In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)
Related Contents from Topics

Исклучителни луѓе

По учењето на шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах ги зацврсти неговите раце) рече:

Денес ќе зборувам за двајца асхаби на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Хазрети Абу Саид Малик бин Рабиа Са‘иди бил познат како Абу Усаид.

Некои велат дека неговото име било Билал бин Рабиа. Му припаѓал на Бану Са‘ад, огранок на племето Кхазраи. Бил со низок раст. Неговата брада и коса биле побелени но самата коса била многу густа. Во староста ослепел и починал во шеесеттите година после Хиџра на 75 години, во времето на Муавија. Починал како последен од Ансарите кои учествувале во битката на Бедр.

Хазрети Абу Усаид го прател Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во битките кај Бедр, Ухуд, Хандаку (битката кај рововите) и во подоцнежните битки. Во време на освојување на Мека го носел знамето на Бену Са‘д.

Хазрети Сулејман бин Јашар вели дека пред убиството на хазрети Осман р.а. хазрети Абу Усаид Са‘ад ослепел и велел:

„Му благодарам на Аллах џ.ш. , кој ми дал вид во текот на животот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и ми дал можност да ги видам сите овие благослови. А, кога Аллах џ.ш. сака луѓето да ги стави на искушение го зема мојот вид за да не ги гледам сите овие грди случувања.“

Еднаш хазрети Абу Усаид имал задача да подели зекат. Откако е поделил сè си заминал дома и заспал. Сонувал како змија се завиткува околу неговиот врат. Кога се разбудил ја прашал слугинката, или можеби сопругата:

„Дали останало нешто од тоа што требаше да го поделам за зекат?“

Таа одговорила дека не останало ништо.

Хазрети Абу Усаид тогаш прашал зошто сонувал змија околу вратот. Можеби сепак нешто заборавил. Кога таа отишла и проверила рекла дека останало едно јаже со кое  била врзана камила а останале и вреќи во кои сето останато се носело. Тој веднаш тоа го земал и го вратил.

Возвишениот Аллах сакал асхабите да чекорат по патот на богобојазливоста и да изградат највисоки стандарди на доверба која им е дадена. Ова е причината поради која упатствата ги добивале преку сон.

Аммара бин Развија од сведоштвото на неговиот татко пренесува дека на хазрети Абу Усаид некои млади луѓе му поставиле прашање за решителноста која Чесниот Пратеник с.а.в.с. ја спомнал во врска со Ансари (муслиман од Медина). Тој рекол дека го слушнал Чесниот Пратеник с.а.в.с. како веели дека од ансарските племиња најдобри домаќини доаѓаат од Банну Најјар, Бену ‘АбдулАш‘ал, Бану Харитх бин Кхазраи и потоа од Бану Са‘д. Потоа кажал дека секоја куќа на Ансарите е исполнета со доблести. Потоа хазрети Абу Усаид зборувал дека кога би можел да зборува само вистинито, би тргнал од домаќините од племето Бану Са‘д.

Хазрети Муслех Мауд р.а. раскажува од историјата на исламот, поточно од времето кога Арабија била освоена и кога исламот почнал да се шири, дека постоела една жена од племето Кинд чие име било Есма или Умаима, која ја нарекувале Јуниа ор бинт Јуан. Нејзиниот брат, како претставник на своето племе, дошол кај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Тогаш тој изразил желба неговата сестра да се омажи за Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. поради тоа што Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. сакал племињата на Арабија да се обединат. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ја прифатил понудата. Жената била позната по својата убавина и останатите жени ја наговарале. По Ника (венчавка во шеријатот) хазрети Абу Усаид ја допратил до Медина. Кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. отишол во куќата која била наменета за неа таа ги изговорила следните зборови:

„Се молам на Аллах џ.ш. да ме заштити од тебе.“

Чесниот Пратеник Мухаммед штом ги слушнал нејзините зборови рекол:

„Ти побара заштита од Највозвишениот, Кој дава целосна заштита. Затоа јас го прифаќам твоето барање.“

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. веднаш излегол од куќата и рекол:

„О Абу Усаид! Дај и два фустана и врати ја на нејзиното семејство.“

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и дал два фустана како знак на внимание покрај нејзиниот венчален дар.

