In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Хазрети Абу Бакр р.а. – Миграција во Абисинија

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде неговиот помагач) рече дека ќе продолжи да зборува за животот на хазрети Абу Бакр р.а..

Ослободувањето на робовите

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде неговиот помагач) рече дека веќе спомнал како хазрети Абу Бакр р.а. ги ослободувал робовите.

Еднаш, хазрети Абу Бакр р.а. поминал покрај робинка од племето Бану Мо’мал, која била стално тепана и на која постојано и кажувале да се одрекне од исламот. Хазрети Абу Бакр р.а., гледајќи го тоа, а сакајќи да ја спаси, ја платил нејзината слобода.

Во друг хадис се наведува дека таткото на хазрети Абу Бакр р.а. еднаш му кажал дека би требало, наместо да ослободува слаби и немоќни робови, да ослободи моќни робови за да го заштитат. Хазрети Абу Бакр р.а. одговорил дека тој само сака да го постигне Аллаховото задоволство.

Забележано е дека следните ајети од Чесниот Кур’ан се објавени во светлината на постапките на хазрети Абу Бакр р.а..

„Оној, кој е (на Божјиот пат) дава и се однесува богобојазливо и ги потврдува најубавите дела, Ние сигурно ќе му дадеме олеснување. А оној кој цицијаши и не му е гајле, и ги одбива најубавите дела, Ние сигурно ќе го воведеме во тешкотии. А       неговиот имот нема да му биде од корист кога ќе биде уништен. Навистина, Ние имаме обврска да упатуваме; и навистина, на  Нас е крајот и почетокот. Затоа, Јас ве предупредувам на огнот пламтечки, во кој ќе влезе само голем несреќник, кој одбива и го врти грбот. А нај богобојазливиот сигурно ќе биде спасен од тоа, кој дава свој имот и бара чистина. И спрема него никој нема услуга која мора да биде вратена, само го бара задоволството на Господарот свој, Возвишениот. И Он сигурно ќе биде задоволен!“

(92:6-22)

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека еден од робовите кој го ослободил хазрети Абу Бакр р.а. бил хазрети Хубааб бин Арад (р.а.). Кожата на грбот на хазрети Хубааб била тврда и грда и луѓето го прашале од кога има таква кожа, на што хазрети Хубааб р.а се насмевнал и рекол дека не се работи за болест туку таква е поради ќотекот што го добивал од неговиот робовладетел поради неговото примање на исламот. На зборовите на робовладетелот да се одрекне од исламот тој како едноставен одговор само ја потврдувал исламската вера, со тоа го налутувал и тој уште повеќе го тепал и го влечел по камења. Хазрети Абу Бакр р.а. тоа не можел повеќе да го поднесе и дал голема свота за неговото ослободување.

Миграцијата во Абисинија на хазрети Абу Бакр р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека едно време хазрети Абу Бакр р.а. имал намера да мигрира во Абисинија. Кога исламот се проширил меканлиите на муслиманите им нанеле голема штета за да ги натераат да го напуштат исламот.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ги советувал некои од раните муслимани да се иселат во Абисинија. Така, единаесет мажи и четири жени се иселиле во Абисинија. После тоа, хазрети Абу Бакр р.а., исто така, се соочил со големи тешкотии и тргнал за Абисинија. По пат сретнал некој кој кажал дека хазрети Абу Бакр р.а. никогаш самиот нема да ја напушти својата татковина, ниту би можел да биде присилен, а потоа ги наброил многуте големи квалитети на хазрети Абу Бакр р.а..

Потоа, истиот човек му кажал дека тој ќе го заштити и двајцата се вратиле во Мека. Кога меканците дознале за ова кажале дека хазрети Абу Бакр р.а. треба да клања во својата куќа, за да нема влијание врз другите.

Хазрети Абу Бакр р.а. клањал само дома, а подоцна во дворот направил мала џамија во која клањал и го учел Чесниот Кур’ан. Врз останатите, кои тоа го гледале и слушале како го учи Чесниот Кур’ан, извршило големо влијание.

Меканлиите, човекот кој го штител хазрети Абу Бакр р.а., повторно го предупредиле дека неговите постапки влијаат на другите и дека треба да му каже на хазрети Абу Бакр р.а. да престане со тоа. Како резултат на тоа, хазрети Абу Бакр р.а. рекол дека повеќе не му е потребна заштита, бидејќи самиот Аллах џ.ш. е доволен како негов Заштитник.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека сите обиди за гасење на исламот се покажале неуспешни. Меканлиите ги бојкотирале Бану Хашим и Бану Муталиб и решиле дека ништо нема да купуваат од нив, ниту ќе им продадат било што, и никаква помош нема да им пружат. Тие, исто така, биле затворени во Ши’б Абу Талиб (Долината на Абу Талиб) каде се соочиле со огромни тешкотии. Но, без оглед колку околностите биле тешки, хазрети Абу Бакр р.а. никогаш не ја напуштил страната на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Римјаните се поразени

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во Чесниот Кур’ан постои претскажување кое вели:

„Римјаните се поразени, во земјата блиска, и тие по својот пораз ќе бидат победници. За неколку години – Аллахова е наредбата пред и после тоа – и тој ден верниците ќе се радуваат (на својата победа).“ 

(30:3-5)

Неверниците сакале Персијците да ги победат Римјаните, бидејќи Персијците бил народ кој ги обожавал идолите. Меѓутоа, муслиманите сакале Римјаните да ги победат Персијците бидејќи Римјаните биле следбеници на Книгата. Во тоа време, Персијците ги победувале Римјаните , но според сознанието примено од Бога, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. претскажал дека на крајот Римјаните ќе ги победат Персијците.

