In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Хазрети Абу Бакр р.а. II Борба против лажните пратеници

По проучениот Шехадет, Та’уза и сура Ал Фатиха, Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. (нека Аллах биде негов помагач) рече дека ќе продолжи да зборува за животот на на хазрети Абу Бакр р.а..

Победата над лажните пратеници

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. (нека Аллах биде негов помагач) речe дека биле испратени 11 пратеници. Првите од нив требало да се борат против оние, како Тулаих бин Хивалид, Малик бин Нуваирах Саџад бин Харит и Мусалим Каззаб, кои биле отпадници и лажни луѓе кои тврделе дека се пратеници.

Хазрети Абу Бакр р.а. му го дал знамето на Халид бин Валид, и рекол дека го слушнал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. како вели дека тоа е мечот кој му го подарил Аллах џ.ш. да се бори против неверниците и лицемерите.

Отпадништвото на Тулаихах бин Хувалид

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. објасни дека Тулаихах бин Хувалид лажно го тврдел пратеништвото, и тоа почнал да го прави пред смртта на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Во 9-та година по Хиџра бил дел од групата од Бену Асад која патувала да се сретне со Чесниот Пратеник Мухаммед, с.а.в.с. и го прифатиле. По нивното враќање, Тулаиха подлегнал и ја отфрлил верата и лажно тврдел дека е пратеник.

Кога почнал да го тврди ова, луѓето од неговото племе почнале да го прифаќаат.

Еднаш, снемало вода и тој им советувал да го земат неговиот коњ и да отпатуваат до местото кај што ќе најдат вода. Тие така и направиле, и тоа луѓето ги навело да поверуваат во неговите лаги.

Помеѓу другото, тој правел и други работи, како што е отстранување на сеџда од намаз и тврдел дека прима објави.

Историјата покажува дека пред исламот Тлејха бил меѓу луѓето кои тврделе дека се пророци.

Кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. дознал за ова го пратил Дирара бин Азвар Асадиј да се бори против него, но тој борбата не ја добил бидејќи во тоа време Тулаиха имал многу соработници во тоа време.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека по именувањето за Халифа на хазрети Абу Бакр р.а. го пратил Халид бин Валид р.а. да се бори против него.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, не само што Тулејха бил бунтовник, отпадник и лажен пратеник, туку и се борел против муслиманите и им нанел голема штета.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. објасни дека Ујаинах бин Хисн во почетокот се борел против муслиманите, но потоа го прифатил исламот пред освојувањето на Мека, а подоцна учествувал во битките Хунаин и Таиф.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го пратил како гласник во Бану Тамим во 9-та година по Хиџра.

И тој бил под влијанието на Тулејха и го прифатил, но, подоцна се вратил во исламот.

Гласникот кој одел со хазрети Халид бин Валид р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека при испраќањето на гласникот со хазрети Халид бин Валид р.а., кој се нарекувал хазрети Ади р.а., му било кажано дека треба да оди во племето Бену Тејј кое бил под влијанието на Тулејха. Тој требало да ги повика во исламот, советувајќи им да се вразумат и да се воздржат од средбата со него.

На хазрети Халид бин Валид р.а. му било наредено да ја започне својата експедиција од племето Тајј, а потоа да заврши во Бута. Хазрети Абу Бакр р.а., тогаш, кажал дека и тој ќе тргне кон Хајбера и потоа ќе се состане со Халид бин Валид р.а. на планината Салма.

Кажано е дека хазрети Абу Бакр р.а. тоа го кажал за да ги исплаши бунтовниците и да ги наведе да помислат дека доаѓа и друга војска. Овој настан го спречило Бану Тајј да биде под влијание на Сулејха, и се вратиле во исламот.

Поразот на Тулаиха во битката кај Бузакха

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Халид бин Валид р.а., откако Бану Тајј се вратиле, во исламот тргнал кон Тулејха.

Забележано е дека хазрети Укаша р.а. и хазрети Сабит р.а. биле пратени први за да соберат информации. Кога Тулаиха дознал за ова, тој го убил Укаша, а неговиот брат Саламах го убил хазрети Сабит.

Кога хазрети Халид бин Валид р.а. стасал, дознал за овие шехиди и се вознемирил. Хазрети Халид бин Валид р.а. ги организирал редовите, а потоа се вратил во Тајј каде ја подготвил војската за битка со Тулаих. Битката се одиграла кај Бузакха. Ујаина, во тоа време се борел на страна на Тулаиха.

Во текот на битката, Тулејха останал да седи и им рекол дека ќе им ги пренесе објавите за битката за тоа што ќе се случи.

