In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Доблестите на заедничкиот намаз

Денешната хутба Халифа-тул Месих V, нека Аллах биде негов Помошник, ја одржа во Баит-ул Футух џамијата во Лондон. По ташахуд и сура Ал Фатиха Хузур рече дека секој од нас знае дека извршувањето на намаз е обврска за муслиманите.

Чесниот Кур‘ан го свртел нашето внимание кон тоа опишувајќи го на многу места неговото значење. Според Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. намазот е суштината на молитвата. Тој рекол дека напуштањето на намазот човекот го доведува до неверство и идолопоклонство. Потоа, објаснувајќи го значењето на намазот Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол:

„На Судниот ден, човекот пред сè ќе биде прашан за намазот. Ако мерата (намазот) е исправна, тоа значи дека човекот е успешен и тој ќе биде спасен, во спротивно ќе падне.“

Исто така, за децата да стекнат навика за клањање на намаз Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека децата кога ќе наполнат седум години треба да се советуваат да извршуваат намаз. Кога пак ќе наполнат десет години тогаш може и построго да се влијае на нив за да бидат редовни во извршувањето на намаз. Меѓутоа, ако родителите и самите не се точни во извршувањето на намаз тогаш како можат да очекуваат нивните деца да бидат? И, ако на состаноците на Џемаатот научат неколку изреки од Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., но дома гледаат како нивните татковци не се точни во намазот, како тогаш тоа ќе влијае врз нив? Таквите родители сметаат дека оваа наредба и нема големо значење. Како последица на игнорантскиот однос кон една таква важна наредба влијанието на останатите исламски наредби го снемува од детските срца. Таквите луѓе, според зборовите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., не само што и самите се губитници туку исто така се одговорни за влезот на нивните потомци во неверството. Родителите се грижат да ги исполнат своите и детските световни желби а не обрнуваат внимание на работите за кои навистина треба да се грижат.

За искрениот верник извршувањето на намаз е единствениот начин да се отстрани корозијата во духовноста. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ова го објаснил со пример:

„Ако постои река пред вратите на еден човек, и ако тој се капе во неа пет пати на ден, можете ли да верувате дека постои било каква нечистотија на неговото тело?“

Неговите следбеници одговориле:

„О Божји Пратенику, не би останало ниту трошка од нечистотија.“

На ова Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол:

„Тоа значи дека ниту трошка на нечистотија не останува на човек кој ги извршува петте дневни намази.“

Така, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. со толку убава споредба го објаснил значењето на молитвата. Но, како веќе кажав, наредбата не се однесува само за извршувањето на намазот. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. понатаму кажал дека човек кој абдест зема дома и потоа тргнува кон џамијата за да го направи задолжителниот намаз ќе биде награден сразмерно на чекорите кои ги направил до џамијата. Првиот чекор ги отстранува гревовите на човекот, а другиот го крева неговиот духовен статус.  Тоа значи дека со секој чекор ќе биде награден.

Во една друга прилика додека го објаснувал значењето на заедничкиот намаз Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол:

„А да ви кажам нешто со што Возвишениот Аллах ги отстранува гревовите и го подига духовниот статус.“

Следбениците на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. кои биле подготвени да ги дознаат начините со кои Аллах ќе го направат задоволен, и да ја постигнат Неговата близина за да се оддалечат од гревот го молеле:

„О Аллахови Пратенику, кажи ни.“

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол:

„Земањето на абдест, дури и кога не сме расположени за тоа, и доаѓањето во џамија од далеку, и чекањето на намаз по извршувањето на намаз. Ова човекот го држи оддалечен од гревот.„

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. исто така рекол:

„И не само тоа, но и ова е еден вид на граница.“

Тоа е токму така како што државите имаат граници со други држави на кои се поставени вооружени сили. Зошто се воспоставени такви граници? За да државата биде заштитена од другите. И вооружените сили веднаш се подготвени во случај на судир. Така, најголема закана за верникот е шејтанот против кого се потребни сили и граници. Заканата постои поради световните желби со кои шејтанот управува. Тука шејтанот напаѓа. За да бидеме заштитени од такви напади, заедничкиот намаз служи како граница. Тука е поставен баталјон на чувари кои ќе не заштитат од напасниците. Заедничките молитви ќе ги спасат верниците од гревот и ќе ги свртат кон извршувањето на добри дела.

