In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Луѓе со исклучителни особини

По проучениот шехадет, та‘уза и Сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помошник) рече:

Прв асхаб за кој денес ќе зборувам е хазрети Абу Мулаил Бин ал-Аз‘ар.

Името на неговата мајка било Умми Амр бинт Ашраф. Тој му припаѓал на ансариското племе Аус. Ја имал честа да учествува во битките на Бедр и на Ухуд.

Друг асхаб кој ќе го спомнам е хазрети Анас бин Му‘ааз Ансарија. Му припаѓал на  Бану Наѓѓар, огранок на племето Хазраѓ. Името на неговата мајка било Умми Унаас бинт Халид. Учествувал во сите битки со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. вклучувајќи ги и битките на Бедр, Ухуд и Хандаку. Неговиот брат хазрети Убејј бин Му‘ааз учествувал со него во битката на Ухуд.

Во еден хадис е спомнато дека починал во времето на хазрети Осман р.а.. Во друг хадис се спомнува дека хазрети Анас бин Му‘ааз и неговиот брат хазрети Убејј бин Му‘ааз станале шехиди во текот на битките на Бера и Маунах.

Хазрети Абу Шеикх Убејј бин Сабит р.а..

Неговата титула била Абу Шеикх. Му припаѓал на Бану ‘Ади, огранок на племето Хазраѓ. Учествувал во битките на Бедр и Ухуд. Станал шехид на Бера и Муанах.

Хазрети Абу Бурда бин Најјар.

Неговата титула била Абу Бурдах. Многу по познат бил по својата титула, додека неговото име било Хани. Во едниот хадис неговото име е спомнато како Харрис а во другиот хадис е спомнато како Малик. Тој му припаѓал на Бали, огранок на племето Каза‘ах. Учествувал во втората заклетва на Акби. Исто така, учествувал во сите битки покрај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. вклучувајќи ги и битките на Бедр, Ухуд и Хандаку. На денот на победата над Мека хазрети Абу Бурда р.а. го носел знамето од Бану Хритх. Починал на почетокот на Маувијан ерата.

Хазрети Асад бин Џазид. Името на неговиот татко било Џазид бин Ал-Факи и тој припаѓал на Бану Зураик, огранок на племето на Ансари, Бану Хазраѓ. Учествувал во сите битки покрај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. вклучувајќи ги битките на Бедр и Ухуд.

‘Аллама Ибн Ишак меѓу асхабите на Бедр го запишал името Са‘д бин Џазид, наместо Асад. Постојат разни мислења во врска со неговото име, некои го спомнуваат како Са‘д бин Заид, Са‘иид бин Ал-Факи и Са‘д бин Џазид.

Следниот асхаб за кој ќе зборувам е хазрети Тамим бин Јар Ансарија. Името на неговиот татко било Јар. Тој му припаѓал на Бану Јада бин ‘Ауф бин Ал-Харитх, огранок на племето Хазраѓ.

Учествувал во сите битки покрај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., вклучувајќи ги битките на Бедр и Ухуд.

Хазрети Аус бин Сабит бин Мунзир.

Тој исто така бил Ансарија. Неговата титула била Абу Шаддад. Името на неговиот татко било Сабит. Тој бил татко на хазрети Шаддад бин Аус, многу познат асхаб. Тој му припаѓал на Ансариското племе Бану Амр бин Малик бин Наѓѓар. Учествувал во втората заклетва на Акба и таму го примил исламот.

Покрај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. учествувал во сите битки вклучувајќи ги и битките на Бедр и на Ухуд. Познатте поети хазрети Хассан бин Савит и хазрети Убаи бин Сабит биле негови браќа.

Кога хазрети осман бин Аффан се преселил во Медина  пребивал во неговата куќа. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. воспоставил братска врска помеѓу хазрети Осман бин Аффан и хазрети Аус (бин Савит). Во врска со неговата смрт, Абдуллах бин мухаммед бин Аммара Ансарија пренесува дека станал шехид во текот на битката на Ухуд.

Хазрети Сабит бин Кхансаа.

Тој припаѓал на Бану Гханам бин Ади бин Наѓѓар. Ја имал честа да учествува во битката на Бедр. Ова е сè што е запишано за него.

Хазрети Аус бин Самит е следниот асхаб кој учествувал во битката на Бедр. Хазрети Аус бин Самит бил брат на хазрети Абадах бин Самит. Хазрети Аус учествувал во битката на Бедр, Ухуд и во сите останати битки покрај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. воспоставил братска врска помеѓу хазрети Аус бин Самит и хазрети Мурсад бин Еби Мурсад Ел-Гханви.

