In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Хазрети Абу Бакр р.а. II – Пратениковата гордост

По проучениот Шехадет, Та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека ќе продолжи да зборува за деталите од животот на хазрети Абу Бакр р.а..

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го бира својот заменик

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека врз основа на деталите кои веќе биле преставени за начинот на кој Чесниот Пратеник Мухаммед (саллаллаху алејхи ве селлем) гледал на хазрети Абу Бакр р.а., Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. сакал хазрерти Абу Бакр р.а. да стане негов наследник.

Хазрети Ајша р.а. пренесува дека Чесниот Пратеник Мухаммед (саллаллаху алејхи ве селлем), додека бил болен го побарал хазрети Абу Бакр р.а. да дојде кај него и да запише некои работи.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека се плаши од тоа оти некој друг може да смета дека има право да биде негов наследник, но сепак сметал дека верниците би одбиле било кој друг да го замени, освен хазрети Абу Бакр р.а..

Однесувањето на хазртети Абу Бакр во време на големата клевета

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Абу Хуреира р.а. пренесува оти Чесниот Пратеник Мухаммед (саллаллаху алејхи ве селлем) сонувал дека седи покрај бунар и ја користи кантата да извади малку вода од бунарот. Тогаш го видел хазрети Абу Бакр р.а. како црпи вода од бунарот, но имал тешкотии тоа да го направи, ама сепак Аллах џ.ш. ја покрил неговата слабост.

Чесниот Пратеник Мухаммед (саллаллаху алејхи ве селлем) видел како кантата се претвора во кожа и видел како хазрети Омер р.а. како извлекува вода од бунарот со голема сила.

Ова значело дека овие два верника ќе бидат наследници на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече за време на инцидентот, наречен ’Ифк‘ (Голема клевета), родителите на хазрети Ајша р.а. (т.е. хазрети Абу Бакр р.а.) покажувале голема љубов и почит кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Во текот на овој инцидент тие го следеле Чесниот Пратеник Мухаммед (саллаллаху алејхи ве селлем) во третирањето и однесувањето кон хазрети Ајша р.а..

Во тоа време, со дозвола на Чесниот Пратеник Мухаммед (саллаллаху алејхи ве селлем), хазрети Ајша р.а. отишла во куќата на своите родители и им објаснила дека дознала за големите обвиненија подигнати против неа, а хазрети Абу Бакр р.а. почнал да плаче додека ја слушал и потоа и советувал да се врати во куќата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го цитираше хазрети Мирза Башир-уд-Дин Махмуд Ахмад р.а., кој рекол дека со ваквите клевети противниците сакале да и наштетат на нејзиниот сопруг, Чесниот Пратеник Мухаммед (саллаллаху алејхи ве селлем), и на нејзиниот татко, хазрети Абу Бакр р.а..

Во исто време, непријателите немале никаква корист од клеветите фрлени против хазрети Ајша р.а..

Во исто време, не може да се каже дека другите жени на Чесниот Пратеник Мухаммед (саллаллаху алејхи ве селлем) сакале да се придружат кон клеветите против хазрети Ајша р.а. како би ја оттргнале од љубовта кон неа на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Според зборовите на самата хазрети Ајша р.а., таа рекла дека хазрети Зејнеб р.а. била најжестока во нејзината одбрана и ги осудила овие клевети.

Всушност, кога ги прашале другите жени на Чесниот Пратеник Мухаммед (саллаллаху алејхи ве селлем) за однесувањето на хазрети Ајша р.а., тие кажале само позитивни работи за неа.

Значи, немало никој кој би се осветил поради клеветите на хазрети Ајша р.а., и овие клевети биле само против Чесниот Пратеник Мухаммед (саллаллаху алејхи ве селлем), или да се спречи хазрети Абу Бакр р.а. да стане негов наследник.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека асхабите разговарале помеѓу себе  за тоа дека ако некој има чин да го наследи Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., тоа секако бил хазрети Абу Бакр р.а..

Еднаш, еден бедуин отишол кај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и го замолил да му исполни една негова потреба.

Чесниот Пратеник Мухаммед (саллаллаху алејхи ве селлем) рекол дека треба да се врати како би можел да го исполни неговото барање.

Со оглед на тоа дека бедуините не биле свени каква пристојност треба да имаат кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., овој бедуин го прашал  Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. што би требало да направи ако Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. не биде присутен на местото кога тој ќе се врати.

