In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Рамазан II – Обука за верниците

По проучениот Шехадет, Та’уза и сура Ал Фатиха, Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. (нека Аллах биде негов помагач) рече дека Рамазан дошол и верниците се обидувале да ги добијат рамазанските благослови.

Сега, за неколку дена Рамазан завршува.

Крајот на Рамазан не значи и крај на одговорноста

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. (нека Аллах биде негов помагач) рече дека вистинскиот верник секогаш има на ум дека со завршувањето на Рамазан не завршуваат наши обврски.

Всушност, доаѓањето на Рамазан треба да ни го сврти вниманието кон исполнувањето на должностите и на начинити на кои ги исполнуваме. Иако месецот на постот завршува, за нас ова е почеток должностите да ги извршуваме на најдобар начин.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ако останеме несвесни за начинот како да ги исполниме своите должности и одговорности по Рамазан, тогаш Рамазан нема да го доживееме на начин на кој не подучил Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Се пренесува дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. еднаш рекол како два петока, или два рамазана, стануваат средство за искупување на гревовите направени помеѓу, сè додека личноста се воздржува од правењето на тешки гревови.

Треба да имаме на ум дека не барање прочка за грешките, исто така, може да не доведе до тоа гревот да стане поголем, и тогаш барањето прочка е многу важно. Ако остатокот на годината не го проведеме на овој начин, нема да имаме, во вистинска смисла, корист од Рамазан.

Довите не се ограничени на ниту еден месец

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека сме среќни што Ветениот Месија а.с. ги објаснил работите и не научил да ги исполнуваме должностите спрема Аллах џ.ш. и Неговите суштества. Всушност ни дал упатства како д аги живееме своите животи, и ако го следиме ова упатство, тогаш ќе чекориме кон се поголема доброта ии праведноста; патека која води од еден рамазан до друг.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во текот на месецот Рамазан е зголемено вниманието кон клањањето на фарз намаз. Меѓутоа, клањањето на фарз намаз не е ограничено само на Рамазан.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го цитираше Ветениот Месија а.с., кој рекол дека пропуштање на намазот е еднакво на неверувањето и припишување на партнер на Аллах џ.ш..

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека на Судниот ден првото прашање кое на луѓето ќе им се постави ќе биде прашањето за нивните намази.

Значи, затоа се придава толкава важност кон клањањето на намаз, нешто што не е ограничено само на месец Рамазан.

Постигнување на задоволството со извршување на молитвите

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Ветениот Месија а.с. објаснил како навистина можеме да имаме корист од молитвата; таква молитва која ја зголемува љубовта кон Аллах џ.ш..

Стално треба да се трудиме да ја постигнеме оваа состојба и задоволството во молитвата. Не треба тоа да го правиме само кога ќе се појави проблем, и само тогаш да одиме во џамија и верно да клањаме во одредено време. Таква молитва не може да донесе никаква корист, ниту само молитва во текот на Рамазан може да биде корисна.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го цитираше Ветениот Месија а.с. и рече дека одредени луѓе сметаат оти намазот е како данок кон кралот; сметаат дека тоа е нешто на што сме присилени. Меѓутоа, реалноста е дека молитвата е за лична корист. Молитвата, всушност, е љубов; кога човекот ќе ја развие љубовта кон Аллах џ.ш. и Неговото обожавање тогаш навистина може да има корист и да најде задоволство во молитвата.

Меѓутоа, причината зошто луѓето тоа не можат да го зацврстат е таа што молитвата станала обичен ритуал лишен од било каква вистинска емоција. Клањајќи на таков начин не наоѓаме никакво задоволство во тоа.

Реалноста е поинаква, Аллах џ.ш. на луѓето им подарил способност за пронаоѓање задоволство во сè, вклучувајќи ја и молитвата.

Значи, намазот не е данок, туку нешто во што некој може да најде поголемо задоволство одошто во било што друго. Несреќен е оној кој не наоѓа задоволство во намазот, а како може да се најде задоволство ако се нема вистинско разбирање за Аллах џ.ш..

Зошто луѓето се молат без концентрација

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Ветениот Месија а.с. навел дека причината зошто луѓето клањаат намаз без внимание е тој што не се свесни за благодатта и задоволството во намазот. Наместо тоа, откако ќе се слушне езан, има такви кои без волја одат да клањаат намаз, само за да им покажат на другите за она што го прават. Тоа е, затоа што никогаш не го виделе, ниту го искусиле задоволството кое се наоѓа во молитвата.

Оние кои наоѓаат повеќе задоволство и утеха во спиењето, кога е време за молитва, не се свесни за вистинското задоволство и удобноста кои се наоѓаат во намазот.

Затоа, мораме и да се молиме да го доживееме задоволството во молитвата.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. даде пример кој го навел Ветениот Месија а.с..

Ветениот Месија а.с. рекол дека алкохоличарот го бара своето задоволство во опивањето, и така продолжува да пие сè додека не ја постигне целта.

