In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Доаѓањето на благословениот месец Рамазан

Денешната хутба во петок ја одржа Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде неговиот Помошник) во Баит-ул Футух џамијата во Лондон. После учењето на тахаџуд и на сура Фатиха, Хузур кажа дека инша Аллах за три до четири дена ќе започне благословениот месец Рамазан. Бидејќи деновите се подолги станува се потешко, посебно во топлите краишта. Наспроти тоа, постот е задолжителен за сите здрави возрасни  личности. Во одредени околности постојат повластици за луѓето кои не треба да постат, на пример, во топлите краишта за работниците и во некои други посебни услови. Исто така, во некои држави во кои денот трае 22 или 23 часа, вечерта трае само два часа и тоа не претставува вистински мрак. Значи, во таквите џемаати кажано е својот сехур и ифтар да го усогласат со сехурските и ифтарските времиња во околните држави. Значи, на тој начин нивниот пост ќе трае 18-19 часа. Ако не постои оваа наредба, тогаш, ќе нема време да се изврши тахаџуд, сабах намаз и јација намаз. На тој начин треба да се усогласат сите џемаати.

Постот е еден од темелните столбови на исламот и луѓето треба да постат. Хузур кажа дека биле поставени некои прашања во врска со постот, и тоа за времето на сехур, времето на ифтар, патувањата, болестите итн. Со Аллаховата милост, стотици илјади муслимани од многу муслимански секти, или оние кои не се муслимани, му се придружуваат на Џемаатот. Останатите муслимански секти имаат различни мислења во врска со прашањата на фикха. Кога овие луѓе му се придружат на Џемаатот, тие бараат детални објаснувања и бараат одговори на прашањата бидејќи пред тоа имале поинакви погледи и пратиле различни коментари и учења во поглед на фикха. Тоа може да го отстрани немирот и збунетоста во нивните умови. Тука се и оние кои се од различни вери а кои ни се придружија. Тие учат сè од почеток и важно е да ги научат главните столбови на исламот.

Ветениот Месија а.с. бил пратен ’само како судија‘ и ’избраниот судија‘. Тој морал да прави одлуки за сите прашања кои биле поставени за основите на исламот. Тој ги разработил овие прашања и ни донел конкретни решенија. Мораме да се повикаме на Ветениот Месија а.с. за да ги добиеме одговорите на сите проблеми и прашања кои се појавуваат и за да достигнеме повеќе знаење за основите на исламот. Хузур рекол дека тој денес ќе ги разработи прашањата во врска со постот, со изреките, фетвите и мислењето за нив од страна на Ветениот Месија а.с.. Не треба да заборавиме дека во ова време погледите на Ветениот Месија а.с претставуваат конечна одлука во врска со прашањата кои се однесуваат на шеријатот. Треба да запомниме дека најважното начело на исламот е таква (правдина). Ветениот Месија а.с. рекол: „Постете искрено и потполно поради Семоќниот Аллах.“

Понекогаш децата прашуваат зошто ние го започнуваме Рамазан  или зошто Бајрам го славиме друг ден за разлика од останатите муслимани? Не постои таква заповед. Ние тоа не го правиме намерно, и секогаш не е неопходно тоа да биде друг ден. Постоело време кога тие работи сме ги славеле на ист ден. Во Пакистан и во другите земји со муслиманско мнозинство одборот за посматрање на Месечината го најавува забележувањето на Месечината и за тоа постојат сведоци, и во таквите држави ние Ахмади муслиманите исто така го започнуваме и го завршуваме Рамазан, и го славиме Бајрам во согласност со тоа.

Меѓутоа, во западните земји не постои посебен одбор ниту службена објава од власта за тие работи така што зависиме непосредно од посматрањето на Месечината. Ако нашето сметање е неправилно и ако Месечината се воочила порано, Рамазан можеме да го започнеме порано доколку имаме праведен сведок. Просто кажано, дека започнуваме со постот со не ахамди муслиманите без да се појави млада Месечина е неточно. Хузур спомнал дека Ветениот Месија а.с. во својата книга Сурма Кашам Арја пишувал за ова. Ветениот Месија а.с. не го отфрлил научното пресметување бидејќи тоа е исто така дел од научното знаење но исто така ја спомнал и важноста на вистинското посматрање на Месечината. Ветениот Месија а.с. вели дека: „Аллах се обидел наредбите на верата да ги направи полесни покажувајќи им го на луѓето јасниот и правиот пат, одошто нештата да ги направи потешки или комплицирани.“ Хузур понатаму објаснил оти е неточно дека од одборот за посматрање на Месечината зависи дали полумесечината ќе се појави на 29-от ден или на 30-от ден. Ние дополнително треба да се ослониме на вистинското посматрање на Месечината. Дури Хузур спомнува оти Ветениот Месија а.с. спомнал дека не треба да ги пратиме само пресметките и претпоставките. Грешки можат да се случат. Јасно е дека не смееме да се ослониме само на науката туку дека треба и да ја посматраме Месечината. Важно е да се види младата Месечина. Ако некој се обиде и не ја здогледа, тогаш може да се ослони на пресметките. Човекот исто така треба да има на ум дека периодот на постењето не треба да биде подолг од 30 дена. Ветениот Месија а.с. вели дека „Вистинското посматрање има надмоќ над пресметките. Научниците во Европа всушност сметаат дека е најдобро да сведочиме на младата Месечина. Тие направиле за набљудување на таквите случувања.“

