In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Хазрети Абу Бакр р.а. II – Борба пртов лицемерите

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал Фатиха, Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. (нека Аллах биде негов помагач) рече дека ќе продолжи да зборува за животот на Хазрети Абу Бакр р.а. и за неговата борба против лицемерите по смртта на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Храброста на Зеид бин Хаттаб р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. (нека Аллах биде негов помагач) рече дека знаменосците на разни баталјони покажале висок стандард на храброст.

На пример, Зеид бин Хаттаб р.а. ги повикал муслиманите без страв да се борат и се заколнал дека нема да прозбори сè додека непријателот не биде поразен, или тој самиот биде убиен. По тоа, тој и бил убиен.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Зеид бин Хаттаб р.а. бил брат на хазрети Омар бин Хаттаб р.а., бил меѓу првите муслимани кои го прифатиле Ахмадијатот, учествувал во битката на Бедр како и во подоцнежните битки. Загинал во битката на Јамама, откако храбро се борел и убил истакнати членови од редовите на војската на Мусаилим.

Кога хазрети Омер р.а. дознал за смртта на Зеид, рекол дека неговиот брат го надминал во две добри дела; прво, пред него го прифатил исламот, а друго, пред него станал шехид.

Мусаилим бега во текот на битката на Јамама

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во битката на Јамама, Мусаилим и неговата војска цврсто стоеле и дека било решено као битката нема да заврши сè додека Мусаилим не биде убиен.

Потоа, хазрети Халид р.а. ги повикал луѓето во војската на Мусаилим и тоа е еден по еден на двобој, и еден по еден ги убивал. Потоа, хазрети Халид р.а. го повикал и самиот Мусаилим на двобој, и бидејќу хазрети Халид р.а. го победил Мусаилим избегал, а неговите луѓе го следеле.

Хазрети Халид р.а. пак ги повикал муслиманите и тие нив да ги следат и така ги прогонувале. Лицемерите се засолниле во една градина која муслиманите ја опколиле. Муслиманите не можеле да го најдат патот во градината и хазрети Бара бин Малик р.а. предложил да се прекачи  преку ѕидот на градината и од внатре да ја отвори вратата. Иако муслиманите одбивале да го пратат, бидејќи тој бил постар истакнат асхаб, на негово инсистирање сепак пристанале. После тоа, тој тоа го направил и хазрети Бара бин Малик р.а. храбро се изборил да ја отвори вратата.

Ваши опишува како го убил Мусаилим

Муслиманите се бореле и поразиле многу лицемери, а Ваши фрлил копје кон Мусаилим, и тоа било истото копје кое го употребил при убиството на хазрети Хамза р.а. во битката на Ухуд.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека постојат различни извештаи за тоа кој навистина го убил Мусаилим, и дали тоа бил заеднички напор.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека откако Ваши го убил хазрети Хамза р.а., и по некое време го прифатил Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Кога отишол кај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. тој го прашал како го убил хазрети Хамза р.а.. По тоа, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му рекол на Ваши ако е можно повеќе да не доаѓа пред него. Подоцна, во текот на битката на Јамама, Ваши добил прилика да го убие Мусаилим и да се искупи за убиството на хазрети Хамза р.а..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во идните хутби ќе продолжи да зборува на оваа тема.

Апел за молитви поради сè поголема суровост кон Ахмади муслиманите

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. апелираше Заедницата да се моли за Пакистан; каде ситуацијата, генерално, е во неред, меѓутоа, исто така, се зголемуваат и тешкотиите на Ахмади муслиманите. Прогонот продолжува да расте и сега започнале и со ексхумација на гробовите.

Исто така, Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го сврти вниманието кон молитвите за Ахмади муслиманите во Алжир и Авганистан.

Џеназа

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќе клања џеназа во отсуство на неколку џематлии.

Насеем Махди

Насеем Махдибил мисонер и син на Ахмад Кхан Насеем сахиб.

