In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Хазрети Абу Бакр р.а. II – Војска за Сирија

По проучениот Шехадет, Та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека ќе продолжи да зборува за животот на хазрети Абу Бакр р.а., посебно за војската која ја пратил во Сирија за да ги сопре непријателите.

Војска пратена во Сирија под управа на хазрети Амр бин Аса р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека четвртата војска која хазрети Абу Бакр р.а. ја пратил била под водство на хазрети Амр бин Аса р.а., со оглед на тоа дека хазрети Амр р.а. одиграл клучна улога во прекинување на побуната која настанала, и поради тоа хазрети Абу Бакр р.а. му дал можност, или да остане во Хуза, или да оди во Сирија за да им помогне на муслиманите.

Хазрети Амр р.а. одговорил дека тој е стрелата на исламот, и дека хазрети Абу Бакр р.а. треба да ја фрли во насока која ја смета за  најдобра.

Хазрети Абу Бакр р.а., на крајот, решил да го прати во Сирија. Потоа, хазрети Амр р.а. отишол во Медина за да формира војска.

Хазрети Абу Бакр р.а. го упатил и поставил камп надвор од Медина за да му се придружат луѓето.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека пред да го испрати, хазрети Абу Бакр р.а. на хазрети Амр бин Аси р.а. му дал упатства дека треба да ги сослуша мислењета на постарите членови кои биле со него, бидејќи не се знае чии совети можат да се покажат како средство за успех.

Забележано е дека војската на хазрети Амр р.а. броела околу шест до седум илјади муслимани кога тргнала кон Палестина.

Хазрети Амр р.а. формирал баталјон од илјада муслимани кои тргнале напред и се бореле со Сириската војска, и победиле. Кога се вратиле со заробениците, хазрети Амр р.а. ги испрашал и дознал дека Сиријците планираат напад на нив.

Потоа, хазрети Амр р.а. подготвил војска и кога Сиријците нападнале, успеале да ги сопрат и потполно да ја уништат нивната војска, нанесувајќи им голема штета.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, откако ја пратил оваа војска, хазрети Абу Бакр р.а. здивнал и бил сигурен дека Семоќниот Аллах ќе им помогне на муслиманите да ги победат Сиријците. Бил задоволен бидејќи оваа војска се состоела од илјада мухаџири и ансарии кои ја докажале својата лојалност и верност, вклучувајќи ги и оние кои учествувале во битката на Бедр.

Обидите на Хераклиј за поттик против муслиманите

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека кога, Хераклиј дознал за подготовката и напредувањето н муслиманите, ги собрал главатарите и со страсен говор ги поттикнал да возвратат и да се борат против муслиманската војска. Откако ги поттикнал Палестинците, Хераклиј патувал по околината и ги поттикнувал луѓето на сличен начин да се борат против муслиманите.

Постојат и други преданија во кои е забележано дека во почеток Хераклиј рекол како треба да се склопи мир со муслиманите, меѓутоа, неговиот народ не се согласил со тоа и затоа тој го собрал и однел во Хомс каде почнал да формира војска. Имал намера да формира војска, со бројност слична како муслиманската, и да се бори со неа.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Абу Убаидах р.а. слушнал како Хераклиј формирал голема војска за борба против неговите сили во Антакија. Потоа хазрети Абу Убаидах р.а. му пишал на хазрети Абу Бакр р.а. и побарал упатство за понатамошните чекори. Хазрети Абу Бакр р.а. одговорил дека и наспроти голем број на Римјаните во Антакија тие се осудени на пораз, а муслиманите на победа.

Тој бил сигурен бидејќи муслиманската војска ја посакувала смртта, исто како што непријателската војска го сакала животот.

Хазрети Абу Бакр р.а. го известил дека ќе прати засилување и не треба да биде загрижен.

Потсетување на Абу Бакр р.а. дека треба да се верува

во Аллах џ.ш.  

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Амр бин Ас р.а. му напишал писмо на хазрети Абу Бакр р.а.. Хазрети Абу Бакр р.а. одговорил дека победите кои му се доделени на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. не биле резултат на зголемен број на војници.

Всушност, во текот на битката на Ухуд муслиманите имале само еден коњ на кој јавал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., но, и покрај ограничениот број и средства, Аллах џ.ш. им помогнал на муслиманите и им подарил победа.

Хазрети Абу Бакр р.а. го потсетил хазрети Амр р.а. дека најголемите Божји следбеници се оние кои ја презираат непослушноста, и затоа тој треба да му остане послушен на Бог.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Језид бин Суфјан р.а., исто така, му напишал писмо на хазрети Абу Бакр р.а. на кое тој одговорил како Аллах џ.ш. им ветил победа на муслиманите, наспроти нивниот мал број.

Исто така, го уверил дека ќе прати додатно засилување  за да не чувствува потреба за уште војници.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Абу Бакр р.а. собрал трупи под водство на хазрети Хашим бин Утбах р.а., кого го пратил за засилување на муслиманите. Тој им одржал говор за да ги охрабри, и кога војската достигнала до илјада војници ја пратил во поход..

