In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Луѓе со извонредни особини

По проучениот шехадет, та‘уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече:

Името на асхабата кој учествувал на Бедр, кого денес ќе го спомнам, е хазрети Хилал р.а.. Неговото полно име било хазрети Хилал бин Умајјах Вакиф р.а.. Хазрети Хилал р.а. припаѓал на племето Бану Вакиф од племето Аус, кое било ансариско племе. Името на неговиот татко било Умејјах бин Амир, а името на неговата мајка било Унаисах бинт Хидам.

Хазрети Хилал р.а. имал две жени; и двете ја имале честа исламот да го прифатат од раката на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Хазрети Хилал р.а. бин Умајјах бил меѓу најраните припадници на исламот. Тој ги уништил идолите на племето Бану Вакиф и го носел знамето на својот народ на денот на победата над Мека.

Хазрети Хилал р.а. ја имал честа да учествува во битките на Бедр, Ухуд и во други подоцнежни битки заедно со Чесниот Пратеник с.а.в.с., меѓутоа, не бил во можност да учествува во битката кај Табук. Хазрети Хилал бин Умајјах р.а. починал во време на владеењето на Амир Муавиј р.а..

Хазрети Хилал бин Умајјах р.а. бил меѓу тројцата Ансарии кои не учествувале во битката кај Табук без некаква добра причина. Другите двајца асхаби биле Ка‘б бин Малик р.а. и Мурарах бин Раби. Следниот ајет од Чесниот Кур‘ан е објавен во врска со нив:

„Бог го примил покајанието на оние тројца кои останале зад, додека Земјата, покрај сета своја ширина, не станала тесна, и нивните души станале тесни, и тие сфатиле дека нема засолниште од Аллах освен кај Него. Потоа, Он нив им се обратил со милост и прошка за да се покаат. Сигурно Аллах често опростува (и) милостив е.“         

   (9:118)

Битката на Табук се случила во 9-та година по Хиџра. Хазрети Хилал бин Умејјах р.а., Ка‘б бин Малик р.а. и Мурарах бин Раби р.а. не учествувале во оваа експедиција поради одолговлекување. Останале незадоволни бидејќи останале во позадина, затоа што главно лицемерите не се придружиле на експедицијата. Кога Чесниот Пратеник с.а.в.с. се вратил од експедицијата, отишол во џамија да клања две нафили (доброволен намаз). Кога Чесниот Пратеник с.а.в.с. завршил со намаз, зафатил место во џамијата. Тие кои не можеле да се придружат на експедицијата дошле пред Пратеникот с.а.в.с. и ги изнеле своите причини за тоа. Чесниот Пратеник с.а.в.с. ги прифатил нивните изговори и се молел за нивното опростување а работата ја препуштил во Божји раце.

Хазрети Хилал бин Умејјах р.а., Ка‘б бин Малик р.а. и Мурарах бин Раби р.а. рекле дека немаат оправдана причина за нè придружување на експедицијата. Кога Чесниот Пратеник с.а.в.с. тоа го слушнал им кажал да почекаат додека Аллах џ.ш. не донесе одлука која се однесува на нив.

Набргу по тоа, Чесниот Пратеник с.а.в.с. на сите муслимани им забранил да разговараат со нив. Ова за нив тројца било многу тешко време. Останувале дома и плачеле. Еден од нив, хазрети Ка‘б бин Малик р.а. добил писмо од гхасанскиот крал каде тој го повикува да му се придружи бидејќи во Медина лошо се однесувале со него. Хазрети Ка‘б бин Малик р.а. вели дека кога го прочитал си кажал:

„Ова е исто така облик на искушение.“

Потоа го земал писмото и го фрлил во оган.

Кога поминале четириесет од педесетте ноќи, претставникот на Чесниот Пратеник с.а.в.с. дошол и на овие троица асхаби им рекол да не се приближуваат кон своите жени; но сопругата на Хилал бин Умејјах р.а. побарала да остане со него бидејќи била стара и не можела сама да ги извршува домашните работи. После дополнителните десет ноќи, Чесниот Пратеник с.а.в.с. објавил по сабах намаз дека Семоќниот Аллах, поради Неговото доброчинство, им опростил на овие тројца асхаби.

Аллах џ.ш., тогаш на Чесниот пратеник с.а.в.с. ја пратил следната објава:

„Аллах сигурно со милост му се обратил на Чесниот Пратеник с.а.в.с., на иселениците и на помошниците кои го следеле, откако срцата на некои странки добро се натажиле. Повторно им се смилувал. Сигурно дека Он со нив е Сочувствителен, Милостив.“

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека еднаш веќе зборувал за битката на Табук, но дека и сега накратко ќе ја спомне.

