In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Луѓе со исклучителни особини

По проучениот шехадет, та‘уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече:

Асхабот кој денес ќе го спомнам е Мухаммед бин Масламах Ансарија р.а.. Името на неговиот татко било Масламах бин Саламах. Му припаѓал на ансариското племе Аус и бил во сојуз со племето Абд-Аш. Хазрети Мухаммед бин Масламах бил познат по титулите Абу Абдуллах, Абдур Рахман и Абу Саида. Евреите од Медина очекувале доаѓање на пратеник кој по претскажувањето на Муса требало да се вика Мухамед. Кога Арапите дознале за тоа, некои од нив почнале на децата да им даваат име Мухамед.

Хазрети Мухаммед бин Масламах р.а. бил меѓу првите припадници на исламот. Исламот го прифатил преку хазрети Мусаба бин Умаира р.а. пред хазрети Са‘д Муаз р.а. тоа да го направи. Кога хазрети Убејда бин Ал Ѓарах р.а. се преселил во Медина, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. воспоставил братство помеѓу него и хазрети Мухаммед бин Маслама р.а..

Во текот на борбите, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го поставил хазрети Мухаммед бин Масламах р.а. за чувар на Медина во текот на неговото отсуство. Хзрети Мухаммед бин Масламах р.а. учествувал во битките на Бедр и Ухуд. Во текот на битката на Табук, хазрети Мухаммед бин Масламах р.а. побарал од Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.  да остане во Медина.

Хазрети Мухаммед бин Масламах р.а. бил меѓу оние асхаби кои го убиле Ка‘б бин Ашраф и Абу Рафи Салама бин Абу Хукаика. Тие двајца биле крајно лоши во своето однесување кон муслиманите и во нанесувањето на штета, што дури се обидувале да ги нападнат муслиманите и Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. После тие обиди Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. на асхабите им издал наредба да ги убијат. Иако Ка‘б му припаѓал на Јудаизмот тој, всушност, по потекло не бил Евреин; тој бил Арап. Сите Евреи од Арабија го прифатиле за свој главатар. Кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. се преселил во Медина, заедно со останатите Евреи, Ка‘б бин Ашраф, исто така, учествувал во договорот кој Чесниот Пратеник с.а.в.с. го направил со Евреите за меѓусебно пријателство, мир и сигурност, како и колективна одбрана. Меѓутоа, длабоко во срцето на Ка‘б горел огнот на злоба и непријателство.

По победата на муслиманите во битката на Бедр, Ка‘б заклучил дека оваа нова религија нема да исчезне, туку така, сама по себе, и затоа патувал низ цела Арабија и ги поттикнувал другите племиња против исламот. Ги искористувал негативните гласини за да ги сврти арапските племиња против исламот и се вратил во Медина. И во самата Медина го поттикнувал непријателството против муслиманите пишувајќи вулгарни песни за муслиманските жени.

На крајот се обидел да испланира атентат на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Го повикал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. на вечера дома кај него и со неколку млади Евреи планирал да го убие Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Меѓутоа, со Аллаховата милост се дознало за тоа и планот пропаднал.

Во договорот кој е потпишан помеѓу жителите на Медина и по неговото доаѓање, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. бил главен и врховен командант на демократската држава, Медина. Покрај докажаните обвиненија против Ка‘б за прекршување на договорот, побуната и поттикнувањето на војна, употребата на вулгарни зборови и планот за атентат на Чесниот Пратеник с.а.в.с., поради сите тие злочини тој бил осуден на смрт.

За да избегнат граѓанска војна како последица на оваа смртна казна, и за да се избегне крвопролевање, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. наредил дека Ка‘б не смее јавно да се убие; требало неколку луѓе во тајност да најдат прилика и да го убијат. Чесниот Пратеник с.а.в.с. оваа должност му ја доверил на асхаб од племето Аус, по име Мухаммад бин Масламах р.а., и му нагласил да смисли стратегија која ќе му ја пренесе, а и ќе побара совет од Са‘д бин Му‘аз р.а. кој бил главатар на племето Аус. Со советникот Са‘д бин Му‘аз р.а., Мухаммад бин Масламах р.а. го земал и Абу На‘илах р.а. и уште два или три асхаби и стасал до куќата на Ка‘б. Го повикале Ка‘б и кажале:

„Нашата вера од нас бара садака, но нашата ситуација не е поволна. Дали би бил љубезен да ни дадеш заем?“

„Се разбира!“

Рекол Ка‘б,

„но ќе морате да ми дадете некаков залог.“

Мухаммад р.а. прашал:

„Што сакаш?“

Оваа бедна личност одговорила:

„Оставете ги вашите жени како залог.“

Воздржувајќи го бесот, Мухаммад р.а. одбил и тогаш Ка‘б рекол:

„Во ред, оставете ги вашите синови.“

Мухаммад р.а повторно одбил и рекол:

„Ако сте доволно великодушни, ние сме подготвени како залог да го оставиме оружјето.“

Ка‘б се согласил, а Мухаммад бин Масламах р.а. и неговите другари заминале со ветување дека во текот на ноќта ќе се вратат. Во текот на ноќта оваа група дошла во куќата на Ка‘б со оружје (бидејќи сега слободно можеле да го носат оружјето). Кога Ка‘б го извеле од неговата куќа, во текот на дискусија го одвеле на страна и конечно Ка‘б погубен паднал на земја. Мухаммад бин Масламах р.а. и негови асхаби брзо се вратиле кај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и му ја пренеле веста за неговото погубување.

