In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Прекрасни примери на Ахмади муслиманите кои финансиски се жртвуваат

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде неговиот помагач) го проучи следниот ајет од Чесниот Кур’ан:

„А оние, кои своето богатство го трошат го трошат за да го постигнат Аллаховото задоволство и да ги зацврстат своите души, наликуваат на градина која се наоѓа на високо место. Убав дожд ја наврне а таа даде изобилство плодови. А, ако на неа не заврне убав дожд, тогаш и росата и е доволна. А Аллах гледа што правите вие.“

(2:266)

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде неговиот помагач) рече дека во овој ајет Возвишениот Аллах ги спомнува оние верници кои трошат на Аллаховиот пат, како би го постигнале Неговото задоволство. Правејќи го тоа, тие ја засилуваат својата заедница и мисија.

Во оваа ера Ветениот Месија а.с. ја имал задачата да ја шири правата порака на исламот во светот, а истата одговорност останува и на неговите следбеници.

Значи, сите мора да бидат спремни да ги жртвуваат своите животи, богатство и чест поради оваа мисија. Ова преставува прав доказ за нечија вера.

Постигнување на Божјото задоволство преку финансиско жртвување

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека вистинските верници го трошат своето богатство поради Аллах џ.ш. и ширењето на Неговата вера. Тие не треба тоа да го прават ако би ги импресионирале другите, тука за тоа да го постигнат Аллаховото задоволство, да ја зајакнат својата вера и да помогнат во јакнење на заедницата.

Луѓето кои ги прават таквите жртви се обидуваат да постигнат највисоки стандарди, поради што Аллах џ.ш. ги прифаќа нивните напори и им ги дава своите благослови.

Аллах џ.ш. знае во каква состојба се нашите срца. Нему не му е грижа дали финансиската жртва е голема или мала, туку, Он гледа на нашиот нијет.

Важноста на нијетот пред жртвувањето

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Аллах џ.ш. , оние кои даваат финансиски жртви, ги спореди со силен и слаб дожд, што значи дека оние кои се богати можат да дадат поголеми износи, додека, оние кои не поседуваат големо богатство даваат помали износи. Меѓутоа, и едното и на другото е корисно за одржување на овошките, бидејќи, на крајот на краиштата, Аллах џ.ш. е тој кој чини плодовите да растат, и Он ги гледа намерите на некои, кои само Он може да учини да бидат плодни.

Значи, сè што работиме мора да го правиме поради Аллаховото задоволство.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во времето на Ветениот Месија а.с. многумина од неговите асхаби не биле богати, но сепак биле на чело според финансиските жртвувања.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека истиот жар и преданост денес се гледа и во Заедницата на Ветениот Месија а.с..

Вакви примери се наоѓаат и кај некои нови Ахмади муслимани, кои се уште не стекнале толку знаења за верата како некои други, а сепак далеку напредувале во својата преданост.

Слично на тоа, денес Заедницата е многу одана и верна на Халифатот, и како што претходно кажал Ветениот Месија а.с., дури и многу од противниците биле зачудени од таквата преданост на членовите на Заедницата.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во време кога луѓето се пропаднати во светското секојдневие, членовите на Џемаатот се натпреваруваат едни со други во финансиските жртви само поради Аллах џ.ш..

Прекрасни примери на Ахмади муслимани кои финансиски се жртвуваат

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќе наведе некои примери како луѓето ја изразуваат својата вера и преданост преку финансиското жртвување, и како Семоќниот Аллах ги дава своите благослови како резултат на тоа жртвување.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека постои некое зафрлено подрачје во Сиера Леоне, каде локалниот мисионер пратил молба до членовите за финансиско жртвување.  Имамот на таа џамија рекол дека не може да дојде до ветениот износ кон Џемаатот. Локалниот мисионер се молел заедно со сите присутни членови, и потоа заминал. Пред да стигне до мисионерската куќа, локалниот имам го повикал и му кажал дека сака да има средба со него. Кога стигнал до куќата објаснил дека после нивната заедничка дова еден од неговите роднини дошол кај имамот и донирал 100.000 леони.

После донирањето на износот, кој недостасувал за Вакф-е-Џадид, заедно се помолиле и го величале Аллах џ.ш..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека такви примери можат да се најдат и меѓу жените.

Хузур а.т.б.а. кажа за една жена од Чад, која ветила 70.000 франци за Вакф-е-Џадид, но во моментот немала доволно средства да го исполни ветувањето. Подоцна, таа ја продала својата камила за која земала 170.000 франци. Со тие средства таа ја донирала ветената сума и го исполнила ветувањето, но и преостанатиот износ кој го имала од камилата не го здржала за себе, туку и него го донирала на Заедницата.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека слични примери на такво однесување можеме да најдеме и помеѓу младите.

Се работи за случај  во Белизе, во Централна Америка, која е многу далеку, и во која Халифата никогаш не бил таму. Сите членови на Ахмадија заедницата, Ахмади муслимани, се нови членови, но, нивниот менталитет на преданост е ист.

Таму, едно 14-годишно момче донирало извесна сума за Тахрик-е-Џадид, и во една од хутбите за тоа говорел Халифата. После тоа сите му честитале, е некој и му дал награда од 200 долари.

Многу деца би прифатиле толкава сума на пари и би купила игри за себе.

