In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Извонредни луѓе

После учењето на ташахуд, Та’уза и Сура Ал -Фатиха Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече:

Јас ќе продолжам да говорам за асхабите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. кои учествувале во битката кај Бедр.

Првиот асхаб кој ќе го спомнам е хазрети Синан Бин Аби Синаан, кој му припаѓал на племето Бану Асад кое му било сојузник на племето Бану ‘Абд асх-Схамса. Тој учествувал во битката кај Бедр. Го прател Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во сите битки со кои се соочувал, вклучувајќи ги и битките кај Ухуд, Хендеку и Худејбија. Се пренесува дека тој бил првата личност која дала Баи’ат (завет на верност) во текот на Баи’ат-е-Ризвана, ветувајќи победа или мачеништво.

Следниот асхаб кој ќе го спомнам и за кој ќе зборувам е хазрети Махја. Тој прв бил убиен во текот на битката кај Бедр. Тој дошол од Јемен како заробеник, но хазрети Оман го ослободил како чин на доброчинство. Бил меѓу првите асхаби кои се преселиле во Медина.

Кога хазрети Махја бил мачен ги изговарал следните зборови:

„’Ана Махја ва ила рабби арја,“

што значи:

„Јас сум Махја и се враќам кај својот Господар.“

Хазрети Махја бил меѓу помеѓу луѓето за кои бил објавен следниот ајет во Чесниот Кур’ан:

„И немој да ги отераш оние кои го бараат задоволството на својот Господар, повикувајќи го и наутро и навечер.“

 (6:53)

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. бил толку љубезен кон сиромашните што овој ајет треба да послужи како потсетник на богатите и луѓето кои се наоѓаат на високи позиции, луѓе кои сакаат да добијат поголема чест и почит.

Како одговор на тоа Возвишениот Бог рекол дека Он веќе му нагласил на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. дека оддавањето почит кон сиромашните, кои во голема мера се истакнуваат со покажувањето на почит кон Аллах џ.ш. и кон обожувањето на Него, е многу повредно во очите на Возвишениот Бог одошто неговото лично богатство и семејната чест.

Следниот асхаб кој ќе го спомнам е хазрети Амир бин Мукхаллид. Неговата мајка се викала Аммарах бинт Кхансаа. Тој му припаѓал на огранокот Бану Малик бин Хајјару од племето Кхазрај. Учествувал во битките кај Бедр и Ухуд, а бил убиен во битката кај Ухуд.

Хазрети Хатиб бин Амир бин Абд-исх-Схамс. Него го викале Абу Хатиб и му припаѓал на племето Бану Амир Бин Лои. Неговата мајка се викала Асма бинт Харитх бин Науфал и таа му припаѓала на племето Асхја. Пред да отиде Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во Дар-ул-Аркам (Куќата Аркам – првото место каде се собирале муслиманите и тајно извршувале намаз) тој го прифатил исламот преку проповедањето на хазрети Абу Бакр.

Хазрети Салеед бин Амир договорил брак помеѓу Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и хазрети Сауда бин Зама’. После хазрети Хатиџа хазрети Сауда била првата жена се оженил Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. Хазрети Хатиб дал Баи’ат-е-Ризвана  на Худејбија.

Хазрети Абу Хуазима бин Аус. Негова мајка била Амра бинт Масуд. Хазрти Хузаима учествувал во сите битки заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., вклучувајќи ги битките кај Бедр, Ухуд и Хендек (ров). Тој умрел во текот на Халифатот на Хазрети Осман.

Хазрети Тамим Маула Кхирасх бил ослободен роб кој го ослободил хазрети Кхирасха. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. воспоставил братска врска помеѓу него и хазрети Кхаббаба бин ‘Утбах, кој исто така бил ослободен роб. Тој учествувал во битките кај Бедр и Ухуд.

Хазрети Мунзир бин Кудамах му припаѓал на племето Бану Гханам. Тој учествувал во битките кај Бедр и Ухуд, и он бил избран да се грижи за заробениците на Бану Кајнука.

