In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Исклучителен човек

По учењето на ташахуд, та‘уза и сура Ал Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V рече:

Хазрети Абу Хузаифах бин Утбах.

Него го нарекувале Абу Хузаифах. Помеѓу другите, му биле додадени и следните имиња Хушаим, Хаашим Каис, Хиссал, Иссал и Миксам. Неговата мајка била позната по името Умме Сафваан, а вистинското име и било Фатимах бинт Сафван. Тој бил висок и имал убаво лице. Исламот го прифатил пред Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. да отиде во Дарул Аркам. Бил меѓу првите кои го прифатиле Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Абу Хузаифа е убиен во битката на Јамама, која се водела против Мусаилимах Каззаб во текот на Халифатот на хазрети Абу Бакр р.а.. Хазрети Абу Хузаифах учествувал во преселувањето во Абисинија и  неговата жена, хазрети Сахлах бинт Сухаил, исто така одела заедно со него.

Бидејќи Меканците жестоко ги прогонувале муслиманите, тие се селеле во Абисинија. Многу муслимани, според упатствата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. започнале со тајни подготовки за сопствено иселување. Овој синџир на иселување започнал толку силно што на крајот во Абисинија имало стотици иселеници, од кои 18 биле жени. Многу малку муслимани останале во Мека заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Некои историчари ова преселување го нарекле ’Второ иселување во Абисинија‘.

Постоел прв бран на иселување по кој следел и друг. Исто така, кога подоцна била дадена дозвола за иселување во Медина, Абу Хузаифах и хазрети Саалим, кој бил негов ослободен роб, заедно се иселиле во Медина. Прво се иселиле во Абисинија и во ист тој период и се  вратиле. Нивното второ иселување било кон Медина, каде и двајцата останале во куќата на хазрети ‘Аббад бин Бишра.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. основал врска на братство помеѓу Абу Хузаифах и хазрети ‘Аббад бин Бишра. Хазрети Абу Хузаифах исто така учествувал заедно во патувањето на хазрети ‘Абдуллах бин Јашах.

Јас ќе ја претставам и позадината на патувањето на Абдуллах бин Јашах, на начин како што било раскажано во Сеерат Кхатаман Набијјин.

„Поглаварот од Мека, по име Курз бин Џабир би Фихри, многу итро, заедно со Курејшиите, на препад влегол кај добитокот во близина на Медина и со камили, кои всушност им припаѓале на муслиманите, избегал. Штом Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ова го слушнал го одредил Заид бин Харитх р.а. за Амир во негово отсуство и со асхабите тргнал во потера. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го следел сè додека не стасал во Сафван, предел блиску до Бедр, но тој сепак избегал.

Овој Гхазвах (потера) е познат како Гхазвак Бадратул-Ула. Нормално, дека ненадејниот напад од страна на Курз бин Џабир ги исплашил муслиманите, бидејќи веќе постоела опасност поглаварите на Мека да ја нападнат Медина и сосема да ги уништат муслиманите.

За да добие податоци за анти муслимански подготовки за војна, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. основал група од осум мажи од различни племиња на Курејшиите и својот роднина од страна на таткото, Абдуллах бин Јахша р.а., го избрал за водач на оваа група.

По нивното тргнување, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му дал затворено писмо и му рекол (објаснувајќи ја насоката на патот):

’Ова писмо содржи неопходни упатства за тебе. Кога во рок од два дена ќе го поминеш патот од Медина, отвори го писмото и делувај согласно на пропишаните упатства.‘

Абдуллах р.а. и неговите асхаби тргнале по наредбата на нивниот учител. Кога поминале два дена од патот од Медина, Абдуллах р.а. ги отворил упатствата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. кои гласеле:

’Одете во долината Никхлах, помеѓу Мека и Та‘ифа, дознајте за плановите Курејшиите и вратете се со вести од таму.‘

Бидејќи мисијата била толку блиску до Мека и претставувала чувствителна задача, на крајот на писмото Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с напишал дека:

’Од како целта на мисијата ќе стане јасна, ако некој од асхабите се двоуми да ја прати групата и посака да се врати, има дозвола за тоа.‘

Абдуллах р.а. го прочитал упатството на своите следбеници кои едногласно потврдиле дека:

’Ние сме среќни што ќе ја извршиме оваа должност.‘

Потоа, оваа група продолжила кон Накхлах. Са‘д бин Аби Ваккас р.а. и ‘Утбах бин Гхазван р.а. на патот ги изгубиле своите камили и се издвоиле од групата. Без оглед на големите напори не успеале да ја најдат групата.