Меѓутоа, ова момче рекло дека му се потребно 30 долари за да извади книшка за социјално осигурување, а преостанатите 170 долари ќе ги даде како паричен придонес. Но, бидејќи момчето потекнувало од сиромашно семејство му било кажано да ги задржи парите за себе. Сепак, момчето останало доследно до својата одлука и ги дало парите за придонеси.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ова преставува пример за давање предност на верата над овој свет.

Хузур а.т.б.а. се молеше овој менталитет кај момчето да остане довек и да го спаси од влијанијата на овој свет.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека такви и слични примери можат да се најдат и во најсиромашните земји. Луѓето можат да гледаат надмено на таквите личности бидејќи не се доволно образовани, но всушност, тие личности поседуваат повеќе знаење за верата и од нај учените луѓе.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. спомна еден пример во Гвинеја Конакри. Имено, мисионерот во Гвинеја Конакри одржал хутба за значењето на финансиските донации, и во хутбата цитирал и зборови на хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а.. На крајот на хутбата една личност, која била прилично сиромашнао но многу искрена, извадила од својот џеб 218.500 франци и ги донирала за Вакф-е-Џадид.

Кога мисионерот прашал зошто дава толкав износ, личноста рекла дека  силно го погодиле и импресионирале зборовите на Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. и во тој момент срцето не можело да сака две работи истовремено, човекот мора да го сака Аллах џ.ш. или да го сака богатството.

Лицето нагласило дека не може да даде сè од својот дом, како што тоа го направил хазрети Абу Бакр р.а., но сепак, може да до даде она што го имал во својот џеб.  Потоа, објаснил дека, откако почнал да дава финансиски придонеси забележал дека Аллах џ.ш. ја зголемува неговата вера и сигурност.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека и луѓе од развиените земји го поседуваат истиот дух на жртвувања.

Еден мисионер во Германија ги поттикнал членовите на неговиот џемаат да ги зголемат своите финансиски прилози.

Една Германка, која неодамна го прифатила Ахмадијатот, донирала 19.000 евра. Таа нагласила дека, иако овие пари ги штедела да може да си купи автомобил, сепак имала поголема желба да го постигне задоволството на Возвишениот Аллах.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека една личност од Велика Британија примила писмо од локалниот одбор во кое го информирале дека има неплатени долгови. Во меѓувреме, примил известување кое се однесувало на плаќањето на ветениот износ за Вакф-е-Џадид.

Лицето одлучило најпрво да го плати износот кој го ветил за Вакф-е- Џадид.

Следниот ден добил уште едно писмо од локалниот одбор во кое му се објаснува дека претходно погрешно го информирале, односно, наместо да им должи пари, тие сфатиле дека тие му должат пари и му вратиле износ  кој бил десет пати поголем од износот кој го донирал за Вакф-е-Џадид.

Разни успеси на Ахмадија Муслиманската заедница во 2021 година

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, што се однесува до финансиските одрекувања заради ширење на верата, сака да забележи оти Аллах џ.ш., во претходните година дена, на Џемаатот му овозможил да изгради и активира 187 џамии, од кои, моментално, 105 се во фаза на изградба во Африка.

Изградени се и 144 мисионерски куќи, од кои поголемиот број се наоѓаат во Африка, моментално во изградба се уште 45 мисионерски куќи.

Таму каде што не можат да се градат мисионерски куќи се изнајмуваат соодветни простории, односно, имаме 731 мисионерска куќи го се изнајмуваат во Африка.

Во други земји во Азија се изнајмуваат 632 мисионерски куќи.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. напомена дека најголемиот износ собран од Вакф-е-Џадид се дистрибуира во Африканските земји.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. нагласи дека изградбата на џамии не е лесна, бидејќи Ахмадија заедницата се соочува со голем отпор. Меѓутоа, бидејќи Заедницата сето тоа го прави поради Семоќниот Аллах, Он на свој начина ја враќа својата помош.

Беше нагласен примерот за изградбата на џамија во Конго-Киншаси. Таму, муслиманите сунити правеле големи проблеми и пробале да го попречуваат градењето на џамијата, и кога нивните обиди за тоа пропаднале почнале да се закануваат со смрт на некои членови на џемаатот.

И покрај сите проблематични ситуации изградбата на џамијата била продолжена.

Еден ден, на лице место на локацијата на џамијата дошол еден христијански професор од локалниот универзитет и почнал да им помага на Ахмадија муслиманите во изградба на џамијата.

Значи, таму каде што некои пробале да засметаат во изградба на џамија, Аллах џ.ш. праќал други кои помагале во изградбата и нејзиното завршување.

Ова беа само некои примери кои ги наведе Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а..

Извештај за 2021 година и најава за 65-та година на Вакф-е-Џадид

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќе го престави извештајот за Вакф-е-Џадид од минатата година.

Со Аллаховата милсот, завршила 64-тат година за Вакф-е-Џадид и почнала новата година. Во текот на минатата година биле собрани околу 11.2 милиони фунти. Тоа преставува зголемување за 742.000 илјади фунти во однос на минатата година.

Според условите и случувањата во светот ова преставува многу голем успех.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека редослед на земји според вкупните придонеси е следниот:

  1. Велика Британија
  2. Германија
  3. Канада
  4. Соединетите Американски Држави
  5. Индија
  6. Австралија
  7. Индонезија
  8. Земји од Блискиот исток
  9. Гана
  10. Белгија

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го престави деталниот извештај за ситуација во сите земји и се молеше Возвишениот Аллах да ги благослови сите оние кои учествувале во донациите.