In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Луѓе со исклучителни способности

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов Помошник) рече:

Хазрети Сабит бин Халид Ансарија му припаѓал на племето Бану Маалик, огранок на племето Наѓѓар. Учествувал во битките кај Бедр, Ухуд и Јамам. Според некои, станал шехид во текот на инцидентот Бир и Мауна.

Хазрети Абдуллах бин Урфата е следниот асхаб кој ќе го спомнам. Тој во Абисинија се преселил заедно со хазрети Џафер бин Абу Талиб. Учествувал во битката кај Бедр.

Хазрети Утба бин Абдуллах. Името на неговата мајка било Бушра бин Заид. Учествувал во баи‘ат (заклетва) на Акба и во битките кај Бедр и Ухуд.

Хазрети Каис бин Аби Са‘са. Неговиот татко се викал Амр бин Заид. Тој бил познат по титулата Абу Са‘са. Името на неговата мајка било Шаиба бинт Асим. Тој учествувал во баи‘ат на Акба заедно со седумдесет Ансарии. Тој имал чест да учествува во битките кај Бедр и на Ухуд.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го поставил за водач на Сааках. Сааках е дел од армијата во позадина кој е задолжен да го заштитува останатит дел од армијата. Во една прилика тој го прашал Чесниот Пратеник Мухаммед  с.а.в.с.:

„О Аллахови Пратенику с.а.в.с.! За колку дена треба да го прочитам Чесниот Кур‘ан?“

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека тоа треба да го стори за петнаесет ноќи.

Хазрети Каис рекол дека тој може тоа и порано да го заврши.

Потоа, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол тоа да го направи во рок од два петока (две недели).

На тоа тој повторно одговорил дека може и порано да го стори тоа. Тој Чесниот Кур‘ан го учел на свој начин. Така продолжил сè додека не остарел и додека видот потполно не му се оштетил, по што морал да врзува платно преку очите, и потоа почнал да го чита Чесниот Кур‘ан во текот на петнаесет дена. Тој после тоа зборувал:

„Барем да го послушав првиот совет на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.“

Хазрети Убејда бин Харис му припаѓал на племето Беау Мутталиб. Тој бил близок роднина на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. Неговата титула била Абу Харис, а според некои Абу Му‘авија. Името на неговата мајка било Сукхаила бинкт Хуза‘и. Хазрети Убејда бил десет години постар од Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Тој меѓу првите го прифатил исламот. Тој станал муслиман пред Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. да влезе во Дар-ул Аркам (куќа која била избрана за собирање на муслиманите за да тајно извршуваат намаз).

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. на хазрети Убејда гледал со голема чест и гордост.

Во текот на битката на Бедр тој се борел во  делот на одбраната против Валид бин Утбах. Деталите на овој напад се наведени во Сунан Абу Давуд.

Хазрети Али р.а. пренесува:

„Утах бин Рабии‘ах, кого синот и братот го прателе дошол напред и непријателите нагласиле:

’Кој од вас ќе ни се спротивстави?‘

Многу млади од редот на Ансариите му одговориле. Утбах сите нив ги прашал:

’Кои сте вие?‘

Тие одговориле:

’Ние сме Ансари.‘

Утбах потоа рекол:

’Ние немаме проблем со вас, ние само сакаме да се бориме заедно со нашите роднини‘.“

Потоа Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол:

„О Хамза стани, о Али стани, и о Убејда бин Харис стани, и сите вие одете напред.“

Хазрети Али понатаму вели:

„Штом го чувме повикот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. хазрети Хамза тргна на кај Утба, јас тргнав кон Шајбу и хазрети Убаид бин Харис се судри со Валид, и потоа и двајцата беа многу повредени. Потоа се свртевме кон Валид и го убивме, а Убаид бин Харис го однесовме од бојното поле. Во текот на судирот Утбах го удри хазрети Убаид во делот на ногата под коленото и таа беше комплетно исечена. Тој почина во Сафра, место блиску до Бедр, и таму беше и погребан.“

Во времето на неговата смрт хазрети Убаид бин Харис имал 63 години.

После спомнувањето на овие асхаби Хузур а.т.б.а. кажа:

Сакам да спомнам личност која животот го дала за служба во Џемаатот и која била мисионер од Индонезија, а почина пред неколку дена. Неговото име е господин Сујути Азиз Ахмад кој почина на 19 ноември.

’Навистина на Аллах му припаѓаме и нему ќе му се вратиме.‘

Господин Сујути бидејќи имал проблем со срцeто, и од таа причина заминал за Рабва. Во Рабва, Тахир Хеарт Институт бил опериран, но состојбата не му се подобрила и набрзо починал. Зад себе остава два сина, две ќерки и десет внучиња. Шестмина од нив се Вакфенау.