Чесниот Пратеник Мухаммед (саллаллаху алејхи ве селлем) му одговорил дека ако тој повеќе не е на овој свет да му се обрати на хазрети Абу Бакр р.а..

Залудните обиди на лицемерите со објавувањето на големата клевета

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. објасни дека злонамерното објавување на големата клевета, главниот на лицемерите, Абдуллах бин Убај бин Сулул, настојувал да го спречи развојот на муслиманското царство, и евентуално да застане на чело после смртта на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Сепак, Абдуллах бин Убај бин Сулул увидел дека хазрети Абу Бакр р.а. бил најчеститиот наследник на Чесниот Пратеник Мухаммед (саллаллаху алејхи ве селлем) и дека на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му бил посебно драг.

Видел дека муслиманите, кога немал можност да му се обратат на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., му се обраќале на хазрети Абу Бакр р.а. за било каква помош или совет.

Станувало сосема јасно дека наследник на Чесниот Пратеник Мухаммед (саллаллаху алејхи ве селлем) ќе биде хазрети Абу Бакр р.а..

Сето тоа ги намалило сништата на Абдуллах бин Убај бин Сулул да стане водач. Но сепак, се трудел да го смали хазрети Абу Бакр р.а. во очите на Чесниот Пратеник Мухаммед (саллаллаху алејхи ве селлем), а потоа и кај муслиманскиот народ.

Аллах џ.ш. за тоа, во Чесниот Кур’ан вели:

„Навистина, оние кои изнеле лага се група помеѓу вас. Не мисли дека тоа е зло за тебе; не, тоа е добро за тебе.“

(Чесниот Кур’ан, 24:12)

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го цитираше хазрети Мирза Башир-уд-Дин Махмуд Ахмад р.а. кој објаснил дека во овој ајет Аллах џ.ш. уверува дека оваа клевета нема да им наштети на муслиманите, како што некои мислел и сакале, туку ќе се покаже како корисна.

После овој ајет, во истата сура Аллах џ.ш. говори за воспоставување на Халифат.

Луѓето настојувале да се спречи воспоставување на Халифат и затоа ја клеветеле хазрети Ајша р.а..

Меѓутоа, Аллах џ.ш. изјавува дека Халифатот не претставува само лидерство на овој свет, туку и дека лидерот е поставен од Аллах џ.ш..

Значи, и покрај сите злобни намери и напори на непријателите, воспоставен е Халифат после Чесниот Пратеник Мухаммед (саллаллаху алејхи ве селлем), а првиот на кој му е доделен овој статус ’Халифа’ бил хазрети Абу Бакр р.а..

Решителноста на хазрети Абу Бакр р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го цитираше Ветениот Месија а.с., кој рекол дека хазрети Абу Бакр р.а. имал длабоко разбирање за Чесниот Кур’ан. Останал во сенка на Чесниот Кур’ан и бил различен во разбирањето на Чесниот Кур’ан. Бил гордост на Чесниот Пратеник Мухаммед (саллаллаху алејхи ве селлем) и бил единствен од сите останати кој добил таква љубов од него.

Напуштил сè што имал, и му се посветил на Аллах џ.ш. до таа мера што Божјата светлина била видлива кај него во секоја негова постапка и однесување, и затоа ја добил титулата ’Сиддик’ (Вистинит).

Ветениот Месија а.с. рекол дека Аллах џ.ш. директно го информирал за сите овие ценети особини кои ги поседувал хазрети Абу Бакр р.а..

14-те асхаби на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Али р.а. пренесува оти Чесниот Пратеник Мухаммед (саллаллаху алејхи ве селлем) рекол дека на секој пратеник му биле даден по седум асхаби, додека на него му биле доделени четиринаесет асхаби.

На прашањето кои се тие асхаби Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ги набројал: хазрети Али р.а. и неговите два сина, хазрети Џафер р.а., хазрети Хамза р.а., хазрети Абу Бакр р.а., хазрети Омер р.а., хазрети Мус’аб бин Умаир р.а., хазрети Билал р.а., хазрети Сулејман р.а., хазрети Аммар р.а., хазрети Микдад р.а., хазрети Хузаиф р.а. и хазрети Абдуллах бин Месуд р.а..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Чесниот Пратеник Мухаммед (саллаллаху алејхи ве селлем) го именувал хазрети Абу Бакр р.а. за водач на Хаџџ караванот во 9-та година после Хиџра.