Во еден хадис е речено дека хазрети Аус р.а. својата сопруга ја нарекол Зихар, а нејзиното име инаку било Кхувалиа бинт Малик. Според старите традиции на Арапите, Зихар значи дека сопругата ја смета како мајка или сестра, што значи прекин на брачната врска. Исламот ја укинал оваа традиција и било кажано дека развод не може да се побара со самото изговарање на овој збор, само со тоа што некој ќе рече дека неговата жена сега ја гледа како мајка или сестра. Ова навистина е жалосна постапка, исламот овозможил секој да може да се искупи за своите постапки, и казната за ова е обезбедување храна за 60 луѓе.

Што се однесува до Зихр, наредбата во Чесниот Кур‘ан е следна;

Возвишениот Аллах вели:

„Тие меѓу вас кои своите жени ги нарекуваат мајки – тие не стануваат нивни мајки; нивните мајки се само оние кои ги         родиле; тие навистина зборуваат многу грди зборови и лаги; Аллах е сигурно оној кој ги брише гревовите (и) кој најмногу         опростува.

А оние кои своите жени ги нарекуваат мајки, и потоа се вратат од тоа што го кажуваат, нека ослободат еден роб пред да се допрат. Ова е она што ви се советува. А, Аллах секогаш е добро известен за тоа што го правите.

И кој ќе најде можност, нека пости два месеци по ред, пред да се допрат едно со друго. А Кој ја нема оваа можност, нека         нахрани 60 сиромашни. Ова е за да го добиете задоволството на Аллах и на Неговиот Пратеник. И ова се границите од Аллах; а за неверниците болна казна е одредена.“

  (58:3-5)

Во секој случај, ова се границите поставени од Возвишениот Аллах, и оваа работа му била претставена на Ветениот Месија а.с., и тој исто така пропишал иста казна.

Слична работа му била претставена на хазрети Халифа-тул Месих II р.а. и тој рекол:

„Ова е исправна казна за ова, освен ако човекот е многу сиромашен и нема сила, тогаш тој треба да побара прошка и треба да ги исполни правилата за казна според своите можности.“

Хазрети Аус бин Самит исто така бил поет. Хазрети Аус бин Самит и Шадад бин Аус Ансарија пребивале во Баитул Мукадас. Хазрети Аус починал во Палестина во 34-та година по хиџра во 72-та година од животот.

Хазрети Аркам бин Аби Аркам.

Неговата титула била Абу Абдуллах. Неговата мајка се нарекувала Умаимах бин Харитх. Тој бил прв меѓу асхабите кои го прифатиле исламот. Според некои извори, единаесет луѓе го примиле исламот во исто време кога и тој.

Хазрети Аркам имал куќа надвор од Мека, блиску до планината Сафа која е многу позната во историјата по име ‘Дар-и-Аркам‘ каде Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и раните муслимани клањале намаз и учеле за верата.

Ова е место каде хазрети Омер р.а. го примил исламот.

Потоа, бројот на муслиманите се зголемил на четириесет. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го направил центарот Дар-и-Аркам во четвртата година од пратеништвото. Историчари пишувале дека последна личност која го примила исламот во Дар-и-Аркам бил хазрети Омер р.а.. Неговото примање на исламот ги охрабрило муслиманите до таа мера што заминале од Дар-и-Аркам и почнале отворено да ја пропагираат верата.

Хазрети Аркам учествувал во битката на Бедр покрај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Чесниот Пратнеик с.а.в.с. му дал меч од воен плен во битката на Бедр. Хазрети Аркам р.а. се борел во битката на Бедр, Ухуд и во сите останати битки со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му дал куќа во Медина.

Во една прилика Чесниот Пратеник с.а.в.с. му дал задача да собира садака. Исто така, во историјата е запишано дека хазрети Аркам бил меѓу учесниците во Хилфул Фудул. Тоа е спогодба помеѓу староседелците на Мека во помош кон сиромашните.

Хазрети Утхман бин Аркам, синот на хазрети Аркам р.а пренесува:

„Мојот татко почина во 53-та година по хиџра во 83-та година од животот.“

Хазрети Басбас бин Амр р.а. Според еден извор, неговото име е Басбас бин Бишар. Хазрети Басбас р.а. учествувал во битките на Бедр и на Ухуд.

Хазрети Са‘лабах бин Амр Ансарија.

Хазрети Са‘лабах му припаѓал на племето Бану Наѓѓар. Неговата мајка се нарекувала Кабша и била сестра на познатиот поет хазрети Хассан бин Сабит.

Хазрети Са‘лабах учествувал во битката на Бедр како и во останати со Чесниот Пратеник с.а.в.с.. Тој бил еден од асхабите кои ги уништиле идолите во Бану Салма племето. Хазрети Са‘лбах починал во текот на халифатот на хазрети Омар р.а. во битката на Ѓиср, односно во битката на Мостот.