Според наредбите од Чесниот Кур‘ан од сура Ал-Бекара, ајет 238,

„…Не заборавете да правите добро едни на други…“

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. дал и повеќе одошто требало и ја покажал својата добрина.

Оваа случка е сосема доволна да одговори на изречените лаги против Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во врска со бројот на неговите сопруги и обвиненија дека посакувал убави жени. Хазрети Абу Усаид раскажувал дека кога и да било побарано нешто од Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. тој никогаш ништо не одбивал.

Другиот асхаб за кој ќе зборувам е хазрети Абдуллах бин Абдил Асад. Неговото име било Абдуллах, но бил познат како Абу Салмах. Неговата мајка била Баррах бинт Абдил Мутталиб. Му бил роднина на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и посвоен брат на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и на хазрети Хамза. Него го доела Собах, слугинката на Абу Лехеб. Прво се оженил со Умми Салмах и во врска со тој брак хазрети Мирза Башир Ахмад пишува во Сират Кхатамун Набијјин како Абу Салмах бин Абдил Асад е усвоен брат на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и како припаѓа на племето Бану Макхзуум. По неговата смрт, неговата сопруга Умми Салмах се омажила за Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Хазрети Абдуллах бин абдил Асад бил меѓу првите кои го прифатиле исламот.

Хазрети Абдуллах бин Абдил Асад и неговата сопруга Умми Салмах биле меѓу првите кои се доселиле во Абисинија. По враќањето од Абисинија во Мека се преселиле во Медина. Ибн Исхаак зборува дека Абу Салма се вратил од Абисинија и побарал заштита од Абу Талиб. Абу Талиб при една посета на племето неколку луѓе од племето Бану Макхзум го прашале:

„Ти на својот роднина Мухаммед му даде заштита, но зошто му даде заштита и на нашиот брат Абу Салим?“

Абу Талиб одговорил:

„Тој од мене побара заштита и воедно ми е и роднина. Ако не му пружев заштита на едниот роднина немаше да го заштитам ниту вториот роднина.“

Абу Салмах бин Абдул-Асад р.а. бил ранет во битката Гхава кај Ухуд и потоа морал да отпатува да растера една група која луѓето ги наговарала во своите региони да се борат против Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Поради тешкиот пат раните со кои се здобил на Ухуд повторно почнале да крвават, иако претходно почнале да заздравуваат. И покрај медицинскиот третман кој го добил состојбата станувал се полоша и полоша и на крајот токму од тие рани верниот асхаб и усвоениот брат на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с починал. Кога хазрети Абу Салмах починал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му ги затворил очите и се молел за него со зборовите:

„О Аллах, подари му на Абу Салмах проштавање и воздигни го него заедно со побожните луѓе, биди Чувар над неговите наследници. Господаре на сите светови! Прости ни и нам исто така.“

Во еден хадис се спомнува дека во последните моменти од неговиот живот хазрети Абу Салмах р.а. се молел:

„О Аллах! Најди ја најдобрата личност која ќе ме замени и која ќе се грижи за моето семејство!.“

Оваа негова дова била примена и Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. се оженил со Умми Салмах р.а..

Хзрети Умми Салмах р.а. вели:

„Кога Абу Салма р.а. почина се молев иако срцето не сакаше –

’О Аллах, подари ми некој на местото на Абу Салма р.а..‘

Потоа помислив кој би бил подобар од Абу Салма р.а. и ги споредував неговите квалитети со квалитетите на други луѓе. Со други зборови тој беше исклучителен човек и затоа јас ја упатив таа дова.“

Кога на хазрети Умми Салма бил завршен Иддет (период на чекање на вдовица), таа од Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. добила порака дека ја бара за жена. Кога Чесниот Пратеник Мухаммаед с.а.в.с. на Умми Салма и пратил порака но таа барала изговор:

„Јас сум стара и не можам веќе да раѓам деца.“

Како и да е на крајот таа ја прифатила понудата. Нејзиниот син кој бил старател над неа и дал благослов за бракот со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Како што веќе спомнав, Умми Салма била со убава става, многу интелигентна и била искрена и богобојазлива.