’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘

После него останале сопруга, четири сина и две ќерки.

Служел како мисионер во Пакистан и Швајцарија. Некое време служел како приватен секретар во Лондон. Потоа, бил стациониран во Канада каде служел како емир и главен мисионер.

После тоа бил преместен во САД и служел како главен мисионер. Повторно бил стациониран во Швајцарија, но по советот од лекар му било предложено да одмара, на што Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го советувал да се погрижи за своето здравје и кога ќе заздравее да се врати во службата на џемаатот, за да болеста не напредува.

Во текот на неговот живеење во Канада, купени се 24 хектари земја за Баит-ул Ислам Џамија и за мисионерска куќа, а многу Ахмади муслимани во тоа време се преселиле во Канада.

За неговиот мандат основани се џамии во Торонто и Калгари. Основана е и Џамија Ахмадија Канада, а тој, исто така, дал голем придонес за воспоставувањето на МТА за Северна Америка.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да ја прифати неговата служба.

Поседувал многу доблести како семеен човек и како мисионер. Никогаш не дозволувал да слушне нешто против Заедницата. Несебично запознавал луѓе, им служел и бил исклучително гостољубив.

Се погрижил посебно внимание да му даде на учењето на салаватите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Своите деца ги советувал истото да го прават, зборувајќи дека ако оваа молитва се прими и сите останати ќе бидат прифатени.

Еднаш, додека бил во Швајцарија, една жена го прифатила Ахмадијатот и подоцна отишла во Рабва за да присуствува на Џалса Салана. Додека била таму ја посетила куќата на неговата мајка бидејќи сакала да ја запознае жената чиј син е толку интелигентен, што за кратко време научил толку многу јазици.

Своите деца ги советувал да го учат Чесниот Кур’ан и да размислуваат за неговото значење, бидејќи тоа ги отвора вратите на благословите. Со голем труд ги подготвувал дарсовите за Чесниот Кур’ан во месецот Рамазан. Бил решителен во воспоставувањето на пријателството и односите кои потоа ги користел за добробит на Заедницата.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Маша’Аллах Насеем Махди навистина ја имал оваа особина во себе и по неговата смрт многу луѓе кои не се Ахмади муслимани изразиле сочувство.

Добил и орден на Онтарио кој се доделува на личноста која ќе постигне голем успех во било која област. Тој тајно им помагал на оние на кои им била потребан помош, за да истите не се почувствуваат засрамени. Имал голема љубов кон Халифатот.

Исто така, имал клучна улога во востанувањето на селото Мира. Многу луѓе преку трудот на Насеем Махди оформиле љубов кон Заедницата и Халифатот.

Додека бил во САД пружал услуги во ширењето на пораката на исламот на Ахмадијатот преку различни медиуми, а исто така, учествувал во основањето на мисионерската куќа во Мексико.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да му подари прочка и милост, да ја воздигне неговата положба, да му подари место меѓу саканите, подари трпение на неговото семејство и да им овозможи да продолжат со неговите добри дела, како и да останат лојални исто онака како што тој го живеел животот на верноста.

Мухаммад Ахмад Сахахрам

Мухаммад Ахмад Сахахрам починал на 16 години во Рабва.

’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘

Го сакал Халифатот, секогаш бил насмеан и сите го сакале. Бил активен во разни активности на Заедницата. Тој, исто така, бил Муси.

После него останле мајка и две сестри.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да им подари трпение.

Салима Камар

Салима Камр, жената на Рашид Ахмад р.х..

’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘

Нејзиниот татко служел како Садр Умооми и како главен во библиотеката на Халифата.

Исто така, ја имала честа првата ноќ да ја проведе во Рабва.

Салима Камар Заедницата на Заедницата и служела во различни својства.

Била честита и верна на молитвата. Била исклучително верна на Халифатот и имала високи морални стандарди.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да и подари прочка имилост, да ја воздигне нејзината положба и на нејзиното потомство да им овозможи да ги наследат нејзините добри дела.