In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Финансиско жртвување, нова година на Тахрик-е-Џадид

После проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха, Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помошник) го проучи  ајет 27 од сура Ал-Бекара и рече:

Преводот на овој ајет е следниот:

„Не е твоја должност да ги упатиш, туку Аллах упатува кого Он сака. А, колку и да потрошите од богатството тоа ќе биде корисно за вас. Вие, инаку, не трошите освен за Аллаховото задоволство. А, колку и да потрошите од своето богатство, тоа во целост ќе ви биде вратено и нема да ви биде направена неправда.“

Овој ајет објаснува дека упатите ги дава Бог и мора да се молиме да добиеме вистински упатства, и сè она што го потрошиме поради Возвишениот Аллах од најдобриот дел на нашето богатство тоа ќе биде од наша корист. Возвишениот Аллах не задржува од тоа ништо како долг, Он враќа многукратно.

Кога селанецот посее семе во полето незнјакото може да му каже:

„Што направи! Го потроши целото семе.“

Меѓутоа, мудрата личност знае дека тие семиња кои се посеани во полето можат да дадат илјадници, дури и милиони зрна.

Значи, чистото богатство кое се троши поради Возвишениот Аллах со чиста намера може за возврат да донесе илјади награди, и навистина тоа и се случува.

И постарите и поновите Ахмади муслимани ова постојано го доживуваат и тоа многу помага да се придржуваат кон својата вера.

Возвишениот Аллах ги окарактерисал правите верници тие да трошат во името на Аллах џ.ш. за да ја добијат Неговата наклонетост, и тие се на пат да го постигнат Неговото Задоволство, тие биле сведоци на благодатите на Аллах џ.ш. во врска зависно од тоа како ја прифатил нивната жртва, ги осигурува и им враќа и тоа дополнително ја збогатува нивната вера.

Возвишениот Аллах вели:

„Јас не држам заем. Ако потрошите од своето чисто богатство како би ја постигнале Мојата наклоност поради Мојата вера и по Моја наредба тогаш за возврат ќе ви вратам.“

Значи, услов е богатството да биде чисто, поради тоа, луѓето кои живеат во развиени земји треба посебно да бидат свесни за фактот дека треба да заработуваат на чист начин. Лажните тврдења за социјалните надоместоци и затајувањето на данок се незаконити начини на заработување, а тоа вклучува и давање на лажни изјави, и Ахмади муслиманите мора да сфатат дека сето тоа се гревови и таквата заработка не е чиста.

Заработката преку незаконити средства или занимања кои се забранети од Бог се нечиста заработка. Возвишениот Аллах не прифаќа финансиско жртвување добиено од нечисто богатство.

Потоа, хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. укажа на многу инспиративни примери од секаде од светот, од млади, стари, мажи и жени кои направиле големо финансиско жртвување поради својата вера и вложиле во Тахрик-е-Џадид, и го најави почетокот на новата година на Тахрик-е-Џадид.

Со плаќањето на членарина се подобрува финансиската состојба на луѓето, и помагајќи им на луѓето да добијат подобро платени работи нивните фирми работат финансиски многу подобро и тие добиваат пари од каде никогаш не се надевале.

После ваквите благослови овие луѓе се жртвуваат уште повеќе за својата вера.

На почетокот, кога хазрети Муслех Мауд р.а. ја покренал програмата Тахрик-е-Џадид одредил критериуми за начинот на донирање кај сиромашните. Тој рекол:

„Ако некој има јајца нека ги донира, ако некој има нешто малку пари нека тоа го понуди.“

И денес ние сме сведоци и посматраме како луѓето трошат на Аллаховиот пат поради Него и поради Неговото уживање.

Мисионер од Гвинеја Бисао пишува:

„Една петнаесет годишна Ахмади жена која живее во многу оддалечено подрачје, викано Капокорај, е доста сиромашна и нема извор на приходи. Некое време пред тоа членови од тој регион биле поттикнати да учествуваат во Тахрик-е-Џадид. При нивната посета таа рекла:

’Јас немам ништо друго освен едно мало пиле. Ќе го одгледам да порасне, ќе го продадам и целиот приход од него ќе го дадам за Тахрик-е-Џадид.‘

После извесно време се појавила епидемија кај пилињата во нејзиниот крај и нејзината кокошка се разболела. Роднините ја советувале да ја заколе кокошката додека сè уште е жива. Меѓутоа, таа рекла:

’Јас тоа не можам да го направам.“

Покрај тоа, се молела на Аллах џ.ш.:

’О, Аллах, јас немам ништо друго освен оваа кокошка. Те молам за Твоја помош. Те молам, спаси ја кокошката.‘

Утредента после молитвата таа кажала:

’Утрото, кога се разбудив, видов дека кокошката потполно се повратила. Ја чував уште дваесет дена и потоа ја дадов на Му’алим како придонес‘.“

Луѓето тврдат дека не можат да бидат сведоци на никакви објави и знаци кои се однесуваат за Ветениот Месија а.с.. Ако нечиј однос со Семоќниот Бог е вистинит и намерата е искрена тогаш Семоќниот Аллах ќе им покаже знаци. Всушност, тие мали знаци стануваат извор на зголемување на нивната вера.