Хазрети Харитх бин Хатиб. Него го викале Абу Абдуллах. Неговата мајка се викала ‘Умама бинт Самит. Тој им припаѓал на Ансару, племето Ауса. Се договорил со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. да учествува во битката кај Бедр. Кога стигнале  на Рауха Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го избрал хазрети Хатиб за водач на племето Бану ‘Амрбин ‘Ауф и сите нив ги испратил назад, да се вратат во Медина. И покрај тоа, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ги сметал за асхаби кои учествувале во битката Кај Бедр и помеѓу другите и тие добиле дел од воениот плен.

Вклучувајќи ги битките кај Бедр, Ухуд и Хендек тој бил благословен заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. да учествува во Баи’ат-е-Ризван. Во текот на битката Кхајбар еден евреин стрелал со стрела од врвот на тврдината и го погодил во главата хазрети Харитх бин Хатиб, што подоцна било причина за неговата смрт.

Хазрети Тхалабах бин Заид. Му припаѓал на племето Ансар Бану Кхазрај. Тој учествувал во битката кај Бедр. Него го викале Ал-Јиз. Тој прекар го добил поради неговото храбро срце, упорност и решителност.

Хазрети Укбах бин Вахаб. Потекнувал од племето Бану Абд-ис-Схамс, кое имало договор со ‘Абд Манаф. Учествувал во сите битки заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., вклучувајќи ги битките кај Бедр, Ухуд и Хендек.

Хазрети Хабиб бин Асвад р.а.. Хазрети Хабиб бин Асвад бин Саед бил ослободен роб од племето Ансар Бану Харам. Учествувал во битките кај Бедр и Ухуд. Немал деца. Бил познат и по името Кхубаиб.

Хазрети Хасеема Ансаари р.а.. Тој му припаѓал на племето Бану Асхја кое било во аојуз со племето Бану Гханам би Маалик бин Најаар. Учествувал во битките кај Бедр, Ухуд, Хендек (рововите) и во сите останати битки заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Умрел во времето на хазрети Муави бин Аби Суфијан.

Хазрети Раафа бин Харитх. Неговото полно име било Раафаз бин Харитх бин Савад. Му припаѓал на племето Ансар Бану Најјар. Учествувал во сите битки заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., вклучувајќи ги битките кај Бедр, Ухуд и Хендек. Умрел за времето на Халифатот на хазрети Осман

Хазрети Рукхаил бин Тхалаба учествувал во битките кај Бедр и Ухуд. Бил дел од племето Бану Кхазрај кое се викало Бану Бајаза. Го прател хазрети Алија р.а. во текот на битката кај Сиффин.

Хазрети Јаабир бин Абдуллах бин Рајааб бил меѓу првите шест мажи помеѓу останатите Ансари кои го прифатиле исламот во Мека. Хазрети Јаабир учествувал во сите битки заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., вклучувајќи ги битките кај Бедр, Ухуд и Хендек.

Хазрети Саабит бин Акрам бин Тхалаба бил уште еден асхаб кој учествувал во битката кај Бедр. Неговото право име било хазрети Саабит бин Акрам бин Тхалаба бин Адди бин Ајлаан. Бил дел од Ансари племето Бану Амр Бин Ауф. Вклучувајќи ја битката кај Бедр учествувал и во сите други битки заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Хазрети Салма бин Салама учествувал во битката кај Бедр. Бил дел од Ансарите од племето Бану Аус. Бил меѓу првите кои верувал е во Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. кога пристигнала веста во Медина за неговото доаѓање. Присуствувал на првиот и вториот Баит-е-Акбах. Имал чест да учествува во сите битки заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., вклучувајќи ја и битката кај Бедр.

Хазрети Омер го назначил за водач Јамама во текот на својот хилафет. Тој раскажал една случка од неговото детство.

