In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Исклучителни луѓе

После учењето на ташахуд, тауза и сура Ал-Фатиха хазрети Аммер-ул-Муминеен а.т.б.а. рече:

Што се однесува до духовното влијание на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. Ветениот Месија а.с. рекол:

„Моето верување е дека духовното влијание на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. било толку величествено што ништо слично ниту на еден друг пратеник не му било подарено. Ова е тајната и за напредување на исламот, односно, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. поседувал голема моќ на привлекување. Уште повеќе, неговите зборови имале толкаво влијание што секој оној кој ги слушал останувал воодушевен.“

Понатаму, Ветениот Месија а.с. рекол:

„Оние кои биле одушевени од неговите зборови во целост станале прочистени.“

Во друга прилика Ветениот Месија а.с. рекол:

„Ова чудо на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. е толку големо што е доволно да ги отвори очите на светот.“

Понатаму, Ветениот Месија а.с. рекол:

„Реформирање на индивидуа е тешко. Многу е тешко да се реформира макар и една личност. Меѓутоа, во овој случај цела нација била подготвена, и таа покажала таков пример на верување и искреност што сите биле спремни да бидат заклани како овци поради вистината која ја избрале… Само поради оваа реформа и упатствата дека Возвишениот Аллах преку пратеништвото Чесниот Пратеник с.а.в.с. го нарекол ’Мухаммед‘. Преку тоа тој бил фален во светот бидејќи светот го исполнил со мир, промени, прекрасни морали и праведност.“

Дури и денес ние гледаме дека луѓето кои се со вистинско разбирање не можат а да не признаат дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ги реформирал незнајните, оние со лошо однесување и оние кои биле вплеткани во сите видови на неморални работи, во добро дисциплинирани и добри луѓе.

Пред неколку години дојде да ме посети еден еврејски зналец и ми раскажа за една негова случка кога отишол да ја види Ал-Акса џамијата во Ерусалим. Тој ми рече дека и покрај тоа што е евреин, тој верува во Келима. Рече дека верува во Ла Илаха Илалах, т.е. дека никој не е вреден за обожување освен Аллах, бидејќи е монотеист и дека, исто така, верува во Мухаммадур Расоолулах (Мухаммед е Аллахов Пратеник). Рече дека е запознаен со историјата на арапите и дека само пратеник може да реформира и да оживее нација после толку длабок морален пад.

„Така, без оглед на верувањето во Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. или не, јас го сметам за пратеник пратен од Бог.“

Што се однесува до асхабите, за нивниот исклучителен статус и извонредни реформации кои се случиле кај нив, Ветениот Месија а.с. во една прилика рекол:

„… Групата на асхабите била единствена група. Тоа била група вредна за почест и вредна да биде следена. Нивните срца биле исполнети со сигурност и уверливост.“

Ветениот Месија а.с. вели:

„Кога личноста поседува убедување таа постепено почнува да посакува да го жртвува своето богатство во почетните стадиуми. После тоа, кога нејзиното убедување се зголемува таа личност, која е исполнета со убедување, станува подготвена да го жртвува и својот живот поради Бог.“

Ветениот Месија а.с. понатаму вели:

„Запомнете дека вистински слуги на Возвишениот Аллах се оние за кои Аллах кажал – тоа се оние кои ниту трговијата ниту било каква друга работа ги спречува во сеќавањето на Аллах. Тоа се случува кога човечкото срце ја развива вистинската врска со Бог, од која не може да се оддели. Оваа состојба може да се разбере на следниот начин, дека кога нечие дете е болно личноста и понатаму се бави со секојдневните обврски но нејзиното срце е фокусирано на детето.“

Слично на тоа, оние луѓе кои основаат вистинска врска со Бог која се засновува на љубов, тогаш тие не можат да го заборават Бог во никој случај.

Значи, благородните асхаби, нека Аллах е задоволен со сите нив, развиле таков вид на вистинска врска со Возвишениот Аллах што било надвор од умот да го занемарат Бог или да се двоумат во било каков вид на жртвување.

