In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Луѓе со извонредни особини

По проучениот шехадет, та‘уза и сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помошник) рече:

Јас ќе продолжам да зборувам во врска со асхабите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. кои учествувале во битката на Бедр, а последен пат на оваа тема зборував во Германија.

Кога муслиманска војска се упатила на Ухуд, поради предлог на помладите муслимани да се борат надвор од Медина, на Ухуд тргнале и Абдуллах Бин Аби Салуул (главатар на лицемерите во Медина) и неговите другари. Абдуллах Бин Аби Салуул се побунил, а бил татко на хазрети ‘Абдуллах бин ‘Абдуллах.

На бојното поле Абдуллах бин Аби Салуул се побунил и со своите 300 следбеници се вратил во Медина исмејувајќи ги војните напори и зборувајќи дека тоа не е војна, туку самоубиство. Останале само 700 муслимани кои напорно се бореле и на почетокот биле и победници. Меѓутоа, пред крајот, бидејќи муслиманите не постапиле по наредбите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и ја напуштиле стражата, на планината претрпеле тешки загуби.

Сега, ќе наведам некои детали за однесувањето на Абдуллах бин Аби Салуул по оваа битка и за тоа како почнал да изговара многу грди зборови за Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и за останатите муслимани.

Тој ја покажувал кон муслиманите и својата дрскост, и ја зголемувал бидејќи Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. не реагирал на неговите навреди. Потоа, се обидел да предизвика племенски непријателства помеѓу Ансариите и Мухаџирите и тоа преку неписмени луѓе.

Голема караница избила но ја сопреле побожни луѓе и помудри асхаби; и тоа уште повеќе го изнервирало Абдуллах Бин Аби Салуул, и овој јаден човек отишол толку далеку што рекол: (ова се спомнува во сура Ал-Мунафикин од Чесниот Кур‘ан) што значи:

„Само почекајте и погледнете, кога ќе стасаме во Медина, најчесниот човек или луѓе ќе ја протераат најомразената личност, или луѓе од градот.“

Еден млад искрен човек, по име Зеид бин Аркам р.а., тоа го слушнал и зборовите го вознемириле така што ја пренел пораката на Чесниот Пратеник с.а.в.с. преку својот амиџа. Тоа искрените муслимани ги разлутило и на Чесниот Пратеник с.а.в.с. му објасниле дека пред неговото доаѓање во Медина, Абдуллах Бин Аби Салуул требало да биде именуван за крал на Медина, но со доаѓањето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. тоа не се случило. Поради тоа Абдуллах Бин Аби Салуул станал љубоморен.

По некое време, синот на Абдуллах Бин Аби Салуул, чие име било Хабаб, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му го сменил во ‘Абдуллах (односно, асхаб кого го спомнувам). Тој бил многу верен асхаб на Чесниот Пратеник с.а.в.с. и дошол кај Чесниот Пратеник с.а.в.с. загрижен од непријатните зборови на својот татко. Рекол дека, ако за ова дело на предавство се изрече смртна казна тој самиот ќе ја изврши. Објаснил дека, ако неговиот татко некој друг го погуби кај него би можело да се разбуди чувство на одмазда кон личноста која го погубила неговиот татко а тој со тоа би можел да го изгуби Аллаховото задоволство, и поради убиство на друг муслиман не би влегол во Џехеннем. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го смирил и рекол:

„Ние немаме таква намера, попрво ќе покажеме сочувство и доброчинство кон твојот татко.“

Меѓутоа, ‘Абдуллах бин Абдуллах бин Убејј бил толку лутен на својот татко што кога муслиманската војска се упатила кон Медина, ‘Абдуллах р.а. застанал пред својот татко и го блокирал да помине говорејќи:

„Бога ми! Нема да ти дозволам да се вратиш, сè додека со сопствениот јазик не признаеш дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. е најчесниот човек а дека ти си нај нечесен,“

и толку многу инсистирал на тоа што на крајот неговиот татко ги изговорил овие зборови, по што ‘Абдуллах го пуштил да се врати во Медина.

