In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Асхабите на Чесниот Пратеник с.а.в.с. – Хазрети Зубеир бин Аввам р.а.

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека Возвишениот Аллах во Чесниот Кур’ан кажува:

„А оние кои оговориле на Аллаховиот повик и повикот на Пратеникот после здобиените рани, оние од нив кои чинат добро и кои се богобојазливи, ќе имаат голема награда.“

(Чесниот Кур’ан, 3:173)

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќе продолжи да говори за хазрети Зубеир бин Аввам р.а..

Што се однесува до споменатиот ајет хазрети Ајша р.а. кажала дека тој се однесува на хазрети Абу Бекр р.а. и на хазрети Зубеир бин Аввам р.а..

Во битката кај Ухуд, откако бил нападнат Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и кога непријателите побегнале, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. прашал кој ќе го следи непријателот, и на тоа барање група асхаби се пријавиле за оваа задача. Меѓу асхабите кои се пријавиле се наоѓале хазрети Ебу Бекр р.а. и хазрети Зубеир бин Аввам р.а., иако тој бил ранет.

Комшија во Џеннетот

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. престави уште еден хадис во кој хазрети Али р.а. кажува дека слушнал како Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. говори:

„Хазрети Талха р.а. и хазрети Зубеир бин Аввар р.а ќе бидат мои комшии во Џеннетот.“

Подарена земја

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го цитираше Вториот Халифа р.а. пренесувајќи го фактот дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му подарил некоја земја на хазрети Зубеир бин Аввам р.а.. Било пренесено дека оваа земја била толку голема и пространа што коњот на хазрети Зубеир бин Аввам р.а. можел слободно да трча до исцрпеност.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. коментираше дека е познато оти арапските коњи биле исклучително јаки, па според тоа може да се процени дека оваа земја била со површина од околу 20.000 хектари.

Непристрасна одлука

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. раскажа дека во една ситуација хазрети Зубеир бин Аввам р.а. не се согласувал со асхаб, кој бил Енсарија, во врска со потокот од кој и двајцата ги наводнувале своите култури. Ова несогласување се случило во присуство на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., па во тој случај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. се јавил како посредник.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. на почетокот му советувал на хазрети Зубеир бин Аввам р.а. да земе вода за своите култури, а потоа текот на водата да го даде на својот сосед.

На тоа, асхабот Енсарија рекол дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. донел таква одлука бидејќи хазрети Зубеир бин Аввам р.а. му е роднина.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол хазрети Зубеир бин Аввам р.а. да ја искористи водата од целиот поток и да ги наводни своите култури, покажувајќи со тоа дека во почетокот донел непристрасна одлука и за двете страни.

Така, на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му е објавен следниот ајет од Чесниот Кур’ан:

Се колнам во Господарот, тие не можат да веруваат ако тебе не те земат за судија за оние работи за кои се караат помеѓу себе и тогаш во своите срца да не почувствуваат никакво противење а што и да одлучиш, и потполно да се покорат.“

Многу добротворен

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека за хазрети Зубеир бин Аввам р.а. се пренесува оти имал илјада работници кои работеле на неговиот имот и добивале плодови од неговите култури. Меѓутоа, хазрети Зубеир бин Аввам р.а. тоа богатство не го задржал цело за себе, туку, најголемиот дел го дал во добротворни цели.

Кога станал шехид, хазрети Зубеир бин Аввам р.а. не го оставил целото богатство, туку оставил само неколку имоти.

Побарај помош и исплати ги долговите

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. според хадисите кажува за синот на хазрети Зубеир бин Аввам р.а..

Хазрети Зубеир бин Аввам р.а. го советувал својот син секогаш, кога ќе наиде на било каков проблем во враќање на неговите долгови, да побара помош само од Аллах џ.ш.. Неговиот син го прифатил советот и рекол дека, ако било кога наиде на проблеми во враќањето на неговите долгови, ќе се моли на Аллах џ.ш. и Семоќниот Аллах ќе обезбеди средства за враќање на долговите.

Во некои случаи Аллах џ.ш. би обезбедил средства од продажба на имотот на хазрети Зубеир бин Аввам р.а. во износ доволен за отплата на неговите долгови кои останале после неговата смрт.

Начинот на кој хазрети Зубеир бин Аввам р.а. се задолжувал бил таков што, кога луѓето доаѓале да му остават некое богатство во доверба, тој им кажувал дека тоа богатство нема да го задржи како доверба, туку ќе го задржи како заем, и на тој начин луѓето не се плашеле дека тој ќе го потроши тоа богатство, а, и ако го потроши тогаш тоа ќе се смета како негов заем.