Постојат и многу други позитивни примери кои се однесуваат на асхабите.

Кога зборуваме за хазрети Кхаббаб би Ал-Аратт се кажува дека кога се приближувало неговото време за смрт тој имал голем страв од Возвишениот Аллах. Без оглед на тоа колку големи жртви поднесувал на патот кон верата и колку големи тешкотии имал поради тоа тој и понатаму се плашел за добар крај на неговиот живот. Со крајна понизност рекол дека во текот на времето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. тој поседувал само еден динар, односно еден дирхам. Меѓутоа, денес, како резултат на благословите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и поради добрината на Возвишениот Аллах, и како резултат на тие жртви, Возвишениот Аллах му дал му дал големо богатство на начин што неговата кутија која се наоѓала во аголот на неговата куќа содржела 40 илјади дирхами. Понатаму, тој рекол дека Возвишениот Аллах му дал толку многу што се плашел дека Возвишениот Аллах можеби му дал награда за неговите дела на овој свет и дека така ќе му биде скратена наградата на оној свет и за животот кој доаѓа.

Неговата џеназа ја предводел хазрети Али, нека Аллах биде задоволен со него, кој му оддал почест со следните зборови:

„Нека Возвишениот Аллах има милост на Кхаббаба. Тој го прифатил исламот со крајна љубов и жар и тогаш му било овозможено да се пресели во Медина. После тоа животот што живеел бил како оној на Муџахидите (Божјите слуги). Поминал низ тешки искушенија и покажувал примери на крајна трпеливост.“

Хазрети Кхаббаб би Ал-Аратт бил натеран да легне на врел јаглен кој гори, додека мачителот во исто време со стапалата стоел на неговите гради; тоа мачење предизвикало горење на кожата и на маснотиите на грбот и оставил трага од бели пруги и трајни лузни на неговиот грб.

Ќе го спомнеме и асхаб Моаз бин Јабал. Бил познат по извршувањето на тахаџуд намаз и на други молитви. Неговите роднини извршувањето на тахаџуд намаз и начинот на кој се молел на Бог го опишале на следниот начин:

„О Господару мој, јас знам дека постои Оган во Џехеннемот и дека личноста мора да прави добри дела за да се спаси од огнот, но јас сум премногу слаб за да се спасам. О Аллах, дај ми упатства од Себе, упатства кои ќе бидат дадени на денот на оживувањето, на денот кога Ти ќе го сториш она за што Ти претходно не предупредување.“

Што се однесува до асхаб Моаз бин Јабал, неговиот син хазрети Ка’аб бин Малик вели:

„Односот на Возвишениот Аллах кон Моаз беше чудесен. Тој беше згоден, благороден и неговите молитви многу често беа прифаќани, и за многу работи кои ги бараше од Бог, Он му ги исполнуваше. Возвишениот Аллах имаше посебна врска со него. Дури, и ако имаше долгови Возвишениот Аллах му подаруваше средства да ги отплати долговите. Возвишениот Аллах него го благослови со извонредно разбирање и посвета.“

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. за хазрети Схаммас бин Утхмана р.а. се изјаснил со зборовите:

„Ако Схаммас може да се спореди со било кој и било што тој може да се спореди со штит, затоа што во текот на битката на Ухду беше како штит за мене. Тој мене ме штитеше од напред, од грб, од десно и од лево и се бореше сè до последниот здив.“

Схаммас стоел пред Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. како штит сè до моментот кога бил тешко повреден. Во таква состојба бил одведен во Медина, но поради сериозноста на повредите починал после неколку дена. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека Схаммас треба да биде погребан во облеката која ја имал на себе, како што бил обичајот со другите шехиди.

Ќе спомнеме уште еден асхаб, Саеед бин Заид, зет на хазрети Омер р.а.. Поради прифаќањето на исламот, кога хазрети Омер р.а. тргнал да го нападне жената на Сааед, сестрата на хазрети Омер р.а., застанала пред него и била повредена при нападот. Ова оставило длабок впечаток на хазрети Омер р.а. и му го свртело вниманието кон прифаќање на исламот.

