In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Доблесни луѓе

По учењето на ташахуд, та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече:

Постоел еден асхаб на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. чие име било хазрети Кхалад бин Рафе Зурки. Тој ансар (жител на Медина) бил меѓу оние среќници кои учествувале во битките на Бедр и Ухуд. Семоќниот Аллах му подарил многу деца. Кога тој и неговиот брат тргнале во битката кај Бедр и кога стасале до место наречено Бареед, нивната камила потклекнала и седнала. Тогаш хазрети Кхаллад бин Рафе Зурки упатил молитва кон Аллах џ.ш.:

„О Аллах, ние Ти ветивме, ако не вратиш во Медина ќе ја жртвуваме оваа камила.“

Во тоа време таму поминувал и Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и кога дознал за камилата го молел Аллах џ.ш. за неа и својата плунка ја помешал со малку вода. Потоа водата ја истурил во устата и врз камила малку полил по вратот и опашката.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. потоа учел дова:

„О Аллах, овозможи Рафе и Кхаллад да јаваат на неа и да стасаат до своето одредиште.“

Потоа Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. заминал.

Хазрети Кхаллад бин Рафе Зурки вели дека кај Мансаф го стасале Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. а нивната камила била на чело на караванот.

Кога Аллаховиот Веровесник с.а.в.с. ги видел само се насмевнал. (Поради довата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. слабоста на камилата потполно ја снемало).

Тие патувањето го продолжиле се додека не стасале на Бедр.

Кога се враќале назад од Бедр камилата повторно седнала и неговиот брат ја заклал а месото го дал за садака (милостина). Тие ветиле дека кога ќе стасаат до одреденото место ќе ја заколат и согласно на тоа така и постапиле.

Еден асхаб е спомнат во литературата, а неговото име било Харитхах бин Сурака. Тој починал во втората година според Хиџра, во текот на битката кај Бедр. Исламот го примил пред иселувањето, заедно со мајката бидејќи таткото веќе бил починат.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ги збратимил него и хазрети Саиб бин Усман бин Маз‘оон. Тоа била спогодба помеѓу двајца браќа која тој ја направил.

бу На‘еем пренел дека хазрети Харитхах бин Сурака многу убаво се однесувал кон својата мајка. Харитхах бин Сурака во една прилика побарал:

„О Аллаховиот Пратенику с.а.в.с.! Прави дови за мене за да станам шехид.“

После тоа барање Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. правел дова за него и на денот на битката кај Бедр, кога коњаниците биле повикани, тој (Харитха), нека Аллах џ.ш. биде задоволен со него, бил првиот кој се појавил, а исто така бил и прв кој бил убиен.

Кога мајката на хазрети Харитхах, хазрети Рубаи‘ах, ја примила веста за неговото убиство, отишла кај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и рекла:

„Ти знаеш колку многу го сакав Харитхах. Тој толку многу внимаваше на мене. Ако е тој меѓу жителите на Џеннет јас тоа трпеливо ќе го поднесам. Меѓутоа, ако тоа не е случај, тогаш само Бог знае што ќе се случи со мене.“

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. на тоа и одговорил:

„О мајко на Херитхах! Не е само еден Џеннет. Всушност, постојат неколку џеннети и Харитхах е во највисокиот Џеннет.“

На тоа таа кажала:

„Јас сигурно ќе бидам трпелива.“

Кога зборуваме за битката кај Бедр, Семоќниот Аллах рекол дека тие можат да прават што сакаат, за нив Џеннет е сигурен.

Семоќниот Аллах на луѓето кои учествувале во битката кај Бедр им кажал дека можат да прават што сакаат, бидејќи Џеннетот им е сигурен. Меѓутоа, тоа не значело дека можат да прават што било и дека и наспроти правењето грев Џеннетот ќе им биде сигурен. Всушност, тоа значело дека тие нема да бидат во состојба да постапуваат спротивно на учењето на Семоќниот Аллах и дека Семоќниот Аллах Лично ќе ги упати.

Потоа, ќе го спомнеме асхабот по име хазрети Аббад бин Бишр, кој починал во текот на битката кај Јамама, во единаесетта година според Хиџра (иселувањето во Медина).