Друг пример, за вакво жртвување и со ваква искреност и преданост, доаѓа од Бенин. Мисионерот на регионот Лакос пишува:

„Поплава го зафатила најголемиот дел од подрачјето на регионот Лакос и сите патишта кои водат во тоа подрачје биле блокирани. Локалниот мисионер го посетил поплавеното подрачје со помош на локалната полиција. Кога стигнал и ги догледал локалниот претседател почнал да плаче и објаснил дека плачел од радост бидејќи сега ќе може да го исполни своето ветување кон Бог и ќе ја плати членарината на време. Тој воопшто не се плашел што ја изгубил жетвата и земјата како последици од поплавата.“

Децата кои се свесни за важноста и искреноста на жртвувањето претставуваат уште една трансформација за која сведочат следбениците на Ветениот Месија а.с. која ја всадил во нас.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. даде величествени примери за две деца кои работеле разни работи за да можат да соберат средства за членарина.

Едното од нив отишло во шумата да собира дрва.

Овој вид на жртва во која некој мора да отиде да работи или да оди во џунглата да собира дрва, а потоа да ги продаде, преставува концепт кој нашите деца овде не можат да го поврзат бидејќи условите во кои живеат овде не се споредливи со тамошните.

Меѓутоа, и овде можат да се најдат примери за слично однесување. Има деца го давале својот џепарлак или штеделе пари за нешто да купат, но наместо тоа тие го подариле тоа за Тахрик-е-Џадид.

Сепак, насекаде сретнуваме примери на искреност и верност каде секој се жртвува во склад со својата ситуација.

Нека Возвишениот Аллах ги поткрепи во својата искреност и верност.

Сега ќе спомнам неколку детали во врска со доделувањето кое Семоќниот Бог им го овозможил на следбениците на Ветениот Месија а.с. да работат на начин на кој ќе ја постигнат Аллаховата љубов и милост.

Со Аллаховата милост на 31 октомври заврши 85-та година на Тахрик-е-Џадид и започна 86-та година. Во оваа (претходната) година собрани се вкупно 13,6 милиони фунти. Преку Тахрик-е-Џадид и Аллаховата милост овој износ е зголемен за 802 000 фунти во однос на претходната година.

Оваа година вредноста на валутата во Пакистан значително опадна поради политичките и економските проблеми во земјата. Од тие причини тие не успеаја да го задржат своето вообичаено место. Првото место оваа година го држи Германија. Редоследот е следен:

  1. Германија
  2. Пакистан
  3. Велика Британија
  4. Америка
  5. Канада
  6. Индија
  7. Џемаат од Блискиот Исток
  8. Индонезија
  9. Австралија
  10. Гана

10 Џемаат од Блискиот Исток.

Со милоста на Семоќниот Аллах, и покрај тешката ситуација во Пакистан – а всушност, и целата светска економска ситуација е влошена – донацијата во домашната валута се зголемила.

Што се однесува до придонесите по личности, редоследот е следен:

  1. Швајцарија
  2. Соединетите Американски Држави
  3. Сингапур
  4. Велика Британија
  5. Шведска.

Во однос на вкупните придонеси Џемаатите во Африка се по следниот распоред:

  1. Гана
  2. Нигерија
  3. Буркина Фасо
  4. Танзанија
  5. Гамбија
  6. Бенин.

Со Аллаховата милост бројот на донатори во оваа година е преку 1.827.000, и во однос на минатата година бројот е зголемен за 112.000 луѓе кои за прв пат учествувале во Тахрик-е-Џадид.

Земјите во Африка кои имале значаен пораст на членови кои дале придонеси се: Нигер, Сиера Леоне, Нигерија, Камерун, Бенин Сенегал, Гвинеја Бисао, Брегот на Слоновата Коска, Танзанија и Гвинејски Конарки.

Големите Џемаати кои ги зголемиле нивните вкупни придонеси се: Бангладеш, Канада, Малезија, Индија, Индонезија, Германија, Велика Британија, Соединетите Американски Држави и Австралија.

