In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Извонредни луѓе

По проучениот шехадет, тау’за и Сура Ал-Фатиха, Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помошник) рече:

Денес ќе започнам со асхабот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. кој се викал Мистах бин Усаса. Неговото име било Ауф, а титулата по која бил по познат била Мистах. Името на неговата мајка било хазрети Умми Мистах Салма бин Сахар и таа била ќерка на Раитах бинт Сахар, која пак била тетка од страна на мајката на хазрети Абу Бекир р.а..

Хазрети Мистах бин Усаса се преселил во Медина и при преселувањето го каснала змија поради што заостанал зад групата. Двајца асхаби кои патувале со него кога слушнале дека го каснала змија се вратиле по него.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. воспоставил братство помеѓу него и хазрети Заид бин Музајјин. Хазрети Мистах учествувал во сите битки заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., вклучувајќи ја и битката на Бедр.

Осум месеци по Хиџра Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го пратил хазрети Убаид бин Харис со 60-80 коњаници, при што знамето го носел хазрети Мистах. Целта на оваа експедиција била да се сопре меканскиот караван од 200 луѓе. Овој караван не бил само трговски туку носел и оружје. Во тој случај заработката од караванот требала да се употреби против муслиманите. Кога се сретнале се гаѓале единствено со стрели и не употребувале друго оружје. Асхабот кој од страна на муслиманите прв исфрлил стрела бил хазрети Саад бин Аби Вакас. Тоа била прва исфрлена стрела од страна на муслиманите. Оваа била втора експедиција која ја водел хазрети Убаид бин Харис. По размената на стрели и двете страни се примириле. Неверниците биле изненадени од појавата на муслиманите при што помислиле дека тие имаат голема војска, се исплашиле и повлекле назад. Муслиманите не оделе по нив бидејќи целта не била започнување на војна туку само сакале да им дадат до знаење дека се способни да се бранат.

Во текот на битката на Хајбера, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. дал 50 васк (единица за мерка) житарки на хазрети Мистах и на ибн Илијас. Во тие денови било традиција пленот од војната да се подели. Во Табакатул-Кубра е запишано дека хазрети Мистах починал во 56 година од животот во 34 година по Хиџра, во текот на Халифатот на хазрети Осман р.а..

Исто така е запишано дека живеел до времето на Халифатот на хазрети Али р.а. и дека учествувал во битката Сиффин заедно со Алија р.а., и дека во истата 37 година од Хиџра починал.

За жал хазрети Мистах бил еден од асхабите кои се придружиле во лажни приказни за хазрети Ајша р.а.. Тогаш, хазрети Абу Бакр р.а. го хранел хазрети Мистах и се заколнал дека тоа нема повеќе да го прави. Потоа Аллах џ.ш. во Чесниот Кур‘ан објавил ајет кој гласи:

„И нека оние меѓу вас кои се богати и имаат во изобилие не колнат дека нема да даруваат на роднините и на сиромашните, и на оние кои се иселиле на Аллаховиот пат. Нека опростат и поминат преку тоа. Зарем вие не сакате и вам Аллах да ви опрости? А Аллах најмногу опростува и милостив е.“

По овој ајет хазрети Абу Бакр р.а. повторно почнал да му дава храна. Откако Аллах џ.ш. ги објавил ајетите во врска со хазрети Ајша р.а. и ја ослободил од клевети, еден од казнените со бичување бил и хазрети Мистах.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Навистина е ова историска случка… Бог преку своите атрибути покажал дека може да одложи казна преку покајание, барање прочка, молитва и садака. Исто така, и човекот го подучил на овие доблести. Ако човек се заколне за да предупреди тој покажал доблест, но исто така, покажал доблест и ако је прекрши заклетвата за да се реформира. Човекот ќе биде запрашан во врска со своите заклетви. Да ја прекршите заклетвата не е дозволено, и ако тоа го направите ќе бидете одговорни за тоа.

Хузур а.т.б.а. кажа дека е важно да се зборува за случката во која хазрети Ајша р.а. била клеветена.