Господин Сујути Азиз Ахмад е роден на 17 август 1944 година во Боне, Јужен Сулависи. Студирал во Медреса Џамија Рабвах од септември 1966 година до октомври 1971 година. Во април 1972 година бил поставен за централен мисионер на Индонезија. Во 1985 година добил Шахид диплома поради неговата одлична служба како мисионер, а во 2000 година извршил Аџилак.

Од 1972 година до 1979 година служел како мисионер во Јужна Суматра, Лампунгм, Јамба и Бенгкулу.

Од 1979 година до 1981 година служел како наставник за Му‘алимиин.

Во 1981 година бил поставен да служи како мисионер во Пурвокерто. Во 1982 година бил поставен за асистент на директорот за Му‘алиимиини и Мубаллигхиин часови.

Од 1982 година до 1992 година служел како директор за Медреса на Ахмадија џамија на Индонезија, а во 1985 година доделена му е Шахид диплома.

Од 1992 година до 2016 година бил главен за Таблик. Од 2016 година па сè до смртта служел како директор на Медреса на Ахмадија џамија во Индонезија.

Во 1973 година се оженил со госпоѓата Афита, ќерка на мисионерот Абдул Вахид од Суматра. Таа била постара сестра на Маулана Абдул Басит, кој е Амир на Џематот во Индонезија. Имале четири деца, Варид Кхалид, Харитх Абдул Бари, Са‘адат Ахмад и Алијах Атијјатул Алиим. Афита сахиба починала во 2009 година. Сујути Сахиб потоа се оженил со Арина Дамајинти сахиб и со неа немал деца.

Во врска со прифаќањето на Ахмадијатот во неговото семејство, дал интервју за МТА во кое кажал:

„За мене и за моето семејство главна причина да дадеме баи‘ат беше поради мојот дедо, кој ни зборуваше дека подоцна ќе се појави Имам Мехди кого мораме да го прифатиме. За да ја одржиме оваа наредба јас и моето семејство два пати се селевме. Во 1959 година моето семејство се исели во Лампунг. Во 1963 година мисионерот Заини Дехлан сахиб дојде во Лампунг за да ни зборува за Ахмадијатот. Тој ни кажа дека Имам Мехди се појавил. Јас го прашав во врска со доказите за неговото доаѓање, а тој ни даде книга докажувајќи ја вистинитоста на Месијата на подоцнежните денови и ни кажа да ја прочитаме книгата. Кога ја прочитав ова книга бев сигурен дека Месијата кој требаше да се појави е никој друг освен Имам Мехди, хазрети Мирза Гулам Ахмад од Кадијана а.с..“

Тој вели дека на 13 февруари, кога имал 19 години, тој и 40 члена на неговото семејство земале баи‘ат преку Маулана Заини Дехлан сахиб.

Потоа рекол:

„Во 1963 година Вакиил-ул Табшир го посети Бадунг од Рабва, и јас бев присутен таму. По оваа програма и по запознавањето на мисионерите вистината ми стана уште по јасна. Во 1963 година Маулана Абу Бакр Ејуб сахиб беше мисионер во Јужна Суматра и тој не посети во Лампунг и одржа тренинг за нови Ахмади муслимани. По оваа посета тој испрати извештај до Раиис-ул-Таблигх, на Маулана Сејид Шах Мухаммед Ѓилани сахиб, и му кажа дека луѓе од Богас племето зема баи‘ат во Лампунг, но од неговиот народ нема мисионер туку од Јава и Сунда народите. Тој рекол дека познава млади луѓе кои можат да бидат испратени во Рабва на студии.“

Потоа вели дека тој бил еден од тројцата млади луѓе кои се наоѓале на листата. Подоцна им било кажано да ги предадат пасошите и визата. Како и да е, тогаш биле тешки политички прилики и тие не можеле да аплицираат. Во 1966 година вели дека аплицирал за виза во Пакистанската амбасада и за 15 минути добил виза.

Тој понатаму зборува дека кога стасал во Карачи преспал една вечер и со воз стасал во Рабва. Кога стасал на станицата до Џамијата одел пеш. Тој понатаму вели дека многу студенти го дочекале и му изразиле добредојде. Окружувањето било поинакво и на почетокот му било тешко да се навикне, но на крајот успеал. По три дена бил запишан во Медреса.

Таму имал професор по име хазрети Мастер ‘Ата.

Во Џамија (факултет) се запишал по три дена. Меѓу професорите се наоѓал и хазрети Мастер ‘Ата мухаммед сахиб. Тој бил асхаб на Ветениот Месија а.с..