Според централните записи, со милоста на Семоќниот Аллах, оние кои припаѓаат на Дафтар Аввала вкупно се 5.927. Триесет и шест од нив сè уште живи и сами плаќаат чанда, а за оние кои се мртви за нив плаќаат нивните наследници и искрени членови на Џемаатот.

Германија се наоѓа на прво место. Први десет Џемаати во Германија се:

  1. Редермарк
  2. Неусс
  3. Пиннеберг
  4. Мехди-Абад
  5. Аансаберг (имињата се запишани на урду јазик и постои веројатност да не се читаат на соодветен начин)
  6. Киел
  7. Флерсхеим
  8. Веингартен
  9. Келн.

Први десет локални Џемаати во Германија се по следниот редослед:

1 Хамбург

  1. Франкфурт
  2. Гросс-Герау
  3. Моерфелден
  4. Диетзенбацх
  5. Виесбаден
  6. Риедстадт
  7. Дармстадт
  8. Маннхеим
  9. Азалсхеим.

Во Пакистан, што се однесува до вкупните придонеси за Тахрик-е-Џадид редоследот е следен:

  1. Лахор
  2. Рабва
  3. Карачи.

Десет окрузи со најголеми придонеси се следните:

  1. Исламабад
  2. Сиалкот
  3. Фаисалабад
  4. Гурјанвала
  5. Умеркот
  6. Худерабат
  7. Мирпур Кхас
  8. Касур
  9. Тоба Тек Сингх
  10. Мирпур Азад Кашмир

Први пет региони во Велика Британија се:

  1. Баитул Футух Регион
  2. Масјид Фазл
  3. Мидландс
  4. Баитул Исхан
  5. Исламабад

Први десет големи Џемаати во Велика Британија се:

  1. Масјид Фазл
  2. Ворчестер Парк
  3. Исламабад
  4. Алдескхот
  1. Путнеј
  2. Њу Малден
  3. Гиллингхам
  4. Бирмингхам Вест
  5. Глазгов
  6. Сцунтхорпе.

Што се однесува до придонесите донирани од помалите Џемаати во Велика Британија први пет се:

  1. Свонси
  2. Спен Валлеј
  3. Кеигхлеј
  4. Северен Велс
  5. Нортхамптон.

Што се однесува до вкупните придонеси помеѓу Џемаатите во Америка се:

  1. Силвер Спрингс
  2. Лос Ангелес
  3. Силокон Валееј
  4. Сиетл
  5. Централна Виргинија
  6. Чикаго
  7. Оскхосх
  8. Хјустон
  9. Јужна Виргинија
  10. Виргинија.

Во однос на вкупните придонеси накај локалните Џемаати во Канада редоследот е следниот:

  1. Калгари
  2. Виллаге Виллаге
  3. Вакнувер
  4. Миссиссауга
  5. Саскатоон.

Петте истакнати Џемаати во Канада во однос на вкупниот придонес за Тахрик-е-Џадид се:

  1. Едмонтон Вест
  2. Дурхам
  3. Братфорд
  4. Хамилтон
  5. Отава Вест.

Десет големи Џемаати во Индија по својот вкупен придонес се:

  1. Карелија
  2. Кадијана
  3. Патах Периум, Керала
  4. Худерабад
  5. Куомбитор
  6. Пенгари
  7. Бангалоре
  8. Каликут
  9. Калкута
  10. Јад Гир, Карнатик

Во однос на провинциите во Индија редоследот е следен:

  1. Керала
  2. Карнатик
  3. Тамил Наду
  4. Теленгана
  5. Јамму Кашмир
  6. Одисса
  7. Пенџаб
  8. Бенгал
  9. Дехли
  10. Утертер Прадесх

Економската и политичката ситуација во Кашмир е многу тешка, но и покрај тоа тамошниот Џемаат поднел големи жртви.

Први десет Џемаати во Австралија по својот вкупен придонес се:

  1. Кастле Хилл
  2. Мелбурн
  3. Бервицк
  4. Мелбурн Лонг Варрен
  5. АЦТ Камбера
  6. Марсден Парк
  7. Аделаида Соутх
  8. Пенритх
  9. Монтеитх Парраматта
  10. Аделаида Вест.

Листата на Џемаати во однос на придонесите по личност е:

  1. Тасманија
  2. Канбера
  3. Кастле Хилл
  4. Дарвин
  5. Марсден парк
  6. Сиднеј Сити
  7. Перт
  8. Кампбелл Товн
  9. Парраматта.

Нека Возвишениот Аллах го благослови нивното богатство и потомство на сите оние кои учествувале во Тахрик-е-Џадид.