Исто така, според Чесниот Пратеник с.а.в.с. заедничкиот намаз наградува 27 пати повеќе од намазот кој е направен самостојно.

Ветениот Месија а.с. додека го објаснувал значењето на заедничкиот намаз, рекол:

„Причината за поголема награда со заедничкиот намаз е во тоа што тој создава единство. Упатствата со кои практично создава се единство се толку посебни што дури и стапалата мораат да бидат усогласени.“

Тоа значи додека извршуваме намаз  во саф, стапалата исто така мораат да бидат израмнети.

Понатаму рекол:

„Сафовите мораат да бидат израмнети, и тие кои се молат треба да бидат поврзани едни со други. Тоа значи дека треба да делуваат како едно битие.“

Застанувајќи во саф тие ќе станат едно битие, што значи дека во нив ќе постои динамика. Така светлината од едниот ќе може да допре до другиот. Разликите кои ги раѓа егото и себичноста во такво окружување не постојат. Тоа значи, без оглед дали сме сиромашни или богати, секој ќе стои во еден ред. Некои луѓе се егоисти или имаат себично срце, но тоа преку заедничкиот намаз тоа се искоренува.

Понатаму рекол:

„Имајте на ум дека човечкото битие има можност да ја впие светлината од другото битие.“

Некој може да е под влијание на добри дела и со заедничкиот намаз ќе го постигне повисокиот статус на духовноста. Така, за прифаќањето на влијанието на побожноста е неопходен заедничкиот намаз. Значи, со заедничкиот намаз од една страна е изразено единството кое Аллах сака да го создаде меѓу Својата заедница, а од друга страна луѓето се под влијание на добрите дела на другите луѓе. Кога во саф стојат повеќе побожни и духовно напредни луѓе тие ќе имаат влијание на послабите. Според тоа, слабите исто така ќе се истакнуваат во извршувањето на добри дела и духовно ќе напредуваат. Кога ќе се создаде оваа единство, и кога духовноста ќе порасне, ќе бидат ослабени и уништени шејтанските сили.

Во оваа време, Возвишениот Аллах го пратил искрениот слуга на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., кој не упатил кон постигање на вистинското разбирање на намазот и на обожавањето. Во една рака ние зборуваме дека сме го прифатиле слугата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., Ветениот Месија и Имам Мехди за подобрување на нашата духовна состојба и за воспоставување на заедницата, а од друга страна се појавува слабоста во нашите дела. Посебно имаме слабост во извршувањето на главните исламски наредби, нешто што е целта на нашето постоење и што е потребно да ја постигнеме целта. Ако тоа се случува како тогаш ние можеме да тврдиме дека сме за напредок во духовноста и за почитување на Аллаховите наредби и за послушноста кон упатствата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и дека сме го прифатиле Ветениот Месија а.с.. Дури и во Чесниот Кур‘ан обврската за клањање на петте дневни намази е спомната повеќе пати. Извршувањето на намаз е обврска на секој Ахмади муслиман, но покрај тоа, според зборовите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., обврската за заеднички намаз ја има секој способен маж муслиман. Но, како што гледаме, луѓето на тоа не обрнуваат внимание. И може да се забележи слабост што се однесува до тоа. Без сомневање, намазот е обврска на сите искрени верници и тие се одговорни за него, а ние исто така имаме воспоставен систем во Џемаатот.

Организациите во Џемаатот треба да ги потсетуваат луѓето за заедничкиот намаз. Јас секогаш во моите хутби го свртувам вниманието на овој предмет, на овој или на оној начин. Но, одговорноста е на мисионерите и на организациите да ги шират моите упатства и да им го свртуваат вниманието на луѓето кон тоа. Тие стално на секој член на Џемаатот треба да ја пренесуваат порака за важноста на заедничкиот намаз. Вистински ќе имаме можност да ја исполниме должноста на Ахмади муслиманите кога ќе ја извршуваме молитвата и кога со тоа ќе го постигнеме духовното задоволство. Кога ќе почнеме да постигаме духовно задоволство и уживање во нашите намази, тогаш ќе почнеме автоматски да ги извршуваме. Така, секој Ахмади муслиман мора да ги извршува намазите на начин кој ни овозможува постигање на духовно задоволство и уживање.