Кога веста за погубување на Ка‘б се проширила, налутена еврејска делегација дошла кај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и се пожалила. Чесниот Пратеник с.а.в.с. ги слушнал нивните коментари и рекол:

„Дали сте, исто така, свесни за злочините за кои Ка‘б е виновен?“

Потоа, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ги набројал сите зли планови за кои Ка‘б бил виновен, кршење на договор, поттикнување на војна, подметнување, вулгарен говор, завера за атентат итн.

Чесниот Пратеник с.а.в.с. рекол:

„Од сега би било подобро да живеете во мир и да не го сеете семето на непријателство, насилство и неред.“

Направен е нов договор со Евреите и тие уште еднаш ветиле дека со муслиманите ќе живеат во мир и хармонија, и дека ќе се воздржуваат од насилство и неред. Евреите во своите срца знаеле дека Ка‘б ја добил заслужената казна.

Некои западни историчари наголемо ги истрошиле своите моливи по прашање на убиството на Ка‘б бин Ашраф, претставувајќи го овој инцидент како непријатна дамка на карактерот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Меѓутоа, исто, така, на ум треба да се има дека во светлото на договорот кој е склопен помеѓу муслиманите и Евреите после миграцијата Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. станал главен извршен водач на демократската држава воспоставена во Медина.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. добил овластување да донесува било каква пресуда која ќе ја смета за соодветна во врска со споровите и политичките работи. Затоа, во интерес на домашниот мир, Пратеникот с.а.в.с. Ка‘б го прогласил достоен за смртна казна поради неговото злобно однесување.

Понатамошните тврдења дека во оваа прилика Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. на своите асхаби им дал дозвола да лажат и мамат се апсолутно неточни и автентичните хадиси ова го отфрлаат. Мухаммад бин Мусламах р.а. во дијалогот со Ка‘б, всушност, не направил ништо неморално или лажно. Иако, земајќи ги во предвид темелните цели на нивната мисија, употребувале одредени зборови кои можеле да се толкуваат на повеќе начини, но друга можност не постоела.

Во војна состојба, поради добра и праведна причина, такви благи отстапувања од едноставни зборови воопшто не можеле да предизвикаат приговор во очите на разумен и поштен поединец.

Во разни хадиси се спомнува дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол:

„Војната е само измама.“

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. не ја одобрил употребата на измама во војна, сметал дека војната сама по себе е измама за човекот. Значи, не е забрането непријателот да се фати надвор од стража или да се фати и покори со стратегија и тактика; а постојат најразлични облици на тактика.

(Постојат разни облици на стратегија и тактика).

На пример, во автентичните хадиси е потврдено дека, кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. тргал на пат, тој најчесто не го откривал своето конечно одредиште. Понекогаш, дури и ако сакал да отпатува на југ, прво тргнувал кон север, а потоа свртувал кон југ.

Потоа, ако некој ќе го запрашал од каде доаѓа, на место да ја спомнува Медина, именувал блиска или далечна локација каде претходно поставувал логор, или употребувал некоја друга законита стратегија на војна.

На ист начин, како што Чесниот Кур‘ан навестил, понекогаш за да бидат надмоќни над непријателот, асхабите се повлекувале од бојното поле; а кога непријателот тоа најмалку го очекувал и кога нивните редови се разредувале, асхабите тргнувале во изненаден напад.

Сето тоа се примери на законита војна тактика. Меѓутоа, да се занимаваш со невистина и предавство е нешто што исламот строго го забранил.

Како таков, Чесниот Пратеник с.а.в.с. кажувал:

„Во исламот, по припишување на партнер на Бог, одземање на правата на родителите, трет најголем грев е лагата.“

Умми Калсум бинт Акабах р.а. пренесува:

„Постојат само три случаи во кои најдов дека Чесниот Пратеник Мухаммед  с.а.в.с. дозволил употреба на такви изјави, кои всушност не претставуваат невистина, но обичните луѓе можат да ги толкуваат како такви. Прво, војна; второ, кога се смируваат две личности кои се во судир една со друга; трето, кога мажот и жената кажуваат нешто, што би требало да угоди или изјави благодарност на другиот.“

Овој хадис не остава простор за сомнеж во врска со фактот дека видот на тактика која е дозволена во војна не подразбира невистина и измама.

Без оглед на тоа, остануваат некои прилози за кои ќе зборувам во следната хутба.