In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)
Related Contents from Topics

Хазрети Абу Бакр р.а. – Совршена верност

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде неговиот помагач) го проучи следниот ајет од Чесниот Кур’ан:

„Ако на (Пратеникот) вие не му помогнете, па Аллах (исто така претходно) му помогнал кога неверниците го истерале (од татковината) во таква состојба кога тој бил еден од двата кога и двајцата биле во пештера, кога тој на својот другар му кажал:

’Не тагувај, навистина Аллах е со нас‘.

Тогаш Аллах ја спуштил Својата смиреност на него, и го помогнал со војски кои вие не сте ги виделе и го понизил зборот на оние кои не верувале, а едино Алалховиот збор е горе. И Аллах е Моќен (и) Мудар.“

(9:40)

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде неговиот помагач)  речe дека ќе продолжи да зборува за патувањето на хазрети Абу Бакр р.а. со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. до пештерата Савр.

Спомнатиот ајет е објавен токму поради тоа.

Не тагувај, Аллах е со нас      

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, додека неверниците стоеле пред пештерата, хазрети Абу Бакр р.а. се загрижил дека ќе го најдат Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. видел колку хазрети Абу Бакр р.а. е загрижен, го уверил со зборовите:

„Не тагувај, Аллах е со нас.“

Трагачот рекол дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. не можел да помине преку таа точка и дека би требало да погледнат во пештерата. Меѓутоа, Умајјах бин Кхалаф рекол дека мрежата и дрвото, кои биле на отворот на пештерата, се тука уште од пред времето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и како тогаш тој може да е внатре?

Потоа, решиле да не гледаат во пештерата и заминале.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека според друг хадис, кога хазрети Абу Бакр р.а. на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му ја изразил својата загриженост, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. одговорил:

„Не сме сами, бидејќи Аллах е третиот меѓу нас.“

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го цитираше Мирза Башир-уд-Дин Махмуд Ахмад р.а. кој рекол дека, дури и во ситуација кога непријателите биле пред пештерата и требало само да погледнат внатре, со што би ги нашле, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. бил решителен во довербата дека Аллах џ.ш. е со нив.

Всушност, неговата доверба во Аллах била џ.ш. толку цврста што ја отстранил и загриженоста на хазрети Абу Бакр р.а..

Совршената верност на хазрети Абу Бакр р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го цитираше Ветениот Месија а.с., кој рекол дека во таквите тешки времиња хазрети Абу Бакр р.а. на вистински начин ја покажал својата лојалност и верност.

Меѓу асхабите, во тоа време, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го одбрал хазрети Абу Бакр р.а. да биде покрај него и да го прати во тие тешки времиња. Ова е направено преку Божјо знаење кое на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му го дал Семоќниот Аллах, известувајќи го дека хазрети Абу Бакр р.а. е најдобрата личност која може да го прати.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го цитираше Ветениот Месија а.с. кој рекол дека, додека неверниците разговарале пред пештерата, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го тешел и уверувал хазрети Абу Бакр р.а.. Меѓутоа, тоа не го правел со знаци и гестикулации за да не бидат чуени од надвор, туку, неговата доверба во Аллах џ.ш. била толку одлучна што тие двајцата гласно разговарале во пештерата, знаејќи дека Аллах џ.ш. ќе ги заштити.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, според планот, синот на хазрети Абу Бакр р.а. ја посетувал пештерата Савр и ги пренесувал вестите од Мека. Потоа би се врќал во Мека, а неговите траги ги покривале Амир бин Фухаир и неговото стадо овци.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и хазрети Абу Бакр р.а. во пештерата Савр останале три дена.

Награда за оние кои ќе го фатат Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рекол дека Меканлиите биле неуспешни во потрагата по Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., и затоа огласиле награда од стотина камили за оној кој ќе го доведе Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., жив или мртов.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, како што било претходно планирано и договорено, после три  дена Абдуллах бин Ураикит довел три камили во пештерата и тие во текот на ноќта од пештерата тргнале кон Медина.

Продолжување на патувањето за Медина

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. јавал на камила која ја викале ал-Касва. Додека патувале, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. погледнал во правец на Мека и рекол:

„О Мека, ти си ми најмила, но твојот народ не ми дозволува да останам овде.“

После тоа, хазрети Абу Бакр р.а. рекол:

„Овие луѓе сигурно ќе страдаат бидејќи го протераа својот пратеник. “

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, кога стигнале до местото наречено Јухва, Аллах џ.ш. го објавил следниот ајет од Чесниот Кур’ан:

„Навистина, Оној кој те обврза со Кур’анот сигурно ќе те врати во местото на враќање. Ти кажи: ’Мојот Господар најдобро знае за оној кој доаѓа со Упат, а, исто така, и оној кој е во очигледна заблуда’.“

(28:86)

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека патувале цела ноќ, а утредента, во попладневните часови се запреле во некоја ладовина, и таму хазрети Абу Бакр р.а. го замолил Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. да се одмори, и тој го прифатил предлогот и полегнал. Хазрети Абу Бакр р.а. зел малку млеко го освежи Пратеникот с.а.в.с..

Меканлиите неуспешни во своите настојувања да го заробат Чесниот Пратеник Мухммед с.а.в.с.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека поради наградата која била ветена доколку го приведат Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., жив или мртов, многу меканлии трагале по него.

Еден од трагачите бил и Сурака бин Малик. Тој, во една прилика толку се доближил до Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с што можел да го чуе што тој учи.

