In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Целта на Рамазан II – Да се биде Божји роб

По проучениот Шехадет, Та’уза и сура Ал Фатиха, хазрети Халифатул месих (нека Аллах биде негов помагач) го проучи следниот ајет:

„А кога Моите робови прашаат за Мене, навистина Јас сум блиску. Јас одговарам на молитвата на молителот кога Ме повикува. Затоа, тие треба да одговорат на Мене и да веруваат во Мене, за да бидат упатени.“

(2:187)

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека со Аллаховата милост го поминуваме месецот Рамазан. Тоа е месец во кој молитвите се примаат, бидејќи Аллах џ.ш. најавил дека со Неговата милост, посебно во текот на овој месец, молитвите се примаат. Човекот, во текот на овој месец се обидува да го постигне Аллаховото задоволство и да ги постигне Неговите благослови, дури, и да се воздржуваме и од храната и пиењето.

Како што Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека Аллах џ.ш. го известил оти вратите на Џеннетот се ширум отворени, а вратите на Џехенемот затворени, а шејтанот е окован во овој месец.

Значи, во овој месец навистина можеме да ја постигнеме Аллаховата близина, и, ако не ја искористиме оваа прилика ќе бидеме во голема загуба.

Чиј шејтан е окован во текот на Рамазан?

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека сигурно во текот на овој месец постојат и такви кои прават гревови. Тогаш, кога се вели дека шејтанот е окован во текот на овој месец, е само начин на кој Аллах џ.ш. не предупредува дека, ако се воздржуваме дури и од дозволеното (т.е. храна и пијалаци), поради Него, тогаш Аллах џ.ш. ги оковува шејтаните за таквите луѓе и ги зема под својата заштита.

Како што Ветениот Месија а.с. вели, кога ја смалуваме физичката исхрана, тоа ни дава прилика да ја зголемиме духовната исхрана. Инаку, цел ден да се остане гладен нема цел ако тој чин не е пропратен со напорите за зголемување на духовноста.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека мора да го разбереме овој принцип и своите животи да ги водиме на ист начин, како што е и целта на Рамазан.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ајетот кој го проучил на почеток на хутбата е еден од ајетите кои зборуваат за важноста и обврските во текот на месец Рамазан. Оние, за кои се зборува во овој ајет, се оние кои се ’слуги на Милостивиот Аллах‘ кои сакаат да се ослободат од шејтановите канџи и да дојдат по заштита на Аллах џ.ш..

Значи, Аллах џ.ш. рекол кога таквите луѓе се во состојба на тешкотии и страв и се прашуваат каде, и како, можат да го пронајдат Аллах џ.ш., ѝ, им се кажува дека Аллах џ.ш. ќе се јави кога ќе Го повикаат.

За таквите луѓе шејтанот е окован во месецот Рамазан, и таквите напори не би требало да бидат ограничени на овој месец, туку би требало да станат траен дел од човечкиот живот во текот на целата година.

Кога луѓето ќе ја исполнат должноста кон Аллах џ.ш. и Неговите суштества, и кога ќе настојуваат да ги исполнат Аллаховите заповеди и да го постигнат Неговото задоволство, тогаш ќе откријат дека Аллах џ.ш. одговара на нивните молитви.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека се среќни оние кои ќе го искористат Рамазан, и приликата која тој ја дава, за примање на нивните молитви. Треба да се молиме да станеме вистински Аллахови слуги, да ги испоплниме Неговите наредби и да ја надополниме својата вера.

Среќни сме што го примивме Имамот на ова време и вистинскиот слуга на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., Ветениот Месија а.с..

Тој не научил како да му се доближиме на Аллах џ.ш. и на начините на кои да ја водиме молитвата.

Дова – прво средство за успех

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го цитираше Ветениот Месија а.с., кој рече дека вистинското средство за успех е молитвата. Ветениот Месија а.с., исто така, рекол дека пред молитвата треба да се искористат способностите кои Аллах џ.ш. ни ги дал и максимално да се трудиме, а потоа да му се молиме на Аллах џ.ш..

Тоа е значењето на зборовите ’Упати не на правиот пат‘.

Одредени луѓе велат дека, ако се молиме нема потреба од било какви средства или напори, бидејќи молитвата, во суштина, е средство за усвојување на повеќе средства. Треба да се молиме за да бидеме меѓу оние кои му се искрено верни на Аллах џ.ш. во своите постапки и верувања.