Понекогаш е можно да направиме грешка. Ветениот Месија а.с. не запознал со таа ситуација. Пријателот од Сиалкот го запрашал Ветениот Месија а.с. дали Рамазан во тоа место започнал ден подоцна, во четврток, а требало да започне во среда бидејќи Месечината се забележала повеќе во среда одошто во четврток. Сега што треба да се направи кога ќе се пропушти еден ден од постот? Ветениот Месија а.с. рекол дека треба да постиме уште еден ден после месецот Рамазан.

Тука е проблемот на извршување на сехур. Потребно е пред постот да се извршува сехур. Чесниот Пратеник с.а.в.с. го наредил истото. Чесниот Пратеник с.а.в.с. советувал дека ’човекот треба да јаде сехур пред почетокот на постот бидејќи во сехурот се наоѓаат благослови‘. Ветениот Месија а.с. и неговите следбеници јаделе сехур и тој за гостите бил посебно подготвуван. Хазрети Сахибзада Мирза Башир Ахмад Сахиб р.а. пишува дека Мунши Зафар Ахмад сахиб во една прилика пишувал за да му каже кога ќе доаѓа во Кадијана да спие во соба до Масјид Мубарак. Еднаш јадел сехур кога Ветениот Месија а.с. дошол и го запрашал дали тој јаде леќа со шаппати (леб сличен на сомун)? Ветениот Месија а.с. го повикал организаторот и го прашал дали е тоа храна која на сехур треба да им ја понудиме на пријателите? Потоа му кажал дека треба да ги запраша оние кои постат што би сакале да јадат на сехур и тогаш тоа и да се подготвува. Организаторот отишол и дошол со храна која нив им се допаѓала. Веќе завршиле со јадењето и езанот започнал. Ветениот Месија а.с. рекол: „Не грижи се и јади бидејќи повикот за молитва (езан) денес започнал порано.“

Во поглед на тахаџуд и извршувањето на сехур со Ветениот Месија а.с. Хазрети Мирза Башир Ахмад сахиб р.а. раскажал дека Мир Мухаммад Исмаил Сахиб р.а. рекол дека во 1895 година целиот месец Рамазан го поминал во Кадијана и извршувал теравија и тахаџуд намаз покрај Ветениот Месија а.с.. Ветениот Месија а.с. го извршувал витр намаз во раниот период на ноќта и правел 8 рекати тахаџуд подоцна во ноќта, делејќи ги и двата на два дела. Учел ајетул курсија на првиот рекат и сура Ихлас на вториот рекат. Исто така го учел и Ја Хајјо Кајјум би рахматика астагхеес на руку и на сеџда.

Учел на начин за да јас јасно го слушнам. Тогаш правел сехур по тахаџуд и сè јадел додека езанот не завршил. Хазрети Мирза Башир Ахмад Сахиб р.а.рекол дека не постои поврзаност помеѓу езан и сехур. Времето на езанот се базира на времето на зората. Кога ќе забележиме дека поминала зората треба да престанеме со сехур. Чесниот Пратеник с.а.в.с. рекол: „Езанот кој го учел Билал р.а. не треба да ве сопре во извршувањето на сехур туку завршете со сехур кога ќе го слушнете езанот на Ибн‘е‘Мактоум р.а. кој повикува на молитвата.“ Ибн-е-Мактоум бил слеп и езанот го учел во зори кога слушнал дека луѓето прават врева.

Хазрети Мирза Башр-уд-Дин р.а. наведува дека во 1903 година др. Халифа Рашид-уд-Дин сахиб и неговата жена р.а. дошле во Кадијана на четири дена. Ветениот Месија а.с. им донел храна за сехур (Кашмир паратам-слично на тенок сомун) и ги послужил. Тогаш го слушнале езанот и Ветениот Месија а.с. рекол дека во Чесниот Кур‘ан Аллах кажал:

„Јадете и пијте се до сабах и сè додека белата нишка не биде одвоено од црната нишка (ноќ).“

(2:188)

Ветениот Месија а.с. рекол дека луѓето треба да јадат и во текот на езанот и рекол дека оној што повикува на езан денес започнал порано.