Табук се наоѓа покрај трговски пат од Медина до Сирија и оддалечен е околу 375 милји од Медина. Битката кај Табук позната е уште под неколку имиња: Гхазватул Усрах или Гаисхул Усрах, односно, Тешка битка или Војска која се соочила со тешкотии. Позната е и како Гхазватул Фадихах, т.е. Битка која ги понизила и посрамотила лицемерите.

По договорот од Худајбија, прво писмо кое Чесниот Пратеник с.а.в.с. го напишал било писмо за римскиот Цезар во кое го повикал да го прими исламот. Гувернер на Басра бил Харитх бин Абу Шимар Гхассани, христијанин кој станал непријателски расположен кога го примил писмото на Чесниот Пратеник с.а.в.с. и се заканил дека ќе ја нападне Медина. Поради тоа граѓаните на Медина биле исплашени од нападот на Римјаните и од другите соседи. Причина за извршување на подготовки за оваа експедиција во Табук била таа што Чесниот Пратеник с.а.в.с. примил вест од сириското племе Нибти дека римскиот Цезар војската ја собрал во Сирија. Иако оваа вест не била вистинита, сепак довела до оваа експедиција. Кога Чесниот Пратеник с.а.в.с. ја примил веста за војската, објавил заминување и ги известил асхабите за целта, за да можат да се подготват.

За да се подготват за експедиција бил потребен моментален одговор ширум Медина. Асхабите го собрале своето богатство и се претставиле пред својот Учител, Чесниот Пратеник с.а.в.с.. Всушност, некои асхаби немале дури ниту кондури за експедицијата. Сепак, секој бил подготвен да го жртвува сопствениот живот.

Хазрети Омер р.а. мислел дека, бидејќи дома има доста имот, половината од богатството ќе му ја подари на Чесниот Пратеник с.а.в.с..

Хазрети Абу Бакр донел сè што поседувал и го дал на Чесниот Пратеник с.а.в.с..

Доприносот кој го дал хазрети Абу Бакр за потребите на битката на Табук изнесувала 4 000 дирхеми.

Хазрети Осман р.а. дал две камили, коњи и пари.

Хазрети Абу Акиил р.а. средствата ги собрал работејќи на поливање посевите и добил 2 саа (4-5 килограми) урми. Половината од тоа го дал на својата жена и на децата а остатокот го земал и го донел на Чесниот Пратеник с.а.в.с. како сопствен дел на Божјиот пат.

Во оваа прилика хазрети Абдур Рахман бин Ауф р.а. половина од своето богатство го дал на Чесниот Пратеник с.а.в.с. во вредност од 4.400 дирхеми.

Кога хазрети Асим бин Адијј р.а. дал 100 васкови урми (14,000 кг или 14 тони) лицемерите се жалеле дека тоа е само претерување. На тоа Семоќниот Аллах го објавил следниот ајет од сура Ат-Тауб:

„Оние кои им приговараат на верниците што садака даваат и кои од срце прават добро, и на оние кои немаат ништо (кај себе) освен својот труд, и тие нив ги исмејуваат. Аллах ќе одговори на нивното исмејување, и за нив тешка казна е (одредена).“

(9:79)

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) потоа рече дека сега во името на одделот Вакф-и-Нау ќе објави дека отвориле веб страна под името – Вакфенауинтл.орг. (waqfenauintl.org), која денес официјално започнува со инша‘Аллах. Сите детали врзани за Вакф-е-Нау можат да се најдат на оваа страница заедно со упатствата кои тој ги дал а кои се однесуваат на образованието и воспитанието на децата на Вакифиин-и-Нау.

Уште повеќе, на веб страницата можат да се погледнат и хутби на Халифата, наставната програма на Вакф-и-Нау и изданијата на весникот ’Исмаил‘ за момчиња, и магазинот ’Мерјем‘ за девојчињата.

Покрај тоа, децата на Вакифиин-и-Нау можат да пронајдат информации и помош во врска со планирање на кариерата.

Тука е и одделението за обновување на нечија посветеност, за воспоставување на контакти со одделението на Вакф-и-Нау и за одржување на новите информации.

Децата на Вакфиин-Нау исто така можат да пронајдат информации за потребите на Џемаатот и за потребите и видовите на образование кое би сакале да го изберат и со кое подобро би служеле на Џемаатот.

Секретарите на Вакф-и-Нау и обрасците за администрација и извештаи исто така ќе бидат достапни на веб страницата.

Понатаму, постојат видео записи од различни прашања и договори во наставата со мене итн.

Тука е и воведот во Вакф-и-Нау и информациите за тоа како да се остане во постојан контакт со одделот.

Исто така, постојат извештаи, слики и приказ на програмата на Вакф-и-Нау кои се случуваат ширум светот.

Затоа денес ќе започне со работа веб страница иншаАллах од која децата на Вакифеен-е-Нау и родителите на Вакифеен-е-Нау би требало да имаат корист.