Хазрети Саеед бил личност со голема самодоверба и страв од Бог. Тој живеел од својот имот, од едно парче земја. Некоја жена поседувала земја до неговиот имот. Таа тврдела дека е сопственик на неговата земја и говорела дека тој зел дел од нејзината земја. Хазрети Саеед и одговорил дека нема потреба да се расправаат околу овој случај и се одрекол од правата на неговата земја. Тој и го дал тоа парче земја на таа жена и ѝ рекол:

„Слушнав од Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. како кажува дека ако некој незаконски земе дури и најмало парче од туѓа земја, на Судниот ден ќе мора да носи товар од седум земји. Затоа, јас на себе не сакам да го имам ова обвинување ниту сакам да се борам, за светот да не каже дека јас сум земал нечија земја.“

Тоа е вториот хадис кој тој го пренел а во кој рекол дека најголем прекршок, т.е. недозволена постапка, е неправедно да ја нападнеме честа и чесноста на муслиманите.

Всушност, ова е работата која муслиманите денес ја заборавиле и сведоци сме на тоа дека муслиманите ја напаѓаат честа на други муслимани поради своите сопствени интереси.

Да се потсетиме и на асхаб хазрети Сухаиб Санаан Румија р.а.. Кога на муслиманите од Семожниот Бог им било одобрено да се иселат и хазрети Сухаиб р.а. одлучил да се исели. Тој постепено напредувал во животот, бидејќи претходно (во Мека) дошол како роб и бил ослободен, по што почнал со трговија и подоцна станал многу богат трговец и заработил многу пари од својата работа. Кога посакал да се исели некои луѓе во Мека му рекле:

„Кога дојде во градот беше сиромашен роб и затоа нема да дозволиме со себе да го понесеш имотот и богатството кое овде си го заработил.“

Тој на тоа одговорил:

„Добро, јас својот имот и богатство ќе го оставам овде, дали сега ќе ми дозволите да си одам?“

Тој своето богатство го оставил кај Меканлиите и почнал припреми да се сели. Така, со голема мудрост и жртвувајќи го своето богатство тој успеал да го спаси своето семејство и себе и безбедно стигнал во Медина. Кога хазрети Сухаиб таму се сретнал со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. тој го известил за својата жртва и за жртвувањето на целото свое богатство на сметка на зачувување на својот живот, животот на семејството, на својата вера и стигнал овде, на што Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му одговорил дека тоа не било бескорисна размена туку, всушност, многу корисна размена.

Секој асхаб имал свои сопствени одлики.

Еднаш, хазрети Омер р.а. на хазрети Сухаиб р.а. му рекол:

„Ти си исклучително великодушен при помагањето на другите, меѓутоа, се плашам дека понекогаш можеби претеруваш.“

На тоа хазрети Сухаиб му одговорил:

„Храната која ја дарувам е поради наредбата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ме советуваше дека најдобар е оној меѓу нас кој ги храни другите и упатува поздрав за Мир (селам).“

Зборовите Ассаламу алеикум ве рахматуллаху ве бакаратуху е добро дело и Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. тоа го опишал како извонредна одлика.

Хазрети Сахиб рекол:

„Јас строго се придржувам до овој совет кој ми го даде Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. кога стигнав во Медина, и го трошев само она што е законски исправно и не се впуштав во никакви претерувања.“

Хазрети Усама бил син на хазрети Зеида, и тој бил роб кој го ослободил Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Хазрети Усама р.а. бил многу среќен затоа што Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му ја подарил својата љубов. Во времето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. хазрети Усама р.а. бил многу млад, всушност, имал само 18 години во времето на смртта на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Меѓутоа, тој сепак учествувал во неколку битки.

Во еден случај во текот на една битка еден кафир (неверник) дошол пред хазрети Усама р.а. и веднаш го проучил шехадет (исламски проглас на верата); меѓутоа, хазрети Усама р.а. сепак го убил бидејќи верувал дека тој тоа го проучил само од страв дека ќе биде убиен.