Хазрети Салма р.а. знаела да чита и имала голема улога во образованието на муслиманките. Многу хадиси се пренесени токму од неа. Таа е втора сопруга по ред на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. според пренесувањата на хадисите и дванаесеттата од сите асхаби, вклучувајќи ги мажите и жените.

Нека Аллах џ.ш. продолжи да го вознесува нивниот статус и нека нам ни помогне да го применуваме нивното морално однесување.

Сега ќе спомнам детали за неколку луѓе кои неодамна починале, и исто така ќе клањаме џеназа во отсуство.

Прв е Раја Насеер ахмад Насир, кој долго и служел на заедницата како мисионер. Исто така, служел како Назир Ислаах о Ирсхаад Марказијј. Починал на 6 јули 2018 година во 80-та година од животот. Починал во Тахир Хеарт Институт во Рабва.

’На Аллах му припаѓаме и нему сигурно ќе му се вратиме.‘

Кога го завршил Џамија Ахмадија школувањето имал прилика 47 години да и служи на Заедницата. Имал голема вера во Возвишениот Аллах и им бил предаден на своите молитви и дови.

Неговиот син пишува дека кога биле во Бангладеш избувнал пожар и огнот сериозно се доближувал до куќите во кои Ахмади муслиманите живееле. Тогаш тој ја упатил следната дова:

„О Аллах! Твојот Месија рекол (не заканувајте ми се со огнот) бидејќи огнот е мој слуга и слуга на моите слуги, сочувај не од огнот.“

Тој вели дека огнот толку многу се доближил што ја допирал една од куќите но не продолжил понатаму и куќите на Ахмади муслиманите биле спасени.

Многу сакал да го чита Чесниот Кур’ан.

Неговиот син пишува дека неговиот татко сакал да го заврши учењето на Кур‘ан во воздух и на вода. На копно многу пати го прочитал Чесниот Кур‘ан. Имал прилика да заврши со читањето на Кур‘ан додека патувал по морето. Патувањата во воздух секогаш било кратко и немал прилика да заврши со читањето но кога и да патувал секогаш го читал Чесниот Кур‘ан. Неговиот син го посветил живот на  служба во Џемаат така што моментално служи во Вакалати Таснееф. Раја Атул Манан вели дека неговиот татко давал два совета; никогаш да не прават ширк (припишување на партнер на Бог) и секогаш во секој случај да останат покрај институција на Халифатот и Ахмадијатот. Тој секогаш се држел до тие принципи.

