In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Финансиско жртвување – Тахрик-е-Џадид 2018

После учењето на ташахуд, та’уза и Сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. проучи неколку ајети од Сура Ал-Бакара и потоа рече:

Ајетите кои сега ги проучив се од Сура Ал-Бакара во кои се спомнува предметот за финансиско жртвување. Возвишениот Аллах повторно го спомнува финансиското жртвување во овие ајети. Преводот на овие ајети е следниот:

„Примерот на оние кои својот имот го трошат на Аллаховиот пат е сличен на зрно од кое никнуваат седум класа, а во секој клас има по стотици зрна. А Аллах тоа го удвојува на оној на кој Он сака; Аллах е Дарител на зголемувања и има тајно знаење.“

(2:262)

Во следниот ајет Возвишениот Аллах вели:

„За оние кои својот имот го трошат на Аллаховиот пат, и за она што го потрошиле не приговараат и не навредуваат, наградата е кај нивниот Господар, тие нема да стравуваат и нема да тагуваат.“

(2:263)

Понатаму, Возвишениот Аллах вели:

„А оние кои својот имот го трошат за да го побараат Аллаховото задоволство и да ги зацврстат своите души наликуваат на градина која се наоѓа на височинка. Неа ја залева силен дожд и таа тогаш   дава двојни плодови. А ако на неа не заврне обилен дожд тогаш и росата е доволна. А Аллах го гледа она што го работите.“

(2-266)

Во следниот ајет Он вели:

Шејтанот ве плаши со сиромаштија и ви наредува бесрамност, а Аллах ви ветува прошка и Својата благодат. А Аллах е дарител на знаења и има тајно знаење.“

(2-269)

Возвишениот Аллах вели:

„Не е твоја должност да ги упатиш, Аллах упатува кога Он сака. А што и да потрошите од својот имот, тоа ќе биде корисно за вас. Вие инаку не трошите освен за Аллаховото задоволство. А, што и да потрошите од својот имот, тоа во целост ќе ви биде вратено и нема да ви биде направена неправда.“

(2-273)

Возвишениот Бог понатаму вели:

„Оние кои својот имот го трошат и ноќе и дење, тајно и јавно, за нив ќе има награда кај Господарот нивни, тие нема да стравуваат и да тагуваат.“

(2-275)

Ветениот Месија а.с. во една прилика зборувајќи за финансиското жртвување рекол:

„Според Божјата заповест, јас редовно ја нагласувам важноста на трошењето на патот кон Семоќниот Бог. Исламот е плен на останатите спротивставени вери и тие во целост сакаат да го уништат исламот. Со оглед на моменталната состојба на исламот, зарем ние не треба да направиме напори за негов напредок. Поради тоа Возвишениот Бог ја воспоставил оваа Заедница. Значи, да тежнееме кон нејзин напредок во склад со Божјите заповеди и желби. Овие ветувања доаѓаат од Возвишениот Бог, дека ако личноста троши на патот на Возвишениот Бог тогаш Он ќе ја опсипе со многу благослови. Возвишениот Бог обилно ќе ја награди таквата личност на овој свет, и после смртта таа ќе ја почувствува наградата на Оној свет во смисла на голема удобност.“

Возвишениот Бог на Ветениот Месија а.с. му подарил Заедница од искрени луѓе кои го слушнале неговиот повик и го послушале, и тие го понудиле своето жртвување.

Што се однесува до тие жртвувања Ветениот Месија а.с. вели:

„Голем дел од нашата Заедница се состои од сиромашни луѓе. Меѓутоа, иако ова е Заедница на сиромашни, благодарение на Возвишениот Бог, гледам дека тие имаат искреност и сочувство. Тие ја сфаќаат потребата од исламот и не се воздржуваат од трошења во таа цел во склад со своите можности.“

Семоќниот Бог не им дал можност на членовите на Џемаатот само во текот на времето на Ветениот Месија а.с. да се истакнат во поглед на нивното жртвување, искреност и верност, туку во склад со Неговите ветувања, Возвишениот Бог постојано и ден денес го наградува овој Џемаат, кој е основан пред 130 години, со искрени личности кои се жртвуваат поради својата вера во рамките на своите можности, а понекогаш и повеќе од тоа.

Понатаму, тие ги исполнуваат стандардите и учествуваат во ветувањата кои Возвишениот Бог ги нагласил во Чесниот Кур’ан. Благодарение на милоста на Возвишениот Бог овие стандарди можат да  се видат само во овој Џемаат кој е основан преку Ветениот Месија а.с..

