In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Луѓе со исклучителни особини

По проучениот шехадет, та‘уза и сура Ал-Фатиха Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече:

Името на асхабот кој денес ќе го спомнам е хазрети Абу Талиха р.а.. Вистинското име на хазрети Абу Талиха Ансар било Зеид. Му припаѓал на племето Хазрад Ансари и бил водач на племето. Хазрети Абу Талиха р.а. имал прилика заклетвата да ја даде на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во текот на вториот баи‘ат на ‘Акаба. Заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. учествувал во сите битки, вклучувајќи ја и битката на Бедр.

Кога хазрети Абу Убаид р.а. бин Ал-Ѓарах се преселил во Медина, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. воспоставил врска на братство помеѓу него и хазрети Абу Талиха р.а.. Хазрети Анас р.а. бил посинок на хазрети Абу Талиха, односно, бил син на првиот сопруг од неговата жена Малик бин Назар.

По неговата смрт, хазрети Абу Талиха пратил предлог за брак на Умми Сулаим р.а.. Таа одговорила дека е муслиманка и дека не и дозволено да се омажи за него. Таа му кажала:

„Ако го прифатиш исламот, ќе сметам дека тоа е венчален подарок за мене и ништо друго нема да барам.“

Хазрети Абу Талиха р.а. го прифатил исламот и тоа било прогласено за нејзини венчален дар.

Хазрети Абу Талиха р.а. пренесува дека по победата на Бедр, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. отишол до бунар каде биле фрлени убиени тела, а на неговите дваесет и четири најлоши непријатели и им се обраќал по име зборувајќи дека тоа е исход од отфрлањето на Божјиот Пратеник.

Хазрети Абу Талиха р.а. зборува дека хазрети Омер р.а. рекол:

„Аллахов Пратенику! Што им зборуваш на тие безживотни тела?“

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. одговорил дека Возвишениот Аллах им ги пренел овие зборови во смисла на тоа каков страшен крај на нив им се случил.

Во времето на битката на Ухуд, луѓето во еден момент си заминале и Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. веќе немал заштита, но, хазрети Абу Талиха р.а. решително застанал со својот штит пред Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Хазрети Абу Талиха бил исклучително вешт стрелец и таа вештина максимално ја користел во текот на битката на Ухуд.

Хазрети Абу Талиха р.а. предложил хазрети Анас р.а. да му стане помошник на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. кога тој требало да патува во Хајбер. Хазрети Анас р.а. вели дека во време на службување на Чесниот Пратеник с.а.в.с. тој никогаш не го прекорил.

По битката кај Хајбер, Чесниот Пратеник с.а.в.с. се оженил со хазрети Сафија бинт Хујајј која била заробеничка. Со должна почит и љубезност после тоа одржал Валима (свадба). Додека се враќал, Пратеникот с.а.в.с. јавал на својата камила а зад него седела неговата сопруга хазрети Сафија р.а.. Наеднаш камилата се сопнала, што предизвикало и двајцата да паднат. Хазрети Абу Талиха р.а. веднаш се симнал од својата камила и побрзал да му помогне на Чесниот Пратеник с.а.в.с.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол:

„Прво, згрижи ја жената.“

Хазрети Талиха р.а. почитувајќи и со почит кон хиџба, и помогнал на многу специфичен начин на хазрети Сафија р.а. повторно да се качи на камилата. Вака, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ги чувал правата на жените.

Хазрети Анас бин Малик р.а. бил храбар борец и убил 20 неверници во еден ден во текот на битката на Хунејн. Хазрети Абу Талиха р.а. имал моќен глас.

Во 34-та година по Хиџра, хазрети Абу Талиха р.а. починал на 70 години во Медина. Хазрети Анас р.а. наведува дека во времето на животот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. хазрети Абу Талиха р.а. се воздржувал од доброволниот пост, бидејќи сакал силата да ја сочува за случај на џихад.

Го наоѓаме следниот пример на гостопримство на хазрети Абу Талха р.а.. Еднаш Абу Талха р.а. во својот дом довел гостин на Чесниот Пратеник с.а.в.с.. Дошол со гостинот и на жената рекол да постави најдобро можно гостопримство бидејќи тоа бил гост на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Неговата сопруга кажала дека одвај да имаат храна за децата, но сепак била подготвена да го послужи гостот. Гладните деца ги ставила во кревет и сета храна ја изнела пред гостот, и преправајќи се дека ја поправа ја изгаснала ламбата. Таа и сопругот се преправале дека јадат, а малку храна што ја имале ја дале на гостот. Целото семејство во кревет заминало гладно само за да можат да го угостат гостот на Чесниот Пратеник с.а.в.с.. Сабајлето отишол кај Чесниот Пратеник с.а.в.с. кој му кажал:

„Денес Возвишениот Аллах се насмевна на твоето дело“,

или му рекол:

„Семоќниот Аллах е исклучително задоволен од твоето дело.“

Потоа, стасала следната објава:

„… туку дале предност на нив над себе, иако и самите биле сиромашни. А оние кои ќе се ослободат од лакомоста на душата своја – тоа се оние кои ќе бидат успешни.“

(59:10)

Хазрети Анас р.а. бин Малик пренесува дека во една прилика кога  го посетил домот на Абу Талха р.а. водел со себе и асхаби кои биле многу гладни. Семејството дома имало само мала количина на леб од јачмен. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол:

„О Умми Сулаим, донеси сè што имаш за јадење.“

Таа го донела лебот и Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и наредил да го искрши на парчиња, што таа тоа и го направила. Хазрети Умми Сулаим р.а. донела и масло и тоа било целото јадење. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. потоа се помолил над лебот на начин на кој Семоќниот Аллах го упатил. Чесниот Пратеник с.а.в.с. тогаш кажал да се повикаат десет луѓе за да јадат. Ги повикале внатре и јаделе сè додека не станале сити, а потоа заминале.