„Еднаш, кога бев млад и седев заедно со неколку членови од моето семејство дојде еден еврејски зналец и почна да ја чита приказната за Судниот ден, за пресметката и вагањето на добрите и лошите дела и за Џеннетот и Џехеннемот. Тој рече:

’Многубошците и идолопоклониците ќе бидат фрлени огнот во Џехеннемот.‘

Бидејќи членовите на семејството беа идолопоклоници не можеа да го разберат концептот дека мртвите повторно ќе бидат оживеани. Тие го прашаа еврејскиот зналец:

’Дали мртвите ќе бидат повторно оживеани и дали ќе одговараат за своите дела на Судниот ден?‘

Тие не знаеле воопшто ништо за животот после смртта.

На тоа еврејскиот зналец им одговори:

’Да, ќе бидат повторно оживеани и ќе одговараат за своите дела на Судниот ден.“

Тие повторно прашаа:

’Дали постои знак за ова?‘

Како одговор на прашањето еврејскиот зналец покажа кон Мек и Јемен и рече:

’Пратеникот ќе дојде од таму.‘

Тие го прашаа:

’Кога ќе се појави тој пратеник?‘

Еврејскиот зналец покажа кон мене. Во тоа време бев дете. Тој покажа кон мене и рече:

’Ако ова дете остане живо, тога тоа сигурно ќе го види пратеникот‘.“

Хазрети Салма кажува:

„Само неколку години поминаа од оваа случка кога веќе слушнавме за доаѓањето на Чесниот Пратеник с.а.в.с. и сите го прифативме.“

Сите идолопоклоници и обожаватели на огнот го прифатиле пратеникот.

Тој истиот еврејски зналец сè уште бил жив во тоа време, но не го прифатил Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. поради љубомора.

Во текот на хилафетот на хазрети Осман р.а., кога значително се зголемила неслогата помеѓу населението, хазрети Салма бин Салама се осамил и го посветил животот на обожавање на Бог. Тој се изолирал потполно од луѓето поради зголемените конфликти и неслагања помеѓу нив и и интензивно му се клањал на Бог.

Умрел на 74 годишна возраст.

Хазрети Јабр бин Атик бил асхаб на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и заедно со него учествувал во битката кај Бедр и во други битки. Живеел во Медина и таму останал сè до смртта на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. За повеќето пријатели бил познат како Абдуллах. После освојувањето на Мека тој го носел знамето за Бану Му’авиј бин Малик. Хазрети Јабр бин Атик умрел на 71 година.

Хазрети Тхабит бин Тха’лабах бил помеѓу останатите 70 асхаби за време на вториот Баи’ат Акбаха. Го прател Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во текот на битките кај Бедр, Ухуд, Хендек Худејбија, Кхаибар, освојувањето на Мека и битката кај Та’иф. Бил Убиен во битката кај Та’иф.

Хазрети Сухаил бин вахб му припаѓал на племето Бану Фехр, огранок на племињата на Курјешиите. Исламот го прифатил во рани години. После прифаќањето на исламот се преселил во Абисинија и таму останал подолго време. Кога исламот почнал јавно да се проповеда се вратил во Мека и потоа заминал за Медина по Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. После неговата смрт во Медина Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. за него и за хазрети Сухаил предводел џеназа во џамијата.

Хазрети Туфаил бин Харитх учествувал во битките кај Бедр, Ухуд, Хендек и сите останати битки заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. воспоставил братство помеѓу хазрети Туфаил бин Харитх и Мундхир бин Мухаммед. Умрел на 70 годишна возраст.

Хазрети Абу Салеед Усаирах бин Амр. Неговиот татко Амр бил познат под името Абу Кхаријах. Учествувал заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во битката кај Бедр и во сите останати битки. Му припаѓал на огранокот Адијј бин Најјар од племето Кхазрај. Неговиот татко, Абу Кхаријах бин Амр бин Каис, исто така бил асхаб и учествувал во битката кај Бедр. Неговиот си Абдуллах пренесува од него дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. забранил да се јаде месо од магаре, и во тоа време сите оние кои готвеле месо од магаре веднаш престанале со тоа и ја фрлиле таа храна.