Хазрети Усама р.а. пренесува:

„Јас овој случај му го пренесов на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., а тој одговори:

’Дали ти го уби дури откако тој го проучи шехадет?‘

Јас му одговорив:

’Тој го проучи шехадет само да биде спасен, да не биде убиен.‘

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. на тоа одговори:

’Дали ти го отвори неговото срце и дали виде?‘

Понатаму рече:

’Дали ти го уби дури откако тој го проучи шехадет‘?“

Хазрети Усама р.а. пренесува:

„Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. оваа реченица ја повторуваше толку многу пати што посакав да не сум бил муслиман пред овој ден:“

Хазрети Усама р.а. понатаму вели:

„Од тогаш се заколнав дека никого повеќе нема да го убијам оној кој го проучува келиме шехадет.“

Кога само ова денешните муслимани би можеле да го разберат. Тие чинат ѕверства не само оние кои не се муслимани туку, всушност, муслимани убиваат други муслимани.

На пример, што се однесува до војната во Сирија кажуваат дека последните пет години од почетокот на војната стотици илјади муслимани биле убиени од други муслимани. Оние кои учат шехадет убиваат други муслимани, и тоа го чинат во името на самиот шехадет. Слично на тоа во Јемен оние кои учат шехадет се напаѓани и се подвргнати на секаков вид на прогонувања и мачења.

Нека Аллах ги упати муслиманите да се воздржат од тоа само да извикуваат слогани за љубов кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и кон неговите асхаби р.а., и наместо тоа да постапуваат според неговиот пример. Со цел да се втемели вистинска богобојазливост во светот денес Семоќниот Аллах го испратил Ветениот Месија а.с.. Гледајќи ја состојбата на муслиманите во светот ти никогаш самите себе не можат да се подобрат доколку не веруваат во Ветениот Месија а.с.. Гледајќи ја нивната состојба ние треба да бидеме исполнети со чувства на благодарност што Семоќниот Бог не оспособил да го прифатиме водачот на ова доба, кој Семоќниот Аллах го пратил како ревносен поклоник на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Затоа, на оние кои се жртвуваат поради Аллах им бива дадено сè и тие не си одат од овој свет се додека не им биде дадено многукратно повеќе од она што го жртвувале на Аллаховиот пат. Семоќниот Бог не задржува никаква сума кој и припаѓа на некоја личност, но, ретки се луѓето кои тоа го прифаќаат и кои се запознаени со вистинитоста за овие работи. Нека Семоќниот Аллах не оспособи да постапуваме според овие учења преку кои можеме да станеме вистински следбеници на Семоќниот Аллах и Неговиот Пратеник и исто така да ги следиме Неговите наредби.

После ова ќе клањам џеназа за госпоѓа Амтал Мајид Ахмад сахиба, жена на Чаудхру Насир Ахмад сахиб, кој е заменик на амирот на Велика Британија како и шеф на Џаидад службата. Таа умрела на 9 јануари 2018 година. На Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме. Таа била правнука на хазрети Маулви Абдуллах Саноори сахиб, асхаб на Ветениот Месија а.с.. После венчавањето тие живеел близу Фазл џамијата од 1978 година. Била редовна во намазите и постот и во плаќањето на чанда (задолжителниот придонес). Била многу чувствителна, секого со радост би го поздравувала и била многу гостопримлива. Била многу искрена и побожна личност. Со секого ги споделувала нивните болки и несреќи. Имала силна поврзаност со Халифатот и своите деца ги поттикнувала да останат цврсто поврзани со Халифатот. Децата ги поттикнувала да бидат редовни во намазот. Се трудела своите деца да добијат добро морално образование и имала прилика локалните деца да ги поучува за Чесниот Кур’ан.

Нека Семоќниот Аллах ја воздигне положбата на починатата и нека овозможи нејзините честити дела да продолжат преку нејзините ќерки. Амин.