In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Хазрети Абу Бакр р.а. II – Најмилиот асхаб

По проучениот Шехадет, Та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека ќе продолжи да зборува за деталите од животот на хазрети Абу Бакр р.а..

Хазрети Абу Бакр р.а. – мил пријател на Чесниот Пратеник с.а.в.с.

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека Чесниот Пратеник с.а.в.с. додека живеел во Мека, доаѓал во куќата на хазрети Абу Бакр р.а. еднаш до два пати дневно. Еднаш, ког аго прашале кој од мажите му бил најмил на Чесниот Пратеник с.а.в.с. одговорил дека тоа е хазрети Абу Бакр р.а. Во друга прилика, Чесниот Пратеник с.а.в.с. рекол дека хазрети Абу Бакр р.а. е најдобар меѓу луѓето освен ако не се појави пратеник.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека еднаш Чесниот Пратеник с.а.в.с. рекол дека луѓе со висок статус другите ги гледаат како ѕвезди на небото, а хазрети Абу Бакр р.а. и хазрети Омер р.а. се меѓу оние кои другите ги гледаат токму на овој начин.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во времето на последните денови во болеста Чесниот Пратеник с.а.в.с. рекол дека никој друг не бил толку љубезен кон него. Ако можел некого да направи за свој халил (пријател) тогаш тоа би бил хазрети Абу Бакр р.а. Потоа Чесниот Пратеник с.а.в.с. наредил да се затворат сите прозорци кои гледаат на џамија освен прозорецот на хазрети Абу Бакр р.а.

Братот во овој и во следниот живот

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во една прилика Чесниот Пратеник с.а.в.с. рекол дека тој е од хазрети Абу Бакр р.а. и дека хазрети Абу Бакр р.а. е од него и дека и двајцата се брќа и на овој и на идниот свет. Исто така се пренесува да кога Чесниот Пратеник с.а.в.с. седел со асхаби никој од нив не гледал директно во него. Меѓутоа, хазрети Абу Бакр р.а. и хазрети Омер р.а. го гледале Пратеникот с.а.в.с. а Чесниот Пратеник с.а.в.с. гледал во нив и се насмевнувал.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека еден ден Чесниот Пратеник с.а.в.с. тргнал во џамија а хазрети Абу Бакр р.а. и хазрети Омер р.а. биле од двете страни и тој ги држел за рака. Чесниот Пратеник с.а.в.с. рекол дека тие токму така ќе бидат на Судниот ден.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека се пренесува дека Чесниот Пратеник с.а.в.с. рекол дека секој пратеник има двајца намесници на небесата Џибраил и Микаил, а неговите намесници на Земјата се хазрети Абу Бакр р.а. и хазрети Омер р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Чесниот Пратеник с.а.в.с. одел на врвот на планината Ухуд и дека го пратиле хазрети Абу Бакр р.а. и хазрети Омер р.а. и хазрети Осман р.а. Планината почнала да се тресе и Чесниот Пратеник с.а.в.с. рекол:,,Ухуд, биди мирен, бидејќи никој освен Пратеник, вистинскиот  (Сидик) и двајца шехиди не стојат на тебе,,.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека постојат десет луѓе познати како Ашара Мубашара на кои Чесниот пратеник с.а.в.с. им ја дал радосната вест за Џеннетот, меѓу кои се наоѓал и хазрети Абу Бакр р.а. хазрети Халифатул месих објаснил дека иако овие луѓе му се блиски на Чесниот Пратеник с.а.в.с. не биле единствени на кои им била дадена радосна вест за Џеннетот, и всушност имало 25 асхаби на кои им била дадена оваа радосна вест. Потоа, тука с еи оние кои учестввуале во битката на Бедр и Баи’ат-и-Ризван, и на нив им била дадена радосна вест за Џеннетот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече вели дека Чесниот Пратеник с.а.в.с. еднаш рекол како Џибраил му ја покажал врата низ која неговиот народ ќе влегува во Џеннет. Кога ова го слушнал, хазрети Абу Бакр р.а. рекол дека сака и тој да е таму за да може да ги види тие врати. Чесниот Пратеник с.а.в.с. одговорил дека хазрети Абу Бакр р.а. ќе биде прв кој ќе влезе на таа врата.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека и во иднина ќе продолжи да зборува за овие настани.

Џенази

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќепредведува џеназа на следните починати џематлии.

Абдул Басит бил Емир (национален претседател) на Ахмадија муслиманска зедница во Индонезија. Тој отпатувал во Рабва во Пакистан во 21 година од животот за да студира на Институтот за јазиците и теологија. Откако дипломирал, служел како мисионер во Тајланд, а потоа во Индонезија. Вкупен период на неговата служба е 40 години. Зад него останле сопруга, три сина и две ќерки.

