In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Доблесни луѓе

По проучениот шехадет, та‘уза и Сура Ал-Фатиха, хазрети Хаифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помошник) рече:

Прв асхаб за кој ќе зборувам е асхабот кој учествувал во Битката кај Бедр а неговото име е хазрети Абдуллах бин Ар Рабии Ал Ансарија. Тој му припаѓал на Бану Абѓар, огранок на племето Хазраѓ. Името на неговата мајка било Фатима бинт Амр. Учествувал во вториот баи‘ат на Акба. Ја имал честа да учествува на Бедр, Ухуд и Му‘тах. Станал шехид во битката на Му‘тах.

Хазрети Атијјах бин Нуваира р.а. учествувал во битката на Бедр и тоа се единствени информации за него.

Хазрети Сахл бин Каис. Името на неговата мајка било Наила Бинт Салаама а негов роднина бил хазрети Ка‘аб бин Малик, познат поет. Хазрети Сахл учествувал во битките на Бедр и Ухуд и станал шехид во битката на Ухуд.

Хазрети Абдуллах бин Хумајјир Ел-Ашѓаи, кој му припаѓал на племето Бану Духман, имал договор со Ансариите. Со својот брат, хазрети Хариѓах, учествувал во битката на Бедр. Името на неговата сопруга било хазрети Умми Сабит бин Хариса и таа го прифатила Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Хазрети Абдуллах бин Хумајјир Ел-Ашѓаи бил еден од асхабите кој цврсто стоел покрај хазрети Абдуллах бин Ѓубеир во битката кај Ухуд. Кога другите муслимани виделе дека муслиманите победуваат тие го напуштиле местото на кое Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. им кажал да останат. Хазрети Абдуллах бин Хумајјир ги предупредил и прво го величал Возвишениот Аллах и ги советувал да му бидат послушни на Аллах џ.ш. и на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., меѓутоа тие не го послушале, ги напуштиле своите места и само неколку асхаби, помалку од десет, останале покрај хазрети Абдуллах бин Ѓубеир. Потоа, Халид бин Велид и Икрам бин Абу Џехел го виделе ова испразнето место со само неколку асхаби кои се бореле со стрели, но тие сепак им се доближиле и сите асхаби станале шехиди.

Хазрети Убеид бин Аус Ансарија бил син на Аус бин Малик. Хазрети Убаид бин Аус учествувал во битката на Бедр. Тој го заробил хазрети Акиил Абу Талиб во текот на битката на Бедр. Исто така, кажано е дека тој го заробил хазрети Аббас и хазрети Науфал. Врзани со коноп тој нив тројца ги довел пред Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и тогаш тој му кажал:

„Сигурно чесниот мелек ти помогнал да го направиш ова.“

Потоа, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му дал титула Мукаррин, што значи оној што ги врзува другите.

Сега ќе зборувам за Абдуллах бин Ѓубаир кого веќе го спомнав во врска со другиот асхаб кој бил водач на нивната група.

Абдуллах бин Ѓубаир бил еден од седумдесетте Ансарии кои присуствувале на втората заклетва (баи‘ат) на Акба. Тој учествувал во битките на Бедр и на Ухуд каде и станал шехид.

Во текот на битката на Ухуд Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го поставил хазрети Абдуллах бин Ѓубаир за главен на педесет стрелци, кои добиле задача да го чуваат преминот кон планината, кој бил зад армијата на муслиманите. Деталите веќе ги спомнав кога зборував за Абдуллах бин Хумејјир.

Хазрети Бараа бин Аазиб пренесува дека еден ден во текот на битката на Ухуд, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го поставил Абдуллах бин Ѓубаир да управува со педесет стрелци и на сите нив тој им наредил:

„Ако видите грабливци да ги јадат мртвите тела не мрдајте од своите места сè додека не добиете наредба да го напуштите местото. И, ако видите дека изгубиле и дека непријателите бегаат не напуштајте ги местата сè додека не добиете наредба за тоа.“

Кога муслиманите ги победиле непријателите и тие почнале да бегаат, хазрети Бараа пренесува:

„Бог ми е сведок, видов дека жените на неверниците бегаат (во тоа време и жените доаѓале да дадат морална поддршка на мажите) и дека и глуждовите и накитот на нозете им се гледаа.“

Кога тоа го виделе асхабите кои биле покрај Абдуллах бин Ѓубаир го прашале да им дозволи да одат да го собираат воениот плен, бидејќи очигледно било дека тие се победници.