Тој понатаму кажува дека бил почестен да запознае неколку асхаби на Ветениот Месија а.с. во текот на својот престој во Рабва.

Вели дека се трудел времето да го поминува со асхабите на Ветениот Месија а.с. и им ги масирал стапалата.

Додека зборувал во врска со случка кога хазрети Халифа-тул Месих III р.а. бил избран за Халифа, тие се состанале со него. Тој вели дека Халифата го погалил по лицето и рекол:

„Дојдовте од Индонезија?“

Тука се наоѓале и студенти од други земји. Хазрети Халифа-тул Месих III р.а. им се обратил на сите студенти:

„Сите дојдовте од далеку, и сите вие сте мои деца.“

Духовната светлина на Халифа-тул Месих III р.а. секогаш беше со нас и сите наши тешкотии ги снема.

После ова обраќање Хузур р.а. на присутните и на сите останати им нареди:

„Секогаш кога ќе имате било каква тешкотија можете да дојдете кај мене.“

По средбата Сујути Азиз Ахмад додал:

„Кога требаше да се вратам во Индонезија, отидов кај Хузур р.а.. Хузур р.а. ме праша дали нешто ми треба. Реков дека сакам книга. Порано бев до уред но не можев да добијам ниту една книга. Хузур р.а. тогаш го зема моливот и напиша:

’Дајте му книги на Сујута.‘

Набргу после тоа ја добив Рухани Кхазаин, која и денес ја имам.

Пред да заминам Хузур р.а. ме гушна и ми прошепоти:

’Никогаш немој да му бидеш непослушен на својот Господар. Ова е мојот совет до тебе‘.“

Потоа, раскажа за случка кога Шариф Ахмад Баугис Амир од Индонезија го пратил на Филипини во 1922 година за да се погрижи за интернационален баи‘ат кој требало таму да се случи и ми кажа:

„Оваа е според инструкциите на Халифа-тул Месих IV р.а.. Јас нему му кажав:

’Јас сум многу слаб и не го зборувам нивниот јазик.‘

Тој ми возврати:

’Јас имам целосна вера во тебе.‘

Јас му одговорив дека, ако тоа се инструкции од Халифата, јас сум подготвен да одам.

Отпатував, и за да стасам до таму морав да поминам преку Манила и Замбвакасти. Слабо јадев, добив колера и бев многу ослабен. Во таква состојба го молев Аллах:

’О Аллах, ако умрам овде каде нема муслимани кој ќе ми клања џеназа.‘

Таа ноќ сонував како медицинска сестра во униформа ме посетува. Додека ми го допираше челото дувна воздух кон мене. Истиот момент почувствував како целото тело ми се изладува. Следното утро бев потполно здрав и отпатував во Тави-Тави.

Благодарност до Возвишениот Аллах бидејќи 130 луѓе се придружија на Џемаатот во текот на три месеци.“

Абдул Басит сахиб, Амир на Џемаатот во Индонезија пишува:

„Јас Сијути Азиз сахиб го познавам како мојот зет и мисионер. Тој беше едноставна личност и беше многу понизен и со меко срце. Беше жив пример на трпеливост и издржливост во сите случаи. Секогаш му се молеше на Аллах џ.ш., клањаше Тахаџуд намаз редовно и секогаш покажуваше голема доверба во Возвишениот Аллах и врската со институцијата на Халифатот и Халифата му беше на високо ниво, исполнето со љубов и искреност. Над сите лични работи тој предноста ја даваше на посветеност кон Џемаатот. Која задача да мју беше дадена тој ја извршуваше искрено и лојално. Не беше важно дали тоа е мисионерска служба, или како учител, или како директор… Беше одличен модел и пример на личност која својот живот го ставила во служба на Џемаатот.“

Ма‘суун сахиб, потпретседател на Медреса на Ахмадија Џамија во Индонезија вели:

„Сујути сахиб држеше часови за превод на Чесниот Кур‘ан, на третиот, четвртиот и петтиот клас, па потоа предаваше на Калаам Мубашир класата (последна година од Медреса). За да го предава овој час, ја преведе книгата Ирфаан и Иллахи на индонезиски јазик. Кога, поради болест толку беше ослабен што веќе не можеше да оди, неговите студенти на предавања доаѓаа во неговиот уред.  И, на 8 ноември го одржал часот пред одењето во Рабва. Тој секогаш зборуваше:

’Годините на Медреса се зголемени на 7 години и хазрети Халифа-тул Месих тоа го одобрил. Така, сите вие морате напорно да работите за да ги исполните барањата на Хузур р.а.‘.“

