In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Доблесни луѓе

Јас неодамна зборував за асхабите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. кои учествувале во битката кај Бедр. Асхабите кои денес ќе ги спомнам ќе бидат опишани во кратки црти.

Хазрети Субаиб бин Каис Еаша

Тој учествувал во битката кај Бедр и Ухуд. Името на неговата мајка било Хатиџа бинт Умар бин Зеид. Тој имал син кој починал уште во раното детство, а неговата мајка му припаѓала на племето Бану Јазар. Тој немал други деца.

Хазрети Унаис бин Китада

Тој починал во текот на битката кај Ухуд. Тој, исто така, немал деца. Според едно предание хазрети Кханса бинт Кхуддам била мажена за него во времето на неговото убиство (кога станал шехид).

Хазрети Малаил бин Вабра

Тој учествувал во битката кај Бедр и Ухуд. Имал две деца, Зеид и Хабиба, а мајката им била Умм Заид Назла бин Малик. Неговите деца немале потомство. Според едно предание тој бил покрај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во битките кај Бедр, Ухуд и во сите други останати.

Назрат Науфил бин Абдуллах бин Назла

Тој станал шехид во текот на битката кај Ухуд. Учествувал во битките кај Бедр и Ухуд.

Хазрети Вадее‘а бин Амар

Тој му припаѓал на племето Бану Јухаин кое го изедначувале со племето Бану Најар. Учествувал во битките кај Бедр и Ухуд.

Хазрети Џазеед бин Мунзир бин Сарх бин Кхунас

Тој учествувал во заветот на верност (баи‘ат) кој го земал на ’Укба‘. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. основал врска на братство помеѓу Џазеед бин Мунзар и ‘Амар бин Раби‘ах. Учествувал во битките кај Бедр и Ухуд. Во времето на смртта немал деца.

Неговиот брат, Макир бин Мунзар, исто така учествувал во заветот на верност (баи‘ат) кој бил даден на ’Укба‘, како и во битките кај Бедр и Ухуд.

Потоа, тука е и асхаб по името Кхаварја бин Хумајјар Ашја‘и.

Тој му припаѓал на племето Ашја‘, кое било сојузник на племето Бану Кхазраи. Името на неговиот брат било Абдуллах бин Хумајјар, кој заедно со него учествувал во битката кај Бедр.

Хазрети Дурака бин ‘Амр

Тој бил Ансар (жител на Медина). Неговото име е Сурака бин ‘Амр бин‘ Атија бин Хансаа Ансари. Починал во Џмади-ул-Аввал (петтиот месец од лунарниот календар) во осмата година од Хиџра (иселувањето од Мека) во текот на битката кај Му‘тах. Неговото целосно име било Сурака бин ‘Амр бин‘ Атија бин Хансаа Ансари. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. основал братство помеѓу Нахја Маул ‘Амр и Сурака бин ‘Амр. Учествувал во битките кај Бедр, Ухуд, Кхандак и Кхјабар. Покрај тоа, бил благословен да биде во друштвото на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. при склопување на договорот на Худебија, како и на ’Умрат-ул-Кадха‘ (првиот аџилак во Мека). Хазрети Сурака бин ‘Амр бил меѓу оние среќни асхаби кои биле благословени со учеството на ’Баи‘ат-е-Ридхван‘. Тој немал потомци и бил убиен (станал шехид) во осмата година според Хиџра во текот на битката кај Му‘тах.

Хазрети ‘Аббад бин Каис

Тој, исто така, починал во осмата година според Хиџра (иселувањето од Мека) во текот на битката кај Му‘тах. Хазрети ‘Аббад јавал заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во текот на битките кај Бедр, Ухуд, Кхундака и Кхајар. Исто така, учествувал во склопувањето на договорот на Худебија.

Хазрети Аб-уз-Зајјах бин Тхабит бин Ну‘ам

Учествувал во битките кај Бедр, Ухуд и Кхудака, како и на договорот на Худебија. Бил убиен (станал шехид) во седмата година според Хиџра во текот на битката кај Кхјабар. Сведоштвата велат дека некој Евреин го удрил и му ја отсекол главата, и тој така бил убиен.