Хазрети Тха’лабах бин Хатиб бил асхаб од племето Бану Амр бин Ауф. Учествувал во битките кај Бедр и Ухуд. Му припаѓал на огранокот на Аус племето од племето Бану Амр бин Ауф. За него Хузур а.т.б.а. престави некои историски докази кои ги отфрлаат непристојните озборувања кои се однесувале на хазрети Тха’лабах бин Хатиб.

Хазрети Саад бин Усмах бин Кхалдах учествувал во битката кај Бедр. Бил еден од оние асхаби кои ги напуштиле своите редови во текот на битката кај Ухуд, меѓутоа Возвишениот Аллах на сите нив им простил во Чесниот Кур’ан. Во една прилика Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. отишол во Бир-е-Ехаа во Харрах, кој во тоа време бил под окупација од хазрети Саад, и хазрети Саад го оставил својот син Абадах да им обезбеди вода на луѓето. Хазрети Абадах не го препознал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Кога хазрети Саад се вратил неговиот син, хазрети Абдах, му опишал личност која доаѓала и после описот хазрети Саад му рекол дека таа личност била Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Потоа го побрзал својот син да замине и да го стигне за да се сретне со него. Кога го стигнал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ја ставил својата рака на главата на хазрети Абадах и направил дова за него.

Хазрети Саад умрел на 80 годишна возраст.

Хазрети Амир бин Умаијјах учествувал во битката кај Бедр, а бил убиен во битката кај Ухуд. Тој му припаѓал на племето Бану Ади бин Најјар.

Хазрети Хасхам бин Амир спомнал де го прашале Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. што се случува за организација на џеназа за оние асхаби кои биле убиени во битката кај Ухуд, на што Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. им одговорил да ископаат голем гроб и во него да закопаат две до три тела. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. им нагласил да водат сметка за тоа кој од починатите го запомнил Чесниот Кур’aан него прв да го закопаат.

Хазрети Амр бин Аби Сурха му припаѓал на племето Бану Харитх бин Фехр, и него го нарекувале Абу Саеед. Во Медина се преселил во времето на хазрети Осман р.а.. Учествувал во сите битки заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., вклучувајќи ги и битките кај Ухуд и кај Хендек.

Хазрети Асма бин Хуссаин му припаѓал на племето Бану Ауф бин Кхазрају, и учествувал во битката кај Бедр. Исламот го прифатил непосредно пред битката кај Бедр, и прво нешто што го направил е учество во битката кај Бедр заедно со другите асхаби. Исти така учествувал и во битката кај Ухуд. Никаде не се спомнува годината на неговата смрт.

Хазрети Муаз бин Муиз – му припаѓал на племето Зарки кое било дел од племето Кхазрај. Според некои преданија учествувал во битката кај Бедр и Ухуд, а бил убиен во текот на Бир-е-Мауна случувањата.

Хазрети Са’ад бин Заид Ал-Асхари му припаѓал на племето Ансари Бану Абдил Асхар. Учествувал во битката кај Бедр и според некои преданија бил присутен на Баи’ат Акабах. Учествувал во сите битки заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., вклучувајќи ги битките кај Бедр, Ухуд и Хендек.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. под негов надзор ги пратил затворениците од Бану Кураиза и на враќање тој купил коњи и оружјe од Најада. Според преданијата хазрети Са’ад Заид на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му подарил меч од Најада, а Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. подоцна тој меч му го дал на хазрети Мухаммед бин Мусалми и рекол:

„Чини џихад на Аллаховиот пат со овој меч. Меѓутоа, кога луѓето почнат да се препираат меѓу себе тогаш фрли го овој меч и остани дома.“

Со други зборови, да не учествува во било какво несогласување или нереди.

Нега Бог на денешните муслимани им овозможи да се придржуваат кон претходно кажаното, а тоа се однесува и на оние кои се убиваат едни други.

Нека Семоќниот Бог воспостави мир во светот.

Нека Возвишениот Бог продолжи да го воздига статусот на асхабите, и нека на нас ни помогне да чиниме добри дела, да се жртвуваме и своите животи да ги водиме со искреност и посветеност.