Ние треба да тежнееме да бидеме оние чии постапки го привлекуваат Аллаховото задоволство, и оние чија вера е целосно непоколеблива. Тие  веруваат дека Аллах џ.ш. може правото да го претвори во злато и злите луѓе да ги претвори во духовни луѓе кои чекорат по Неговиот пат.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Аллах џ.ш. навел принцип во Чесниот Кур’ан кој вели:

„А оние кои се борат на Нашиот пат – Ние сигурно ќе ги упатиме на патишта Наши. А Аллах навистина е со оние кои добро прават.“

(Чесниот Кур’ан, 29:70)

Овој месец Рамазан е секако прилика да се тргне во овој џихад, да се свртиме спрема Аллах џ.ш. и да му станеме блиски на Возвишениот Аллах, оние чии дови Он ги услишува, оние кои се прдржуваат на Неговите наредби, оние кои потполно му веруваат на Неговите својства, оние кои вистински се водени и оние за кои шејтанот засекогаш е окован. Постигнувањето на сето ова, секако, ја бара истрајноста на Аллаховиот пат.

Исполнете ги условите за постигањето на Аллаховата близина

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го цитираше Ветениот Месија а.с., кој рекол дека не може да се постигне Аллаховото задоволство и близина со мрзеливост и без труд, туку е потребен вистински напор.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече како многу луѓе му пишуваат дека се молеле, но целта не ја постигнале.

Таквите луѓе мора да видат дали навистина преземале потребен напор во молитвата. Потоа, мора да направат анализа на начинот на молитвата, бидејќи Аллах џ.ш. вели дека оние кои вистински се борат на Неговиот пат, кои се трудат да дојдат до Неговата близина и искрено настојуваат да ги исполнат Неговите наредби, тогаш Он сигурно ги услишува нивните молитви.

Нашата истрајност не смее да остане ограничена на месецот Рамазан

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во хадисот стои оти ако одиме спрема Аллах џ.ш., Он ќе трчи кон нас. Ова е Аллаховата милост и благослов, меѓутоа, ние навистина мораме да се трудиме за оваа цел. Не треба да си ветуваме како ќе клањаме намаз и ќе правиме добри дела во текот на месецот Рамазан, но тогаш ќе заборавиме на сите тие нешта сè до крајот на годината.

Ако Аллах џ.ш. види како човекот се моли и труди само во месецот Рамазан, тогаш може да се однесува со нас како сака.

Сигурно, Он секогаш може да ги услиши нашите молитви за да ја искусиме Неговата милост и благослов и да бидеме мотивирани и да продолжиме да се бориме на Неговиот пат. Аллах џ.ш. сака да не земе под својата милост. Неговата среќа за нас е поголема од среќата на мајката за своето дете. Затоа, пред да се пожалиме дека нашите молитви не се услишани, мораме да се анализираме себе си и нашиот труд.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека трудот во џихад со цел постигање на Аллаховото задоволство, исполнувањето на Неговите наредби и целта да станеме Негови вистински робови, никогаш не смее да се намали. Всушност, Рамазан треба да биде прекртетница во овој џихад.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, како што Ветениот Месија а.с. објаснува оти ако некој не се труди да зачекори на Аллаховиот пат, тогаш ќе падне во крилото на шејтанот и ќе стане изопачен. Значи, не само дека во горе наведените ајети се наоѓаат радосни вести, туку постои и предупредување да останете заштитени од шејтанот.

