In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Хазрети Абу Бакр р.а. II – Битката на Јамама

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал Фатиха, Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. (нека Аллах биде негов помагач) рече дека ќе продолжи да зборува за животот на Хазрети Абу Бакр р.а. во врска со битката на Јамама.

Учеството на хазрети Умми-Аммарах р.а. во битката на Јамама

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. (нека Аллах биде негов помагач)  рече дека хазрети Умми-Аммарах р.а. е позната како една од најхрабрите муслиманки која учествувала во битката на Јамама. Таа, исто така, учествувала и во битката на Ухуд каде храбро на војниците им носела вода.

Таа ја бранела честа на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и фрлала стрели на оној кој би се обидел да му се доближи.

Во текот на битката на Јамама, хазрети Умми-Аммарах р.а. и била отсечена една рака. Таа раскажувала дека нејзиниот син го убил Мусаилим. Тоа било откако еден од нејзините синови по наредба на Мусаилим бил брутално осакатен и спален кога не го прифатил како пратеник, а го посведочил Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Кога хазрети Умми Аммарах р.а. слушнала за ова се заколнала дека ќе се соочи со Мусаилим и дека, или ќе го убие или ќе биде убиена.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека со дозвола на хазрети Абу Бакр р.а. учествувала во битката на Јамама заедно со својот син Абдуллах. Во текот на битката, го здогледала Мусаилим и тргнала да го нападне. Во меѓувреме некој дошол и ѝ ја отсекол раката, но таа не се поколебала. Кога го кренала погледот видела дека нејзиниот син веќе го убил Мусаилим.

После тоа, хазрети Абу Бакр р.а. стално ја посетувал хазрети Умми-Аммарах р.а. и ја следел нејзината состојба.

Нестрашливоста која ја покажал хазрети Абу Акиил р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Абу Акиил р.а. бил прв кој тргнал во текот на битката на Јамама. Со стрела бил погоден во рамо и ја искорнал, но поради ударот почувствувал слабост. И наспроти тоа, кога слушнал како некој ги повикува Ансариите охрабрувајќи ги за битката, станал и тргнал да се бори. Следела жестока битка во која на Абу Акиилу р.а. му била отсечена раката и претрпел многу удари кои го усмртиле. Додека го земал последниот здив, прашал кој ја изгубил битката. Кога го известиле дека муслиманите победиле, го кренал прстот кон небесата и потоа починал.

Хазрети Абу Бакр р.а. дознава за храброста на муслиманите во текот на битката

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека по завршувањето на битката на Јамама, Маџа’ах бин Марарах отишол кај хазрети Абу Бакр р.а. и го прател во текот на неговата посета на мезарите на шехидите. Му раскажал на хазрети Абу Бакр р.а. каква храброст муслиманите  искажале во текот на битката.

Посебно раскажал за храброста на својот пријател Ма’ан бин Адијј р.а. кој храбро ја врзал црвената ткаенина на главата и бескрајно ги поттикнувал Ансариите на борба. Подоцна, го видел помеѓу убиените шехиди. Кога сето тоа го слушнал хазрети Абу Бакр р.а. се расплачал.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека по битката на Јамама, водачот на Бану Ханифа, под лажен изговор, склопил договор со хазрети Халид р.а.. Тој, тоа го направил за да ги ослободи заробениците од Бану Ханифа.

И наспроти сознанието за оваа измислица, хазрети Халид р.а. сепак го почитувал договорот. Меѓутоа, подоцна, сите од Бану Ханифа ја потврдиле вистинитоста на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и уште еднаш го прифатиле исламот.

Сонот на хазрети Абу Бакр р.а. за идната победа на хазрети Халид бин Валид р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Абу Бакр р.а., откао го пратил хазрети Халид р.а. во Јамама, сонувал како некој му подава некакви урми, и кога изел една сфатил дека тоа не е урма, туку кошпа. Некое време ја џвакал, а потоа ја плукнал. Тој сфатил дека овој сон значи како хазрети Халид ќе се соочи со тежок отпор во Јамама и паднал на сеџда, а потоа се молел за оние кои го изгубиле животот.

Хазрети Абу Бакр р.а. рекол дека не му се допаднал сонот што го сонувал, но знаел дека по тешката битка хазрети Халид р.а. ќе биде победник. Рекол дека хазрети Халид р.а., ако не пристанал на договорот, сите тие луѓе би биле осудени на смрт.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека се пренесува како се убиени 10 000 лицемери, додека другите хадиси зборуваат за 21 000. Што се однесува до муслиманите, забележано е  дека се убиени 500-600 муслимани. Во останатите хадиси забележано се 700, 1200 или 1700. Овие шехиди ги вклучувале и истакнатите асхаби на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и оние кои биле хафизи на Чесниот Кур’ан.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. ги наведе цитатите на Ветениот Месија а.с. и на хазрети Мирза Башир-уд-Дин Махмуд Ахмад р.а., објаснувајќи ги фактите кои довеле до битката на Јамама, вклучувајќи ги и лажните тврдења на луѓето дека се пратеници, како и нивните следбеници кои, не само што станале отпадници, туку и отворено воделе војна против муслиманите.

Како и да е, хазрети Абу Бакр р.а. се соочил со големи предвизвици во текот на својот Халифат. Наспроти сето тоа, тој бил во состојба да ги совлада овие предизвици и да ги порази оние кои ја кренале побуната, и бил во состојба да ја одржи честа на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и Халифатот кој го наследил.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека поглавјето за лицемерите сега е завршено и дека во идните хутби ќе продолжи да зборува за други настани.