In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)
Related Contents from Topics

Хазрети Абу Бакр р.а. II – Разни експедиции

По проучениот Шехадет, Та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека ќе продолжи да зборува за експедициите кои хазрети Абу Бакр р.а. ги праќал во борба против бунтовниците.

Експедиција пратена под управата на

хазрети Халид бин Са’иид р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. рече дека седмата експедиција пратена под управата на хазрети Халид бин Са’иид р.а. Тој бил меѓу најистакнати луѓе кои го прифатиле исламот. Некои бележат дека тој бил трет или четврт кој го прифатил исламот, додека другите велат дека бил петтиот. Сонувал сон во кој неговиот татко го турка кон огнот, додека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го држел, спасувајќи го да не падне во огнот.

Кога му го раскажал сонот на хазрети Абу Бакр р.а. рекол дека Аллах џ.ш. сака да го спаси. После тоа, хазрети Халид р.а. отишол кај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и го прашал на што го повикува. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.  рекол дека повикува на вера во Бог, Кој е Едниот без било каков партнер, дека Мухаммед с.а.в.с. е Неговиот пратеник, и да го напушти обожавањето на киповите кои не можат ниту да наштетат ниту да користат.

После тоа, хазрети Халид го прифатил исламот, и Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.  бил многу задоволен.

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. рече дека кога таткото на хазрети Халид р.а. дознал за неговото прифаќање на исламот, ги пратил останатите синови да го најдат. Тие го нашле и го вратиле кај татко му, кој силно му се скарал. Наспроти тоа, хазрети Халид р.а. останал решителен. Кога таткото му се заканил дека нема повеќе да го издржува, тој одговорил дека дури и ако го направи тоа Аллах џ.ш. за него ќе обезбеди нафака за него.

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. рече дека таткото на хазрети Халид р.а. бил меѓу истакнатите луѓе во Мека и дека сериозно ги мачел муслиманите.

Еднаш, кога се разболел, рекол дека, ако некогаш се излечи сè ќе направи муслиманите никогаш повеќе да не клањаат во Мека. Кога хазрети Халид р.а. дознал за ова, се молел таткото никогаш да не оздрави, и навистина, тој починал.

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. рече дека хазрети Халид р.а. бил меѓу оние кои емигрирале во Абисинија. Тој учествувал во битките заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Секогаш зборувал дека му е многу жал што не бил во можност да учествува во битката на Бедр.

Хазрети Халид р.а., исто така, го спомнал хазрети Мирза Башир-уд-Дин Махмуд Ахмад р.а. како еден од асхабите кои ги запишувале објавите кои ги примал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. рече дека за време на хазрети Абу Бакр р.а. хазрети Халид р.а. бил поставен за водач на разни војски. Забележано е дека загинал во битката кај Марц ал-Сафара.

Исто така, бил именуван за водач на баталјон пратен во борба против побуната крената во Таимах. Хазрети Абу Бакр р.а. го пратил со упатство да не се поместува од ова место и да ги повика соседните племиња да дојдат да му се придружат. Кога Римјаните дознале за доаѓањето на оваа голема војска, се подготвиле за битка. Хазрети Халид р.а. го известил хазрети Абу Бакр р.а. за тоа кој одговорил дека не треба да се грижи и дека треба да оди само напред,. Хазрети Халид р.а. токму тоа и го направил, по што противничката војска избегала.

Експедиција пратена под управа на хазрети Тураифа бин Хаџиз р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. рече дека осмата експедиција била под водството на хазрети Тураифа бин Хаџиз р.а., кој бил пратен да се бори против побуната која ја кренале Бану Сулаим и Бану Хавазин. Тој бил побожен работник и моќен говорник. По смртта на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., иако некои од ова племе станале бунтовници имало и такви кои останале непоколебливи во исламот и на хазрети Абу Бакр р.а. му се придружиле во борба против бунтовниците.

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. рече дека, откако дознал за некои гнасни дела кои ги бунтовниците на Бану Сулаим ги направиле, посебно личноста по име Фуџа‘ах, кој наредил да ги убие или да му ги доведе. Кога Фуџа‘ах бил доведен пред хазрети Абу Бакр р.а. тој наредил кон него да се постапува на ист немилосрден начин на каков што тој самиот се однеусвал со муслиманите.

Експедиција, пратена под водство на хазрети Ала бин Хадрамиј р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. рече дека деветата експедиција била под водство на хазрети Ала бин Хадрамиј р.а., кој бил пратен да се бори против побуната која се кренала во Бахреин.

Хазрети Ала р.а. бил меѓу најистакнатите луѓе кои го прифатиле исламот. Кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. пратил писма на разни кралеви повикувајќи ги во исламот, на хазрети Ала р.а. му било доверено да го однесе писмото упатено до кралот на Бахреин. После тоа, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го именувал за гувернер на Бахреин, место во кое служел до смртта на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., и продолжил и во ерата на халифатот на хазрети Омер р.а..

Хазрети Абу Хуреира р.а. наведува дека бил импресиониран од хазрети Али р.а. и дека Аллах џ.ш. ги прифаќал неговите дови.

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. рече дека по смртта на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. неколку дена потоа починал и водачот на Бахреин, по што избила побуна. Хазрети Џарут р.а. кој, исто така, бил од Бахреин и кој бил во Медина, учејќи го исламот, ги собрал сите оние кои ја кренале побуната и им објаснил дека, како што претходните пратеници починале така и Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.  починал, и потоа рекол дека нема друг бог освен Аллах џ.ш. и дека МУхаммед с.а.в.с. е Неговиот пратеник. Со тоа и тие ја потврдиле својата вера во исламот.

Во Бахреин имало и други племиња кои продолжиле со побуната.

Кога Кхорсос дознал за оваа побуна, разговарал со бунтовниците кои од него побарале да им прати водач. Така, Кхорсос го именувал Мунзир бин Ну’Ман кој сè уште бил млад, и помеѓу другото, му дал круна и го пратил во Бахреин. Поради тоа се случила битка помеѓу непоколебливите во исламот и бунтовниците. Оваа битка траела неколку дена и била силна.

Во почеток муслиманите се соочиле со големи тешкотии и за малку ќе претрпеле пораз. Кога дознал за ова, хазрети Абу Бакр р.а. го именувал хазрети Ала р.а. да пружи поддршка, да ја предводи војската и да ја заврши побуната. Кога војската на хазрети Ала р.а. се доближила во пустината ги изгубила коњите и камилите. Хазрети Ала р.а. ги уверувал дека немаат причина за грижа бидејќи како муслимани Аллах џ.ш. ќе ги поддржи, дури и ако состојбата им изгледа страшна.

Хазрети Ала р.а. многу клањал поради што пронашле извор на вода, на место на кое немало вода, а следното утро нивните животни се вратиле и своите работи ги нашле недопрени.

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. рече дека хазрети Ала р.а. во писмото му ги опишал овие инциденти на хазрети Абу Бакр р.а. Хазрети Абу Бакр р.а. се молел и му се заблагодарил на Аллах џ.ш..

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. рече дека во идните хутби ќе продолжи да зборува за овие инциденти.