In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Хазрети Абу Бакр р.а. – Со Пратеникот с.а.в.с. до Медина

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде неговиот помагач) рече дека ќе продолжи да зборува за животот на хазрети Абу Бакр р.а..

Сурака бин Малик во потера по Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде неговиот помагач)  рече дека меканлиите одредиле награда за оној кој ќе ги фати, живи или мртви, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и хазрети Абу Бакр р.а.. Се јавиле луѓе кои тргнале во потера по нив двајцата, меѓу кои бил и Сурака бин Малик, кој пробал да го зароби Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. додека заедно патувале со хазрети Абу Бакр р.а., меѓутоа, Аллах џ.ш. го направил неспособен да направи било што околу заробувањето.

Всушност, Сурака бин Малик побарал сигурност за себе од Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. кога муслиманите ќе дојдат на власт.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. на Суарки бин Малик му претскажал дека ќе ги носи нараквиците на Кхосроес.

Подоцна, во текот на ерата на хазрети Омер р.а., кога Кхосроес бил симнат од власт, хазрети Омер р.а. го повикал Сурака бин Малик и му ги дал нараквиците на Кхосроес, со што се исполнило претскажувањето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, додека Сурака бин Малик се враќал од кај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. наишол на друг мекански караван кој, исто така, тргнал во потрага по Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Сурака бин Малик застанал и разговарал со нив, но воопшто не спомнал ништо за локацијата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и дека се сретнал со него. Всушност, тој разговарал со нив на таков начин што ги убедил да ја прекинат потрагата и да се вратат.

Случувањата со Умм Мабад

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во текот на селидбата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и хазрети Абу Бакр р.а. поминале покрај шаторот на една жена по име Умм Ма’бад. Тие побарале од неа храна, месо или урми, се разбира, со цел да и платат за намирниците, меѓутоа таа немала ништо бидејќи нејзиниот народ преживувал тешки времиња и кризи на маки и глад.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. здогледал една коза на аголот од шаторот. Умм Ма’бад рекла дека таа коза била исклучително слаба, не сакала да се храни и не можела да дава млеко. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ја прашал Умм дали може тој да ја измолзи козата, за што добил дозвола.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. најпрво клањал а потоа ја измолзал козата, која дала толку млеко што сите присутни се нахраниле од млекото. Од млекото пила и Умм Ма’бад а по неа и Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., по што и го оставил преостанатото млеко на Умм, ја купил козата и го продолжил своето патување.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека подоцна, друга група, која трагала по Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. отишла кај Умм Ма’бад и ја испрашувале дали знае каде се наоѓа Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., на што таа одбивала да им каже било што за него. Меѓутоа, тие станувале се погруби и поостри и инсистирале да добијат некаква информација, но Умм Ма’бад храбро се однесувала и рекла дека, доколку не ја остават на мир и не си заминат, таа ќе ги повика своите сожители да ги истераат трагачите. После тоа, меканлиите си заминале.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во текот на патувањето Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го сретнал хазрети Зубаир р.а. кој се враќал со трговски караван од Сирија. Хазрети Зубаир р.а. на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и на хазрети Абу Бакр р.а. им подарил чиста бела облека.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека на ова патување сретнале разни трговски каравани, во кои имало луѓе кои го препознавале хазрети Абу Бакр р.а., бидејќи и тој бил трговец, но никој не го препознал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Кога прашувале кој е сопатникот на хазрети Абу Бакр р.а., тој одговарал дека тоа е неговиот водич.

Доаѓањето во Куба

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека после осум дена патување, во понеделник  стигнале во Куба’, кој била оддалечена три милји од Медина. Жителите на Медина слушнале за заминувањето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. (саллаллаху алејхи ве селлем – sallallahu alejhi ve sellem) од Мека и го очекувале неговото доаѓање.

Еден ден, во тој период, еден Евреј кој стоел на врвот од ридот ги здогледал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и хазрети Абу Бакр р.а. како се приближуваат и на муслиманите им најавил дека нивниот водач пристигнува. Муслиманите, веднаш по добивањето на веста истрчале да ги пресретнат патниците.

Кога им се приближиле, хазрети Абу Бакр р.а. станал, додека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. мирно седел. Некои луѓе од Медина, кои се уште го немале видено Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., најпрво му пришле на хазрети Абу Бакр р.а. и почнале да го поздравуваат. Хазрети Абу Бакр р.а. ја зел својата наметка и го прикрил Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. да го заштити од сонцето, после што луѓето сфатиле дека тоа е, всушност, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. (саллаллаху алејхи ве селлем – sallallahu alejhi ve sellem).

Поставен камен темелник за џамија во Куба и првиот џума намаз

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека е забележано оти Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во Куба’ останале десетина ноќи. Во текот на овој престој Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. (саллаллаху алејхи ве селлем – sallallahu alejhi ve sellem) поставил камен темелник за изградба на џамија, позната како ’Џамија Куба‘.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека овој темелот на оваа џамија е втемелен на побожноста.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. после престојот во Куба’ тргнал за Медина. Додека патувал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. поминувал низ долината Бану Салим бин Ауф, и во тоа време дошло време за џума намаз. Така, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. (саллаллаху алејхи ве селлем – sallallahu alejhi ve sellem) во долината Ранун, заедно со други сто муслимани, клањал џума намаз.

Овде, покасно, била изградена џамија која станала позната како ’Џамија џума намаз‘, бидејќи овде Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. за прв пат клањал џума намаз во Медина.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. појасни дека оваа џамија свечено била отворена покасно.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, после клањањето на џума намаз Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го продолжил патувањето јавајќи на својата камила, а хазрети Абу Бакр р.а. го следел позади него.