Свртувајќи го нашето внимание кон извршувањето на намаз, Ветениот Месија а.с. ни објаснил како може со правење намаз да се постигне духовно задоволство:

„Забележав дека кога зависникот и алкохоличарот не е под дејство на алкохол, тој продолжува да пие. Толку колку да стане пијан. Мудра и прониклива личност може да добие корист од овој пример.“

Тоа значи дека мудра личност може да извлече корист од овој пример за да напредува во духовноста.

Ветениот Месија а.с. продолжил:

„Тој тоа може да го направи ако биде упорен и прецизен во своите молитви и ако никогаш не ги пропушта. Треба да продолжи да ги извршува молитвите сè додека не почувствува задоволство од нив на ист оној начин на кој алкохоличарот мисли дека постигнал задоволство во својот ум и тежнее кон него.“

Кога алкохоличар пие тој поставил стандарди на својата опиеност, духовната личност, искрениот верник исто така треба да постави свој духовен стандард и да тежнее кон него. На тој начин, ако човекот стално се обидува може да го постигне духовното задоволство од извршувањето на намаз.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Токму вака, умот и сета физичка моќ се свртени кон постигањето на задоволство во намазот.“

Кога верникот го извршува намазот тој треба да ги вклучи сите свои моќи и физички сили кон постигањето на оваа цел, а тоа е постигање на духовно задоволство во намазот. Ова бара посилна желба на волјата. Единствено тогаш може да се постигне постојаност.

Ветениот Месија а.с. понатаму вели:

„Потоа искрено и страсно, барем до мерата на немирот и болката на алкохоличарот, личноста која го извршува намазот сигурно ќе постигне духовно задоволство. После ова постојано ќе чувствува болка, вознемиреност и немир за задоволство во намазот.“

Додека клања, ако човекот сета своја болка ја стави пред Аллах, Ветениот Месија а.с. вели:

„Тој навистина ќе го постигне тоа духовно задоволство.“

Така, напорот за решително постигање на духовно задоволство во намазот може барем да го омекне срцето и да пружи задоволство.

Ветениот Месија а.с. исто така објаснил:

„Возвишениот Аллах вели дека намазот го чува верникот од правење лоши работи.“

Наспроти тоа ние забележуваме дека луѓето и понатаму лошо се однесуваат иако се редовни во намазот.

Според Ветениот Месија а.с. одговорот на тоа е следниот:

„Тие намазот не го извршуваат со духот и искрено. Наместо тоа тие само физички се движат кон обичајот и навиката.“

Така ние засекогаш треба да запомниме дека ако Аллах ни кажува оти намазот не штити од лоши дела, тоа сигурно мора да е вистина. Аллаховиот збор не може да биде погрешен. Оние кои се уште прават лоши дела, наспроти извршувањето на намазот, тогаш нивните намази се површни и тие не го разбираат духот на молитвата. Така ова станува загрижувачки проблем. Секој од нас треба да ја преиспита сопствената духовна состојба.

Ако постигнуваме духовно задоволство и уживање во нашите намази и ако сме свртени кон тоа да ги постигнеме со потполно уверување, тогаш не можеме да бидеме личност која не е прецизна во своите намази. Секој од време на време го добива вкусот на ова задоволство, и сигурно на сите нас тоа ни се случило. Кога луѓето минуваат низ тешкотии и маки ние гледаме како плачат и липаат во своите молитви. Дури и при вршењето на дневните обврски тие му се молат на Аллах и секогаш се свртени кон Него. Поради тоа тие се свесни за извршувањето на молитвата. Мора во своите срца да носат одредено чувство на тага поради која се стално во молитва. Но, кога нивните желби ќе се исполнат и кога веќе нема да имаат проблеми, тогаш стануваат немарни во своите молитви и скромни во молбите кон Аллах. Така Ветениот Месија а.с. не упатил дека секогаш мораме со најголем напор без оглед на ситуацијата, дали сме во тешкотија или благосостојба, секогаш треба да бараме такво духовно задоволство и уживање во молитвите, кое ќе не држи занесени. Не само поради личните работи, туку и поради општествената ситуација верникот треба да чувствува болка. Кога човекот е во таква состојба на болка и агонија тогаш тоа го води кон дова и во намаз.