Неговата ќерка Мардија сахиба пишува:

„Мојот татко целиот живот потполно го посвети на верата. Целиот живот го мина во служба на Џемаатот, до таа мера, што многу ретко патуваше со семејството и многу малку минуваше време со него. Ние отсекогаш знаевме дека тоа се случува со луѓе кои својот живот го посветуваат на службата во Џемаатот. Тој, своите деца ги научи дека Вакф и Зиндаги личност своето време комплетно го посветува на служба во Џемаатот. Што се однесува до нашиот тренинг татко ми не ни даваше многу совети туку тој беше пример. Тој ја служеше и негуваше нашата мајка кога таа беше болна и ги извршуваше сите обврски во куќата. Самиот го правеше сехур и ифтар во текот на Рамазан. Никогаш никого не праша тоа да го направи за него. Имаше навика самиот се да извршува.“

Неговиот син Са‘адат Ахмад сахиб пишува:

„Тој со трпение не подучуваше и бараше големо внимание од нас кон намазот. Додека бевме деца ни издаваше наредба да клањаме намаз во џамија. Секогаш не советуваше никогаш да не ги пропуштаме намазите, и секогаш да клањаме суннет и да го учиме Чесниот Кур‘ан.“

Неговата ќерка Атијјатул Алиим вели:

„Мојот татко секогаш зборуваше вистина. Никогаш, ниту на шега не изговорил лага. Никогаш не го пропушташе Тахаџуд и своите намази ги клањаше во џемаатот и во џамијата, освен кога беше болен, но јас никогаш го немам видено сите пет дневни намази да ги клања дома.“

Неговата втора сопруга вели:

„Пред да оди во Рабва на мене и на децата ни кажа:

’Моето потомство, фамилија и домашните се Хилафет и мојот живот и мојата смрт се за Џемаатот‘.“

Оваа година присуствуваше на Џалса Салана во Германија. Премногу сакаше да присуствува иако неговите деца го советувале да не патува бидејќи е болен, но тој рекол дека сака да го види Халифата.

И покрај сите проблеми тој дојде на Џалса Салана во Германија и имавме состанок.

Неговата сопруга исто така кажа:

„Тој беше одличен сопруг и од него научив колку послушноста е важна. Кога беше во прашање Џемаатот тој никогаш не се грижеше за своето здравје.“

Зетот на господинот Сујити Азиз, Заки сахиб вели:

„Во 2005 година кога ни беше јавено дека ќе го нападнат нашиот центар, на Худамими им беше наредено да дојдат и да го заштитат центарот. И јас бев таму. Во тоа време Сујути сахиб беше главен за таблигх, и јас забележав дека тој воопшто не беше загрижен од состојбата. Доаѓаше преку ноќ и се состануваше со Худимите и ги охрабруваше. Имаше голема љубов кон Халифатот. Тој зборуваше дека животот би го дал за Џемаатот, и што и да прави го прави според упатства и одобренија на Халифа-тул Месих.

Во 2017 година имаше мозочен удар, и во тоа време не можеше јасно да зборува, но тоа не го сопре константно да ги проучува книгите и да оди да им предава на студентите.

Ахмад сахиб, секретарот на Тарбијат (морален тренинг) пишува:

„Ако некој ќе му дадеше добар совет, тој се заблагодаруваше со голема почит, а кога ќе се најдеше во тешка ситуација, секогаш ги прашуваше другите за совет.“

Ахмед Нур сахиб мисионер вели:

„Живееше едноставен живот и беше многу почитуван. И наспроти староста беше многу активен во Џемаатот. Еднаш ми даде совет на кој целиот живот ќе се сеќавам, а тоа е дека никогаш не треба да се свртам против Аллах џ.ш. и секогаш Аллах џ.ш. да го прашувам бидејќи Аллах џ.ш. не ги одбива молитвите на Неговите слуги.

Кога имав разговор за мојата шехид година (последна година во Медреса во Ахмадија џамија) чувствително, со солзи во очите, ме советуваше:

’Никогаш не ја напуштај својата Вакф заклетва дека животот ќе го ставиш во служба на верата, бидејќи тој што ќе го напушти својот Вакф е губитник‘.“

Еден друг човек пишува дека кога Сујути сахиб бил во посета на Киндара рекол:

„Ако имате било какви внатрешни и надворешни проблеми, додека  луѓето ги советувате да се држат до Џемаатот, одете напред без страв барајќи ја помошта од Возвишениот Аллах. Кога членовите на Џемаатот ве критикуваат поради одредени недостатоци тогаш преиспитајте ја својата состојба и променете се.“

Никогаш не се грижите за работата во Џемаатот, треба да имате потполна вера во Аллах џ.ш. и чист нијет. Како и да е, ако човек има било каков личен недостаток тогаш мора да ја преиспита својата состојба.