Постои некој вид на духовно пијанство и задоволство во молитвата, но личноста мора да продолжи да се моли за да сето тоа се пронајде и оствари.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека постојат и оние кои клањаат намаз, но и понатаму прават грев и зло.

Ветениот Месија а.с. рекол дека таквите луѓе клањаат празни молитви само од навика и тоа го прават како ритуал.

Вистинската молитва го елиминира злото, затоа не треба само да се молиме за своите световни потреби, туку треба да се молиме за постигнување на доброта и духовен напредок.

Како што некој стално го бара лекот за својата болест, така стално треба да се моли нивните слабости да се отстранат и да се постигне духовен напредок.

Важноста на довата во текот на намазот

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека вистинската суштина на ибадетот е намазот.

Ветениот Месија а.с. рекол дека мораме да клањаме намаз онака како што го клањал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., а тоа е да се молиме на својот јазик по изговарањето на пропишаните дови на арапски.

Овие денови луѓето го упропастиле намазот, во брзање го клањаат намазот, потоа, остануваат да седат за да ги кренат рацете и да се молат по намазот.

Меѓутоа, вистинската суштина на намзот е самиот намаз. Не може да се моли само по завршувањето на намазот. Каква корист од некого кој стои пред кралот на судот, а ништо не зборува, и штом ќе го напушти кралството има потреба од него.

Значи, нашите молитви и дови треба да се упатуваат во текот на самиот намаз.

Не клањајте намаз во брзање

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. не научил како да се молиме.

Еднаш Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. од еден човек побарал три пати да го повтори намазот, и на крајот човекот кажал дека не знае поинаку да клања. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека на почетокот на намaз треба да го велича (текбир)  Аллах џ.ш., потоа да ја учи сура Ал-Фатиха и уште еден дел од Чесниот Кур’ан, и после тоа руку да го направи исправно и смирено, а не во брзање.

Потоа, треба понизно да стои, да падне на сеџда, целосно да се исправи, а не во брзање, и повторно да падне на сеџда.

Некои луѓе ова го прават толку во брзање што целосно не се исправуваат по првата сеџда.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. не научил дека намазот треба да се клања со големо внимание, а не со брзање.

Спојување на еден Рамазан со следниот преку Чесниот Кур’ан

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека уште еден начин на спојување на еден Рамазан со следниот е насочување на учењето на Чесниот Кур’ан.

Ветениот Месија а.с. рекол дека зборот ’Кур’ан‘ во себе носи големо претскажување, а тоа е дека само оваа Книга е достојна за читање и ќе дојде време кога ќе стане уште поважно цврсто да се држиме читајќи ја оваа Книга.

Всушност, тоа ќе биде време кога сите останати книги ќе се оставаат, а единствено книгата за која луѓето ќе размислуваат и ќе ја читаат ќе биде Чесниот Кур’ан и со тоа сето зло во светот ќе биде елиминирано.

Значи, Ветениот Месија а.с. рекол дека оваа Заедница треба да стане потполно посветена на Чесниот Кур’ан и на неговото учење, бидејќи всушност, во тоа се наоѓа нашата победа и ниту една темнина не може да се спротивстави на неговата светлина.

Одржувањето на верата во овие околности

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Ветениот Месија а.с. советувал дека во овие околности верата треба да се задржи. Постојат луѓе кои го прифаќаат исламот, но се презафатени од световните работи. Тоа не значи дека не треба да се занимаваме со световни работи; асхабите, исто така, работеле и биле успешни, но тоа го правеле задржувајќи ја својата вера.

Тогаш, не треба целосно да му се препуштиме на световен живот. Постојат луѓе кои постојано се загрижени за верата, која е најдобра работа, како што Чесниот Кур’ан ни налага:

„О вие кои верувате! Сакате ли да ви укажам на трговија која ќе ве спаси од болната казна.“

(Чесниот Кур’ан, 61:11)

Така, најдобриот вид на работа е дело на верата, на кое треба да му се даде предност над сите останати. Секако, дека можеме да се молиме и за световен успех, но не по цена на верата и не дозволувајќи шејтанот да победи.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Ветениот Месија а.с., во врска со одржувањето на духот на Рамазан во текот на цела година, рекол дека луѓето мора и понатаму да бидат љубезни и трпеливи со другите.

Луѓето ја гледаат слабоста во другите и како резултат на тоа почнуваат да се однесуваат од високо и со презир. Меѓутоа, реално би требало да се молиме за таквите луѓе, да бидеме љубезни со нив и да се обидеме да им помогнеме, а не да ги презираме.

Наместо тоа, треба да ги прикриеме нивните грешки и да се обидеме да им помогнеме. Вистинската заедница настанува кога луѓето се љубезни едни кон други и ги прикриваат грешките едни на други. Оваа добрина, внатре во заедницата, би требало да биде поголема од братската љубов.

Преубавото братство и другарство помеѓу асхабите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., кое тој го востановил, не би можело да се постигне дури и огромно богатство да било потрошено на тоа.