Потоа, голема тешкотија предизвикале лицемери, а таа се однесувала на инцидентот ’Ифка‘ (лага), чиј главен двигател бил ‘Абдуллах бин Убејј Салуул кој ширел лажни обвиненија против хазрети Ајша р.а., сопругата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Во ова учествувале и неуки луѓе, и интегритетот и карактерот на хазрети Ајша р.а. биле доведени во прашање.

Таа била побожна и богобојазлива жена и не понудила никакво објаснување за овие грди и лажни обвиненија, поради стравот дека нема да и веруваат. Таа му се молела на Возвишениот Аллах да и пружи помош изговарајќи ајети од Чесниот Кур’ан од пратеникот Јакуб а.с.:

„Говорејќи за мене е подобро трпение, а само од Аллах џ.ш. помош барам, против она што тие луѓе го тврдат.“

Таа била побожна и толку верувала во Бог, што била сигурна дека Семоќниот Аллах јавно ќе ја исчисти од толку грди обвиненија. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ја примил ова објава:

„Навистина, тие кои изнесоа лага се странци меѓу вас.“

Ова го ослободило побожниот лик на хазрети Ајша р.а.. Чесниот Пратеник с.а.в.с. се насмевнал и на хазрети Ајша р.а. и кажал дека Бог ја потврдил нејзината невиност.

На тоа мајка ѝ и кажала:

„Стани! Заблагодари му се на Аллаховиот Пратеник“

Хазрети Ајша р.а. рекла:

„Зошто да му се заблагодарувам на Чесниот Пратеник с.а.в.с., благодарна сум на својот Господар кој беше сведок на мојата невиност.“

Наспроти сите тие дела на национално предавство и лични повреди, кога Абдуллах бин Убајј Салуул починал, неговиот син хазрети ‘Абдуллах р.а. побарал од Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. да му клања џеназа. Од Чесниот Пратеник с.а.в.с. ја побарал неговата кошула да ја користи како облека за погребот на неговиот татко за да на тој начин му се намали казната. По тоа Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му дал маица и клањал џеназа за неговиот татко.

Овде ќе завршам со темата која се однесува на со хазрети Абдуллах р.а. и во наредните хутби ќе продолжам да зборувам за останатите асхаби.

Сега ќе ги спомнам членовите на Џемаатот кои неодамна починале.

Прво, ќе ја спомнам почитуваната Аматул Хафеез сахиба, сопруга на почитуваниот Маулана Мухаммед Умара сахиб од Керала во Индија. Таа почина на 20 октомври во 72-та година од животот.

Навистина на Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме.

Таа била побожна и посветена жена, која на одличен начин го подржувала својот сопруг како и неговите должности во заедницата. Секојдневно го учела Чесниот Кур‘ан по сабах намаз а потоа ги читала Хадисите. Тоа била нејзина секојдневна пракса. Дури, и во денот кога починала тоа го правела. Сакала да ги проучува книгите на Ветениот Месија а.с. и се трудела да го подобри своето општо знаење. Нека Семоќниот Аллах ја истури Неговата прошка и милост над неа, нека Он го воздигне нејзиниот статус и нека на нејзините потомци овозможи да станат приматели на нејзините молитви.

Втората џеназа се однесува за ценетиот Чаудхри Мухаммед Ибрахим сахиб, кој бил менаџер и издавач на месечниот весник Ансаруллах во Пакистан. Починал на 16 октомври во 83-та година од животот.

На Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме.

Неговите услуги во Заедницата започнале во 1957 година и долги низ години и служел. Вкупно 26 случаи биле кренати против него и тој месец дена служел како Асеер Рах-е-Маулах (затвореник на Божјиот пат).

Третиот погреб е погребот на ценетиот Раџа Масуд Ахмед сахиб, кој бил син на почитуваниот Раџа Мухаммад Наваз сахиб од Пинд Дадан Кхан. Починал на 19 октомври во 69-та година од животот.

На Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме.

Имал долга листа на служење во заедницата во Пакистан и Велика Британија.

Четврта џеназа е за ценетата Салиха Анвар Абро сахиба, која била сопруга на Анвар Али Абро сахиб од Синдх. Таа починала на 1-ви октомври.

На Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме.

Била храбра и решителна жена која ги исполнила своите должности кон Семоќниот Бог и должности кон неговите суштества.

По џума намаз ќе клањам џеназа во отсуство.