Халод Ахмад Кхан сахиб, мисионер, пишува:

„Во текот на студирањето во Медреса Сујути сахиб беше сјаен духовен и морален пример. Посветуваше големо внимание на намазите во Џемаатот. Секогаш на време, и понекога ѝ пред време, доаѓаше и тоа го правеше сè до својата смрт. Иако здравјето му беше многу лошо тој сепак продолжуваше да ја извршува својата должност кон намазите на најдобар можен начин.“

Еден друг мисионер, Хашим сахиб, пишува:

„Ја имав честа Сујути сахиб во Џамија да ми предава илмул Калим. Неговиот стил на предавање беше таков што на студентите им поставуваше прашања и ги пофалуваше кога ќе дадат добар одговор. Еднаш праша кој е најголем доказ за вистинитоста на Ветениот Месија а.с.. Сите ние ги цитиравме разни ајети и хадиси. Тој кажа дека најголемиот доказ за вистинитоста на Ветениот Месија а.с. е тој самиот.

Исто така, секој Ахмад самиот себе треба да се смета за најголем доказ на вистинитоста. Тој кажа дека сите мораме да ги имаме стандардите кои ќе ја докажуваат неговата вистинитост. Ова беше стил на неговиот морален тренинг во кој сите ние моравме да го пратиме учењето на Ахмадијатот, кое всушност е учење на вистинскиот ислам, и со само тоа ќе станеме знак на вистинитоста. Тој хутбите на Халифата ги слушаше со големо внимание.“

Со своите студенти тој разговараше за моите хутби и се грижеше дали тие направиле белешки за нив. Секогаш проверуваше дали ја разбрале пораката која Халифа-тул Месих ја дал во хутбата и секогаш ги советуваше да бидат послушни кон Халифатот.

Шамсори Махмууд сахиб мисионер пишува:

„Сујути сахиб беше успешен Вакф и Зиндаги. Еднаш ме советуваше и ми кажа:

’Кога животот си го дал во служба на верата, мора да се потрудиш да не бидеш невнимателен. Да бидеш невнимателен е како да го отфрлаш Џемаатот, и тоа засекогаш мора да го запомниш.‘

Ова го повторуваше со насолзени очи.“

Јусуф Исмаил сахиб пишува:

„Кога бев поставен за регионален мисионер отидов кај него. Сујути сахиб тогаш беше Раису Таблик. Го прашав зошто токму мене ме поставил за регионален мисионер.

’Јас имам многу недостатоци и немам искуство. Не заслужувам да бидам мисионер. Постојат многу други кои се подобри од мене и затоа треба некој друг да постави на тоа место.‘

Сујути сахиб рече:

’Кој ти кажа дека за регионален мисионер си поставен според заслугите? Дадена ти е доверба како регионален мисионер да го развиеш своето знаење и да станеш по внимателен.‘

Ми кажа дека сите ние сме слаби човечки суштества. Како и да е, ако развиеме силна врска со Возвишениот Аллах, тогаш сите наши работи стануваат лесни.

’Затоа, за секогаш запомни, дали ќе бидеш регионален мисионер или не, мора да имаш силна врска со Возвишениот Аллах. Единствено тогаш ќе имаш успех и твојата работа ќе стане едноставна за тебе‘.“

Генералниот менаџер на МТА, Акханур сахиб вели:

„Еднаш поминував низ тежок период поради што му пишував на Сујути сахиб да се моли за нас. Не ми одговори веднаш и кога го посетив прво што ме праша беше дали сум му пишал на хазрети Халифа-тул Месих за молитвите? Кога му кажав дека сум пишувал беше многу весел и ми кажа дека исправно сум постапил. Очите му беа полни со солзи.“

Од ова можеме да ја видиме неговата длабока љубов кон Халифатот. Секогаш кога некој ја спомнуваше таа тема за воспоставување на врска со Халифатот тој покажуваше силни емоции.

Благодарение на Возвишениот Аллах тој беше Муси.

Почина во Рабва, Пакистан на 23 ноември. Неговото тело беше префрлено од Пакистан во Индонезија и џеназа му беше правена на 24 ноември. Голем број на луѓе присуствувале на неговата џеназа.

Нека Семоќниот Аллах го воздигне неговиот статус и нека му подари високо ниво во Џеннетот.

Нека Аллах џ.ш. подари сабур на неговото семејство и нека овозможи неговите потомци да продолжат по неговите стапки.