In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Халифа-тул Месих I

Секој Ахмад кој прочитал нешто за хазрети мaулан Нур-уд-Дин р.а. знае за верната љубов која тој ја имал кон Ветениот Месија а.с.. Ако може да се даде пример за љубов кон Ветениот Месија а.с., љубов која изгледа дека е само поради Бог, тоа не може да биде љубов на никој друг туку на хазрети мaулан Нур-уд-Дин р.а.. Неговата верност опфаќала нај извонреден пример по давањето на баи‘ат, исполнувањето на должноста на баи‘атот и создавање на врска, верност вредна за внимание и понизност. Тој во историјата на Ахмадијатот го изградил највисокиот стандард за тоа. За возврат, Ветениот Месија а.с. му одал почит во една Персиска строфа како за некој кој што дотогаш не бил почестен на тој начин.

Огромна почит е што Имамот на ова доба, примерот на хазрети маулан Нур-уд-Дин р.а. го направил како знак за вредност на своите следбеници. Оваа строфа гласи: ’Како би било добро секоја личност на Заедницата да стане Нур-уд-Дин р.а. ‘, што всушност значи: кога секој поединец би станал како него тогаш би можела да се оствари револуционерна промена.

Хазрети Муслех Мауд р.а. пренел некои сведоштва на хазрети маулан Нур-уд-Дин р.а. кои покажуваат длабока обострана љубов помеѓу духовниот учител и следбеникот и, исто така, длабока понизност и искреност на следбеникот.

Еднаш при посетата на Кадијана, Ветениот Месија а.с. му рекол на хазрети маулан Нур-уд-Дин р.а. дека примил објава за него која зборувала за тоа дека ако тој се врати во својот роден град ќе ја изгуби оваа почит. Хазрети маулан Нур-уд-Дин р.а. во неговиот роден град имал преубава куќа со прекрасна сала која требало да се употребува за предавањата за Кур‘анот а исто така требало да служи и како негова клиника. Хазрети маулан Нур-уд-Дин р.а. никогаш не се вратил во својот роден град за да ја погледне куќата и рекол дека поради Аллах ја оставил и нема потреба да ја види.

Во тоа време некои поединци имале високо мислење за својот интелект и станувале наклонети кон световните нешта. Општо говорејќи, мислењето на хазрети маулан Нур-уд-Дин р.а. и на хазрети Муслех Мауд р.а. било исто, додека останатите имале поинакво мислење. Во тоа време се дискутирало за идното Талеемул ислам школо. Некои сакале да биде затворено бидејќи сметале дека Џемаатот не може да си дозволи да води школо и сакале да го задржат како медреса за арапски јазик. Хазрети Муслех Мауд р.а. кој во тоа време бил малолетен бил силно против тоа и хазрети маулан Нур-уд-Дин р.а. истото го мислел. Хазрети Муслех Мауд р.а. вели дека тој бил верен занесеник за овие нешта и, бидејќи поради почит кон Ветениот Месија а.с. маулан Нур-уд-Дин р.а. сахиб не сакал да го изнесе случајот пред него, тој преку младиот хазрети Муслех Мауд р.а. ги пренесувал своите пораки. На крајот, еден и половина од овие двајца (половина бидејќи едниот се уште бил малолетен) победиле кога Ветениот Месија а.с. одлучил во нивна корист.

Од почеток кога Ветениот Месија а.с. го изнел своето тврдење, го следеле луѓе кои служеле на извонреден начин. Еден од овие секако бил хазрети маулан Нур-уд-Дин р.а.. Тој, пред да го изнесе своето тврдење, почнал да ги чита книгите на Ветениот Месија а.с.. Кога Ветениот Месија а.с. тврдел дека е Месија, тој за овој предмет напишал во својата книга ’Фатех ислам‘ и ’Таузеех Марам‘. Додека овие книги биле во процес на објавување некој со болен ум видел докази во нив и сакал хазрети маулан Нур-уд-Дин р.а., кој дал баи‘ат, да го сврти против Ветениот Месија а.с.. Кога во овие  книги прочитал за пратеништвото тој сметал дека маулан Нур-уд-Дин р.а. сигурно ќе го напушти Ветениот Месија а.с.. Отишол да го види маулан Нур-уд-Дин р.а. и со себе повел група луѓе за да го прашаат што ќе направи ако слушне дека некој тврди дека е пратен како пратеник во ова доба и што мисли за тоа дали Божји пратеник може да дојде после Чесниот Пратеник с.а.в.с. и овој уммет. Хазрети маулан Нур-уд-Дин р.а. одговорил дека тоа зависи од тоа кој го изнел тврдењето. Ако таа личност не е вистинољубива таа ќе се смета за лажливец, но, ако е вистинољубива тогаш таа треба, обраќајќи му се на овој поединец рекол маулан Нур-уд-Дин р.а., да мисли дека згрешила бидејќи пратеник може да дојде. Овој човек рекол дека маулан Нур-уд-Дин р.а. го изгубил својот пат и му рекол: ’Што напишал твојот Мирза сахиб‘, на што маулан Нур-уд-Дин р.а. одговорил: ’Нема сомневање дека сè што Мирза сахиб напишал е вистина, и јас верувам во него‘.