Во Пакистан на пример, Џемаатот минува низ тешки времиња. Стрели на омразата се испуштаат кон секој член на Џемаатот. Отворено се покажува непријателство кон Ахмади муслиманите. Нашите долгогодишни пријатели кои не се ахмади муслимани стануваат непријатели поради стравот или неразбирање кое е создадено од страна на верските зналци кои се против нас. Исто така општо говорејќи, непријателството ги минало сите граници. Во Пакистан, Ахамди муслиманите не треба само да извршуваат намаз со духовно задоволство и уживање, туку исто така треба да настојуваат да ги наполнат џамиите со верници.

Пред неколку дена примив извештај од мајлис Кхудамул Ахмадија на Пакистан кој содржеше предлог за Шуру (советодавно тело). Во извештајот стоеше дека добро сработиле во спроведувањето на предлозите за морална обука. Тоа е добра работа бидејќи го покажува нивниот напредок. Меѓу останатите една од моралните обуки доведе до тоа да вниманието на неколку илјадници млади (Кхудам) беше свртено кон слушањето на моите хутби во петок. Меѓутоа, работа која многу загрижува е тоа што бројот на оние кои намазот го извршуваат во Џемаатот е само една третина или малку поголем од бројот на оние кои ја слушаат хутба во петок. Слично на тоа, оние кои редовно го извршуваат намазот е исто така далеку помал од бројот на оние кои ја слушаат хутба во петок. Каква тогаш е користа од слушањето на хутби во петок ако нашето внимание сепак не е насочено кон Бог и кон темелната обврска која е од најголема важност? На секои неколку недели јас во своите хутби зборувам за извршувањето на намазот и за важноста на извршување намаз во Џемаатот. Ако се нема добиено конкретен впечаток за тие хутби тогаш нема никаква корист од статистиката. Ако и после таквата непријателска состојба на Ахмади муслиманите во Пакистан нивното внимание не е насочено кон Бог, кога тоа ќе се случи.

Сакаме ли ние да го тестираме Аллах (Чувај Боже)? Ако нашите чувства се вакви тогаш ние немаме никакво право да му приговараме на Аллах. Никаде Семоќниот Аллах не рекол: можете да правите што сакате без оглед дали ги исполнувате Моите права или не, затоа што сте го прифатиле Ветениот Месија а.с.. мислите дека Јас поради тоа ќе направам да успеете.

За да постигнеме успех потребно е да се обликуваме согласно на Аллаховите атрибути. Јас го спомнав извештајот на Кхудам што не значи дека само тие го покажуваат овој недостаток. Ансар има слични проблеми. Затоа секој Ахмади муслиман во Пакистан треба на тоа да обрне внимание. Усовршувањето не може да биде постигнато преку тромост и рамнодушност; усовршувањето не може да се постигне преку немарност. Усовршувањето ќе биде постигнато со внимателно и будно стражарење (како брзи коњи) на границата. Усовршувањето ќе биде остварено со изградување на граници на меѓите.

Оние Пакистански Ахмади муслимани кои се иселиле во други земји вклучувајќи ги и развиените земји и остатокот на светот, ја отсликуваат истата слика.  Не можеме да кажеме дека тие по селењето станале точни во своите намази. Преку оценувањето на извештаите во Џемаатот можат да се најдат многу слабости за намазот. Ако секоја помошна организација која е присутна во сите земји на светот се оцени самата себе без пристрасност, резултатот самиот ќе се објасни. Спротивно на тоа, оние кои го напуштиле Пакистан треба повеќе да водат сметка за тоа поради благословите на Семоќниот Аллах кон нив. Тие треба да бидат благодарни за овие благослови. Во некои Џемаати е солидно присуството во намазите во Џемаатот. Но сепак има такви кои секогаш еден или два намази дневно ги пропуштаат. Постојат неколку членови кои тука и таму понекогаш не извршуваат неколку намази. Понекогаш причина за тоа е што организацијата на Џемаатот не им го свртува вниманието на тоа или затоа што организацијата има други приоритети.