Ова е истото друштво кое Ветениот Месија а.с. сакал да го воспостави во оваа Зааедница.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го цитираше Ветениот Месија а.с., кој рекол дека на нашата Заедница не и се потребни луѓе кои се толку силни што и планини можат да креваат, бидејќи тоа не е вистинската сила.

Вистинската сила е способноста да се развие моралната состојба. Човекот мора да ја има моќта да го контролира својот бес и непријателство.

Ветениот Месија а.с. рекол дека не сака некој од неговата Заедница да гледа од високо на друг, и да се смета себе си за поголем од другите.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека службениците на Џемаатот посебно треба да бидат внимателни со сите да зборуваат љубезно и благо. Значи, никој не треба да се гледа како помал од било кој друг.

Семоќниот Аллах вели:

„Навистина, најчесниот меѓу вас, кај Аллах е оној кој е нај богобојазлив меѓу вас“.

(Чесниот Кур’ан, 49:14)

Да се остане обединет и да се покаже љубов спрема Семоќниот Аллах.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека еден од начините на одржување на рамазанскиот дух е љубезноста на еден кон друг и елиминација на непријателството.

Ветениот Месија а.с. не советувал дека мораме да бидеме обединети, и тоа е една од причините зошто заедно стоиме во намазот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. прокоментира дека само поради моменталните околности во светот во намазот стоиме одвоено едни од други. Меѓутоа, како што светот се враќа во нормала, така и начинот на кој стоиме во намаз ќе се врати на нормално, бидејќи џемаатската молитва подразбиреа стоење раме покрај раме.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го цитираше Ветениот Месија а.с., кој рекол дека за да воспоставиме Аллаховото единство на земјата мораме да Го осознаеме, а за да го осознаеме, мораме да ја покажеме љубовта кон Него. Ако едноставно кажете дека нешто е благо, тоа не го прави благо, туку практично мора да биде благо. Значи, зборовите мора да бидат испратении со делата.

Значи, не само нашите зборови, туку и нашите дела треба да ја покажат нашата љубов спрема Аллах џ.ш. и Неговто единство.

Онака како што Ибрахим а.с. рекол, треба да се поднесе секоја жртва и да се остане решителен без оглед на сите тешкотии кои ќе не задесат и да се остане верен и предаден на Аллах џ.ш..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека секој ден треба да се трудиме да бидеме поблиску до Аллах џ.ш. со молитвата, учењето на Чесниот Кур’ан, исполнувањето на должностите на едни кон други и желбата за воспоставување на Аллаховото единство. Всушност, нашата вистинска цел е воспоставување на Аллаховото единство, кое било крајна цел за доаѓањето на Ветениот Месија а.с..

Ако тоа не го разбираме, тогаш нашиот Баи’ат не ни носи никаква корист. Човекот не може да биде успешен во животот сè додека не ја досегне љубовта кон Аллах џ.ш., а не може да ја постигне љубовта кон Аллах џ.ш. сè додека не ги следи учењето и праксата која ја востановил Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека мора да се реформираме. Мораме да ги практикуваме лекциите кои сме ги научиле во текот на Рамазан и да ги продолжиме во текот на целата година. Ако продолжиме согласно со упатствата кои ни ги дал Ветениот Месија а.с. тогаш ќе станеме тие кои ја исполнуваат целта на нашиот Баи’ат.

Апел за молитви

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. ги советуваше сите да се молат за ситуацијата во светот.

Некои земји кои создаваат непријателство едни кон други нека Аллах џ.ш. им подари разум и нека го сопре патот кон уништувањето. Ова може да се постигне кога ќе се препознае Создателот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече не посоветувал да се молиме за Ахмади заробениците ширум светот, во Пакистан, Авганистан, Алжир и други места.

Нека Аллах џ.ш. им ги подобри условите.

Џеназа

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќе клања џеназа во отсуство на неколку џематлии.

Абдул Баки Аршад

Абдул Баки Аршад бил претседател на Ал-Ширкатул Ислаијјах УК. Починал на 27 април.

’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘

Бил правнук на хазрети Миана Чараг Дина р.а., асхаб на Ветениот Месија а.с.. Некое време живеел во Саудијска Арабија каде ги служел Ахмади мислиманите кои доаѓале на аџилак, и да починат.

Поради својата вера бил заробен во Саудијска Арабија. Му била понудена слобода во замена да се одрекне од верата, но тој тоа го отфрлил.

Во Велика Британија служел во Џемаатот во различни својства, вклучувајќи ја и работата како секретар за финансии и како национален претседател (Емир).

Зад него останале два сина и две ќерки.

Бил многу несебичен и со голема понизност работел.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека одлично и служел на Заедницата сè до своите последните денови.

Му бил потполно послушен на Халифатот и ги исполнувал сите инструкции кои ги добивал од Халифата.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да му подари милост и прочка и неговото потомство да остане верно на Џемаатот.