Хузур а.т.б.а. раскажа за многу инспиративни настани каде луѓето учествувале во Тахрик-е-Џадид и го платиле својот придонес, а после тоа и покрај големите тешкотии тие на чудесен начин добиле добри работи, поголеми суми на пари од неочекувани извори, и во еден случај го добиле својот мотор назад потполно, неочекувано.

Овде има исклучителни примери на доверба и верба во Семоќниот Бог.

Схахаб Сахиб, инспектор за Тахрик-е-Џадид во Индија пишува за едена жена, по име Софија Бегум од Чинта Гунта, која му пратила порака на својот брат говорејќи:

„Кога бев доста млада присуствував на разни собири и слушав разни говори од зналци. Многу жени го донесоа својот накит кога хазрети Муслех-е-Мауд р.а. воспостави Тахрик-е-Џадид и побара од членовите да направат финансиско жртвување. Кога и да го слушам овој настан длабоко инспириран со вера добивам силна желба да поседувам накит и на ист начин како некои претходни да го дадам за Тахрик-е-Џадид, но сето ова беше сосема невозможно бидејќи бев многу сиромашна. Меѓутоа, после смртта на мојата мајка наследив 24 гр. злато и тоа тебе ти го предавам бидејќи не сум многу сигурна дека овој накит ќе остане во моја сопственост.“

Кажува дека луѓето околу неа постојано ја убедувале да го задржи накитот бидејќи наскоро требала да се мажи. Меѓутоа, таа останала доследна и целата количина од 24 гр. злато ја донирала за Тахрик-е-Џадид.

Постојат многу други случаи каде што луѓето, откако платиле за Тахрик-е-Џадид, наскоро потоа успеале да го вратат својот долгогодишен заем со тоа што на чудесен начин платите им растеле или бизнисот почнал да им напредува со крупни чекори надвор од сите претпоставки и очекувања.

Други забележале дека некој од фамилијата кој долго бил болена почнал да заздравува и да се чувствува подобро, а трети добиле прилика да одат на Хаџџ.

За таквите луѓе Ветениот Месија а.с. кажал:

„Неверојатно е да се види нивната искреност и верност.“

Мисионерот од Брегот на Слоновата Коска пишува дека отишол на едно место да собира Тахрик-е-Џадид, каде што постои заедница на луѓе кои пред кратко време го прифатиле Ахмадијатот. Само пред година дена тие дале баи’ат (завет на верност) и станале дел од Џемаатот.

Тој вели:

„Им одржав говор на овие луѓе во поглед на важноста на Тахрик-е-Џадид и кој е неговата цел. Потоа им објаснив дека хазрети Халифа-тул Месих рекол дека сите членови треба да учествуваат и дадат придонес за овој благослов. Следното утро, некои од членовите на Џемаатот после сабах намаз почнаа да даваат пари во согласност со нивните можности. Во тоа учествуваше и Имамот на џамијата плаќајќи во име на своето семејство за Тахрик-е-Џадид. Подоцна, неговиот шестгодишен син донесе 100 франка од својот татко говорејќи дека тоа е неговиот придонес.“

Понатаму мисионерот кажува:

„Сите бевме воодушевени од големината на желбата на ова мало дете да чини финансиско жртвување.“

Нека Возвишениот Аллах ја прифати жртвата на овие Ахмади муслимани и нека ги благослови со добро на овој и на следниот свет.

Мисионерот од Брегот на Слоновата Коска пишува и за друг случај:

„Во гардот Сан Педро живее момче кое има 14 години. Таткото на момчето кажува дека го прашал да одржи состанок во нивната куќа во недела, на што неговиот син одговорил дека тој е финансиски секретар во Атфал Амила и дека тој собира чанда од другите луѓе, меѓутоа, дека самиот тој не е во можност да ја плати својата чанда. Бидејќи во останатите денови момчето оди на училиште, тој ден одлучило да работи на една фарма од каде со заработените пари ќе може да ја плати својата чанда. Неговиот татко му рекол дека тој ќе плати чанда во негово име, меѓутоа момчето кажало дека нивниот мисионер рекол оти и децата треба да плата чанда од својот џепарлак. Но бидејќи немал доволно пари одлучил да оди да заработи пари за да може да ја плати својата чанда. После завршената работа заработил доволно пари со кои ја платил својата чанда.“

Според ова, таквото размислување на децата, оние кои живеат на далечни места а кои од неодамна и се приклучиле на Заедницата, е нешто што може да им го всади само Возвишениот Бог.