Трудот мора да биде испратен со молитва

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. објасни дека Ветениот Месија а.с. рекол како во внатрешноста на човечката природа постојат различно фази во животот. Постојат успони и падови. Меѓутоа, по падот верникот искрено му се обрнува на Аллах џ.ш. во покајание и бара прочка од срамот, и потоа станува решителен во настојувањето на Аллаховиот пат. Затоа е потребна истрајност и цврста решителност. Додека ги вложуваме овие напори и се молиме, треба да ја повторуваме молитвата ’Упати не на правиот пат‘ бидејќи оваа молитва е од витален значај човекот да биде исправно воден.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. објасни дека дури и во световна смисла луѓето мора да настојуваат да го постигнат тоа што го посакуваат од светот.  Кога се борат и се упорни, Аллах џ.ш. ги дава своите благослови и тие се во состојба да ги остварат своите цели. Истото важи за духовното подрачје. Ако човекот се труди за светот, зошто тогаш да не настојува да ја постигне Аллаховата близина и Неговото задоволство. Ако за тоа се труди и бори, тогаш Аллах џ.ш. сигурно за напорите ќе ги даде своите благослови за да се досегне целта. Не може само да се бара а да не се вложи напор. Ова е основен принцип кој се однесува на сите работи.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека кога човекот ќе му се обрне на Аллах џ.ш., Аллах џ.ш. ќе му се обрати нему. Меѓутоа, мора да се вложи максимален труд. Тогаш кога вистински ќе се потрудиме сигурно ќе ја здогледаме Аллаховата светлина. Не треба да се обесхрабруваме, како што е случај во обид било што да постигнеме. Вратат на Аллаховата близина и задоволство се отворени, но бараат напор да се постигнат.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека не можеме да очекуваме дека Аллах џ.ш. има обврска да прифати сè што ќе посакаме. Дури и во световна смисла, ако земеме во предвид сè што сакаме ќе откриеме дека многу работи се невозможни.

Зошто тогаш истото ограничување не би го примениле и на Аллах џ.ш.?

Тогаш мора да веруваме во Аллах џ.ш., што значи исполнување на должноста кон Него и Неговите суштества; тогаш можеме да најдеме прифаќање во очите на Аллах џ.ш..

Ако постојано не ги негуваме растенијата, тие ќе свенат. Така е и со нашата вера.

Трудете с ена сите можни начини да го постигнете Аллаховото задоволство

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во истрајноста спрема Аллах џ.ш. мора да внимаваме нашето верување на било кој начин да не биде изгнасено со припишување на партнер на Аллах џ.ш..

Слично на тоа, ако ги погледнеме примерите на асхабите р.а. се прашуваме дали тие својот статус го досегнале само со молитвата? Нè; всушност тие биле подготвени своите животи да ги дадат за Аллах џ.ш. и заради Него да поднесат било која жртва.

Значи, не можеме да очекуваме да постигнеме било какво ниво во очите на Аллах џ.ш. без да се бориме и да бидеме истрајни на Неговиот пат. Мораме да се трудиме, не само со зборовите, туку на секој начин да го постигнеме Аллаховото задоволство и близина. Некои сметаат дека молитвата е вообичаена работа, додека таа, всушност, е многу повеќе. Само зборовите не можат да се сметаат за молитва, вистинската молитва бара постигање на некој вид на смрт спрема нивото на вашиот труд.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека по досегањето на одредено ниво во врска со Аллах џ.ш., човекот не мора да нагласува неговите световни обврски да се исполнат, бидејќи Аллах џ.ш. тој човек го зема во својата заштита и му ги исполнува потребите. Меѓутоа, постигањето на ова ниво бара голем напор.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да ни помогне да бидеме во можност да ги исполниме овие потреби и Рамазан да ни биде прилика да воспоставиме цврста врска со Него, исполнувајќи ги Неговите заповеди целосно верувајќи во Него и да ни овозможи да ги видиме примери на прифаќањето на молитвите. Нека ова се прошири и надвор од Рамазан.

Да станеме вистински Аллахови слуги; никогаш да не скршнеме од Аллаховиот пат, и да бидеме приматели на неговата љубов. Да досегнеме праведна наклонетост која Аллах џ.ш. ни ја доделил со прифаќањето на Ветениот Месија а.с..

Нека Аллах џ.ш. ни овозможи да клањаме на начин кој може да направи нашите дови да бидат прифатени.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. повторно упати апел за молитви во светлина на моменталната ситуација во светот. Тој молеше Аллах џ.ш. да го спаси светот од уништување и на луѓето да им овозможи да го препознаат својот Создател.

Покренување на веб страница зa 313 Асхаби

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќе покрене нова веб страна и мобилна апликација која ја изработила MTA Internacional, а која се состои од хутбите на Хузур а.т.б.а. во врска со 313 асхаби кои учествуале во битката на Бедр.

Веб страница ги содржи описите на овие асхаби, прашања и одговори, мапи, објаснувања на тешки арапски зборови и секоја недела ќе се поставуваат нови информации. Веб страницата е

/ www.313companions.org /.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше оваа веб страница да биде од корист за сите нас.