In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)
Related Contents from Topics

АСХАБИТЕ НА ЧЕСНИОТ ПРАТЕНИК С.А.В.С.

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) продолжи да зборува на темата за асхабите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. кои учествувале во битката на Бедр.

На денешната хутба зборуваше за животот на хазрети Хаббаб бин ал-Арат р.а. кој му припаѓал на племето Сад бин Заид. Името на неговиот татко било Арат бин Ѓандалах. Според некои, неговата титула била Абу Абдуллах, а другите сметаат дека била Абу Мухаммед, или, Абу Јахја.

Хузур а.т.б.а. спомна дека во доба на Џахилијата (незнаење) хазрети Хаббаб станал роб. Бил еден од многуте личности кои го прифатиле ислaмот и бил силно прогонуван и мачен.

Хазрети Хаббаб р.а. бил ковач и кога неговиот газда дознал дека тој ќе се состане со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. изгорениот јаглен од печката му го ставил на грбот на хазрети Хаббаб р.а..

Во друг хадис се спомнува дека бил фрлен во огнот и бил присилен да легне на жежок јаглен.

Во текот на Халифатот на хазрети Омер р.а. му ги покажале лузните на хазрети Хаббаб р.а. и тој рекол дека никогаш не видел таков грб, бидејќи биле сосема бели со траги од повредите.

Спомнувајќи го хазрети Омер р.а. Хузур а.т.б.а. раскажа како хазрети Омер р.а., пред да го прифати исламот, се обидел да го убие Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и тогаш му било кажано дека неговата сестра и зетот го прифатиле исламот. Тој, потоа, отишол до нејзината куќа и го слушнал хазрети Хаббаб р.а. како го учи Чесниот Кур’ан. Кога го слушнал тоа го прифатил исламот.

Хузур а.т.б.а. спомна дека, по толку мака од рацете на своите господари, робовите заслужиле почит и возвишен статус.

Значи, за времето на Халифатот на хазрети Омер р.а., кога овие муслимани, како што бил хазрети Хаббаб р.а. и хазрети Билал р.а. присуствувале на седницата, хазрети Омер р.а. наредувал да седнат напред, а на децата на оние главатари кои порано ги прогонувале им наредувал да седнат назад до кондурите. Тие биле вознемирени од тоа како некогашните робови ги завземаат нивните места. Хазрети Омер р.а. објаснил дека, иако се робови, тие се почастено од страна на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и затоа ја заслужуваат неговата најголема почест.

Хазрети Хаббаб р.а. учествувал во битката на Бедр, Ухуд, Хендеку и во сите останати битки покрај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Хазрети Хаббаб р.а. починал во 37-та година по Хиџра во 73-та година од животот.

Еднаш кога минувал покрај неговиот мезар, хазрети Али р.а. посебно се помолил за него.