Неговата сопруга вели дека тој во секој момент му давал предност на џемаатот и сите упатства кои доаѓале од Главниот Центар секогаш ги извршувал. Тој давал предност на едноставноста и се консултирал со административно тело секогаш кога требало да донесе одлука. Многу го сакал Халифатот и бил многу внимателен во својата работа. Бил многу точен во доаѓањето во канцеларија и ако од било која причина не можел да дојде на време секогаш однапред ги известувал службениците. Ког аодел кај членовите во посета земал подароци за деца. Дури и кога бил вознемирен, имал на ум и ги земал во предвид чувствата на другите и секогаш се обидувал да им помогне на другите во нивното подобрување.

Наспроти болеста, се трудел неговата работа да не биде оштетена. Кога зборувал, тоа го правел на начин сите да можат да го разберат и луѓе од различни средини, и сите се чувствувалепријатно во разговор со него. Исто така имал добри пријателски врски со луѓето надвор од Заедницата вклучувајќи ги и избраните званичници кои го сметале за национална фигура. Дури и оние кои не биле Ахмади кажале дека преку неговиот пример научиле како треба да се следи и сака Чесниот Пратеник с.а.в.с. Наспроти тоа што Заедницата се соочувала со тежок прогон, тој сето тоа го поминувал со љубов и сочувство. Секогаш покажувал голема лојалност  и искреност спрема Халифатот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече се молел Аллах да му подари милост и прочка, да го воздигне неговиот статус и Аллах да продолжи на Заедницата да и подарува такви мисионери и работници. Хазрети Халифатул Месих рекол дека секогаш го сметал за несебичен и послушен и рекол дека мисионерите во Индонезија посебно, а мисионери ширум светот треба да го земат за пример. Ова не се приказни од далечно минато, туку пример од сегашноста.

Заинаб Рамзан сопругата на Јусуф усман, мисионерот од Танзанија. Таа била многу побожна и праведна. Била љубезна кон своите комшии и се грижела за сиромашните. Била на чело на финансиско давање и давање услуги на другите. Неколку години се борела против ракот. Зад неа останале три сина и три ќерки. Хазрети Халифатул Месих се молел Аллах да и подари милост и прочка.

Халема Бегум, жена на шеикот Абдул Кадеера, дервиш од Кадијана. Била редовна во клањањето на намаз и постот, била побожна и поседувала висок морал. Се додека здравјето и дозволувало, децата од Кадијана ги подучавала на Чесниот Кур’ан. Била многу гостопримлива и полсушна кон Халифатот. Зад неа останале три ќерки и син. Хазрети Халифатул Месих се молел Аллах да и подари милост и прочка.

Маиле Анееса од Кирибатиј. Била прва муслиманка во Кирибатиј. Некако нашла пример на Чесниот Кур’ан и наспроти тоа што тој дел од светот било тешко да с енајде било каква книга. Читањето на Чесниот Кур’ан имало длабоко влијание на неа и дури веднаш почнала да носи марама. Во рок од година дена од нејзиното прифаќање на исламот, хазрети Халифатул Месих IV (рх) пратил Ахмади мисионер на овој остров.

Таа била позната низ целиот остров како единствена муслиманка. По доаѓањето на мисионерот го прифатила Ахмадијатот и почнала да му служи на исламот. Нејзината вера била многу силна, а нејзината муслиманска облека станала извор на ширењето. Наспроти тоа што луѓето ја исмејувале, па дури и пцуеле, никогша не се поколебала. На место на кое сите исламот го гледале како нешто негативно, таа стоела високо и цврсто и ја бранела верата. То аимали длабоко влијание на тие околу неа вклучувајќи ги и политичарите кои помогнале во регистрација на џемаатот, нешто што порано го одлагале поради противењето.

Иако и се противеле и ја советувале против тоа, синот го пратила да студира во Ахмадија Медреса. Додека бил таму добил маларија и починал. Луѓето доаѓале и и зборувале дека то апокажува како исламот е лажен, меѓутоа, таа и нејзините останати деца не дозволувале да ги одвратат. Зад неа останале три ќерки и син. Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече х се молел Аллах д аим подари трпение и да им овозможи да му служат на АХмадија исламот како што тоа го правела нивната мајка.

Нека Аллах го благослови семето кое го всадила и нека Аллах му подари на џемаатот такви храбри, примерни жени кои се предани во ширењето на верата. Нека Аллах подари такви мајки кои направиле поголема правдина во пропагирањето на вера повеќе дури и од самите мисионери. Нека Аллах и подари милост и прочка и нека ја воздигне нејзината положба.