Големата радост кога Чесниот Пратеник с.а.в.с. стигнал во Медина

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека уште една личност, Бураидах, била заинтересирана за наградата која меканлиите ја одредиле за фаќање на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Бураидах, заедно со уште 70-мина луѓе тргнал од Бану Сахма. Кога го забележале Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му се приближиле и почнале да го испрашуваат кој е и од каде е. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. одговорил дека тој е Мухаммед с.а.в.с. бин Абдуллах, Аллахов Пратеник.

После таа средба, Бураидах го прифатил исламот, заедно со останати од групата. Следниот ден Бураидах рекол дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. треба во Медина да влезе со знаме. Бураидах го симнал својот турбан, го врзал за своето копје и одел пред Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. додека влегувале во Медина.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. заедно со својот караван со муслимани влегувале во градот Медина. Додека минувале покрај куќите, луѓето ги нуделе своите домови за да престојуваат во нив, а Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. се молел за нив.

Жени и деца стоеле на крововите на своите куќи, пееле и му посакувале добредојде на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Чесниот Пратеник и неговата придружба стигнале до племето Бану Неџар, додека народот формирал формација носејќи ги своите оклопи за да го дочекаат Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., а жените од Бану Неџар пееле песни на благодарност.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека после неколку дена од пристигнувањето во Медина, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го пратил хазрети Заид р.а. во Мека за да му ги донесе останатите работи кои му биле неопходни.

По кратко време од престојот, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. (саллаллаху алејхи ве селлем – sallallahu alejhi ve sellem) купил земја во Медина, на која прво поставил камен темелник за изградба на џамија, а потоа почнал да гради куќи за себе и за своите асхаби.

Хазрети Абу Бакр р.а. престојувал во околината на Медина, место наречено Сун’а кое било оддалечено околу две милји од Медина.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека и во наредната хутба ќе се осврне на настаните од животот на хазрети Абу Бакр р.а..

Џенази

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќе клања џеназа во отсуство на неколку членови на Џемаатот.

Чаудхару Асгхар Али Килаар

Чаудхару Асгхар Али Килаар бил заробеник на Аллаховиот пат.

’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘

Починал на 10-ти јануари, додека сè уште бил во притвор.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека после смртта, во таква ситуација тој може да се смета за шехид. На 24 септември 2021 година тој бил приведен во Бахавалпур, откако против него било покренато обвинение, според пакистанските закони, за богохулење.

Додека бил во затворски услови неговото здравје се влошило, поради што на 4-ти јануари бил префрлен во болница. После издржувањето на казна затвор од 3 месеци и 15 дена, тој починал во 70-та година од животот.

Тој, на 11 јануари имал рочиште за кауција, но немал среќа да го дочека тој датум.

Ахмадијатот го прифатил како студент, и бил единствен Ахмад од своето семејство. Поради тоа, семејството престанало финансиски да го издржува, и тој морал да работи и да подучува деца како би го финансирал своето школување.

Поседувал голема љубов кон Халифатот и ги почитувал сите оние кои својот живот го посветувале во служба на верата. Бил страстен во определбата да ги повикува луѓето кон Аллах џ.ш., и преку неговите напори привлекол многумина во закрилата на Ахмадијатот.

Редовно клањал намаз и постел, им помагал на сиромашните и бил многу љубезен кон своето семејство и покрај нивното противење за неговите одлуки.

Додека бил во затвор, сонувал три сона во кои Аллах џ.ш. му пренесува поздрави за мир.

Чаудхару Асгхар Али Килаар на Заедницата и служел на различни функции.

После него останале сопруга, два сина и ќерка.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да се однесува со милост кон негов, да му даде прошка и да ја воздигне неговата положба, а на неговото семејство да му подари смиреност и трпение.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека треба да се молиме за сите останати затвореници на Аллаховиот пат.

Мирза Мумтаз Ахмад

Мирза Мумтаз Ахмад, работник на Вакалат-е-Улуа Рабвах.

’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘

После него останале сопруга, два сина и ќерка.

На Заедницата и служел долго време. Поседувал многу квалитети и бил предан на својата работа. После завршувањето на своите обврски редовно им помагал на другите. Иако бил постар работник, бил многу скромен, трпелив и задоволен.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека бил тивка личност со мал круг на пријатели, и после работата во канцеларијата веднаш се враќал во својот дом. Бил многу вреден работник. Нека Аллах џ.ш. се однесува со милост кон него и на неговото потомство му овозможи да ги продолжат неговите добри дела.

Полковник др. Абдул Кхалик

Полковник др. Абдул Кхалик, бивш администратор на болницата Фазл-е-Умар.

’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘

После негово останале два сина и две ќерки.

Кога Пакистан ги прогласила Ахмади муслиманите за не муслимани, тој дал оставка на својата државна работа и својот живот го посветил во Нусрат Јахан схеми. Бил пратен во Сиера Леоне каде што служел три години. Служел и во Самарканд каде што им помогнал на многу луѓе и ја ширел пораката на Ахмадијатот.

Четвртиот Халифа го именувал за администратор на болницата Фазл-е-Умар, на која должност останал околу десет години.

Имал длабока љубов кон Чесниот Кур’ан и постојано го учел. Сите свои одлуки кои ги донел во животот биле во согласност со учењата на Чесниот Куран. Редовно клањал тахаџуд намаз и имал голема љубов кон Халифатот. Поседувал многу големи квалитети.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. со милост да се однесува кон него, да му даде прошка и на неговите деца да им овозможи да продолжат да ги негуваат негите доблести и добри дела.