Прво, моите хутби не ги слушаат сите. Да се заклучи како 100% од членовите ги слушаат моите хутби во петок е погрешно. Дури и ако слушаат, сепак останува одговорноста на организациите стално да потсетуваат на тоа. Причината за основање на системот е токму во тоа да се посвети внимание на моралната обука.

Пред неколку дена имав состанок со Амил на локален огранок. Претседателот ми кажа дека откако ја преземал функцијата многу внимание посветил на финансиите и дека тие сега се над другите во тоа. Затоа јас кажав дека тој напор е во ред и е добар. Но кога прашав што направиле во врска со намазот, кој е темелна и задолжителна наредба за муслиманите, тој замолкна. Иако кога прашав за присуството на фаџр (сабах) и иша (јација) намаз, бројките кои излегоа беа ветувачки. Меѓутоа, тоа не се случило поради организациски напори. Ако имаме такви клањачи кои намазот го извршуваат со духовно задоволство и уживање (сласт), финансискиот систем самиот ќе се подобри. Кога стандардот на богобојазливоста расте, човекот посветува повеќе внимание на финансиското жртвување. Не само тоа, туку и проблемите и прашањата кои ги опфаќаат внатрешните судири и Каза (одбор на судиите) ќе бидат во голема мера решени. И останатите одделенија исто така ќе станат активни, под услов секој својот намаз да го извршува како што треба.

Овие денови, не само во Пакистан туку општата состојба во светот е таква што опасноста од војна и разурнување е неизбежна. Владите исто така почнаа да ја изразуваат својата загриженост и во некоја мера почнаа да преземаат чекори во врска со тоа. Во таква состојба засолништето на Семоќниот Аллах е единственото кое може да не спаси. Луѓето прашуваат што ќе се случи ако започне војна. Како треба да се однесуваме? Мојот единствен одговор е дека ако сакате да се спасите од такви несреќи (пропасти) тогаш, како што Ветениот Месија а.с. рекол, морате да се вљубите во Бог кој е Господар на сите работи. И постои само еден начин да ја покажеме таа љубов – да настојуваме да го постигнеме духовното задоволство и радост во обликувањето на нашите намази согласно на Неговите желби.

Луѓето често, откако ќе ја постигнат благосостојба во западните земји го забораваат Бог. Според нивното мислење, тие благосостојбата ја постигнале поради стандардот на овие земји. Тие мислат дека овие луѓе на Западот се толку развиени без никакви молитви и добри дела. Некои од нив исто така мислат дека се барем подобри од нив бидејќи во најмала рака извршуваат два или три намази. Ние треба да имаме на ум дека за оние кои ќе го заборават Бог е наменета мака. Затоа не следете ги овие луѓе. Ако сакаме да бидеме спасени од Аллаховиот изненаден напад и ако сакаме да ја спасиме нашата идна генерација, дајте да погледнеме на надворешна состојба на овие луѓе. Следете го учењето на Чесниот Кур‘ан кое Аллах го посакува од вас. По наредбата за верување во Аллах, Семоќниот Аллах ни наредил да извршуваме намаз. Затоа секој Ахмад маж и жена треба да посветат внимание на извршување на намаз и Ахмади мажите треба посебно да посветат внимание на извршување на намаз во Џемаат.

Во ова време и ова доба, Ветениот Месија а.с. детално ја објаснил важноста на намазот, начинот на извршување на намазот и неговата филозофија. Само со Својата милост нас Семоќниот Аллах не оспособил да го прифатиме како Ветениот Месија а.с.. Меѓутоа, наспроти тоа што веруваме во него ние не ги следиме темелните наредби и ги следиме примерите на не-ахмади муслиманите кои сметаат дека е доволно да се направат неколку намази. Тогаш нема корист од баи‘атот (заветот на верноста). Во термините на извршување на намазот Ветениот Месија а.с. сака да не види на високо ниво. Тој тоа нам ни го објаснил на многу различни начини. Јас ќе наведам одредени негови совети во врска со ова.

Еден верник ја прогласува Аллаховата Единственост со изговарањето на: „Нема друг бог освен Аллах.“

Ветениот Месија а.с. објаснува што значи Единственост.