Ова е хадис од Букхари:

Хазрети Ајша р.а. пренесува:

„Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. секогаш една од сопругите ја водел на пат со него. Овој пат мене ми беше редот да патувам. Тоа е време кога имало наредба муслиманките прописно да се покриваат. Во текот на патувањето јас седев во носило кое се ставаше на камила и тоа беше прекриено, и кога и да сопревме носилото го симнуваа од камилата на земја.“

Таа понатаму вели:

„Една ноќ Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. нареди да тргнеме. Пред да тргннеме јас отидов да извршам нужда. После тоа, пред да се качам на камилата видов дека ѓерданот ми испаднал. Отидов да го побарам и малку се задржав, и во текот на тоа време луѓето кои беа задолжени да го ставаат носилото на камилата дошле и го ставиле мислејќи дека јас сум внатре.“

Хазрети Ајша р.а. понатаму зборува:

„Тогаш жените беа слаби и тие што беа задолжени да го стават носилото на камилата воопшто не забележале дека јас не сум внатре. Кога го најдов ѓерданот јас се вратив но сите беа отидени. Бев многу загрижена но помислив дека треба да останам на истото место за да можат де ме најдат кога ќе се вратат. Седејќи таму сум заспала. Сафван бин Му‘аттал е асхабот чија должност беше да остане далеку назад во случај ако нешто се заборави тој да го собере и да го донесе. Кога стаса до местото на кое јас се наоѓав веќе беше зора и тој ме најде како спијам, и бидејќи ме има видено пред наредбата за покривање тој ме препозна и ми кажа ’инна лиллахи ве инна илејхи раџиун‘, односно ’навистина му припаѓаме на Аллах и нему му се враќаме‘.  Се разбудив а тој донесе камила и јас со нозете застанав на неговите раце за да се качам на камилата. Потоа тргнавме и тој ја водеше камилата.“

Хазрети Ајша понатаму зборува:

„Конечно стасавме до места каде муслиманската армија беше направила камп и лажни озборувања веќе беа раширени. Главниот кој ја започнал оваа клевета беше Абдуллах бин Убајј бин Салуул. Штом стасавме во Медина јас се разболев. Цел месец бев болна. Во текот на тоа време клеветата за мене се раширила на широко и на далеку. Јас за тоа не знаев ништо. Но, додека бев болна забележав дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. со мене се однесуваше поинаку од порано. При посетата ме поздравуваше со Есселаму Алејкум, ме прашуваше како сум и понекогаш моите родители ги прашуваше за мене, но јас не знаев ништо за озборувањата во врска со мене. Сето ова се случуваше сè додека еден ден кога ми беше подобро не отидов со Умми Мистах бинт Аби Рухам на место на кое во тоа време се вршеше нужда. Таа спомна лоша работа за Мисти, а јас и одговорив дека не во ред за некого кој учествувал во битката на Бедр така да се зборува. Потоа таа ми кажа:

’Невина млада жено, зарем не си слушнала што зборуваат за тебе.‘

Тогаш од неа ги слушнав лагите во врска со мене. Тие зборови повторно ме разболеа. Кога се вратив дома, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ме посети и ми посака Есселаму Алејкум и ме праша како се чувствувам. Јас го прашав за дозвола да одам кај родителите бидејќи сакав да дознам што за мене луѓето зборуваат.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ми дозволи и јас отидов кај родителите. Ја прашав мојата мајка што зборуваат луѓе. Мојата мајка кажа:

’Драга ќерко не грижи се во врска со тоа. Аллах ми е сведок, ретко некој има толку убава жена а да не се зборува во врска со неа.‘

Јас реков:

’Фален нека е Аллах џ.ш.! Зарем луѓето навистина зборуваат нешто за мене?‘

Потоа се расплакав и не можев да престанам цела ноќ. Кога се раздени јас и понатаму плачев поради клеветата која ја слушнав за мене.

Наутро Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го повика Али Абу Талиб р.а. и Усамах бин Заид р.а за да ги праша за нивното мислење. Тој не добил никаква објава од Аллах џ.ш. и затоа бараше мислење од своите верни асхаби.

Усамах р.а рече:

’О Аллаховиот Пратенику! Ајша е твоја сопруга и, Аллах ми е сведок, јас не знам ништо друго освен сè најдобро во врска со неа. Можеби можеш да ја прашаш нејзината слугинка, можеби таа ќе ти ја каже вистината.‘

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. прво ја повика слугинката Барира и ја праша:

’Дали ти некогаш си видела дека Ајша прави нешто што го предизвикува твојот сомнеж.‘

Барира одговори:

’Се колнам во Оној кој тебе те прати со вистина, јас никогаш ништо зло не сум видела во врска со неа, освен поради младоста кога заборава на поедини нешта. Често се случува да заспие и да го остави тестото кое козите ќе го изедат.‘

Истиот ден Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. им се обратил на своите асхаби и се пожалил на Абдуллах бин Убеј бин Салуул бидејќи тој ја започнал оваа клевета.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол:

’Многу тага ми нанесе во врска со мојата сопруга. Кој ќе се погрижи за овој човек? Аллах ми е сведок, јас ништо друго не знам во врска со мојата сопруга, освен побожноста и добротата. Човекот кој е спомнат го сметам за побожен (мислејќи на асхаб кој ја довел хазрети Ајша). Тој никогаш не бил во моја куќа кога јас не сум бил присутен.‘

Кога го слушнале овој говор на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. чувствата се кренале и само што не започнала војна меѓу племињата. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. успеал да ги смири и сите замолчеле, а и Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. молчел.“

Овој хадис од Бухари е долг и продолжува и понатаму.

