In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

ХАЗРЕТИ ‘АБДУР РАХМАН БИН ‘АУФ р.а.

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече:

На денешната хутба ќе продолжам да зборувам за хазрети ‘Абдур Рахман бин ‘Ауф р.а..

Хазрети ‘Абдур Рахман бин ‘Ауф р.а. имал пријателска врска со ‘Умајја бин Халеф. За таа врска е забележано во посебен хадис во Бугхари. Хазрети ‘Абдур Рахман бин ‘Ауф р.а. кажува дека било напишано писмо до ‘Умајја бин Халеф во кое од ‘Умајја бин Халеф било побарано да се грижи за неговото богатство и имот во Мека а тој истото ќе го стори за имотот и богатството на ‘Умајја бин Халеф во Медина, Всушност, писмото го напишал хазрети ‘Абдур Рахман бин ‘Ауф р.а..

Кога хазрети ‘Абдур Рахман бин ‘Ауф р.а. го потпишал своето име на ова писмо ‘Умајја бин Халеф му одговорил дека не познава никој кој го носи тоа име и го замолил хазрети ‘Абдур Рахман бин ‘Ауф р.а. да го напише своето име од времето на незнаењето (Џахилијет). Хазрети ‘Абдур Рахман бин ‘Ауф р.а., после тоа, напишал друго писмо ‘Абд-и-Амр’.

Во текот на битката на Бедр

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во текот на битката на Бедр, кога луѓето го напуштиле планинскиот пат, хазрети ‘Абдур Рахман бин ‘Ауф р.а. бил таму, а хазрети Билал р.а. ги видел хазрети ‘Абдур Рахман бин ‘Ауф р.а. и ‘Умајја бин Халеф. Хазрети Билал р.а. веднаш отишол до Енсариите и рекол:

„Ако ‘Умајја бин Халеф биде спасен од мене нема да остане ништо.“

Слушајќи го та некои од асхабите заедно со хазрети Билал р.а. тгнале во потрага по хазрети ‘Абдур Рахман бин ‘Ауф р.а. и ‘Умајја бин Халеф, бидејќи хазрети ‘Абдур Рахман бин ‘Ауф р.а. пробал да им пружи засолниште на ‘Умајја бин Халеф и неговиот син. Хазрети ‘Абдур Рахман бин ‘Ауф р.а. се плашел дека ќе ги фатат па го оставил синот на ‘Умајја бин Халеф, Алија, зад себе да се бори против муслиманите, да ги задржи што може повеќе за да можат да се извлечат и да им избегаат. Меѓутоа, муслиманите крваво се бореле против Алија, успеале да го убијат и да продолжат да ги следат останатите.

‘Умајја бин Халеф бил крупен човек и не можел да трча доволно брзо и да се скрие на непријателите. Кога муслиманите ги фатиле хазрети ‘Абдур Рахман бин ‘Ауф р.а. на ‘Умајја бин Халеф му рекол да седне и легнал на него за да го заштити со своето тело. Непријателите со своите мечови го напаѓале телото на ‘Умајја бин Халеф толку силно што еден од мечевите го го повредиле и телото и стапалото на хазрети ‘Абдур Рахман бин ‘Ауф р.а..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. спомна дека во Мека ‘Умајја бин Халеф го мачел Хазрети Билал р.а. како би го одвратил од исламот. ‘Умајја бин Халеф го мачел хазрети Билал р.а. на начин што кога температурите биле високи тој го терал хазрети Билал р.а. на ридовите околу Мека и на неговото тело ставал големи камења. ‘Умајја бин Халеф му претел дека таков третман го следува сè додека хазрети Билал р.а. не ја напушти верата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

и покрај тешките маки кои ги трпел хазрети Билал р.а. одговорот негов бил:

„’Ехад, Ехад‘, т.е. ’Бог е еден, Бог е еден‘.“

Во времето на хазрети Омер р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. говореше за случувањата во време на Халифатот на хазрети Омер р.а. кога во Сирија се проширила чумата, и времето кога требало да се донесе одлука дали муслиманската војска треба да продолжи кон Сирија или да се врати назад во Медина. После долго советување хазрети Омер р.а. донел одлука да се врати назад. Подоцна во таа расправа се вклучил хазрети ‘Абдур Рахман бин ‘Ауф р.а. и додал дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. наредил да не се посетува место во кое владее чума или било каква друга пандемија. Ако некој веќе се наоѓал на подрачје каде што владее чума или друга пандемија тој не смеел да го напушти тоа подрачје. Тоа би спречило болеста да се шири понатаму на други места.