Сестрата на хазрети маулан Нур-уд-Дин р.а. била ученик на некој водач но дошла во Кадијана и му дала баи‘ат на Ветениот Месија а.с.. Кога се вратила нејзиниот водач ја испрашувал во врска со баи‘атот и рекол дека ’Нур-уд-Дин р.а. на неа фрлил магија‘. Кога ова го пренела на хазрети Нур-уд-Дин р.а. тој ја советувал сестрата дека ако некогаш налета на тој водач треба да му каже дека тој е одговорен за тоа што го практикува и дека таа е одговорна за тоа што таа практикува и дека го прифатила Ветениот Месија а.с. за да ја избегне казната на Судниот ден. Одговорот на овој водач бил: ’Не грижи се, на Судниот ден јас ќе ги носам твоите гревови а ти ќе одиш во Џеннетот‘. Таа прашала: ’Што ќе стане од тебе‘? Тој одговорил: ’Јас на мелеките ќе искрам со очите и ќе им кажам: зарем жртвата на нашиот предок Имам Хуссеин Хассан не е доволна па сега ние сме исплашени‘.

Хазрети Муслех Мауд р.а. пишува дека еднаш Ветениот Месија а.с. му рекол на хазрети маулан Нур-уд-Дин р.а. дека единствениот пат на ширењето на нашата Заедница би бил да имаме многу деца и за таа цел мажите треба да се женат повеќе од еднаш. Хазрети маулан Нур-уд-Дин р.а. крајно понизно рекол дека е подготвен да ја послуша оваа наредба но кој ќе ја омажи својата ќерка за него во овие години. На ова Ветениот Месија а.с. се насмевнал.

Иако некои од синовите на хазрети маулан Нур-уд-Дин р.а. имале погрешно мислење за Халифатот и Џемаатот, поради големата љубов која мауланот ја имал кон Ветениот Месија а.с. него го спомнуваме во довите, тој го прифатил Ветнеиот Месија а.с. кога целиот свет бил против него.

Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека кога Ветениот Месија а.с. барал партнери за брак за него и за својот брат хазрети Мирза Басхир Ахмад тој прво прашал колку деца имало во семејството и колку браќа имал таткото. Кога барал за хазрети Мирза Басхир Ахмад го поставил истото прашање и кога му било кажано дека имаат седум сина тој на овој факт му дал предимство и рекол дека тука треба да се договори бракот.

Хазрети Халифа-тул Месих р.а. додал дека сега на одредени места се врши притисок во планирањето на семејството и дека сега некои земји увидуваат како нивното стојалиште било погрешно. Сигурно дека се раѓаат проблеми кога човекот се обидува да оди спротивно од природните закони. Некои парови во Кина биле казнети кога го прекршиле законот кој ги ограничувал на само едно дете. Тоа довело до многу абортуси и убивање на децата. Кина сега го кренала ова ограничување. Исто така увиделе дека таквите ограничувања довеле до намалување на работна сила и тие сега ја менуваат политика.

Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека во раните денови во Кадијана требало да се завршат многу работи, како што е готвењето, набавката на намирници, итн. и овие работи не можеле да ги завршат само членовите на семејството на Ветениот Месија а.с.. Многумина други исто така помагале. На пример, кога ќе пристигнело гориво тоа требало да се складира. Така, слугинката која примала пратка би повикала: ’Има ли некој да помогне горивото да се однесе во шупата‘. Неколку луѓе доаѓале и работата била завршена. Понекогаш никој не одговарал. Еднаш дошла пратка на кравјо ѓубриво (за гориво) и слугинката повикала но никој не одговорил. Токму тогаш хазрети маулан Нур-уд-Дин р.а. се враќал од предавањето за Чесниот Кур‘ан. Поради неговото знаење и лекарски вештини тој имал висока положба во Џемаатот. Слугинката повторно повикала: ’Наскоро ќе заврне, може ли некој да дојде да го однесе ѓубрето‘. Хазрети маулан Нур-уд-Дин р.а. го слушнал тоа и рекол: ’Добро, ние денес ќе бидеме некој‘, и отишол да ја заврши работата. Тој бил учител и кога неговите студенти го виделе тоа и тие му се придружиле. Хазрети Муслех Мауд р.а. вели дека неколку пати го видел хазрети маулан Нур-уд-Дин р.а.  како помага.

Кога хазрети маулан Нур-уд-Дин р.а. сахиб бил многу задоволен имал навика, поради својата голема љубов кон Ветениот Месија а.с., тој на него да се повикува како ’нашиот Мирза‘. Тој, Ветениот Месија а.с. го знаел многу долго пред тој да го изнесе своето тврдење и уште од  порано се навикнал на овој термин на нежност. Некои глупи луѓе тоа го критикувале и рекле, чувај Боже, маулан сахиб не го почитувал прописно Ветениот Месија а.с.. Одговорот на маулан Нур-уд-Дин  р.а. бил: ’Некои луѓе критикуваат дека јас не го почитувам Ветениот  Месија а.с. иако јас овој термин за него го употребувам поради големината на мојата љубов кон него.