Хазрети Абдуллах бин Ѓубаир им кажал дека ги заборавиле инструкциите кои Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. им ги дал. Тие кои сакале да го напуштат местото рекле:

„Бог ни е сведок, и ние ќе се придружиме на другите во собирањето на воен плен. Тие собираат и ние тоа ќе го правиме.“

Кога заминале им било кажано да се вратат бидејќи муслиманите биле нападнати и почнале да ја губат битката.

Хазрети Муслех Мауд р.а. донесе заклучок во врска со тој инцидент и на тоа сите ние треба да обрнеме внимание. Тој рече дека причината поради која муслиманите доживееле моментален пораз по победата е поради неколку луѓе кои не ја послушале наредбата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. туку самостојно се однесувале, наместо да ги почитуваат инструкциите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Ако го следеле советот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. како што чукањето го следи срцето, ако верувале дека само наредбата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. е вредна колку и целиот свет да се жртвува, и, ако не оделе по сопствено убедување и го напуштиле преминот преку планината за кој Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. наредил во никој случај да не се напушта, тогаш непријателите ќе немале прилика повторно да нападнат ниту Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и неговите асхаби не би претрпеле штета.

Ваква е состојбата со муслиманите денес, љубовта на Возвишениот Аллах не е со нив. Почнаа да даваат разни толкувања во врска со инструкциите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., да не го прифаќаат Ветениот Месија а.с. и Мехди и да не му пренесуваат селами. Последиците од таквото однесување се очигледни. Од тука може да се препознае поуката и предупредувањето за сите Ахмади муслимани после прифаќањето на Ветениот Месија а.с., и само со потполна послушност можеме да бидеме успешни. Секој од нас треба да ги преиспита стандардите на својата послушност.

Случката во врска со хазрети Абдуллах бин Ѓабир и неговата смрт следи вака:

Кога Халид бин Валид и Икрам бин Абу Џехел здогледале прилика ги нападнале муслиманите и хазрети Абдуллах бин Ѓабир фрлал стрели сè додека не му снемало, потоа продолжил да се бори со копје сè додека не се скршило и на крајот продолжил со мечот сè додека не станал шехид.

Икрама бин Абу Џехел го убил. Кога паднал, непријателите го влечеле и го распарчувале неговото тело. Толку многу пати го проболе што и цревата му испаднале. Хазрети Хавад бин Ѓабир со својот лак ископал мезар и го погребал хазрети Абдуллах.

Хазрети Абдуллах бин Ѓабир и асхабите кои останале на тоа место покажале потполна послушност кон наредбата која им била дадена, а така и ние треба да ја разбереме, да ја покажеме послушноста и да станеме едни од оние кои го примаат благословот на Возвишениот Аллах.

Хузур а.т.б.а. кажа дека по џума намаз ќе клања џеназа во отсуство за господинот Надир Ал Хусни од Канада. Тој починал на 20 декември во 85-та година од животот.

Инна лиллани ве инна илејхи раџиун.

Тој бил многу побожен и предан човек. Неговото финансиско жртвување било на висок стандард и тој бил Муси. Зад себе остава син и сопруга кои не се Ахмади. Тој бил син на Абдул Рауф Ал Хусни и во 1938 година го потпишал баи‘атот, веднаш по потпишувањето на неговиот брат, господин Мунир Ал Хусни. Господин Абдул Рауф бил многу побожен човек и не зборувал многу.

Неговата сопруга Сумајја сахиба, која не е Ахмад, напиша:

„Нека Возвишениот Аллах му подари пребивалиште во Џеннетот. Беше многу искрен, праведен, и за семејството и за Џемаатот. Секогаш се трудеше да им помогне на тие на кои им беше потребна помош и секогаш за нив имаше голема љубов. Никому не зборуваше, но помогна и на една сиромашна жена која не беше Ахмад. Одеше во продавница и купуваше работи кои и беа потребни и ја посетуваше сè до крајот на животот.“

Господинот Мутазил Казак пишува:

„Додека престојував во Сирија за господинот надир Ал Хусни слушнав дека е многу побожен човек и дека секогаш е весел. Кога зборував со него бев импресиониран од неговата љубов кон Халифатот и од неговата желба со пријателите да се состанува во џамија.“

Тој вели дека неговата посветеност и редовност во намазите е пример за сите нас.