Битката на Ѓиср се случила во 14-та година по хиџра. Во Табари е запишано дека се случила во 13-та година по хиџра, и тоа била битка со Ирачани. И двете армии – муслиманската, под водство на хазрети Абу Убаид, и иранската, под водство на Бхаман Ѓазавијја – се судриле на реката Еуфрат. Мостот се нарекувал Ѓиср. Затоа е позната како битката на Ѓиср. Некои сметаат дека хазрети Са‘лабах починал во текот на халифатот на хазрети Осман р.а..

Хазрети Са‘лабах бин Гханамах.

Тој му припаѓал на племето Бану Салма, племето на Ансарии. Хазрети Са‘лабах се вбројува во седумдесетте асхаби кои учествувале во вториот баи‘ат на Акба на раката на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., и, кога хазрети Са‘лабах го примил исламот, тој ги искршил идолите во Бану Салма племето, кое е негово сопствено племе, заедно со хазрети Му‘аз бин Ѓабал и Абдуллах бин Унаис.

Хазрети Са‘лабах се борел во битките на Бедр, Ухуд и Хандаку. Во текот на битката на Хандаку станал шехид, го убил Хубаирах Абу Вахаб. Според друг хадис бил убиен во битката на Хајбера.

Хазрети Ѓабир бин Халид.

Тој припаѓал на племето Бану Динаар. Учествувал во битките на Бедр и на Ухид.

Хазрети Харитх бин Ну‘ман Умајјах Ансарија му припаѓал на племето Аус. Покрај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. учествувал во битките на Бедр и Ухуд. Со хазрети Али р.а. се борел во битката Сиффин.

Хазрети Харрис бин Анас Ансарија.

Името на неговата мајка било хазрети Умми Шариик, а името на неговиот татко било Анас бин Ра‘фи. Неговата мајка исто така била почестена исламот и заклетвата да ги прими од Чесниот Пратеник Мухаммед  с.а.в.с.. Тој учествувал во битките на Бедр и Ухуд, после што станал шехид. Во текот на битката на Ухуд, хазрети Харрис бил еден од само неколкумина асхаби кои останале на планинскиот премин покрај хазрети Абдуллах бин Ѓабир, и како резултат на тоа токму на тоа место станал шехид.

Хазрети Хураитх бин Заид Ансарија.

Тој припаѓал на племето Бану Заид бин Харитх, кое било огранок на племето Хазраѓ. Заедно со својот брат хазрети Абдуллах учествувал во битката на Бедр. И двата брата преку визија и сон биле подучени на Езан.

Хазрети Харитх бин Ас‘имах.

Тој припаѓал на племето Бану Наѓѓир, кое било Ансарјиско племе, и станал шехид во текот на Бере и Маунах. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. воспоставил братство помеѓу хазрети Харитх и хазрети Сухииб бин Синан.

Хазрети Харитх бин Ас‘имах заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. тргнал во битката на Бедр, но кога стасале до Ал Раух тој веќе немал сила за понатаму. Потоа, Чесниот Пратеник с.а.в.с. го пратил назад во Медина и тој добил исто количество на воен плен како и останати кои учествувале во битката на Бедр. Тој сакал да учествува во битката, но, или поради слабо здравје или поради разболувањето во текот на патот тој бил вратен дома. Кога ги неговите ја препознале неговата жар и истрајност, Чесниот Пратеник с.а.в.с. го вбројал меѓу асхабите кои учествувале во битката на Бедр.

Бил присутен и во текот на битката кај Ухуд и кога некои ги напуштиле своите места, хазрети Харитх останал истраен.

Хазрети Харитх му дал заклетва на Чесниот Пратеник с.а.в.с. дека ќе го жртвува својот живот. Хазрети Харитх бил дел од делегацијата која отишла на Бере и Мунах. Во таа прилика биле убиени неколку асхаби а хазрети Харитх и Амир бин Уммајах отишле да ги наранат камилите.

Според еден хадис кој ги наведува овие две имиња, кога тие се вратиле виделе дека птиците се собираат околу кампот и сфатиле дека нивните другари се убиени.

Хазрети Харитх го прашал хазрети Амр што треба да направат. Амр рекол:

„Мислам дека треба да се вратиме и да го информираме Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..“

Како и да е, хазрети Харитх рекол:

„Јас нема да се вратам од местото на кое е убиен Мунзир.“

И така, отишол и станал шехид во борба со нив.

Нека Возвишениот Аллах продолжи да го воздига статусот на асхабите кои учествувале во битката на Бедр.