Хазрети Абу Бакр р.а. го советувал хазрети Хашим р.а. дека секоја тешкотија која ќе се појави на патот ќе се претвори во еквивалент на добри дела од нивна страна. Хазрети Хашим р.а. рекол дека ќе продолжи да се бори сè додека не стане шехид.

Желбата на хазрети Билал р.а. да учествува во борба

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Абу Бакр р.а. подготвувал друга војска и решил хазрети Са’ид бин Амр р.а. да го постави за нејзин водач. Хазрети Абу Бакр р.а. му дал инструкции на хазрети Билал р.а. да огласи и собере луѓе за да формираат војска. Хазрети Билал р.а. побарал од хазрети Абу Бакр р.а. да му дозволи да биде дел од таа војска.

Хазрети Билал р.а. рекол ако хазрети Абу Бакр р.а. сака да остане со него, тој ќе остане, но хазрети Абу Бакр р.а. рекол дека не сака да го сопира хазрети Билал р.а. во неговата желба за џихад.

Хазрети Абу Бакр р.а. рекол дека можеби повеќе нема да се сретнат се до Ахирет и го охрабрил да продолжи да прави добри дела сè додека е жив и дека за тоа ќе добие одлична награда. Од тие причини хазрети Билал р.а. му се придружил на хазрети Са’ид р.а. и неговата војска тргнала во поход..

Војска пратена под водство на хазрети Хамза бин Аби Бакр Хамдани р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека била формирана уште една војска под водство на хазрети Хамза бин Хамдани р.а., која броела илјада војници. Хазрети Абу Бакр р.а. го упатил да се придружи на било која армија, од претходните кои биле веќе распоредени.

Тој му се придружил на хазрети Абу Убаид р.а..

Војските продолжувале да пристигаат во Медина, а хазрети Абу Бакр р.а. ги праќал останатите да помогнат во засилувањето на муслиманските армии.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека на крајот хазрети Абу Бакр р.а. му дал инструкции на хазрети Халид бин Валид р.а., кој бил во Ирак, да ги предводи силите во Сирија.

Хазрети Абу Бакр р.а. му пишал на хазрети Халид бин Валид р.а. да ги предводи сите муслимански сили, поради неговата умешност во војувањето.

По доаѓањето на хазрети Халид бин Валид р.а. сите муслимани се собрале во Басра и започнале опсада, поради што луѓето се согласиле на условите на џизија во замена за сигурност и мир.

Жестока битка со Римјаните во Ајнадајн

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, потоа, уследиле настани во Ајнадајн.

По победата кај Басра, хазрети Абу Убаидах р.а. тргнал кон Палестина за да му помогне на хазрети Амр р.а.. Хазрети Амр р.а. сакал да се состане со муслиманската војска, меѓутоа, Римјаните го следеле и се обидувале да го поттикнат на борба. Кога Римјаните слушнале дека доаѓаат уште муслимани, отишле во Ајнадајн.

Потоа, хазрети Амр р.а. се сретнал со муслиманската војска по што и  муслиманите тргнале во Ајнадајн и формирале свои редови пред Римјаните. На патот од Дамаск до Ајнадајн хазрети Абу Убаидах р.а. бил нападнат од грб од страна на војската од Дамаск. Тој храбро се борел, и кога хазрети Халид р.а го слушнал тоа се вратил да му помогне да го победи непријателот. Во меѓувреме, повеќе римски сили се собрале во Ајнадајн, а хазрети Халид р.а. наредил сите муслимани да се соберат таму.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Римјаните им предложиле на муслиманите да им дадат некакви подароци, помеѓу другото и облека за да ги одвратат, бидејќи виделе дека муслиманите се сиромашни и без средства.

Хазрети Халид бин Валид р.а. се навредил и отфрлил такво нешто, говорејќи дека тие ќе ги искоренат Римјаните. Хазрети Халид р.а. ги организирал муслиманските редови и на крајот уследила жестока битка. Римјаните претрпеле пораз, и затоа пратиле гласник кај хазрети Халид р.а. за да разговараат за условите на мир.

Во почеток Римјаните тоа го правеле со планови за таен напад. Меѓутоа, гласникот кој го пратиле му рекол на хазрети Халид р.а. за овој план.

Значи, кога хазрети Халид р.а. отишол да разговара со Римскиот цар, римските војници го фатиле. Меѓутоа, како муслиманите биле подготвени за тоа, излегле напред и нападнале, што, како резултат на тоа била смртта на Римскиот цар.

Во оваа битка имало околу 100.000 Римјани и 30.000 муслимани. Биле убиени 30.000 Римјани, а по поразот избегале во разни градови. Хазрети Халид р.а. му пратил писмо на хазрети Абу Бакр р.а. во кое го известил за оваа победа, по што хазрети Абу Бакр р.а. изразил голема среќа и радост.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. објасни, во врска со времето на случувањето на оваа битка, дека биле две големи битки кај Ајнадајн; еднаш во времето на хазрети Абу бакр р.а  во 13-та година по Хиџра, а по втор пат во времето на хазрети Омер р.а..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека за овие настани ќе продолжи да зборува и во следните хутби.