Претходно, за да донесе одлука дали да оди да го следи и фати Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. тој извлекувал стапчиња, и извлекол стапче кое било против следењето, но тој не обрнал внимание на тоа и продолжил со потрагата.

Сурака бин Малик кога го забележал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. почнал брзо да јава кон него, меѓутоа, во таа брзина копитата на коњот пропаднале во песокот и тие не можеле да се извлечат. Тоа било уште еден знак дека неговата мисија нема да биде успешна. Поради тоа, го повикал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и му рекол дека нема да му нанесе никаква штета. Објаснил дека почнал да трага по него само поради ветената награда, но било очигледно дека се случувале знаци кои го одвраќале од тоа.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го ислушал трагачот и му рекол дека може да си замине и дека не треба никому да кажува за нивната локација.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека и во иднина ќе продолжи да зборува за случувањата од животот на хазрети Абу Бакр р.а..

Молитви за Нова година

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. кажа дека Новата година почнува утре. Тој се помоли Аллах џ.ш. да ја благослови и оваа Нова година за Заедницата и за нејзините членови. Заедницата да биде заштитена од сите зла и да се отстранат сите завери против оваа Заедница. Да бидеме меѓу оние кои се сведоци на исполнувањето на ветувањата кои Аллах џ.ш. му ги дал на Ветениот Месија а.с..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во оваа Нова година треба да се влезе со молитви. Треба да се клања Тахаџуд намаз (доброволен намаз пред зората), и многу џамии се трудат тоа да го организираат. Оние кои не го планирале тоа сега треба да го реализираат. Ако тоа не е можно во Џемаатот, тогаш луѓето треба да клањаат Тахаџуд намаз поединечно во своите домови.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека покрај Салаватите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. (саллаллаху алејхи ве селлем – sallallahu alejhi ve sellem) и Истигфар (барање на прошка) треба да се учат и следните дови:

  • РАБЕННА ЛАА ТУЗИГ КУЛУБЕНАА БА’ДА ИЗ ХАДЕЈТЕНАА ВЕ ХАБЛЕНАА МИЛЛЕДУНКЕ РАХМЕН. ИННЕКЕ ЕНТЕЛ ВЕХХАБ.

(RABBENAA LAA TUZIG KULUBENAA BA’DA IZ HADEJTENAA VE HABLENAA MILLEDUNKE RAHMEH. INNEKE ENTEL VEHHAB.)

„Господару наш, не дозволувај нашите срца да станат искривени откако Ти не упати; и поддај ни ја Својата милост; сигурно си Ти еден голем Давател.“

(3:9)

  • РАББЕНА-ГФИРЛЕНАА ЗУНУУБЕНАА ВЕ ИСРАФЕНАА ФИИ ЕНРИНАА ВЕ СЕББИТ АКДААМЕНАА ВЕНСУРНАА АЛЕЛ КАУВМИЛ КААФИРИИ.

(RABBENA-GFIRLENAA ZUNUUBENAA VE ISRAFENAA FII ENRINAA VE SEBBIT AKDAAMENAA VENSURNAA ALEL KAUVMIL KAAFIRIIN.)

„Господару наш, прости ни ги нашите гревови и престапи во оваа наша работа, и зацврсти ги чекорите наши и помогни ни против неверничкиот народ.“

(3:148)

Џенази

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќе клања џеназа во отсуство на неколку членови на Џемаатот.

Малик Фароок Ахмад Кхокхар

Малик Фароок Ахмад Кхокхар од Мултан, починал на 18-ти декември.

’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘

Бил син на Малик Умар Али Кхокхар сахиб, а мајка му била Саједа Нусрат Јахан Бегум сахиба, ќерка на Мир Мухаммад Исхаак сахиба. На Заедницата во Мултан и служел во различни својства.

После него останале сопруга, син и пет ќерки.

Бил исполнет со љубов и внимание. Редовно клањал Тахаџуд намаз. Редовно помагал на сите кои имале потреба од било каква помош.

Бил многу гостопримлив и гостољубив. Целото семејство го сакале  и почитувале. Татко му починал кога бил млад, после што водел грижа за целото свое семејство.

Бил дела од свитата за време на миграцијата на Четвртиот Халифа р.х., од Пакистан во Лондон. Давал голема парична помош на членовите на семејството, иако не биле Ахмади. Многу го сакал Халифатот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да се однесува кон него со прошка и милост, а на неговите деца да им даде трпение и да ги продолжат своите добри дела и во иднина.

Рахматуллах сахиб

Рахматуллах сахиб од Индонезија.

’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘

Од своето стапување во Џемаатот, па се до неговата смрт, тој давал големи услуги.

После него останале сопруга, три деца и шест внучиња.

Еднаш, во сон го видел Ветениот Месија а.с., што го навело да го прифати Ахмадијатот. Наспроти заканите од противниците тој жестоко и храбро го бранел Ахмадијатот.

Бил многу великодушен, послушен и многу го сакал Халифатот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да се однесува кон него со прошка и милост, а на неговите деца да им овозможи да ги продолжат своите добри дела.

Ал-Хаај Абдул Хамеед Таак

Ал-Хаај Абдул Хамеед Таак од Кашмир, починал на 24 декември.

’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘

Тој бил муси. Бил многу побожен, љубезен и бил сакан од сите. На Заедницата и служел во разни својства. Одиграл витална улога во основањето на училишта и џамии.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да се однесува кон него со прошка и милост, и да ги зацврсти добрите дела кај неговото потомство.