Сега групата останала со само шест луѓе. Тие шестмина продолжиле со задачата. Оваа мала заедница стасала во Никхлах и почнала да си ја врши работата (т.е. да дознаат за намерите на неверниците на Мека и за тоа дали планираат напад на Медина). Во текот на тоа време еден број на Курејшии кои патувале од Та‘ифа во Мека ги препознале овие муслимани и решиле да ги нападнат. Додека Курејшите го планирале овој напад, шестмина муслимани се прашувале помеѓу себе што да направат. Со оглед на тоа дека не сакале нивната извидувачка мисија да биде загрозена, муслиманите верувале, бидејќи светиот месец (кога војувањето во Ка‘аба било забрането) почнува за еден ден, и решиле дека караванот треба да се нападне и дека луѓето од караванот треба да се заробат или убијат. Така, тие во името на Аллах тргнале во напад и во таа прилика ‘Амр бин Ал-Хадрами бил убиен, а двајца биле заробени. Меѓутоа, четвртиот човек избегал и муслиманите не успеале да го фатат. (Значи, нивната одлука да го фатат или убијат не била потполно успешна).

После тоа, муслиманите земале роба од караванот. Бидејќи еден човек кој им припаѓал на Курејшиите избегал и било извесно дека веста за овој судир бргу ќе стаса до Мека, Абдуллах бин Јахша р.а. и неговите асхаби бргу се вратиле во Мека со пленот.

Кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. дознал дека асхабите го нападнале караванот бил крајно незадоволен и рекол:

’Јас не ви дадов дозвола да се борите во Светиот месец.‘

Потоа се пренесува дека одбил да го прими пленот од судирот зборувајќи:

’Јас не прифаќам ништо од ова.‘

Потоа е напишано:

’Тие сметале дека поради незадоволството од Бог и од Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ќе бидат уништени.‘

(Станале многу загрижени) дури и другите асхаби им доаѓале и зборувале:

’Направивте нешто што не ви беше дозволено и се боревте во Светиот месец, иако воопшто не ви беше наредено да се борите во овој поход.‘

Во текот на овие случки, двајца од племето на Курејшиите стасале до Медина за да ги ослободат своите луѓе (Муслиманите заробиле два човека). Меѓутоа, до тоа време, Са‘д бин Аби Ваккас р.а. и ‘Утбах р.а. не се вратиле. (Нивните камили се изгубиле и немало никаков траг од нив). Кога Курејшиите дошле да си ги ослободат своите заробеници, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. одбил да ги врати сè додека и двајцата (т.е. Са‘д Аби Ваккас р.а. и Утбах) не се вратат и рекол:

’Кога моите луѓе сигурно се вратат во Медина, јас ќе ги ослободам твоите.‘

Така, кога и двајцата негови асхаби стасале во Медина, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ги ослободил и двајцата заробеници и земал откупнина за нив.

Меѓутоа, еден од тие двајца во текот на својот престој во Медина бил толку длабоко импресиониран со високите морални особини на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и со вистинското учење на исламот, што дури и кога бил ослободен одбил да се врати меѓу своите, тој им се придружил на слугите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. На крајот бил убиен во Би‘р-е-Ма‘унах. Неговото име било Хакам бин Кисаб р.а..“

Во поглед на Абу Хузаифах р.а., неговиот татко, роднина и внук биле убиени додека се бореле со неверниците во битката на Бедр. Меѓутоа, хазрети Хузаифах р.а. покажал исклучително трпение и бил задоволен со одлуката на Возвишениот Бог, и изразил благодарност за помошта која му била дадена на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. од нивна страна за победа во битката на Бедр.