Хазрети Абу Бакр р.а. почнал отворено да го објавува ова претскажување, а неверниците рекле дека, ако хазрети Абу Бакр р.а. верува во тоа, треба да го одреди временскиот период и да ги каже условите за оние кои ќе победат. Хазрети Абу Бакр р.а. рекол пет години, а Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека треба да одреди 3 до 9 години, како што било спомнато во Чесниот Кур’ан. Според тоа, Рим во тој период однел победа.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Абу Бакр р.а. го прател Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. кога тој го проповедал исламот на разни племиња. Секоја година во текот на аџилак, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. имал средба со различни племиња кои се собирале и има ја проповедал верата на исламот, а хазрети Абу Бакр р.а. бил покрај него. Еднаш, племето на Бакр бин Ва’ил дошло на аџилак, и Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му дал инструкции на хазрети Абу Бакр р.а. да го претстави на тоа племе.

Апел за молитвите за Ахмади муслиманите во Авганистан

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. упати апел за Ахмади муслиманите кои живеат во Авганистан. Тие поминуваат низ големи тешкотии, а некои од нив се во затвор. Жените и децата дома се многу загрижени, а мажите, кои се уште не се уапсени, живеат во страв дека наскоро ќе дојдат по нив и дека ќе бидат иселени од своите домови.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да им ги олесни нивните тешкотии.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а., исто така, упати апел за молитва за Ахмади муслиманите кои живеат во Пакистан. И тие се соочуваат со тешки услови а нови инциденти и понатаму се случуваат.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. упати апел да се молиме за целиот свет и за останатите да можат да го препознаат Ветениот Месија а.с..

Нека Аллах џ.ш. го отстрани секое зло и нека светот го препознае својот Создател.

Џенази

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќе клања џеназа во отсуство на неколку членови на Џемаатот.

Ал-Хаџ Абдур Рахман Анин

Ал-Хаџ Абдур Рахман Анин бил бивш секретар на Унур-и-Аммам и Афсар на Џалса Салана во Гана.

’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘

Со високо образование се стекнал во Египет, по што работел како менаџер за разни компании во Гана. Подоцна основал сопствена компанија и бил генерален директор. Бил многу побожен и искрен. Бил примерен во својата служба во Заедницата и на Заедницата и дал примат над световни желби. Секогаш бил подготвен да служи во било кое својство.

Во време на смртта бил на функција во Национален одбор. Бил многу великодушен, не само кон своето семејство туку и кон сите на кои тоа им било потребно. Бил искрен и верен на Заедницата и Халифатот. Редовно го клањал тахаџуд намаз (доброволна молитва пред зора).

Зад него останале сопруга, пет сина и пет ќерки.

Азјааб Мухаммад Али Ал-Јибали

Азјааб Мухаммад Али Ал-Јибали од Јордан, неодамна починал.

’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘

Ахмадијатот го прифатил во 2010 година и на тоа подрачје тој и сопругата биле единствени Ахмади муслимани. Наспроти противењето, по прифаќањето на Ахмадијатот останал непоколеблив. Решително го бранел Ахмадијатот и Халифатот. Имал желба за учење и за пропагирање на пораката. За време на болеста, некои од неговите роднини му кажувале дека се разболел поради примањето на Ахмадијатот и дека би требало да го напушти, но тој се молел Аллах џ.ш. да му подари да умре како Ахмад.

Деен Мухаммад сахиб

Деен Мухаммад сахиб, пензиониран мисионер живеел во Канада.

’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘

Кога имал 11 години бил одведен во Кадијана каде учел кај Мир Мухаммад Ишак сахиб р.а. Подоцна се придружил на Ахмади Џамија, по што служел во разни подрачја на Пакистан, а потоа и на Фиџи. Исто така, служел како секретар за печат во Рабва. Тој имал голем жар за пропагирање на пораката.

Зад него останале сопруга, два сина и три ќерки.

Миан Рафик Ахмад

Миан Рафик Ахмад бил работник во канцеларијата на Џалса Салана.

’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘

Тој дипломирал машинство. Работел во разни институции, по што десет години поминал во Танзанија каде ја извршувал должноста на секретар за финансии. Подоцна, почнал да волонтира во канцеларијата на Џалса Салана, и потоа животот го дал во служба на верата. Преземал одговорност за техничкиот дел на Џалса Салана.

Зад него останале три сина и ќерка.

Некои му кажале дека станот кој му е даден е многу мал, но тој одговорил дека би бил задоволен дури и да треба да живее во шатор. Во своите молитви бил редовен, го сакал Чесниот Кур’ан, бил љубезен и поседувал убави особини. Многу го сакал Халифатот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека забележал оти е многу љубезен, понизен и верен на својата заклетва. Исто така, настојувал да ги максимизира средствата на Заедницата и оптимално трошел од своите средства.

Канита Зафар

Канита Зафар, сопруга на Ансануллах Зафир сахиб, бивш емир на американскиот џемаат.

’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘

Починала во сообраќајна несреќа. Поседувала многу сјајни квалитети. Била многу одадена на Халифатот и имала голема љубов кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и Ветениот Месија а.с..

Зад неа останал сопруг и две ќерки.

И покрај тоа што докторирала била многу скромна. Секогаш се грижела џамијата да биде чиста.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. спрема сите нив да се однесува со прошка и со милост и на нивните потомства да им овозможи да ги следат нивните стапки.