Потоа, биле повикани уште десет асхаби да јадат и отприлика седумдесет или осумдесет луѓе биле нахранети со оваа количина на леб. Ова ги покажува благословите на молитвата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Хазрети Анас бин Малик р.а. пренесува дека хазрети Абу Талха р.а. од сите Ансарии во Медина  поседувал најголем овоштарник со урми. Помеѓу другите, се наоѓал и најдобриот овоштарник по име Берха. Хазрети Анас р.а. пренесува дека бил објавен следниот ајет:

„Никогаш нема да ја достигнете богобојазливоста освен ако не потрошите од она што го сакате.“

Хазрети Абу Талха р.а. станал и рекол:

„О Аллахов Пратенику! Семоќниот Аллах тоа го кажал, а од мојот имот, мојот најмил посед е овоштарникот Берха, ако тоа го дадам како доброчинство на Аллаховиот пат се надевам дека Семоќниот Аллах ќе ја прифати оваа доблест и дека ќе ми биде од корист. Според тоа, можеш да го користиш како што сакаш.“

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. одговорил:

„Го слушнав твоето барање и сметам дека е најдобро да го поделиш со своите најблиски роднини.“

Хазрети Абу Талха р.а. одговорил:

„Аллахов Пратенику! Ќе направам точно така како што кажа.“

И така, хазрети Абу Талха р.а. го поделил овој овоштарник на своите роднини и на синовите на неговите амиџи.“

Хазрети Анас бин Малик р.а. пренесува дека детето на хазрети Абу Талха р.а. било болно и кога стасал дома детето починало. Ја прашал својата сопруга Умми Сулаим за здравјето на детето. Таа му одговорила:

„Сега му е поудобно одошто порано.“

Потоа, му послужила вечера и откако заедно ја минале ноќта, го известила дека детето е мртво.

Следното утро Абу Талха р.а. целиот инцидент му го раскажал на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. кој пота се молел за нивното потомство. И после тоа Аллах ги благословил со син. Таква била храброста и упорноста која жени од тоа време ја покажувале. Според пренесувањето на еден Ахсарија асхаб, хазрети Абу Талха р.а. имал девет сина и сите биле Карис (тие што го учат Чесниот Кур‘ан), односно добил девет побожни сина.

Хазрети Анас р.а. бин Малик вели дека послужувал алкохол произведен од урми на хазрети Абу Талха р.а, и тоа на хазрети Абу Убаид бин Ал-Ѓаррах р.а. и на хазрети Уббеј бин Каб р.а.. кога некој дошол и прогласил дека алкохолот е забранет. Кога го слушнал тоа хазрети Aбу Талха р.а. рекол:

„О Анас! Разбиј ги овие саксии!“

Хазрети Анас р.а. вели дека удрил со камен во дното на садот и сите ги разбил.

Сега ќе го спомнам почитуваниот Бабу Мухаммед Латиф сахиб Амритсари, син на хазрети Миа Нуур Мухаммед сахиб, кој бил асхаб на Ветениот Месија а.с.. Починал на 26 јануари 2020 година во Рабва во 90-та година од животот.

’Навистина на Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме.‘

Исто така ќе му клањам џеназа во отсуство по џума. Благодарејќи на Семоќниот Аллах тој бил Муси. По четири години на работа како уредник во уред за железницата, Латиф сахиб во октомври 1952 година се претставил да служи во Џемаатот. Долго и примерно и служел на Заедницата. Имал голема вештина и талент за својата работа и исклучително вредно работел. Покрај работата имал и големо знаење за религијата и детално ја проучувал литературата за Џемаатот. Имал еден син и пет ќерки, а неколку дена пред неговата смрт починала и една од ќерките која била сопруга на Зариф Ахмад Камар сахиб, чиј син, исто така, е мисионер. Три негови ќерки се во Лондон, а исто така и неговиот син Атик Ахмад, кој служи овде во Џемаатот.

Неговата филозофија била дека кога некој ќе се соочи со световен проблем, тогаш покрај намазите треба уште по вредно да работи за Џемаатот и тогаш Возвишениот Аллах ќе го ублажи секој проблем. Ако некогаш некој работник ќе згрешел, го советувал на многу љубезен начин. Бил многу вешт во пишувањето и секогаш одбирал соодветни зборови. Кога ќе купел ново пенкало, прво пишувал Бисмилла (во името на Аллах) и потоа продолжувал да го користи. Бил многу точен, и неговата единствена цел била работата во Џемаатот.

Уште една негова голема доблест било тоа што никогаш со никого не зборувал за другите. Каков документ и да добивал тоа секогаш останувало дискретно и доверливо. Со други зборови, бил исклучително несебична личност.

Нека Возвишениот Аллах му подари Негово проштавање и милост и нека го воздигне неговиот статус. Нека им овозможи на неговите деца и на неговото потомство да продолжат да извршуваат добри дела.