In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Луѓе со извонредни особини

По проучениот шехадет, та‘уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помошник) рече:

Во продолжение на темата која се однесува на животот на асхабите кои учествувале во битката на Бедр, денес ќе го спомнам хазрети Микдад р.а. бин Асвад, чие право има било Микдад р.а. бин ‘Амр. Бил посвоен син на Асвад и се викал Микдад р.а. бин Асвад. Меѓутоа, кога бил објавен ајетот, кој значи:

„Наречете ги (посвоените деца) по имињата на татковците.“

(33:6)

тогаш почнале да го нарекуваат Микдад р.а. бин Амр.

Титулата на хазрети Микдад р.а. била Абу Ма‘бад и се оженил со хазрети Дуба р.а., која била ќерка на хазрети Зубаир р.а. и хазрети Атика р.а. бинт Вахаб. Хазрети Микдад р.а. бил меѓу првите седум асхаби кои го примиле исламот во Мека.

Хазрети Микдад р.а. бил меѓу муслиманите кои се преселиле во Абисинија. Меѓутоа, набргу се вратил во Мека. Кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. заминал за Медина, хазрети Микдад р.а. не можел веднаш да му се придружи, но подоцна го направил тоа. Во почетокот останал во куќата на Чесниот Пратеник с.а.в.с..

Во тоа време имало големи проблеми и тешкотии. Чесниот Пратеник Мухаммед  с.а.в.с. имал три кози во својата куќа, и на хазрети Микдад р.а. и на еден друг асхаб им дозволил млекото од козите да го делат. Емигрантите пред спиење го пиеле својот дел од млекото а останатото го оставале на Чесниот Пратеник с.а.в.с.. Една ноќ хазрети Микдад р.а. бил исцрпен од тешкотиите што ги претрпел преку ден и го испил делот од млекото кое било наменето за Чесниот Пратеник с.а.в.с.. Хазрети Микдад р.а. поради тоа се чувствувал лошо и бил загрижен дека тоа ќе предизвика Божја казна. Толку се грижел што не можел да заспие и чекал да се врати Чесниот Пратеник с.а.в.с.. Кога Чесниот Пратеник с.а.в.с. се вратил и не го нашол млекото, ја кренал главата кон небото и рекол:

„О Аллах, нахрани го оној кој ќе ми даде храна и дај му пијалак на оној кој ќе ми даде пиење.“

Кога го слушнал ова, хазрети Микдад р.а. веднаш отишол и побарал коза. Видел дека вимињата од сите кози биле полни со млеко. Тој ги измолзал козите и млекото го однел на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. На тоа Чесниот Пратеник с.а.в.с. запрашал:

„Дали вечерва ја испи својата порција со млеко.“

Хазрети Микдад одговорил:

„Не ми го поставувај тоа прашање, Аллахов Пратенику, те молам, земи го ова млеко.“

Потоа, Чесниот Пратеник с.а.в.с. го испил млекото, а хазрети Микдад р.а. бил многу среќен дека бил примател на довата која Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ја рекол..

Хазрети Микдад р.а. учествувал во битката на Бедр, Ухуд, Хендек и во сите други битки заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Во текот на битката на Бедр, на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. му рекол:

„Аллахов Пратенику, ние нема да го говориме она што го говореле следбениците на Муса а.с.: ’Оди ти и Господарот твој и бори се‘. Сигурно не! Наместо тоа, ние ќе се бориме на твојата десна страна, на твојата лева страна, пред тебе и зад тебе.“

Оваа посветеност и преданост навистина го израдувале Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Хазрети Микдад р.а. добил совет од Чесниот Пратеник с.а.в.с. дека во текот на војната не смее да убие личност, за која ќе се причини дека изговорила Калима за да си го спаси животот, дури и ако некому нанел штета. Ова е статус на личноста која изговара Калима и ова право го дал Чесниот Пратеник с.а.в.с.. (Наспроти тоа) размислете  за постапките на таканаречените исламски влади.

Хазрети Микдад р.а., исто така, учествувал во битката на Јармук и во таа битка бил Кари (тој што го рецитира Чесниот Кур‘ан). По битката на Бедр, Чесниот Пратеник с.а.в.с. воспоставил пракса дека за време на битка треба да се учи сура Ал Анфал.

Во текот на една експедиција, Чесниот Пратеник с.а.в.с. како водач го одредил хазрети Микдад р.а.. Кога се вратил, Чесниот Пратеник с.а.в.с. го прашал за искуството како водач. Тој одговорил:

„Аллахов Пратенику! Кога заминав, почнав да чувствувам дека сите тие се мои слуги.“

Чесниот Пратеник с.а.в.с. објаснил дека со добивање и извршување на ваква обврска може да се појави вакво лошо мислење, и дека треба да се моли Семоќниот Аллах да не заштити од такво зло. Најдобро е да се разбере дека човек со добивање на власт може да стане арогантен и затоа сите меѓу нас кои сме поставени на некаква позиција на власт треба да бидеме свесни за тоа. Прво, не треба никогаш да посакуваме да станеме водачи, но, ако некој сепак биде именуван за такво нешто тогаш треба да му се моли на Семоќниот Бог да го сочува од злото кое го носи позицијата, како што е арогантноста, и секогаш да го бара Божјиот благослов.

Хазрети Микдад р.а. рекол дека слушнал како Чесниот Пратеник с.а.в.с. говори дека е среќен оној кој е заштитен од секаков вид на неслога. Според тоа, не треба да се моли за тешкотии или да се изложува на нив. Меѓутоа, ако човекот доживее било какви тешкотии тогаш треба да покаже трпение и да остане непоколеблив, и наместо тоа да покажува кукавичлук.

Хазрети Микдад р.а. бил со голем раст и учествувал во џихад. Хазрети Микдад р.а. починал во Јуруф, кој се наоѓа три милји од Медина, но луѓето го носеле неговото тело на рамиња и го вратиле во Медина. Хазрети Осман р.а. ја клањал неговата џеназа и после тоа бил погребен во Џеннет-ул-Баки. Хазрети Микдад р.а. починал кога имал околу 70 години.

Хазрети Микдад р.а. своето богатство го добил преку чудесни извори и секогаш луѓето ги советувал да се молат за своето потомство и роднини.

Затоа Семоќниот Аллах објавил:

„А оние кои велат: Господару наш, дај ни во нашите жени и деца радост за нашите очи…“    

(25:75)

Значи, секогаш треба да се принесува оваа молитва за да идните потомци останат цврсти во верата и да му бидат благодарни на Семоќниот Аллах на сите благодати кои им ги дал.

Хазрети Анас р.а. пренесува дека Чесниот Пратеник с.а.в.с. еднаш слушнал некој како на глас го учи Чесниот Кур‘ан и рекол:

„Овој човек стравува од Аллах.“

Човекот кој го учел Чесниот Кур‘ан бил хазрети Микдад бин Амр р.а..

Нека Семоќниот Бог ни пружи вистинско разбирање на исламот и нека ни овозможи да ги исполнуваме должностите кои ги следат Умметот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., и нека ни всади страв од Семоќниот Бог.