In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Луѓе со извонредни особини

По проучениот шехадет, та‘уза и Сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах му помогне) рече:

Првиот асхаб за кој ќе зборувам е хазрети Убеида бин Зеид Ансарија. Тој му припаѓал на племето Бану Аѓлан и учествувал во битките кај Бедр и Ухуд.

Хазрети Захир бин Хираам Ел-Ашѓа е асхаб кој учествувал во битката на Бедр. Му припаѓал на племето Ашѓа и бил покрај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во битката на Бедр.

Хазрети Анас бин Малик пренесува:

„Меѓу селаните постоеше еден човек по името Захир. Тој на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му носеше подароци од своето село. Кога тој се враќаше назад и Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му даваше подароци на Захир. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. тогаш велеше:

’Инна захира захиран бадиатуна ве нахну хазиру‘,

што значи:

’Захир е наш пријател од пустината, а ние сме негови пријатели од градот‘.“

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. многу го сакал Захир. Хазрети Захир бил човек со просечна убавина и бил свесен како изгледа во очите на други луѓе. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му зборувал дека не треба да има такво мислење за себе затоа што во очите на Аллах џ.ш. е многу значаен.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во една прилика рекол:

„Секој што живее во градот има врска со некого од селото, личност со која семејството на Пратеникот има врска е семејството на Захир бин Харам.“

Хазрети Зеид бин Хаттиб. Тој бил постар брат на хазрети Омер р.а. и исламот го прифатил пред Халифата Омер р.а.. Тој бил меѓу првите кои се преселиле во Медина. Заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. учествувал во битките кај Бедр, Ухуд, Хендеку (кај рововите), бил на Худејбија и во текот на Баи‘атот и Ризван. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. воспоставил братство помеѓу него и хазрети Ма‘ан бин Ади. И двајцата асхаби станале шехиди во текот на битката на Јамама.

Хазрети Зеид бин Хаттаб, пренесува дека на денот Хаџџад-ул-Веда (последниот хаџџу на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.), Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол:

„Водете грижа за своите робови, хранете ги со тоа што вие го јадете и облекувајте ги во облека која вие ја носите. Ако направат грешка која не можете да им ја опростите, тогаш о Аллахови слуги, продадете ги и не ги казнувајте.“

Во битката кај Јамама, кога муслиманите се разбегале и во текот на битката им опаднала силата, хазрети Зеид гласно ја зборувал оваа дова:

„О Аллах! Јас се извинувам за овие кои побегнаа, и јас сум чист и независен од Мусајлим Каззаб и Мухакам бин Туфаил, и од тоа што тие го направија.“

Потоа цврсто го земал знамето, влегол во непријателските редови и ја покажал својата одлична вештина со мечот сè додека не станал шехид.

Кога хазрети Зеид бил убиен, хазрети Омер р.а. рекол:

„Нека Аллах џ.ш. има милост над Зеид. Тој ме престигна во две добри дела, прв го прими исламот и прв стана шехид.“

Еден од партнерите на Мусајлим Каззаб бил Раѓѓал бин ‘Унфувах и него го убил Зеид бин Хаттаб.

Раѓѓал бин ‘Унфувах го примил исламот, се преселил од Мека, бил Кари (човек кој Чесниот Кур‘ан го учи по правила на рецитирање) но на крајот се приклучил кон Мусајлим. Затоа, секогаш мораме да се молиме за успешен крај.

Хазрети Убаде бин Хашхаш припаѓал на племето Балии. Од страна на таткото и на мајката бил роднина со хазрети Муѓезир бин Зијаад. Тој бил под договор со Беау Саалим.

Хазрети Убаде бин Хашхаш учествувал во битката кај Бедр и таму го заробил Каис бин Сааиб. Хазрети Убаде бин Хашхаш станал шехид во битката на Ухуд, и закопан е во ист мезар со хазрети Нуман бин Малик и хазрети Муѓезир бин Зијад.

Хазрети Абдуллах бин Ѓад бин Каис, чија титула била Абу Вехаб, бил од племето Бану Салма, кое било Ансаријско племе. Учествувал во битките на Бедр и на Ухуд. Муаз бин Ѓабел бил негов роднина од страна на мајката.

Хазрети Харис бин Аус Муаз бил главатар на племето Беау Аус. Учествувал во битките на Бедр и на Ухуд. Спомнато е дека, кога хазрети Мухаммад бин Мусламах заедно со други асхаби ги нападнал Ка‘аба бин Ашраф и го убил, врвот од еден муслимански меч кој го носел хазрети Харис бин Аус го удрил во ногата и тој бил ранет. Асхабите го однеле кај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во Медина. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ја намачкал неговата рана со својата плунка и после тоа тој веќе не чувствувал болка.

Ка‘аб бин Ашраф бил човек кој правел интриги и неред во Медина, и тој бил Евреин со арапско потекло. Неговиот татко Ашраф бил многу мудар и измамник од Бану Нибхан. Ка‘аб бин Ашраф бил поставен како водач на Евреите во Арабија. Бил убав, добар говорник, поет и многу богат човек. Поради неговите големи вложувања сите зналци ги имал под своја контрола, како и сите главатари. Но, ако погледнеме во неговите морални карактеристики ќе видиме морал на еден злочинец и голем интригант.

Кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. се преселил во Медина тој направил договор со сите Евреи, а при правењето на договор присуствувал и Ка‘аб бин Ашраф. Овој договор содржел промоција на пријателски односи, мир и сигурност и договор за учество во одбрана на Медина. Како и да е, Ка‘аб длабоко во срцето имал премногу омраза и лицемерство кон муслиманите. Тој тајно се противел на ислам и на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. измислувајќи разни интриги. Запишано е дека тој секоја година давал голема сума на пари на еврејските зналци. Кога овие зналци една година изјавиле дека сметаат како Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., всушност, е пратеник спомнат во нивните книги тој одбил да им даде пари. Кога на Евреите им снемало пари дошле кај Ка‘аба и рекле дека мислат како згрешиле во толкувањето на знаците и дека Мухаммед с.а.в.с. не е пратеник кој им е ветен. Тој бил задоволен со одговорот и има ја дал годишната парична сума.

Потоа, тој започнал со уште по опасни интриги и по битката на Бедр отворено покажувал непријателство. Создал премногу опасна состојба за муслиманите.

Прво, кога вестите за победа на Бедр стасале најпрвин кај него тој рекол дека вестите не се точни бидејќи не е можно мала група на муслимани да ја победи толкава сила на Курејшии. Рекол дека ако веста е точна тогаш смртта е подобра од животот. Кога вестите биле потврдени и кога дознал дека победата ги засилила муслиманите бил преплавен од бес. Кога муслиманите се вратиле тој отишол во Мека и со помош на својата реторичка моќ и поезија се обидел да го разгори огнот на непријателството кое горело во срцата на Курејшиите. Создал ситуација во која овие луѓе почувствувале одмазда и жед кон муслиманската крв. По говорот ги одвел во дворот на Каба, им ја дал завесата на Каба и на сите им рекол да се заколнат дека нема да престанат се додека исламот и Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. одат по земјата.

Потоа, патувал од племе до племе ширум Арабија правејќи го истото како во Мека. После тоа се вратил во Медина и пишувал вулгарни песни во врска со муслиманките и жените од семејството на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., и таа поезија ја раширил ширум Арабија. На крајот, организирал атентат врз Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Го повикал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. да дојде на некаква гозба во неговата куќа и им наредил на неколку млади Евреи да го убијат Чесниот Пратеник Мухаммеде с.а.в.с..

Благодарност кон Возвишениот Аллах бидејќи не успеале во тоа затоа што информациите за атентатот стасале до Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Според договорот кој бил постигнат во Медина, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. бил главен за тој договор.

Потоа, кога сето ова се случило и кога бил прекршен договорот со муслиманите со повикување на војна, организирањето атентат на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и користењето на вулгарен јазик во поезијата во врска со муслиманките, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. издал смртна казна за Ка‘аб бин Ашраф.

Поради ситуацијата која владеела во Медина, казната не била јавно кажана бидејќи имало опасност од избивање на граѓанска војна. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. наредил неколку негови асхаби да одат и да го убијат Ка‘аб бин Ашраф. Откако Ка‘аб бил убиен Мухаммед бин Масламах р.а. веднаш дошол кај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и му ја пренел веста дека Ка‘аб е убиен.

Кога оваа вест се раширила меѓу луѓето страв се почувствувал во целиот град, а Евреите биле страшно налутени. Следниот ден наутро, делегација на Евреите дошла кај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и се жалеле дека нивниот поглавар Ка‘аб бин Ашраф бил убиен на таков и на таков начин. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ги сослушал и не кажал дека знае било што за тоа, но потоа рекол:

„Дали вие сте свесни за криминалот кој Ка‘аб го направил?“

Потоа навел што сè правел. По ова луѓето ништо не кажале, нивниот бес се смирил и разбрале дека ова било исправна казна за личност која направила такви лоши дела. Тоа била казна за сите злосторнички дела кои Ка‘аб ги направил. Возвишениот Аллах вели дека ширењето на зло и на немир се полоши од убивањето.

Навистина, сите лаги против исламот и Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. дека исламот е религија на терор се лага без било какава смисла. Казната на Ка‘аб е заслужена казна за делата кои ги направил а Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. оваа казна ја наредил затоа што го имал авторитетот на лидер кој тој го имал.

Хузур а.т.б.а. рече дека Хутбата ќе ја заврши со следното.

Нека Семоќниот Аллах за секогаш го заштити исламот од вакво зло. Моменталната состојба на муслиманите во денешно време е таква што тие наместо да земаат поука од историјата, тие се вклучени во вакви зли работи а тоа го прават и некои муслимански влади.

Нека Семоќниот Аллах го заштити исламот од секое зло и нека ни овозможи да го прифатиме оној кој е пратен од Возвишениот Аллах поради упатство и преродба на исламот.