Амир сахиб од Гамбија пишува:

„Еден член на Заедницата од селото Гира редовно плаќаше чанда за Тахрик-е-Џадид. Неодамна се појави болест меѓу говедата во неговото село и животните почнаа да умираат. Скоро сите животни умреле. Меѓутоа, ниту едни животно од стадото на Самза сахиб не умрело. Останатите селани го запрашале од кои причини ниту едно животно од неговото стадо не умрела. Тој им објаснил дека секоја година по една од своите животни и со сумата која ја зема од продажбата ја плаќа годишната чанда за Тахрик-е-Џадид, и поради тие благослови Возвишениот Аллах ги заштитил неговите животни од болести и епидемии. После ова, седум селани кои биле Ахмади муслимани ја платиле својата чаанда кон Тахрик-е-Џадид и здравјето на нивните животни почнало да се подобрува, иако претходно ветеринарот им рекол дека нема шанси да преживее ниту едно животно кое било заразено од епидемијата.

После неколку дена ветеринарот повторно дошол и ги прегледал животните, и после прегледот запрашал која метода користеле селаните за да ги излечат животните. Една постара жена ја донела потврдата дека платила чанда и дека тоа бил нивниот начин на лечење на животните. Слушајќи го ова ветеринарот бил многу изненаден од објаснувањето, и веднаш посакал да го истражува Ахмадија муслиманскиот џемаат поради што добил доста литература од Ахмади муслиманите да го проучува Џемаатот.“

Личноста може да сведочи како верата и искреноста на луѓето кои живеат во далечни земји напредува а различни начини. Оваа искреност и нивна потполна верба во Возвишениот Бог, и за возврат Неговите чувства кон нив, на другите не им остава ниту еден друг избор од тоа да почнат да размислуваат за вистинитоста на исламот.

Нека Возвишениот Аллах ја јакне нивната вера и верување и нека им ја подари Својата љубов и приврзаност.

Откако раскажав неколку приказни за благословите на Возвишениот Бог, како што тоа е обичај време е да најавам нова година за Тахрик-е-Џадид во ноември, а потоа ќе преставам некои направени анализи од претходната година. Оваа година почнува 85-та година од Тахрик-е-Џадид, односно таа почнува од 1-ви Ноември.

Преглед на благословите за придонесите од претходната 84-та година од Тахрик-е-Џадид се следните:

Во склад со извештаите за приходите, Возвишениот Бог на членовите на Ахмадија муслиманскиот џемаат да придонесат повеќе од 12.79 милиони фунти. Со милоста на Семоќниот Аллах во однос на претходната година приходите се зголемени за 212.000 фунти. Тоа и покрај тешките околности во целиот свет и фактот за падот на вредноста на валутата преставува прекрасен благослов овозможен од Возвишениот Аллах.

Во однос на вкупниот придонес, како и секогаш на прво место е Пакистан, после кој следуваат:

  1. Германија
  2. Велика Британија
  3. Америка
  4. Канада
  5. Индија
  6. Австралија
  7. Џемаат од Блискиот Исток
  8. Индонезија
  9. Гана
  10. Џемаат од Средниот Исток

Џемаати кои посебно се истакнати во Африка во однос на вкупните придонеси се:

  1. Гана
  2. Нигерија
  3. Гамбија
  4. Танзанија

Големо внимание е посветено кон зголемувањето на членовите кои даваат свој придонес во Тахрик-е-Џадид, и со милоста на Возвишениот Бог оваа година во Тахрик-е-Џадид учествувале 1.717.000 членови, бројка која е поголема за 117.000 членови во споредба со минатата година, и најголем број од тие членови доаѓа од Африканските држави од кои ќе го спомнеме Нигерија, Гамбија, Буркина Фасо, Гана, Камерун, Конго-Киншаса, Либерија, Маурициус и Брегот на Слоновата коска.

Помеѓу големите Џемаати во однос на порастот на нивните вкупни придонеси се истакнуваат:

  1. Индонезија
  2. Индија
  3. Пакистан
  4. Канада
  5. Америка
  6. Норвешка
  7. Малезија

Со милоста на Возвишениот Бог, сите сметки кои припаѓаат на Дафтар Аввал се уште се прегледуваат и нивниот вкупен износ е 5.927.