„Имајте на ум и запомнете го ова повторно дека виткањето пред било кој друг освен пред Аллах е всушност пресекување на врската со Аллах. Бидејќи ’намаз‘ е името на практична манифестација на Единственоста, кога намазот нема дух туку само негирање и понизност, и нема срце кое е наклонето на Бог тогаш може да биде било што и лишен е од благословите и е бескорисе. Слушајте, за (примање) на овие дови:

„Молете ме Мене и Јас ќе одговорам на вашите молби.“

(40:61)

неопходна е вистинољубива (верна) душа. Ако во душата не постои понизност и скромност тогаш изговарањето на такви дови не е ништо друго туку во споредба како повторување на папагалот.“

Потребно е да се создаде вистински дух. Треба да се практикува понизност, скромност и нискост. Како што порано кажав, Семоќниот Аллах прима дови ако во нив се наоѓа понизноста. Потоа, Ветениот Месија а.с. објаснил дека различните положби во намазот, како што е седење, виткање и паѓање на сеџда, се покажување на вознемиреност. Токму како што вознемирената личност продолжува да ги менува положбите како што е стоење, седење, виткање и паѓање на земја. И поради надворешната состојба на немир срцето ќе чувствува болка и загриженост. И кога ќе биде достигната оваа загриженост во сите положби тогаш исто така ќе биде постигнато задоволство додека стоиме, седиме, се виткаме и паѓаме на земја.

Понатаму, Ветениот Месија а.с. раскажува за положбата на покорноста и вистинска понизност за намазот кој ги согорува гревовите:

„Кога душата на човекот стане потполно само негирана тогаш таа тече кон Бог како фонтана.“

Таа може да тече само со присутност на понизност. Ветениот Месија а.с. понатаму вели:

„И душата себе си се отсекува од секого освен од Аллах. Во тоа време Божјата љубов се спушта на неа.“

Кога човекот ги пресекува сите врски освен врската со Аллах правејќи напор и молејќи за Неговите благослови, тогаш Аллах на него ја спушта Својата љубов. И кога таквата љубов на Семоќниот Аллах се спушти на човекот тогаш, како што Ветениот Месија а.с. вели, неговите гревови биваат претворени во пепел. По ова се стекнува постојано духовно задоволство во намазот. Според тоа, наместо приговарање или мислење дека нашите намази не ни дават задоволство, треба да настојуваме да го втемелиме овој посебен однос со Бог. Треба да ја анализираме својата состојба, дали само извршуваме работа или ги исполнуваме барањата на вистинскиот намаз.

Покрај тоа, за начините на постигањето на светлината (нур) и на духовното задоволството во намазот, Ветениот Месија а.с. понатаму објаснува:

„Втемелувањето на намазот и точноста на намазот се многу важни. Тоа треба да се претвори во непрекината навика и мисла за свртување кон Аллах да превлада. По ова, постепено доаѓа време кога човекот ја наследува светлината и задоволството во потполната изолираност.“

Тој човек станува отсечен од световните врски и се свртува кон Аллах и потоа наоѓа духовно задоволство и радост во намазот. Затоа, прво е потребно да создадеме навика за намаз и да бидеме редовни во намазот, без оглед  дали човекот смета дека тоа надвор е корисно или не. Но тој продолжува да ги извршува обврските затоа што се задолжителни. Оваа навика е неопходна за да човекот разбере како на еден или на друг начин мора за секоја потреба да се сврти само кон Бог. Ако оваа решителност превлада тогаш ќе дојде време кога должноста кон извршувањето на намазот исто така ќе биде исполнета и исто така ќе се постигне задоволство во намазот. По ова, за испрашувањето за намазот, одговорот нема да е следниот: јас се обидов да извршувам намаз но станав мрзелив.