Човекот може да ужива во храна но треба да постои умереност и баланс. Аллах во Чесниот Кур‘ан вели:

„Постот е задолжителен за да ги олесни работите на верниците и да ги отстрани тешкотиите. Некој кој мисли дека во Рамазан треба да остане гладен, всушност, ги навредува наредбите на Чесниот Кур‘ан. Вистинската храна е духовната храна која на душата и ја заменува храната која преставува задоволување на човековото ’јас‘. Треба да сте сигурни дека сфаќате како постите и јадете усогласено. Се случува и понекој на крајот на Рамазан да добие на тежина наместо да ослаби. Сосредоточеноста на некои луѓе е на храната и на тоа да го наполнат стомакот наместо да се сосредоточат на Рамазан. Тие во текот на Рамазан претерано се задоволуваат со мрсна храна и со благи работи. Тоа ги намалува благословите на Рамазан. Постои наредба да земаме суфур (појадок) и ифтар бидејќи тие се благословени. Треба да се јаде добра храна но умерено. Постот во болна состојба и во текот на патувањето е забранет. Мирза Јакуб бег сахиб се вратил од пат во времето на Аср (икиндија) намаз и Ветениот Месија а.с. му кажал да го прекине постот. Исто така, кога бил запрашан за постот за време на болест тој рекол дека ние веруваме како треба да ги искористиме овие олеснувања. Тие кои велат: ’ако болниот и патникот можат да постат, треба да постат‘. Ветениот Месија а.с. рекол: „Јас не сметам дека ова тврдење е точно.“ Мохајј-уд-Дин Ибн Араби не сметал дека е во ред додека патуваме или додека сме болни да постиме но човекот тој пост треба да го надоместиме подоцна. Ветениот Месија а.с. им дозволувал на поединци да постат додека престојувале во Кадијана. Тој постот не го дозволувал на денот на патувањето. Кога Џалса се одржувала во текот на Рамазан на гостите им бил сервиран сехурл. Ветениот Месија а.с. не го одобрувал постот додека се патува но го дозволувал на оној кој често ја посетувал Кадијана. Ако луѓето планираат да престојуваат на едно место повеќе од три дена, тогаш треба да постат. Ако е помалку од три дена тогаш треба да бидат ослободени од пост.

Кога Шеик Мухаммед Чаито дошол во Кадијана, Ветениот Месија а.с. го прашал дали пости и му кажал дека, бидејќи е на патување и дека е многу стар, треба да го прекине постот. Ветениот Месија а.с. рекол дека послушноста на ослободување кое го дава Чесниот Кур‘ан е исто така дел од богобојазливоста. Земајќи ги во предвид болните и патниците, Ветениот Месија а.с. рекол дека е грев да се пости додека се патува или пак додека човекот е болен. Суштината е во тоа да ги следиме Аллаховите наредби а не да правиме сопствени коментари. Тука нема никакви забелешки, ова тврдење е многу јасно: да не постиме додека сме на пат или пак сме болни. Еден не Ахмад гостин,  Баба Чаито прашал зошто, ако во текот на патувањето не постојат никакви тешкотии, тогаш не би можело да се пости? Ветениот Месија а.с. тоа детално го образложил и рекол: „Ова е твое сопствено  мислење.“ Чесниот Кур‘ан вели:

„Ако некој од вас е болен или е на пат ќе пости ист број но во други денови.“

(2:185)

Чесниот Кур‘ан одредува на кое патување или на која болест тоа се однесува. Човекот треба да го следи оној пат кој води кон богобојазливоста.

Хазрети Малуви Нур-уд-Дин р.а рекол како Ибн Араби изјавил дека постот е задолжителен дури и во времето на патување и кога човекот е болен. Како што Бог вели, треба подоцна да ги надоместиме деновите ако сме болни или сме на пат. Тука не постојат никакви услови, ако постите додека сте болни тогаш не треба да постите после тоа. Оној кој пости додека е болен или е на пат не е послушен на Аллаховите наредби. Ветениот Месијаа.с. рекол: „Онака како што Бог наредил да постиме, Он исто така наредил да не постиме под одредени околности. Оној кој пости во текот на Рамазан додека е болен или патува не му е послушен на Аллах и треба да пости откако ќе оздравее или ќе го заврши патувањето. Неопходно е да ја следиме оваа Божја наредба. Спасот се темели на Милоста, тој не се постигнува со сила. Бог не одредил дали човекот е многу или малку болен, или пак дали патува на мала или голема оддалеченост.“