Титулата на хазрети Аббад бин Бишра била Абу Бишр и Абу Раби. Тој му припаѓал на племето Бану Абд-у-Аш‘ал.

Имал само една ќерка, која исто така починала. Во Медина  го примил исламот на рацете на хазрети Му‘адх и хазрети ‘Умаира, пред хазрети Са‘д бин Му‘адх и хазрети Усаид бин ‘Узаир.

Во време на основањето на врска на братство во Медина, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. основал братство помеѓу него и хазрети Абу Худхаифа бин Укба.

Хазрети ‘Аббад бин Бишр учествувал во битките кај Бедр, Ухуд, Кундаку и во сите останати битки заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. Тој бил меѓу оние асхаби кои Чесниот Пратеник Мухаммед  с.а.в.с. ги пратил да го убијат Ка‘б бин Ашраф, еврејски водач кој бил издајник, и бил умешен мајстор за тајните проекти и завери.

Кога веста за убиство на Ка‘ба се проширила, трепетот го разбранил градот и Евреите била длабоко разбеснети. Наредното утро, нивната делегација дошла кај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и приговарала зошто нивниот водач Ка‘б бин Ашраф бил убиен на таков начин. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ги сослушал нивните коментари и рекол:

„Дали вие сте запознаени со злочините кои Ка‘б ги направил?“

Потоа, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ги потсетил за сите зли постапки за кои Ка‘б бил виновен, односно за кршењето на договорот, за поттикнувањето на војна, побуна, употреба на грди зборови и за завера за убиство, итн.

По ова Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол:

„Барем од сега па понатаму вие ќе правите добро и ќе живеете во мир и согласност, и не сејте го семето на непријателство, насилство и неред.“

После тоа е направен нов договор со Евреите и тие повторно ветиле дека со муслиманите ќе живеат во мир и хармонија, и дека ќе се воздржуваат од насилство и неред.

Навистина, убиството на Ка‘б Ашраф било потполно оправдано и тој таа казна ја заслужил.

Меѓутоа, треба да биде јасно дека во денешно време екстремистите и владите погрешно ги толкуваат овие настани и веруваат дека е оправдано луѓето да се убиваат на овој начин. Пред сè, нередот не е раширен во таков облик како што тогаш било направено. Овие убиени луѓе не се меѓу оние кои шират неред. Друго, во таа прилика само злочинецот бил убиен, а не и неговото семејство или било кој друг. Кога сега луѓето убиваат (други) тие убиваат невини луѓе, жени и деца а многу од нив ги оставаат инвалиди. Сепак, според правилата и законите денес ова не е дозволено. Меѓутоа, овој вид на казна бил применлив и задолжителен во тоа време и пропишан од страна на власта.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го одредил хазрети ‘Аббад бин Бишр да го собира пленот од војната по битката кај Хунеин. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го одредил за надзорник за безбедност околу Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во текот на битката кај Табук. Тој се вбројува во истакнатите асхаби.

(Хазрети Ајша пренесува дека имало три истакнати поединци од редовите на Ансари), после нив на ниту еден друг Ансар асхаб не можело да му се даде предност. Сите тие му припаѓале на племето Бану ‘Абд-ул-Аш‘ал; а тие се хазрети Са‘д бин Му‘адх, хазрети Усаид бин Узаир и хазрети Аббад бин Бишр.

Хазрети Аббад бин Бишр бил убиен во текот на битката кај Јамама на 45 годишна возраст. Хазрети Ајша р.а. пренесува:

„Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с извршуваше намаз во мојата куќа кога го слушна гласот на Аббад кој клањаше во џамија. Чесниот Пратеник с.а.в.с. праша:

’О Ајша! Дали е ова гласот на Аббад?‘

Јас одговорив:

’Да‘.