Ветениот Месија а.с. еднаш рекол:

„Мрзеливоста единствено се појавува кога личноста не ја знае важноста на намазот и поголема важност дава на нешто друго а не на Аллах. Ако човекот има полна вера во Аллах, како тогаш може да биде мрзелив?“

Затоа, спасете се и спасете ги вашите идни генерации од штетните последици на сегашните случувања кои се одвиваат денес во светот, крајно е важно да се поклоните пред Бог со крајна искреност. Аллах и Неговиот Чесен Пратеник Мухаммед с.а.в.с., и во ова доба Ветениот Месија а.с., не подучија на најдобар начин на поклонување пред Бог; да посветиме внимание на втемелувањето и на чувањето на својот намаз.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Имајте на ум дека со влегувањето во оваа Заедница световните желби не треба да бидат ваша цел. Наместо тоа, нашата цел треба да биде Аллаховото задоволство. Овој свет е место низ кое минуваме и еден по еден ќе минеме низ него. Една персиска строфа вели: ’Ноќта ќе помине било да е ладна или топла.‘ Тоа значи дека ситуацијата минува без оглед дали е добра или лоша.

Ветениот Месија а.с. рекол:

„Држете ги потполно одвоено световните желби. Не мешајте ги со религијата. Овој свет е смртен а религијата и нејзините плодови се трајни. Световниот живот е многу краток. Гледате дека илјадници луѓе умираат секоја минута и секој момент. Разни болести, несреќи и зарази го напаѓаат светот. Некогаш проливот ги уништувал луѓето а сега чумата го уништува светот. Кој знае колку долго ќе живееме. Кога не знаеме кога смртта ќе не совлада, голема грешка е да останеме несвесни за Бог. Затоа е важно и итно човекот да стане загрижен за Идниот свет. Тој што ќе биде загрижен за Другиот свет Семоќниот Аллах ќе му помогне на овој свет. Семоќниот Аллах ветил дека кога човекот станува верник, Он ќе направи разлика помеѓу него и другите. Затоа, прво станете верник, а тоа ќе биде можно само ако не ги мешате световните работи со вистинските цели на заветот на верноста кои се базирани на богобојазливоста и емпатијата. Бидете точни во намазот и останете опседнати во чувството на покајување за своите постапки и во барањето за опростување од Аллах. Бранете ги правата на човечката раса. И не нанесувајте повреди (штета) на било кој. Напредувајте во вистинољубивоста и чистотата. Тогаш Семоќниот Аллах ќе ве благослови на секаков начин. Советувајте ги своите жени дома исто така да бидат точни во намазот и одвратете ги од злоба, приговарање и озборување. Научете ги на чистота и вистинољубивост. Јас можам само да ве советувам, сега вашата должност е да постапувате според тоа.“

Со цел другите луѓе, вашите жени и деца тоа да го разберат ние самите прво мораме да ги поставиме примерите на чистота и вистинољубивоста.

Тој понатаму рекол:

„Молете го (Аллах) пет пати дневно во своите намази. Не е забрането за своите потреби да се молите на својот јазик. Намазот не е пријатен доколку е невнимателен. А посебно внимание на срцето не се постигнува без понизност. Понизноста се постигнува кога човекот разбира што зборува. Според тоа, жестината и понизноста можат да бидат создадени со молитва на мајчиниот јазик. Но не смеете да извлечете заклучок дека намазот може да се врши на сопствен јазик. Не, она што мислев е дека по утврденото учење на дови  (од Чесниот Кур‘ан и Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.) исто така молете се на својот јазик. Аллах во традиционалните зборови за намаз сочувал посебни благослови. Намаз е друго име за молби (ибадет).“

Затоа, молете во намазот Он да ве спаси од несреќите на овој свет и Ахирет, и вашиот крај да биде благословен и сите ваши задачи да бидат остварени согласно со Неговите желби. Молете се исто така и за своите жени и деца. Станете побожна личност и држете се подалеку од сите видови на зло.

Нека Аллах не оспособи да го заштитиме својот намаз. Нека Он не оспособи да бидеме точни во намазите. Нека Аллах не оспособи својот намаз да го извршуваме крајно искрено со цел да го стекнеме Аллаховото задоволство. Нека Аллах создаде духовно задоволство и радост во нашите намази. Нека никогаш не покажеме тромост во своите намази. Да ја разбереме вистината дека од сегашните несреќи и беди можеме да бидеме спасени само кога ќе бидеме во состојба да ја исполниме обврска на потчинување на Аллах. Нека Аллах не оспособи така да направиме.