Битка на камилите

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го цитираше Вториот Халифа р.а  кој пренесувал за случувањата кога хазрети Осман р.а. станал шехид и изборите кои се случиле после тоа, односно, изборот на хазрети Али р.а. за следен Халифа.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. раскажа под кои услови хазрети Зубеир бин Аввам р.а. се обврзал на верност кон хазрети Али р.а..

Хазрети Зубеир бин Аввам р.а. побарал брза казна за убијците на хазрети Осман р.а.. Меѓутоа, хазрети Зубеир бин Аввам р.а. сметал дека хазрети Али р.а. не преземал доволно брзи мерки во таа ситуација. Затоа, хазрети Зубеир бин Аввам р.а.  заедно со неколку други асхаби се обратиле на хазрети Ајша р.а., кој, исто така, се обврзала дека ќе побара брза казна за убијците.

Како резултат на оваа разлика на мислења се случила битка, позната како битка камили помеѓу војските на хазрети Ајша р.а. и хазрети Али р.а..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека овој настан бил поврзан и со хазрети Талха р.а., за кој зборувал и порано, што јасно покажува дека оваа битка се случила како резултат на лицемерие, а некои асхаби се вклучиле во таа работа од недоразбирање.

Хузур а.т.б.а. кажа дека хазрети Зубеир бин Аввам р.а. се повлекол од бојното поле бидејќи се сетил дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. еднаш му рекол оти ќе се бори против хазрети Али р.а. и дека тој ќе биде причината за тоа недоразбирање.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Зубеир бин Аввам р.а. бил убиен на враќање од битката на камилите.

Кога мечот на хазрети Зубеир бин Аввам р.а. му бил донесен на хазрети Али р.а., тој рекол дека тој меч го штител и му давал утеха на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., но сега тој меч доаѓа од нереди.

Хазрети Али го проколнал оној кој го убил хазрети Зубеир бин Аввам р.а..

Џенази

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќе спомне неколку починати членови од Џемаат и дека ќе клања џеназа во отсуство.

Хаџија Ибрахим Увахај

Хаџија Ибрахим Увахај починал на 10 август. Бил на функција потпретседател на Ахмадија муслиманската заедница во Гамбија. Редовно клањал намази и доброволни дови. Редовно давал и милостина и покажувал голема љубов кон Чесниот Кур’ан.

Магистрирал во Соединетите Американски Држави, а потоа се вратил да му служи на народот на својата земја. Бил просветен работник кој во интелектуалните кругови бил особено ценет.

После себе оставил две жени, седум синови и две ќерки.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше за се молеше за проштевање на неговата душа и за неговите деца да ги исполнат молитвите на нивниот татко.

Наеем Ахмад Кхан

Наеем Ахмад Кхан починал во април. Бил потпретседател на Ахмадија муслиманската заедница во Карачи. Служел во разни одбори под раководство на Худдамул Ахмадија (помошно младинско членство), и на многу други функции. Бил ревизор во првото управно тело на ИАААЕ. Служел и како еден од инженерите кои помогнале во планирањето за изградбата на погон за производство на леб.

Неговите деца пишуваат дека секогаш ги учел да бидат поврзани за верата и Халифатот, и редовно да ги клањаат своите молитви.

Секогаш бил редовен во намазите и во своите нафили. Дури и во последните денови од животот ја молел медицинската сестра да му помогне да седне како би можел  да клања намази и молитви.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше за проштевање на неговата душа и неговите деца да можат да ги продолжат неговите добри дела.

Бусхра Бегум сахиба

Бусхра Бегум сахиба почина на 19 јули. Нејзиниот дедо бил асхаб на Ветениот Месија а.с..

Редовно го клањала своите намази и нафили. Била многу гостољубива и редовно давала садака.

Поради слабиот вид, таа како дете не можела да го чита Чесниот Кур’ан. Меѓутоа, подоцна во животот нејзините деца и помогнале и таа успеала да научи напамет неколку сури од Чесниот Кур’ан.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. спомна дека еден од нејзините синови служи како мисионер на Заедницата, и тој е главен мисионер во Нов Зеланд.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше за проштевање на нејзината душа и се молеше Возвишениот Аллах на нејзините деца да им подари трпение и да им овозможи да продолжат да работат на нејзините добри дела.