побегна, Мирза побегна“. Замислете го човекот кој останал без рака а мислел дека може. Чувај Боже, да се склони Ахмадијатот со својата осакатена рака. Каква опасна омраза! Луѓето имаат толкава омраза и во ова време тие напорно настојувале да ги запрат луѓето да доаѓаат во Кадијана и да го прифатат Ахмадијатот. Хазрети Муслех Мауд, нека Аллах е задоволен со него, рекол дека има многу Ахмади муслимани кои преку Батала патувале да дојдат во Кадијана но во Батала ги запирал маулви Мухаммед Хусеин кој од нив барал да се вратат дома.

Целата оваа омраза на свештенството била базирана на незнаењето и на одредени интереси но тие ја поткренале јавноста во името на религијата. Иако она на што тие ја базирале својата омраза е вистинската причина за доаѓањето на Ветениот Месија, нека е мир над него,  а тоа е да ги втемели вистинските учења на исламот и положбата на конечноста на Чесниот Пратеник, нека се мир и благослов Аллахов над него, и поради овие задачи дошол и неговиот вистински слуга и поклоник, за да може да му каже на светот дека денес единствено спасот е можен преку Печатот на своите пратеници. Несреќа е за таканаречените муслимани наместо да го прифатат овој Месија тие изнесуваат обвиненија против него дека тој, чувај Боже, ја негира конечноста на Чесниот Пратеник, нека се мир и благослов Аллахов над него, и себе си се смета за поголем од него. Факт е дека Ветениот Месија, нека е мир над него, ги повикал сите светски вери дека сега е времето за спас и да му бидат слуги на Чесниот Пратеник, нека се мир и благослов Аллахов над него. Спротивставеното свештенство прави напори но судбината на оваа заедница е како вистински и ревносен следбеник таа да расте и ќе продолжи да расте. Нека Аллах џ.ш. дозволи во себе да направиме промени кои Ветениот Месија, нека е мир над него, ги посакувал и ги очекувал!

Потоа е најавена џеназа во отсуство за Аматул хафиз Рахман сахиб која почина на 15 април оваа година. Била мууси и долго служела во Леѓна во Пакистан.