In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Хазрети Абу Бакр р.а. II – Преселувањето на Aхирет

По проучениот Шехадет, Та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека ќе продолжи да зборува за деталите од животот на хазрети Абу Бакр р.а.

Хазрети Абу Бакр р.а. се распрашува за хазрети Омер р.а. како за следен Халифа

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека, како што смртта му се доближувала на хазрети Абу Бакр р.а., го повикал хазрети Абдур Рахман бин Ауф р.а. и го прашал за хазрети Омер р.а.. Хазрети Абдур Рахман бин Ауф рекол дека хазрети Омер р.а. бил и подобар од тоа што тој мислел за него, освен што бил строг. Хазрети Абу Бакр р.а. рекол дека тоа е само поради благоста која ја видел во него, меѓутоа, ако тој станел халифа одредени особини ќе ги смени.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека тогаш хазрети Абу Бакр р.а. го повикал хазрети Осман р.а. и го прашал што мисли за  хазрети Омер р.а., а тој одговорил дека неговата внатрешна состојба е подобра од надворешната.

Хазрети Абу Бакр р.а., тогаш, и на двајцата им кажал никому да не му го кажуваат овој разговор. Хазрети Абу Бакр р.а. рекол дека е време да го напушти овој свет.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, додека хазрети Абу Бакр р.а. бил болен, пред самата смртта му дошол хазрети Талха бин Убаидиллах р.а. и го прашал дали хазрети Абу Бакр р.а. го поставил Омер р.а. за Халифа, и ако е така тогаш, тоа е лоша одлука и дека ќе одговара пред Бог. Хазрети Абу Бакр р.а. одговорил дека, кога Бог ќе го праша за тоа, тој ќе каже дека ја именувал најдобрата можна личност за халифа.

Муслиманите му даваат заклетва на верност на хазрети Омер р.а. по смртта на хазрети Абу Бакр р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека еден ден, со помош на сопругата, иако бил многу болен, хазрети Абу Бакр р.а. отишол во џамија и им се обратил на муслиманите говорејќи дека многу се советувал кој по неговата смрт да биде следниот халифа. Рекол дека дошол до заклучок тоа да биде хазрети Омер р.а..

Сите тоа го прифатиле и му дале заклетва на верност по смртта на хазрети Абу Бакр р.а..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Абу Бакр р.а. оваа одлука не ја донел самоволно, туку прво се консултирал со разни асхаби. Не запрел на тоа, и покрај тешката болест отишол во џамија и ги прашал луѓето дали се задоволни со оваа одлука, и дури кога се согласиле, тој ја зацврстил одлуката. На тој начин бил постигнат консензус по прашањето за избор на халифа.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Абу Бакр р.а. во почетокот се разболел поради земањето на абдест во еден ладен ден, поради што имал температура петнаесет дена. Состојбата му се влошувала и луѓето доаѓале да го посетат.

Во текот на тие денови останал во куќата која му ја дал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Луѓето му предлагале да оди на лекар на што хазрети Абу Бакр р.а. одговорил:

„Сигурно ќе направам како сакам.“

Со други зборови, кажал дека Божјата намера била да го повика кај себе.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Абу Бакр р.а. починал во среда на 22 Џумадул-Ахир 13-та година по Хиџра, после периодот на Халифатот кој траел 2 години, 3 месеци и десет дена.

Неговите последни зборови биле зборови од ајет запишан во Чесниот Кур’ан:

Нека смртта ми дојде во состојба на покорност на Твојата волја. и придружи ме со праведните“

(12: 102)

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Абу Бакр р.а. му кажал на своето семејство после неговата џеназа тоа што останало по него да му го дадат на хазрети Омер р.а..

Исто така, на семејството кажал да го погребат во истата облека која ја носи, само да ја исперат.

Ајша р.а. рекла дека треба да го погребат во нова облека, на што тој кажал дека живите имаат повеќе право да носат нешто ново.

Џеназа на хазрети Абу Бакр р.а., мезар покрај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Омер р.а. ја водел џеназата на хазрети Абу Бакр р.а., и потоа бил погребан покрај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., така што главата на хазрети Абу Бакр р.а. била ставена покрај рамињата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Абу Бакр р.а. рекол дека сака да биде погребан истиот ден кога ќе почине, бидејќи не сакал да ја одложува близината на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Што се однесува до неговото наследство, побарал да се подели како што наредува Чесниот Кур’ан.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Абу Бакр р.а. имал четири жени. Имал четири сина и три ќерки.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Абу Бакр р.а., кога и да требало да донесе некаква одлука за нешто тој ги повикувал асхабите, мухаџирите и ансариите, и одлуката ја носел по консултација со нив.

Воспоставување на државна благајна

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Абу Бакр р.а. воспоставил благајна.

Во времето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. сиот плен веднаш се делел. Меѓутоа, како што муслиманскиот воен плен и џизијата се зголемувале, а имало и други извори на богатство, се појавила потреба за благајна, за која бил доделен посебен простор. Меѓутоа, често останувала празна бидејќи хазрети Абу Бакр р.а. секогаш настојувал, штом добие средства, веднаш да ги подели.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Абу Бакр р.а., исто така, воспоставил и институција за интервенции. Иако не била активна во негово време, бидејќи немало такви недоразбирања, предадена е на хазрети Омер р.а..

Хазрети Абу Бакр р.а. воспоставил и институција на шеријатски права, за според нив да носи одлуки, бидејќи разни нови племиња и разни луѓе од различни племиња му се придружувале на исламот, и различни случки се случувале и се поставувале различни прашања или барања за упатства. Поради тоа била основана оваа институција.

Различни структурни и организациони имплементации на хазрети Абу Бакр р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Абу Бакр р.а. воспоставил позиција која може да се спореди со секретар, кој би пишувал разни записи, договори и разни други нешта.

Речено е дека хазрети Абдуллах бин Аркам р.а. и хазрети Заид р.а. ја преземале оваа одговорност во времето на хазрети Абу Бакр р.а..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во времето на хазрети Абу Бакр р.а. не постоела опремена војска, туку муслиманите се сметале за војници во времето на војна.

Војските биле поделени според племињата, секоја со одреден водач. Хазрети Абу Бакр р.а. ги советувал војските и нивните водачи, давајќи им разни упатства.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека исламот е воспоставен во разни регии и дека хазрети Абу бакр р.а. именувал гувернери во овие различни области, а тие имале финансиски обврски во поглед на наплата.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека за овие настани ќе продолжи да зборува во следната хутба.