Хазрети Ајша р.а. понатаму зборува:

„Јас времето го минував во плачење и солзите не се сушеа, ниту можев да спијам. Моите родители беа покрај мене и во оваа состојба бев две ноќи и еден ден. Бев тотално девастирана. Скоро месец дена се ширеле озборувања за мене. Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. дојде во мојата куќа и за прв пат по долго време седна покрај мене. Тогаш ја проучи Келима, му се заблагодари на Аллах џ.ш., и потоа ми се обрати зборувајќи:

’О Ајша! Мене во врска со тебе сè и сешто ми беше кажано. Ако си невина верувам дека Аллах џ.ш. ќе ја отстрани клевета од тебе. Ако си направила грешка, барај проштавање од Аллах џ.ш. и падни му на сеџда, бидејќи кога личност ќе падне на сеџда пред Аллах џ.ш. покајувајќи се за своите гревови, Аллах џ.ш. го прифаќа нејзиното покајание и ја покажува Неговата милост.‘

Кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. заврши со зборување, јас забележав дека солзите ми престанаа. Тогаш погледнав во мојот татко и му кажав да одговори наместо мене, но тој кажа:

’Аллах ми е сведок, јас не знам што да му одговорам на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..‘

Потоа се свртев кон мојата мајка и нејзе и кажав да одговори наместо мене. Таа рече:

’Аллах ми е сведок, на знам што да му кажам на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.‘.“

Хазрети Ајша вели дека тогаш била млада и не знаела многу за Чесниот Кур‘ан, но си кажала:

„Аллах ми е сведок, јас сум свесна дека некои работи кои вие ги знаете, ако кажам дека сум невина а Аллах џ.ш. сигурно знае дека сум невина, вие и понатаму ќе се сомневате во мене, но, ако кажам дека сум виновна, тогаш ќе ми верувате.

Аллах ми е сведок, јас сум во ситуација како таткото на Јусуф а.с. кој рекол:

Сабур (трпение) е подобро за мене, и единствено од Аллах џ.ш. помош барам.“

Ова е она што хазрети Јакуб им зборувал на браќата на Јусуф а.с..

Хазрети Ајаш вели:

„Го кажав овој ајет, се свртев и отидов во кревет надевајќи се дека Возвишениот Аллах ќе ја покаже мојата невиност. Како и да è, Аллах ми е сведок! Никогаш не помислив дека објавата во Чесниот Кур‘ан ќе биде во врска со мене. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. сè уште не беше отиден кога почна да ја прима објавата.“

Навистина, меѓу вас имаше група која изнесе лага за вас. Не мислете дека таа работа е зло за вас; нè, тоа е добро за вас. Секој од вас ќе има од она што го заработил од гревот; а за оној меѓу нив кој ќе биде одговорен за најголемиот дел од тоа, голема е казна (одредена).         

     (24:12)

После тоа, откако Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ја прими објавата се насмеа, ме погледна во очи и рече:

’О Ајша! Заблагодари му се на Аллах џ.ш. бидејќи ја посведочи твојата невиност‘.

После ова мајка ми рече:

’Ајша! Стани и заблагодари му се на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..‘

Како и да е, јас кажав дека никому нема да му се заблагодарувам освен на Возвишениот Аллах.“

Хазрети Мирза Башир Ахмад сахиб во неговата книга Сиират Кхатамун Набијин ја опишал ова случка.

Хазрети Муслех Мауд р.а. во врска со овој инцидент рекол:

„Шејтанот секогаш трага по прилика да направи немир, и ниту оваа прилика ја пропуштил.“

Некои лекоумни асхаби учествуваа во пренесување на овие лажни информации и беа казнети за тоа. Возвишениот Аллах им опрости на хазрети Миста и Ибн Иљас, и тој беше асхаб кој учествуваше на Бедр, а и хазрети Миста имаше висок статус. Нека Возвишениот Аллах го воздигне нивниот статус