Додека Ујаина се борел и трпел пораз, го прашал Тулејха дали Џибраил дошол, на што тој одговорил дека не е дојден.

Ујаина продолжил со борба, и повторно го прашал дали примил било какви објави, на што Тулејха одговорил дека не примил.

Како што Ујаина и понатаму трпел пораз го прашал и по трет пат, на што Тулејха одговорил дека бил известен и дека ќе се случи нешто што не може да се смени. Ујаина тогаш сфатил дека Тулејха е лажливец и дека го оставил заедно со Бану Фазар. Тулејха веќе го подготвил коњот и камилата за да избега со сопругата и ги посоветувал и другите да избегат со него. Како резултат на тоа, неговите следбеници избегале и претрпеле голем пораз. Подоцна овие луѓе ја сфатиле својата грешка и прогласиле дека се враќаат во исламот.

Хазрети Абу Бакр р.а. му простува на Ујаина

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Халид бин Валид р.а. му пратил писмо на хазрети Абу Бакр р.а. и го известил дека овие луѓе го прифатиле исламот, и го известил дека тој не ја прифатил нивната заклетва додека не му ги предадат луѓето кои биле сурови со муслиманите, и тие истите ги пратил назад на хазрети Абу Бакр р.а.

Тие кои биле ислкучително сурови биле казнети според злочините кои ги направиле. Ујаина, исто така, се вратил во Медина како заробеник. Луѓето го прашале како може да ја напушти верата, откако веќе ја прифатил. Одговорил, дека навистина никогаш до тогаш не ни верувал. Се покајал за своите грешки и побарал прочка од хазрети Абу Бакр р.а..

Тулејха се покајува и го прифаќа исламот

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека на крајот и Тулејха повторно го прифатил исламот. Тргнал да изврши умра. Кога хазрети Аби Бакр р.а. бил известен за присуството на Тулејха, кажал, никој ништо да не му прави, бидејќи Аллах џ.ш. го упатил назад кон исламот.

Подоцна, за време на хазрети Омер р.а., кога му се заколнал на верност, хазрети Омер р.а. му рекол дека не може да го прифати бидејќи ги убил Укаша р.а. и Сабит.

Тулејха одговорил дека Аллах џ.ш. преку него им ја дал честа на шехиди, и дека Аллах џ.ш. на тој начин го спасил, наместо да гори во џехеннемот, му дал да остане на овој свет и да го прифати исламот.

Хазрети Омер р.а. го прифатил неговиот Баи’ат и Тулејха и продолжил храбро да се бори за муслиманите во Ирак.

Загинал во 21-та година по Хиџра.

Хазрети Халид Бин Валид р.а. се бори со Умм Кирфах

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Халид бин Велид р.а. исто така отишол кон Умм Кирфах, која била главатар на Бану Фазар. Еднаш планирала да ја нападне Медина и да го убие Чесниот Пратеник с.а.в.с. По поразот на Бузакха, некои луѓе избегале кај Умм Дхимл, ќерката на Умм Кирфах, и кажале дека ќе и се придружат во борбата против муслиманите.

Кога хазрети Халид бин Велид р.а дознал за ова, тргнал во жестока борба против Умм Дхимл. Иако Ум Дхимл била заштитена, муслиманска војска стасала до неа и ја убиле, а потоа нејзината војска била поразена и раселена. Хазрети Халид бин Велид р.а. тогаш му пишал на хазрети Абу Бакр р.а. известувајќи го за оваа победа.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека за овие настани ќе продолжи да зборува во идните хутби.

Џеназа

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќе клања џеназа на следните џематлии:

Сабирах Бегум жената на Рафик Ахмад Бутт од Сиалкот. Таа била редовна во молитвите и правела многу добри дела и поседувала добри квалитети. Била силно врзна со Халифатот и редовно ги слушала хутбите. Нејзиниот син, Насеем Бутт, е мисионер кој служи во Нигерија и поради тоа што бил на должност не можел да присуствува на нејзината џеназа. Целото ова семесјтво е активно во службата на заедницата.

Сарајјах Рашид жената на Рашид Ахмад Бајва р.х. Таа била многу побожна и поседувала многу добри особини. Таа некое време служела како Садр Лајна во своето локално подрачје. Нејзиниот син, Сафир Бајва е мисионер кој служи во Рабва и не можел да присуствува на нејзината џеназа. Една од нејзините ќерки е мажена за мисионер.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече се молел Возвишениот Аллах да им подари милост и прочка и на нивните потомства да им овозможи да продолжат со добри дела.