In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)
Related Contents from Topics

Хазрети Омер р.а. II – Освојувањето на Египет

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих (нека Аллах биде неговиот помагач) рече дека во една прилика хазрети Халифа-тул Месих II забележал оти во битките по смртта на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. често имало недостаток на луѓе во редовите на муслиманската војска.

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека еднаш хазрети Абу Убаид р.а. му пишувал на хазрети Омер р.а. и побарал уште војници, бидејќи непријателскиот број на војници бил многу голем. Меѓутоа, од околните племиња немало кој да и се придружи на војската, а ако и имало некој кој бил способен да војува, тој веќе бил таму.

После тоа хазрети Омер р.а. се советувал со разни племиња и дознал дека постои племе во кое живеат млади луѓе, кои би можеле да и се придружат на војската. Така, хазрети Омер р.а. го известил хазрети Убаид р.а. дека ќе му испрати 6.000 војници. Прво ќе прати 3.000 војници, а потоа ќе го прати и Амр бин Мади Кариб кој вреди за 3.000 војници.

По неговото доаѓање, муслиманите не поставувале прашање како еден човек може да биде еквивалентен на 3.000 војници, туку биле толку среќни и почнале да изговараат слогани по неговото доаѓање. Противниците ја виделе оваа веселба и мислеле дека муслиманите добиле помош од стотици илјади луѓе. На крајот, муслиманите победиле.

Движењето кон Египет

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќе зборува за освојувањето на Египет, од кои едното било во Фархама. По освојувањето на Ерусалим, на негово барање, хазрети Омер р.а. го пратил хазрети Амр бин Ал-Аас р.а. во Фархама со војска од 4.000 луѓе. Хазрети Омер р.а. го известил дека, ако прими писмо во кое го известува дека треба да се врати ако не се на територија на Египет, тоа и да го направи.

Меѓутоа, кога хазрети Амр бин ал-Аас р.а. го примил ова писмо од хазрети Омер р.а. во кое пишувало дека треба да се врати, тој веќе пристигнал во Египет, па според упатствата останал таму и заминал за Фархама. Муслиманите на неколку месеци ја опседнале Фархама. Конечно еден ден, војската излегла во борба со непријателот и муслиманите победиле.

Движењето кон Билбеис

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека по Фархама хазрети Амр бин ал-Аас р.а. тргнал кон местото Билбеис. Римската војска не сакала муслиманите да стасаат до таму бидејќи сакале да ја спасат својата тврдина, и затоа по пат ги сопреле муслиманите. Римјаните сакале да се борат на местото на кое ги сопреле муслиманите, меѓутоа, хазрети Амр бин ал-Аас р.а. рекол дека прво треба да сослушаат што ќе кажат.

Така, хазрети Амр бин ал-Аас р.а. разговарал со двајца претставници од Билбеис и им понудил договор со кој луѓето од таму ќе бидат сигурни и ќе плаќаат џизија. Тие побарале неколку дена да размислат за предлогот, но во исто време ги нападнале муслиманите и многумина го изгубиле својот живот. Подоцна, во следните битки муслиманите победиле.

Во текот на ова освојување, ќерката на Макаукас била заробена. Хазрети Амр бин ал-Аас р.а. ги потсетил дека Макаукас праќал подароци на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. така што, по соодветни консултации, ја пратил назад на Макаукас со целиот нејзин имот и слугите.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека по Билбиес хазрети Амр бин ал-Аас р.а. заминал во Умдонаин. Тоа некогаш било место на најголемиот вавилонски дворец, а бил и главен град на разни фараони. Хазрети Амр бин ал-Аас р.а. сметал дека нема доволно војска за да го освои дворецот и пратил барање за засилување. Сепак, хазрети Амр бин ал-Аас р.а. тргнал во опсада на градот и попат дознал дека хазрети Омер р.а. како помош му пратил 4.000 муслимански војници. На крајот, византијската војса излегла во борба, но благодарејќи на вештата стратегија која муслиманите ја примениле, излегле како победници.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека после тоа муслиманите го освоиле местото кое се викало Фојум, а потоа и Аин ал-Шамс. Исто така, тогаш муслиманите ги освоиле и Исриб и Манут.

Марш на Александрија

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Омер р.а. тогаш на муслиманите им дал дозвола да го продолжат патот кон Александрија.

Муслиманите тргнале напред и победиле во освојувањето на Александрија. Ова била значајна победа, бидејќи Александрија била средишно место и едно од најважните места за Римјаните. Опсадата траела девет месеци.

Хазрети Омер р.а. напишал писмо до војската во кое им кажал дека опсадата трае предолго и дека треба да се испланира напад. Така, муслиманите нападнале и победиле во Александрија. Кога слушнал за победата хазрети Омер р.а. се израдувал. Муслиманите, со победата над Александрија, го освоиле целиот Египет. За сите оние кои муслиманите ги затвориле хазрети Омер р.а. им дал избор, или да го прифатат исламот или да ја задржат својата вера со плаќање на џизија.

Одговор на лажните тврдења

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека некои христијански историчари изнесуват тврдење дека во текот на освојувањето хазрети Омер р.а. наредил библиотеката во Александрија да се запали и дека пожарот траел шест месеци. Од тоа заклучуваат дека муслиманите се против знаењето и книжевноста.

Меѓутоа, Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. објаснил дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. наредил да се стекнува знаење, и преку автентичните хадиси објаснил дека овие информации, како муслиманите ја запалиле библиотеката, се потполно лажни и измислени. Всушност, што се однесува до автентичните историски извештаи, јасно е дека библиотеката ја спалил Јулије Цезар.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека по освојувањето на Египет хазрети Амр бин ал-Аас р.а. тргнал кон Бараки и Триполи и ги освоиле и нив. Луѓето таму се согласиле да останат на сигурно и да плаќаат џизија.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во добата на хазрети Омер р.а. исламската власт се проширила надалеку, давајќи им на сите слобода, сигурност и мир. Тој го навел цитатот од хазрети Халифатул Месих II р.а., кој рекол дека во текот на битките и освојувањата на хазрети Омер р.а. муслиманите редовно го клањале ноќниот намаз (тахаџуд).

Тој, исто така, раскажал за битките во врска со Праведните Халифи и кажал дека им е нанесена неправда, бидејќи во историјата не постои сведоштво кое тврди дека муслиманите им направиле зло на тие луѓе. Наместо тоа, секаде кај што забележале неправда станувале и воспоставувале правда, слобода и равноправност за сите.

Хазрети Халифатул Месих II р.а. објаснил дека Праведните Халифи (Хулефа и Рашидин) знаеле дека нештата со кои се соочиле Аллах џ.ш. ги одредил, како и тоа дека до такви тешкотии доаѓа верникот за да стане подобар и да ја зголеми својата духовност.

Значи ова е нешто што Заедницата и денес треба да го помни.