Хазрети Абу Бакр р.а. ја напуштил Медина со 300 асхаби. Чесниот Пратеник Мухаммед (саллаллаху алејхи ве селлем) по него пратил 20 курбани и околу нивниот врат ставил ознаки дека тоа се животни за курбан.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека и во иднина ќе зборува за случувањата од животот на хазрети Абу Бакр р.а..

Џенази

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќе води џеназа во отсуство на неколку членови на Џемаатот.

Мухаммад Давоод Зафар

Мухаммад Давоод Зафар, имам од Велика Британија, кој служел во Раким Пресс (Џемаатска печатница), а починал на 16-ти ноември.

’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘

Служел како мисионер во разни места пред да дојде во Велика Британија, каде бил поставен да служи во Раким Печатницата.

Некое време бил претседател на Заедницата во Исламабад.

После него останале сопругата, три сина и ќерка.

Додека размислувал за тоа да стане мисионер, некои го одвраќале од тоа дека може многу повеќе да заработи доколку најде некоја друга работа. Меѓутоа, тој никогаш не го сменил своето мислење и останал цврст во својата одлука, и покрај финансиските проблеми што ги омал останал непоколеблив во тоа.

Секогаш своите деца ги воспитувал да им помагаат на други и да не создаваат никакви проблеми на другите.

На своите деца им говорел дека сè што постигнал во животот било благодарение на Халифатот и од нив барал да се молат секогаш да биде во состојба да и служи на Заедницата на најдобар можен начин.

Децата секогаш ги советувал да бидат честити и да бидат поврзани со Халифатот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше неговите деца да ги следат советите на нивниот татко.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече луѓето едногласно говореле оти он е радосна личност и дека ги освојувал срцата на другите.

Бил многу стручен во својата работа и имал многу технички вештини.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да му даде прошка и милост, да им подари трпение на неговите деца и да им овозможи да ги продолжат неговите добри дела.

Рукија Шамим Бушра

Рукија Шамим Бушра, сопруга на Карам Илахиј Зафар р.х., кој бил мисионер во Шпанија.

’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘

Била национална претседателка на Ахмадија муслиманската женска заедница во Шпанија.

После неа останале три сина и три ќерки. Нејзиното потомство и служи на Заедницата во различни својства.

Од својата 12-та година имала склоност кон молитвата.

Била многу внимателна и примерна во однос на облекувањето.

Таа, заедно со својот сопруг, претрпела многу тешкотии во текот на првите дена од престојот во Шпанија поради напорите при пропагирањето и пренесувањето на пораката на исламот.

Меѓутоа, како и нејзиниот сопруг, таа останала  непоколеблива и ја задржала довербата во Аллах џ.ш..

Таа, како сметководител, помогнала во изградба на џамија во Шпанија.

Недвосмислено и давала предност на својата вера во однос на светските работи. Таа воспоставила вистински пример за исламот во земја во која, во едно време, било злочин на било кој начин да се зборува за исламот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да и подари прошка и милост, и да и овозможи на нејзиното потомство да ги продолжи нејзините добри дела.

Тахира Ханиф

Тахира Ханиф, ќерка на Заинул Абидеен Валиуллах Схаха и жена на Мирза Ханиф Ахмад, кој бил син на Муслех Мауд р.а..

’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘

Тахира Ханиф била тетка на Халифата.

Нејзиниот татко бил голем научник и напишал коментари за многу хадиси од Сахих ал-Букхари.

Таа служела во Ахмадија муслиманската женска организација во Рабва. Потоа, некое време престојувала во Сиера Леоне заедно со својот сопруг, кој својот живот го дал во служба на Џемаатот.

Била редовна во кланањето на намази, како и нафила. За сите се грижела со голема љубов, ја сакала Заедницата и била искрена и одана на Халифатот. Посебно внимание им обрнувала на сиромашните грижејќи се искрено за нив.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека редовно му пишувала писма, посебно после пратењето на неговите хутби.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да и подари прошка и милост, да и подари место меѓу нејзините најблиски починати и на нејзините деца да им овозможи да ги продолжат нејзините добри дела.