Хазрети Абу Хузаифах р.а. имал можност да учествува во сите битки заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и бил убиен е помеѓу 53-та и 54-та година од животот во битката на Јамама, во текот на Халифатот на Абу Бакр Сиддик р.а.

Сега ќе го спомнам долгогодишниот слуга и благороден член на Џемаатот кој пред неколку дена се пресели. Неговото име е професор Сау‘д Ахмад Кхан Сахиб Дехлви. Тој се пресели на 21 јануари, по волјата на Аллах џ.ш..

Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме.

Неговиот татко, хазрети Мухаммад Хассан Ахсаан Дехлви. бил следбеник на Ветениот Месија а.с.. Исто така, неговиот дедо од страна на таткото, хазрети Махмоод Хассан Кхан Сахиб, учител во Патиала, исто така бил следбеник на Ветениот Месија а.с..

Ветениот Месија а.с. го навел неговото име меѓу 313 следбеници на 301 место. Во својата исклучителна книга, Сираај-е-Мунеер, Ветениот Месија а.с. го навел неговото име во список на оние кои понудиле чанда за гостопримство и храна за гости.

Професорот Сауд Кхан Сахиб својот живот го посветил на Ахмадија заедницата во 1945 година. Дипломирал на Алигарх на персиски јазик. Помеѓу јуни во 1946 и октомври 1949 година, Сау‘д Кхан Сахиб подучувал во средното школо Талимул ислам во Кадијана. Од октомври 1949 година неколку месеци поминал подучувајќи англиски јазик во Ахмадија Џамија.

Во 1950 година хазрети Халифа-тул Месих II р.а. го пратил на верска служба во Гана, Западна Африка. Затоа, тој на 30 април 1950 година го напушта Карачи и на 30 јуни доаѓа во Кумаси. Со други зборови, му требало два месеца од мај до јуни да го заврши патувањето. Тој се соочил со големи физички и финансиски тешкотии во текот на овој пат. Денес до таму можеме да стасаме за пет до шест часа. На 1 јули почнал да подучува во Ахмадија средно школо.

Неговото име се наоѓа на врвот на листата во Тахрик-е-Ахмадијјат меѓу осумте мисионери кои биле пратени во Источна Африка, Западна Африка и Холандија во 1950 година.

Прва работа која е напишана е:

„Сау‘д Кхан Сахиб го напуштил Лахор на 25 Аван 1329 за да дојде во Гана.“

Во Пакистан се вратил во 1958 година според упатствата на Муслех Мауд р.а. и завршил мастер студии по историја на Пенџаб факултетот. Неговиот татко, Мухаммад Хассан Ахсан Дехлви Сахиб, се преселил во август во 1955 година додека Сау‘д Сахиб бил во Гана.

Во 1961 е повторно именуван за служба во Гана каде повторно бил во можност да ја извршува верска служба.

На Џалса Салана, однапред биле договорени преводи за говорите и Сау‘д Сахиб ја имал честа да го преведува обраќањето на хазрети Халифа-тул Месих III р.х. на англиски јазик, и бил благословен со оваа можност се до последната Џалса Салана одржана во Рабва.

Хузур а.т.б.а. прочита делови од писмата напишани од луѓе кои добро го познавале професорот Сау‘д, опишувајќи ги неговите исклучителни особини на понизноста, напорната работа, преданоста, богобојазливоста и големата толеранција.

Нека Возвишениот Бог ја воздигне положбата на починатиот, неговите квалитети и особини се всушност поголеми од спомнатото.

Тој имал голема љубов кон Халифатот и покажувал голема послушност. Нека Возвишениот Бог исто така овозможи неговите деца и идните поколенија да останат поврзани кон Халифатот и Џемаатот. Нека Он продолжи да ја воздига неговата положба.

По џума намаз јас ќе ја предводам неговата џеназа во отсуство.