Ветениот Месија а.с. на луѓето кои патуваат им зборувал да не постат. Кога Аллах наредил да не постиме додека патуваме, тогаш не треба да постиме. Еднаш, имало кратко време до ифтар, после Аср намаз, и Ветениот Месија а.с. на својот гостин му кажал да го прекине постот бидејќи патувал. Гостинот рекол дека останало многу малку време до ифтар. Ветениот Месија а.с. рекол: „Не можеш Аллах да го направиш задоволен присилувајќи Го да го прими твојот пост наместо да го направиш задоволен со својата покорност.“

Еднаш во текот на Рамазан  Ветениот Месија а.с. го посетил Амритсар. Во текот на предавањето на Ветениот Месија а.с. му била понудена шолја чај но тој тоа го одбил. По долго инсистирање, Ветениот Месија а.с. отпил голтка чај. Противниците почнале да го навредуваат дека нема почит кон постот. Некои фрлале камења на неговата кочија кога заминувал. Некои не Ахмади верски зналец го исмејувал и рекол: „Денес, луѓето Мирза го направија пратеник.“

Поради тоа што муфтија Фазл ур Рахман сахиб му дал чај на Ветениот Месија а.с. сите биле незадоволни со него и го обвинувале за оваа случка. Кога на Ветениот Месија а.с. му било кажано за оваа случка, тој рекол дека човекот не направил ништо лошо давајќи му шолја чај.

Еднаш Ветениот Месија а.с. постел во Лудијана но се разболел и се онесвестил и веднаш го прекинал постот. Ветениот Месија а.с. повеќе го сакал полесниот пат помеѓу две можности. Хазрети Ајша р.а. пренесува иста ситуација и со Чесниот Пратеник с.а.в.с.. Понекогаш Рамазан доаѓа во текот на жетвата. Тоа за работниците и земјоделците е време кога имаат најмногу работа. Ветениот Месија а.с. рекол дека за делата се суди според нивните намери. Секој себе може да се оцени со богобојазливоста. Ако некој не може да најде замена (работници) тогаш е дозволено да го пропушти постот и подоцна да пости. Тие се вбројани меѓу оние кои немаат сила да постат.

Ветениот Месија а.с. еднаш кажал: „Еднаш размислував за тоа зошто фидија е задолжителна. Таа е поради способноста. Човекот фидија ја дава за да стане способен. Ова може да се случи само со Божјата милост.  Ако Аллах сака Он може на човекот да му даде сила да пости. Силно треба да го молиме Аллах: ’О Господару, ова е Твојот благословен месец и јас се чувствувам недостатен бидејќи не можам да постам. Јас не знам дали ќе бидам во состојба да постам ниту следната година а не знам ниту дали ќе бидам жив или не.‘ Ако некој го моли Аллах со ваква искреност, Аллах таквото срце ќе го благослови со сила.“

Фидија не е замена за постот. Фидија може да се подели во две категории: краткотрајна и трајна. Краткотрајната бара човекот да го надополни пропуштениот пост. Трајната значи дека за нив не е неопходно да постат. Износот на фидија е колку да се нахрани една личност. Ветениот Месија а.с. давал фидија и потоа сепак постел. Ако некој не е во состојба да пости тогаш може да нахрани сиромашен гладен човек или пак може да даде во фондот за сирачињата.

Ако ненамерно по грешка нешто се касне, нема казна за тоа и човекот може да продолжи да пости. Шеријатот наредил децата да не постат. Нив им е дозволено повремено да постат кога веќе се приближат до пубертетот. Грев е децата да се тераат да постат. Кога ќе имаат 12 до 13 години треба да почнат да постат (по еден или два дена) и со 18 години треба редовно да постат. На родителите им е дадена одговорноста да ги спречат малите деца да постат. Подоцна, кога децата ќе пораснат, родителите треба да ги охрабруваат. Поедини млади луѓе не се подготвени да постат се до 21-та година поради нивниот развој или нивната физичка зрелост. Според тоа нема, нема цврсто одредени години за пост, на пример 18 години. Тоа се разликува од личност до личност во согласност со нивната физичка сила. Ќерката на Ветениот Месија а.с. рекла дека Ветениот Месија а.с. не сакал децата стално да постат и еднаш ја натерал да го прекине постот бидејќи била многу мала.

Во поглед на теравих намаз: што е наредено во поглед на 20 рекати? Според Чесниот Пратеник с.а.в.с. подобро е да се клањаат 8 рекати во подоцнежниот  дел од ноќта но е одобрено да се клања и во раниот дел од ноќта. Клањањето 20 рекати е започнато после времето на Чесниот Пратеник с.а.в.с.. Суннетот на Чесниот Пратеник с.а.в.с. бил да клањаме 8 рекати. Додека патуваме, можеме сами да клањаме теравих намаз. Теравих намаз е всушност тахаџуд намаз.

Нека Аллах не оспособи да ги разбереме Неговите наредби и да имаме корист од постот и возвишениот Месец Рамазан. Амин!