Чесниот Пратеник с.а.в.с. рече:

’О Аллах! Покажи милост кон Аббад‘!“

Тој исто така бил  меѓу асхабите кои патувале во времето на Сулах Худебија. Се раскажува за случка од битката кај Заатул Рикка кога хазрети Аббад бин Бишр го клањал ноќниот намаз додека кампувал на бојното поле. Непријателот го здогледал, ставил стрела во лакот и ја исфрлил. Стрелата го пробола телото на хазрети Аббад бин Бишр. Хазрети Аббад бин Бишр во тоа време бил зафатен со намаз. Ја извадил стрелата, ја фрлил настрана и продолжил да клања намаз. Меѓутоа, кога и по трет пат го погодиле Аббад изгубил многу крв. Хазрети Аббад го завршил намазот и го разбудил хазрети Аммар бин Јашир. Кога хазрети Аммар бин Јашир ја видел состојбата на хазрети Аббад прашал:

„Зошто порано не ме разбуди?“ Хазрети Аббад одговорил:

„Во текот на намазот ја учев сура Ка’ф и не чувствував дека треба да ја скратам.“

Такви стандарди на ибадет негувале овие луѓе.

Хазрети Абу Са‘еед Кхудри пренесува:

„Слушнав како хазрети Аббад бин Башр вели:

’О Абу Са‘еед! Јас минатата ноќ во сонот видов како небесата за мене се отвораат и затвораат. Ако Бог даде јас ќе станам шехид.‘

Јас одговорив:

’Бога ми, ти си присуствувал на нешто навистина добро’.“

Хазрети Аббад бин Башр тој ден бил убиен.

Ќе го спомнеме и асхабот по име хазрети Савад бин Гхазјах р.р. кој бил Ансар и потекнувал од племето Бану Ади бин Најар. Учествувал во битките кај Бедр, Ухуд Кундаку и во битките кои потоа се случиле. Тој го затворил и заробил Лхалид бин Хашам Макхзоом и го пратил во Кхаибар да собира данок. Тој се вратил со квалитетни урми и Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. од него купил 3 килограми урми и во замена да даде 3,5 килограми нормални урми. На Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му се допаднале тие урми и ги купил по нивната вистинска цена давајќи му урми во замена.

Хазрети Мирза Башир Ахмад сахиб во својата книга пишува за битката кај Бедр и за благословената среќа на хазрети Савада од љубовта на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. Тој пишува:

„Беше петок, 17 ден од Рамазан 2 А.Х.2, или 14 март 623 А.Д. според христијанскиот календар. Сабајлето беше извршен намаз и тие што клањаа припадници на Божјата Единственост паднаа на отворено поле на сеџда пред Едниот Бог. По ова, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. одржа говор за џихад. Кога почна да се појавува светлина, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. започна да ги средува редовите на муслиманите покажувајќи со стрела и кон другите што клањале да средат своите редови.

Еден асхаб, по име Савада р.а., стоеше малку пред својот ред. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. со стрела покажа дека треба да се тргне малку назад во линијата. Меѓутоа, се случи да дрвениот дел од стрелата која му припаѓаше на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ги допре неговите гради на што тој се побуни:

’О Аллаховиот Веровеснику! Аллах џ.ш. те пратил со вистина и правдина, но ти мене неправедно ме удри со својата стрела. Бога ми, јас инсистирам на одмазда.‘

Асхабите беа зачудени од однесувањето на Савада р.а.. Меѓутоа, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. со исклучителна наклонетост рече:

’Во ред Савада, можеш и ти мене да ме удриш со стрела,‘

и ја кренал облеката од своите гради.

Со голема љубов, Савада р.а. зачекори напред и го бакна Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во градите. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. се насмевна и праша:

’Зошто го смисли овој план?‘

Тој одговори:

’О Аллахов Веровеснику! Непријателот е пред нас. Не можеме да знаеме дали ќе се вратам или не. Ми беше желба да го допрам твоето благословено тело пред да станам шехид‘.“

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го молел (Аллах) за неговата благосостојба. Овие асхаби имале чудесни начини на изразување љубов и наклонетост кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Шас пренел сличен случај за хазрети Окшах р.а., но тоа се случило многу подоцна, во доцните години од неговиот живот, а ова се случило многу порано. Тие постојано барале прилика не само да изразат љубов кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. туку барале начин да добијат корист од неговата близина.

Нека Семоќниот Аллах продолжи со воздигање на положбите на овие сјајни ѕвезди и нека не оспособи да ја разбереме вистинската љубов кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..