Хазрети Анса

Тој починал во текот на битката кај Бедр. Хазрети Анса исламот го примил во раните денови и тој во текот на иселувањето ја напуштил Медина. Бил гостин кај хазрети Са‘д бин Кхаитхма. Сè додека бил жив, неговата најмила активност била да му служи на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Му бил толку покорен што, кога се зборува за него, било пренесено дека барал одобрение од Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. дури и кога сакал да седне. Заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. учествувал во битката кај Бедр.

Хазрети Абу Кабша Сулаим

Неговата титула е Абу Кабша. Починал во текот на Халифатот на хазрети Омер. Бил од Персија, ослободен роб на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. Тој бил асхаб кој учествувал во битката кај Бедр. Исламот го примил во многу рани денови и се иселил во Медина откако добил одобрение за тоа. Заедно се борел со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., и тоа во сите битки, вклучувајќи ја и битката кај Бедр.

Хзрети Марсад бин Аби Марсад

Тој починал во текот на месецот Сафар (втор месец од лунарниот календар), во третата година според Хиџра. Бил асхаб кој учествувал во битката кај Бедр. Го примил исламот во раните денови, и пред битката кај Бедр се иселил во Медина. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. основал братство помеѓу него и хазрети Аус бин Самит. Во денот на битката кај Бедр тој дојавал на коњ по име Сабал. Ибн Ишак напишал дека хазрети Марсад, нека Аллах го благослови, бил водач на група војници кои Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ги пратил во Раѓа. Тоа се случило во текот на месец Сафар, во третата година според Хиџра. Според некои тврдења, хазрети ‘Асим бин Тхабит бил водач на таа група.

Неговото убиство се случило на следниот начин:

„Бану ‘Азл и Карах се преправале дека го примиле исламот и барале од Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. да им испрати учители кои верски ќе ги образуваат. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. пратил една група учители. Тие луѓе не стасале ниту до Раѓа, кога им се доближиле луѓе од Бану Хузаил со извадени сабји и рекле:

’Ние не сакаме да ве убиеме. Всушност, сакаме откуп од луѓето во Мека и ветуваме дека ќе ги заштитиме вашите животи.‘

На тоа хазрети Марсад, Кхалид и ‘Асим, нека Аллах биде задоволен со нив, одговориле дека не веруваат во нивното ветување. Така, сите троица го изгубиле животот во борба со нив.“

Хазрети Абу Марсад бин Каннас бин Ал-Хуссеин Гханви

Тој починал во дванаесеттата година според Хиџра (иселувањето во Медина). Исламот го примил во раниот стадиум и се иселил во Медина откако побарал одобрение за тоа. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. основал братство помеѓу него и хазрети ‘Ибад бин Самит. Хазрети Абу Марсад учествувал во сите битки заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Тој, местото во историјата го заслужил поради следната случка:

„Хазрети Хатиб бин Аби Балтах им пратил писмо на Меканците тајно да ги извести (за планот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.) сметајќи дека на тој начин ќе ги заштити своите деца, кои се наоѓале таму. Семоќниот Аллах го известил Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. за тоа и тој испратил тројца коњаници по жена што го носела писмото, и тие го земале од неа. Хазрети Абу Марсад бил еден од тие тројца коњаници. Хазрети Абу Марсад пренел хадис (предание) од Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. кое е спомнато во книгите Муслим и Багхви. Тој вели:

Јас го слушнав Чесниот Пратеник с.а.в.с. како вели:

’Не седете на мезарите и не правете дови (ибадети) во правец на гробовите‘.“

Тој починал во текот на Халифатот на хазрети Абу Бекир р.а. во дванаесеттата година според Хиџра, на возраст од шеесет и една година.

Хазрети Сулет бин Каис ‘Амар

По примањето на исламот хазрети Сулаеет бин и хазрети Абу Салама ги уништиле киповите на семејството Бану ‘Ади бин Најјар. Хазрети Сулеет учествувал во битките кај Бедр, Ухуд, Кхандаку и во сите битки во кои учествувал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Починал во четиринаесетта година според Хиџра, во текот на Халифатот на хазрети Омер во битката кај Јаср во Аби Убад.

Хазрети Мујазар бин Зијаад

Бил убиен во текот на битката кај Ухуд. Мујазар имал титула која значи ’личност која има тешко тело‘. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. основал братство помеѓу хазрети Мујазар и ‘Ациакил бин Букадир. Хазрети Мујазир учествувал во битката кај Бедр и во битката кај Ухуд.