Господин Аммар Ал Миск, кој работи во Табшир и престојува во Лондон, вели:

„Тој беше многу близок пријател со господин хазрети Чаудхри Зафруллах Кхан. Тој од господинот хазрети Чаудхри Зафруллах Кхан преведе книга на арапски јазик. Имаше силна врска со Џемаатот. Никогаш не ги толерираше коментарите против Ветениот Месија а.с. и против Халифата.“

Во текот на студирањето никогаш не пропуштал прилика да зборува за Ветениот Месија а.с.. Кога студирал на машински факултет во Америка во текот на последната година од студирањето имал дебата со луѓе од еврејска секта во врска со верата. Тие немале никакви аргументи и затоа отишле кај директорот и побарале тој да биде исфрлен од факултетот, всушност, тие изнеле многу лаги за него сметајќи дека нема да може да продолжи со студирањето. По советот од директорот тој го напуштил факултетот во Америка и заминал за Канада.

Тој бил многу фокусиран на книгите од Ветениот Месија а.с. и на Халифатот.

Тој снимал аудио на арапски од книгите на Ветениот Месија а.с.. Учел урду и преведувал на арапски јазик Персиски касиди од Ветениот Месија а.с..

Тој своето целокупно знаење на англиски и арапски јазик го користел за преведување.

Тој бил во тимот кој на арапски превел пет книги на коментари.

Пишувал книги во кои одговарал на лагите кои непријателите ги припишувале на исламот.

Една книга во која ја опишувал корисноста од книгите на Ветениот Месија а.с. е наречена ’Големиот Пратеник‘, подржана од старите претскажувања во врска со доаѓањето на Чесниот Пратеник Мухамед с.а.в.с..

Имал голема библиотека во која имал многу голем избор на книги за исламот, и во тестаментот напишал дека неговата желба е библиотеката да биде доделена на Џемаатот.

Абдул Кадир Одех сахиб вели дека господин Надир напишал многу книги за Џемаатот и од свој трошок ги издавал. Тој бил искрена личност која имала голема љубов кон Халифатот. На другите многу им зборувал за важноста на финансиското жртвување.

Абдул Раззак Фараз сахиб кој е мисионер и професор во Медреса Ахмадија Џамија во Канада пишува:

„Секогаш беше трпелив и благодарен. Во текот на последните години храната не можеше да ја зема преку уста туку со помош на апарат директно ја внесуваше во стомакот. И наспроти тоа, секогаш кога ќе му се подобреше ситуацијата тој доаѓаше во џамија.

Кога ситуацијата во Сирија стана лоша и Арапите почнаа да доаѓаат во Канада тој секогаш се состануваше со нив со многу љубов и внимание. Тој секогаш ги советуваше да останат поврзани со Џемаатот, бидејќи, ако размислуваат за идните генерации не им преостанува ништо друго освен нивната поврзаност со Џемаатот.

Господинот Муслех-уд-Дин Шамуур мисионер кој служи во Канада пишува:

„Откако ќе ги слушаше хутбите на хазрети Халифа-тул Месих, Надир Ал Хусни ги печатеше, повторно ги читаше и ги оставаше во фасцикла. Јас многу пати бев во неговиот дом пред сабах намаз, тој стануваше час и пол порано и јас го гледав како го клања Тахаџуд. На телевизија ја гледаше МТА и вестите. Еднаш МТА не му работеше и тој веднаш прати порака да се поправи и кажа дека му било многу тешко без неа.“

Шамур сахиб напиша дека тој ја учел следната молитва:

„О Аллах! Помогни ми да постигнам благослов преку Халифатот,“

и секогаш кога ја учел таа молитва плачел. Вели дека тоа го видел многу пати.

Хузур а.т.б.а. кажа:

Нека Возвишениот Аллах го воздигне неговиот статус и нека Он овозможи неговата сопруга и синот да примат баи‘ат и да го прифатат Ветениот Месија а.с..

Нека Аллах џ.ш. ги прими неговите молитви кои тој ги упати за нив.