In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Хазрети Абу Бакр р.а. II – Одредени случувања

По проучениот Шехадет, Та’уза и сура Ал Фатиха, Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. (нека Аллах биде негов помагач) рече дека ќе продолжи да зборува за трудот на хазрети Халифа-тул Абу Бакр р.а. да ги среди нарушувањата кои се случиле во неговото време.

Напуштањето на исламот и неправдата на Малик бин Нувеира

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. (нека Аллах биде негов помагач) речe дека хазрети Халид бин Велид р.а., пратил гласник на Малик бин Нувеира. Малик бин Нувеира бил од племето Бану Јарбу кое било огранок на Бану Тамим племето.

Тој, исламот го прифатил во 9-та година по Хиџра заедно со своето племе и бил главатар на своето племе.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го оставил да собира зекат од својот народ.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Малик бин Нувеира, по смртта на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., бил меѓу оние кои станале отпадници. Всушност, тој се израдувал од смртта на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., исто така, ги убил муслиманите од своето племе кои сакале да плаќаат зекат и да го испратат во центарот во Медина.

Значи, не само дека станал отпадник во верата, го одбил плаќањето на зекат и веќе собраниот зекат им го вратил на луѓето, туку соработувал и со Саџда која лажно тврдела дека е пратеник, а бил и меѓу оние кои се обиделе да ја напуштат Медина.

Сајах бинт ал-Харис и нејзиното лажно тврдење за пратеништвото

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Сајах била арапска гатачка, по потекло од Бану Тамим и Бану Тагхлиб, кои повеќето од нив биле христијани, а со тоа и таа самата била христијанка.

Таа патувала со војска од Ирак со план да ја нападне Медина. По доаѓањето во Арабија, прво заминала во Бану Тамим. Во тоа племе постоела една група на луѓе кои и понатаму биле подготвени да даваат зекат и да му се покорат на халифата, и друга група која се противела на тоа. Постоела и трета група која не била сигурна каков став да заземе. Потоа, овие разлики предизвикале несогласување внатре племето. Сајах мислела дека по нејзинотоо тврдење за пратеништвото, Бану Тамим ќе се обединат и разликите ќе ги остават на страна, по што ќе тргне на Медина во борба против војската на хазрети Абу Бакр р.а..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Малик бин Нувеирах и Сајах биле во контакт и дека се состанале. Тие се согласиле околу договорот, но, Малик бин Нувеирах ја советувал да не се напаѓа Медина и наместо тоа да се решат проблемите внатре племето и таа пристанала на тоа. Ова, ’меѓутоа‘ предизвикало големо крвопролевање внатре племето, по што сфатиле дека згрешиле во врска со соработката со Сајах и главатарите на Бану Тамим се здружиле и помириле.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, кога сфатила дека планот и е неуспешен тргнала кон Медина и таму ја дочекале Аус бин Хузаимах и нивната војска, против која се борела и изгубила. Аус бин Хузаимах тогаш и побарал, и го добил нејзиното ветување дека ќе замине и нема да се враќа во Медина.

Сајах се мажи за Мусаилим Каззаб

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, кога водачите на нејзината војска зборувале за тоа како не можат да одат во Медина, таа им кажала дека ќе одат во Јамама каде ќе се здружат со Мусаилим Каззаб, уште еден лажен пратеник. Тие двајца се сретнале и биле импресионирани еден од друг. Мусаилим предложил да ги зацврстат своите пратеништва спојувајќи ги со венчавка, на што Сајах пристанала.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека таа се вратила во Бану Тагхлиб, каде по некое време поминала во ислам.

Хазрети Халид бин Велид р.а. ја објаснува смртта на Малик бин Нувеира

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Абу Бакр р.а. го пратил Халид бин Велид р.а да се справи со нередот кој го создал Малик бин Нувеир.

Постојат приказни дека Нувеир бил подоцна убиен. Една ноќ било многу ладно и хазрети Халид р.а. рекол заробениците да се засолнат на потопло, што некои погрешно разбрале мислејќи дека кажал да се убијат, при што бил убиен и Нувеирах.

Според другиот хадис, хазрети Халид р.а. го повикал Нувеира, го прекорил за нештата што ги направил и решенијата кои ги донел и му објаснил дека зекат е заповед како и клањањето на намаз. Нувеирах рекол дека тоа го сакал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. но не го изговорил Пратениковото с.а.в.с. име туку рекол ’човекот меѓу вас‘. Хазрети Халид р.а. тогаш наредил Нувеира да се убие. Ова предизвикало нарушување меѓу луѓето кои кажале дека хазрети Халид р.а. убил еден муслиман.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Абу Бакр р.а. го повикал хазрети Халид бин Велид р.а. и го прашал за случувањата. Тој сè му објаснил на хазрети Абу Бакр р.а. му се извинил на Халифата на што хазрети Абу Бакр р.а. му простил и тој на семејството му  платил крвна одмазда за Нувеира.

Неосновани обвиненија против хазрети Халид бин Валид р.а. во врска со Малик бин Нувеира

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека против хазрети Халид р.а. имало обвиненија дека се оженил со жената на Нуваира во време на битката, и дека не го почекал пропишаниот рок.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го изнесе објаснувањето на хазрети шах Абдул Азиз Дехвлиј, кој рекол дека ова е измислица против хазрети Халид р.а., и, ако се оженил со неа тогаш историјата покажува дека Нувеира веќе бил разведен од својата жена, но ја задржал во домот. Така, хазрети Халид р.а. ја оженил бидејќи била разведена и по пропишаниот период на чекање.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека постои уште едно тврдење дека хазрети Халид р.а. се оженил со жената на Нувеира во текот или после битката, и, како тоа било против арапската традиција.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. објасни дека тоа не е вистина. Др. Али Мухаммад Саллаби објаснил дека, ако тоа сепак се случило, тогаш имаме пример дека ова е во ред, бидејќи Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. по битката кај Маурасија се оженил со Ѓаваријах бинт Харис.

Слично на тоа, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. се оженил со хазрети Сафијјах по битката кај Хујбера.

Значи, не постои исправно тврдење кое би можело да се изнесе против хазрети Халид р.а..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека сето ова го спомнал за да покаже дека хазрети Абу Бакр р.а. донел исправна одлука во однос на хазрети Халид р.а..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, подоцна хазрети Халид р.а. бил пратен да се бори против овие нереди кои ги кренале луѓето од Бану Ханифа и Мусаилим, лажниот пратеник. Така, хазрети Халид р.а. ја собрал војската и тргнал кон Бану Ханифа.

Хазрети Абу Бакр р.а. исто така, пратил голема војска во позадината на хазрети Халид р.а. за да не го нападнат од грб. Хазрети Халид р.а. продолжил кон Јамама каде се случила голема борба.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во идната хутба ќе ја спомне битката на Јамама.