Со оглед на извештаите на дистриктите во Пакистан во финансиското жртвување таму се истакнуваат три поголеми дистрикта:

  1. Лахоре
  2. Рабва
  3. Карачи

Иако Рабва не е дистрикт туку град, таа сепак се вбројува меѓу дистриктите. Вкупниот придонес помеѓу дистриктите во Пакистан е следниот:

  1. Сиалкот
  2. Саргодха
  3. Гујрат
  4. Гујранвала
  5. Умеркот
  6. Худерабат
  7. Наровал
  8. Мирпур Кхас
  9. Тоба Тек Сингх
  10. Мирпур Азад Кашмир

Истакнати Џемаат во однос на нивните вкупни придонеси се:

  1. Исламабад
  2. Амарат Дефенце Лахоре
  3. Амарат Таунсхип Лахоре
  4. Амраст Азизабад Карачи
  5. Пешавар
  6. Амарат Гулсхан Икабал Карачи
  7. Амарат Карим Нагар Фаисалабад
  8. Куетта
  9. Навабасхах
  10. Бахавлпоур
  11. Окарра

Први десет Џемаати во Германија се:

  1. Неусс
  2. Родермарк
  3. Пиннеберг
  4. Махди Абад
  5. Киел
  6. Флорсхеим
  7. Кобленц
  8. Веингартен
  9. Кологне
  10. Колмберг

Први десет региони во Германија се:

  1. Хамбург
  2. Франкфурт
  3. Морфелден
  4. Гросс-Герау
  5. Деитзенбацх
  6. Висбаден
  7. Манхајм
  8. Риедстадт
  9. Оффенбацх
  10. Дармстадт

Први пет региони во Велика Британија се:

  1. Лондон Б
  2. Лондон А
  3. Мидландс
  4. Нортхб Еаст
  5. Соутх

Први десет големи Џемаати во Велика Британија се:

  1. Масјид Фазл
  2. Ворчестер Парк
  3. Бирмингхам Соутх
  4. Њу Малден
  1. Брадфорд Нортх
  2. Исламабад
  3. Бирмингхам Вест
  4. Глазгов
  5. Гиллингхам
  6. Сцунтхорпе

Што се однесува до придонесите донирани од помалите Џемаати во Велика Британија први пет се:

  1. Спен Валлеј
  2. Свансеа
  3. Нортх Валес
  4. Соутхфиелдс
  5. Единбургх

Први пет региони  во однос на придонесите во Велика Британија се:

  1. Соутх Вест
  2. Мидландс
  3. Исламабад
  4. Нортх Еаст
  5. Скотланд

Што се однесува до вкупните придонеси помеѓу Џемаатите во Америка се:

  1. Осхкосх
  2. Силикон Валлеј
  3. Сиетл
  4. Детроит
  5. Силвер Спринг
  6. Јорк
  7. Централ Виргинија
  8. Џорџија
  9. Атланта
  10. Лос Ангелес Еаст
  11. Флорида

Во однос на вкупните придонеси на регионите во Канада редоследот е следниот:

  1. Брамптон
  2. Ваугхан
  3. Пеаце Виллаге
  4. Калгари
  5. Ванкувер
  6. Вестерн
  7. Миссиссауга

Петте истакнати Џемаати во Канада во однос на вкупниот придонес за Тахрик-е-Џадид се:

  1. Едмонтон Вест
  2. Дурхам
  3. Хамилтон Соутх
  4. Брадфорд
  5. Саскатоон Нортх

Десет големи Џемаати во Индија по својот вкупен придонес се:

  1. Кадијана, Пенџаб
  2. Худерабад, Телангана
  3. Патах Периум, Керала
  4. Кхеннаи, Тамил Наду
  5. Калкута, Керала
  6. Бангалор, Карнатик
  7. Калкута, Бенгал
  8. Пенгари, Керала
  9. Ноор Товн, Керала
  10. Јад Гир, Карнатик

Во однос на провинциите во Индија редоследот е следен:

  1. Керала
  2. Карнатик
  3. Тамил Наду
  4. Теленгана
  5. Јамму Кашмир
  6. Одисса
  7. Пенџаб
  8. Бенгал
  9. Дехли
  10. Махарасхтра

Први десет Џемаати во Австралија по својот вкупен придонес се:

  1. Кастле Хилл
  2. Мелбурн
  3. Бервицк
  4. Канберра
  5. Перт
  6. Мелбурн Лонг Варрен
  7. Марсден Парк
  8. Аделаида Соутх
  9. Брисбејн
  10. Логан
  11. Вториот Џемаат во Брисбејн

Листата на Џемаати во однос на придонесите по личност е:

  1. Тасманија
  2. Канбера
  3. Кастле Хилл
  4. Дарвин
  5. Марсден парк
  6. Сиднеј Сити
  7. Перт
  8. Кампбелл Товн
  9. Парраматта

Нека Возвишениот Аллах обилно ги награди сите оние кои своето финансиско жртвување и своето финансиско богатство го понудиле за Тахрик-е-Џадид.

Луѓето претпоставуваат дека со нив ќе ги поделам приказните од своите турнеи, меѓутоа, јас тоа инша Аллах ќе го кажам во следната хутба.