После тоа, Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. спомна дека овие денови ќе настапи затворање на границите. Оние кои тоа го прифатиле на време успеале на свој начин во голема мера да спречат пандемијата со корона вирусот да се пошироко.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ова однесување го наметнал уште во тоа време.

Изборите на хазрети Осман р.а.

Додека го спомнуваше изборот на хазрети Осман р.а. за Халифа после смртта на хазрети Омер р.а., хазрети Муслех мауд р.а. и дал следните коментари и детали кои се однесуваат на карактерот на хазрети ‘Абдур Рахман бин ‘Ауф р.а..

Во теркот на Халифатот на хазрети Омер р.а., кога хазрети Омер р.а. бил ранет и сфатил дека неговата смрт ќе настапи наскоро, именувал шест личности и ги советувал меѓу себе да изберат нов Халифа. Избраните биле: хазрети Осман р.а., хазрети Али р.а., хазрети ‘Абдур Рахман бин ‘Ауф р.а., хазрети Са’д бин Ал-Вакас р.а., хазрети Зубеир р.а. и хазрети Талха р.а.. Покрај нив, како советник го избрал хазрети Абдуллах бин Омер р.а., но на него не му дал право да биде во изборот за Халифа.

Хазрети Омер р.а. избраниците ги советувал својата одлука за избор да ја донесат во рок од три дена, а Сухаиб р.а. да ги предводи намазите во тој период. Го именувал Микдад бин Ал-Асвад р.а. за надгледување на процесот на советувања и избори и му наредил на едно место да го собере избирачкиот одбор и да го чува. Неколку пати навел дека народот би требало да даде Баи’ат на личноста која ќе биде избрана за Халифа со поголем дел од гласовите, аако, бил кој го одбие тоа, тогаш би требало да биде убиен. Ако на секоја страна би биле по три гласа, хазрети Абдуллах бин Омер р.а. треба да препорача кој би требало да стане Халифа. Ако членовите на избирачкиот одбор не се согласат со одлуката на хазрети Абдуллах бин Омер р.а. тогаш личноста која ја предложи хазрети ‘Абдур Рахман бин ‘Ауф р.а. треба да биде именувана за Халифа.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. кажа дека пет личности разговарале на оваа тема, бидејќи хазрети Талха р.а. во тоа време не бил во Медина, но во тие разговори и консултации тие не дошле до конечен заклучок за избор на Халифа. После долго време од разговорите хазрети ‘Абдур Рахман бин ‘Ауф р.а. прашал дали некој сака да го повлече своето име од процесот, сите останале тивки и без одговор. После тоа, хазрети ‘Абдур Рахман бин ‘Ауф р.а. го повлекол своето име од изборите, после него и хазрети Осман р.а. го повлекол своето име, а после тоа и останатите двајца ги повлекле своите имиња. Мирен останал само хазрети Али р.а..

Конечно, членовите на Избирачкиот одбор го преземале ветувањето на хазрети ‘Абдур Рахман бин ‘Ауф р.а. дека ќе биде непристрасен и му ја довериле одговорноста на одлучување. Три дена после тоа, хазрети ‘Абдур Рахман бин ‘Ауф р.а. ја посетувал секоја куќа во Медина и барал лични мислења од жителите како би стекнал правилно мислење за секој од предложените кандидати. Најголемиот дел од народот во Медина изразил согласност дека хазрети Осман р.а. би требало да биде избран за нов Халифа. После тоа, хазрети ‘Абдур Рахман бин ‘Ауф р.а. ја донел својата одлука и пресуда во корист на хазрети Осман р.а. да биде избран за Халифа.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во следната хутба ќе спомне и други детали за хазрети ‘Абдур Рахман бин ‘Ауф р.а., ако даде Бог.