Хазрети Хуббаб бин Мунзар бин Јумух бил асхаб кој починал во времето на Халифатот на хазрети Омер р.а.. Тој бил со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во текот на битките кај Бедр, Ухуд, Кхандаку и во сите останати битки. Останал решителен заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во текот на битката кај Ухуд и дал завет на верност (баи’ат) во време на неговата смрт.

Хазрети Рифаа бин Раафи бин малик Ујлан бил Ансар

Бил присутен во текот на Баи‘ат Укбах и во битките кај Бедр, Ухуд, во битката кај Рововите, баи’aт е Ризван и во сите други битки во кои учествувал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Двајца од неговите браќа, Кхаллаад бин Раафи и Малик бин Раафи, учествувале во битката кај Бедр.

Хазрети Муаз пренесува од сведоштвото на неговиот татко – хазрети Рифаа бин Раафи, кој учествувал во битката кај Бедр – дека хазрети Џебраил го прашал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. што мисли за овие асхаби кои учествувале во битката кај Бедр. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. одговорил:

„Најдобри меѓу муслиманите“,

или пак кажал зборови со такво значење.

Хазрети Џебраил одговорил:

„На ист начин како и мелеките кои учествувале во битката кај Бедр, со возвишена положба.“

Реченицата има длабоко значење бидејќи Семоќниот Аллах рекол дека Он ги пратил мелеките да се борат. Меѓутоа, тоа не значи дека мелеките физички се бореле, бидејќи постоеле рани кои мелеките им нанеле на непријателите кои сосема поинаку изгледале од оние кои ги нанесувале асхабите, и всушност, тоа не е точно. Вистина е дека тие ги насочиле човечките способности и овозможиле тие да ги употребат на најдобар начин. Бидејќи, сето тоа што се случувало преку влијанието на мелеките изгледа како тие вистински да се бореле.

Јас сакам да кажам нешто во врска со худбата од минатиот петок и да објаснам една одредена случка.

Спомнато е, што се однесува до хазрети Амаар, дека Амар бин Аас изразил големо жалење и загриженост бидејќи кога тој починал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека Амар ќе го убие група на бунтовници. Покрај тоа, луѓето прашуваат зошто, ако тој бил меѓу бунтовниците, на неговото име му се одава толкава почест. Исто така, на хазрети Амир Муавија му е даден простор и значај во литературата на Џемаатот.

Како прво, што се однесува до положбата на асхабите р.а. немаме право ние да им ја одредуваме судбината. Веројатно, поради погрешно разбирање и грешка произлегоа овие несреќни околности, тоа треба да го оставиме на Семоќниот Аллах и муслиманите, всушност, во врска со тоа треба да се соочат со последиците.

Абу Зоха пренесува дека Амар бин Ширајеел Абу Маисра, кој бил меѓу најдобрите студенти на хазрети Абдуллах бин Масоод, во сон видел преубава градина полна со зеленило во која се наоѓале неколку шатори. Еден од нив му припаѓал на хазрети Амар бин Јашир а еден друг на Дхук Килаа, кој исто така бил таму. Абу Маисра прашал како е тоа можно бидејќи тие се бореле еден против друг. Потоа тој слушнал глас кој зборувал:

„Тие всушност спознале дека нивниот Господар најмногу опростува и затоа сега се заедно.“

Според тоа, овие работи сега се кај Семоќниот Аллах. Не е наша работа да влегуваме во тоа. Овие настани треба да бидат поука за нас и наместо да се задржуваме на нив треба да бараме начини да го негуваме единството.

Јас еднаш спомнав нешто што е поврзано за Муслех Мауд р.а., кој бил во врска со Амир Муавија. На тоа, некој од Арапските земји ми пишуваше за тоа дека тој бил водач на бунтовничката група и дека не треба неговото име да го изговарам со толкава почит.

Затоа, ова кажување (предание) во кое е спомнат сонот е доволен одговор за тоа дека Семоќниот Аллах е оној Кој најмногу опростува и е милостив. Ние треба да се насочиме на подобрување на нашата состојба наместо да коментираме за нив.

Нека Семоќниот Аллах не оспособи да станеме како еден, да останеме втемелени во единството и да се надминеме во своите добри дела.