Освен оваа имаме уште две џенази за двајца шехиди. Не биле убиени поради Џемаатот туку нивните дуќани биле ограбени а тие биле убиени. Едниот од нив господин Мубеен Ахмад синот на господинот Мехбооб Ахмад, а другиот е господинот Мухаммад Зафаруллах сино тна господинот Лиакат Алија. На седми јули 2018 година околу три часот попладне во Коранга индустриска зона во Карачи, наоружани крадци пукале во господин Мубеен Ахмад, Зафаруллах и Мухаммад Наасруллах. Резултат на тоа е што господин Зафаруллах и господин Мубеен биле смртно ранети. Навистина му припаѓаме на Аллах и Нему ќе му се вратиме. Наоружани крадци сакале да ја ограбат нивната продавница за електрични уреди и бидејќи тие се спротивставиле крадците пукале во нив. Ахмадијатот во семејството на Мубеен Ахмад синот на Мехбооб Ахмад стасал преку нивниот прадедо господинот Чаудхри Аладаад. Тој дал баи‘ат во 1940 година преку неговиот постар брат господин Абдул Азиз Патвари. По баи‘ат неговите синови почнале да се бунат. Во куќата направиле одвоена просторија за него. Како и да е тој сето тоа го поднесувал со сабур. Неговиот дедо бил господин Али Мухаммад и се борел против Џемаатот и исто така бил следбеник на Атауллах Схах Букахари кој бил жесток непријател на Ахмадијатот.  Атауллах Схах Букахари употребувал вулгарен јазик против Каид и Азам (Мухамммад Али Јиннах) и вулгарно се изразувал кон Муслиманска Коалиција а тоа било време кога неговиот дедо се одвоил од него. Во исто време кога Индија и Пакистан се одвоиле, Џемаатот (главниот центар) бил привремено преселен во Лахор тој го видел како се исполнува претскажувањето на Ветениот Месија а.с. во врска со миграција. Почнал да се наклонува кон Џемаатот. По раздвојувањето се преселил во Навабашах, заедно со семејството.

Кога хазрети Муслех Мауд р.а. го посетил Синдх во Пакистан неговиот дедо го видел на железничка станица. Кога го здогледал Халифатул Месих II р.а. рекол дека тоа лице не може да биде лице на лажго и тогаш дал баи‘ат и му се придружил на Џемаатот. Господин Мубеен Ахмад имал 20 години и бил студент кога го убиле. Мубеен Ахмад имал многу квалитети; бил многу толерантен, не бил темпераментен и бил со убава става. Редовно ги клањал петте дневни намази и со исте однесувал со љубов и почит. Бил активен во Худдам и секогаш бил активен во Џемаатот. Ако требало да пропушти работа поради Џемаатот тоа го правел без размислување. Потпишал Васијјат и го добил својот број. Неговиот Васијјат ќе биде прифатен. ИншаАллах. Имал добри односи со соседите и тоа сите го потврдиле, и стари и млади. Тој би роднина на другата личност која е убиена, Мухаммад Зафаруллах. Освен неговиот татко Мехбооб Ахмад и мајка Аматул Хафеез Бегум зад себе оставил и две сестри Мубеен Мехбооб 23 години и Кинза Мехбооб 16 години и брат Амеен Ахмад 13 години.

Господин Мухаммад Зафаруллах е син на господин Лиакат Алија. Во текот на овој инцидент убиен е со три метка кои тешко го раниле и му ги оштетиле и двата бубрега. Операција успеела но состојбата потоа се влошила. Докторите решиле да го водат на уште една операција но тој синоќа почина. Навистина на Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме. Ахмадијатот исто така во неговото семејство дошол преку неговиот прадедо господинот Гхулам Деен кој припаѓал на дистрикт Гурдаспур и работел на земјиштето кое припаѓало на асхабот на Ветениот Месија а.с., хазрети Абдул Азиз Патвари. Еден ден отишол со него во Кадијана и го запознал Ветениот Месија а.с. и веднаш дал баи‘ат. Мухаммад Зафруллах е роден во 1993 година во Карачи. Бил весел, убаво се однесувал и секогаш имал насмевка на лицето. Секогаш бил активен во Џемаатот и имал неколку должности во Худамул Ахмадија. Благодарноста до Аллах бидејќи бил Муси и имал само 25 години кога бил убиен. Зад себе остава татко, господинот Ликат Алија, мајка Насеера Бегум, петмина браќа:Вајахат Ахмад 33 години, Мансоор Ахмад 31 година, Мустенсер Ахмад 28 години, Шуја Ахмад 27 години и Хафиз Мухаммед Насруллах 24 години. Третата личност која била ранета е неговиот брат Хафиз Насруллах, кој моментално е во болница по операцијата. Нека Аллах му подари брзо оздравување и нека потполно му го врати здравјето, нека Аллах го воздигне статусот на починатите и нека им подари сабур на нивните семејства. Амин.