Искреноста на хазрети маулан Нур-уд-Дин р.а. им била очигледна на сите. Сепак, тој не можел да оди бргу како Ветениот Месија а.с.. Кога биле надвор на прошетка Ветениот Месија а.с. одел брзо а хазрети маулан Нур-уд-Дин р.а. некое време одел со него а потоа застанувал, седнувал под дрво и чекал на групата да и се придружи по враќањето. Кога Ветениот Месија а.с. дознал за ова ја променил праксата. Хазрети маулан Нур-уд-Дин р.а. би одел во чекор некое време но кога Ветениот Месија а.с. би побрзал мауланот останувал зад него. Тогаш Ветениот Месија а.с. се свртувал и му поставувал прашање на маулан Нур-уд-Дин р.а. за да овој му одговори. Хазрети маулан Нур-уд-Дин р.а. застанувал на секои триесет до четириесет метри и Ветениот Месија а.с. повторно му поставувал прашање што него го поттикнувало да оди побрзо и да го стаса Ветениот Месија а.с.. Причина за ова било, всушност, да го охрабри мауланот да стекне навика за брзо одење. Неговото занимање било такво што тој деновите ги минувал на клиника каде седел и кога одел во посета на пациенти имал превоз. Навистина, неговата искреност не била доведена во прашање и Ветениот Месија а.с. му одал почит.

Еднаш Ветениот Месија а.с. бил во Делхи и тогаш Мир Насир Наваб сахиб се разболел. Докторите предлагале операција додека некои други советувале употреба на Унани (Персиско – Арапска) медицина. Ветениот Месија а.с. му пратил телеграма на маулан Нур-уд-Дин р.а. веднаш да дојде без оглед во каква и да е состојба. Хазрети маулан Нур-уд-Дин р.а. во тоа време бил во својата клиника и дури немал ниту мантил. Повел некој со себе и веднаш тргнал. Кога неговиот пријател предложил да оди да земе нешто пари мауланот одговорил: ’Не, наредбата е веднаш да дојдам во какава и да сум состојба‘.

Тие отишле до Батала (11 милји) и стасале до железничка станица. Неговиот пријател прашал како ќе платат за патот а мауланот одговорил: ’Ајде да седнеме овде, Бог тоа ќе го уреди‘. За тоа време им пришол некој човек и прашал дали тој е Хакеем Нур-уд-Дин р.а.. Кога тој одговорил потврдно човекот рекол дека до доаѓањето на возот има уште време и од шефот на станицата побарал возот во секој случај да ги почека и рекол дека неговата жена е многу болна и дека мауланот треба да појде да и даде лекарства. Хазрети маулан Нур-уд-Дин р.а. отишол и го прегледал пациентот, напишал рецепт и се вратил на станицата. Во знак на благодарност овој човек им купил карти и понудил 50 рупии и хазрети маулан Нур-уд-Дин р.а. стасал во Делхи и го лечел Мир Насир сахиб.

Хазрети Муслех Мауд р.а. пишува дека ова е величествен пример на доверба во Бог. Меѓутоа, човекот во тоа време бива ставен на искушение, понекогаш човекот мора да издржи глад и дури облеката да ја изгуби, на работ на смртта да се најде, така да луѓето можат да знаат дека Божјите робови потполно се ослонуваат на Него и имаат доверба во Него.

Хазрети маулан Нур-уд-Дин р.а. навистина имал висока положба и Ветениот Месија а.с. тоа го признал во својата Персиска поезија:

Меѓутоа, хиперболи секогаш треба да се избегнуваат. Некои од децата на хазрети маулан Нур-уд-Дин р.а. се обиделе да ја величаат неговата положба а и некои други кои го одбиле Халифатот и имале лични интереси. Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека човекот секогаш треба да ја каже вистината. Ветениот Месија а.с. ја воздигнал положбата на хазрети маулан Нур-уд-Дин р.а., и нема сомневање дека и Чесниот Пратеник с.а.в.с. на големо го фалел хазрети Абу Бакр р.а., и никаде во објавата на Ветениот Месија а.с. не е кажано да биде втемелена чест на хазрети маулан Нур-уд-Дин р.а.. Навистина, тоа што било факт и вистина, тоа е изразено. Неблагодарно е не спомнувањето на нечие жртвување. Хазрети Муслех Мауд р.а. вели дека еднаш некоја личност му рекла на Ветениот Месија а.с. дека постапките на хазрети маулан Нур-уд-Дин р.а. кон него биле многу корисни. Ветениот Меисја а.с. тој ден не се чувствувал добро но се исправил и му рекол на хазрети Амаан Џан р.а. дека Бог го вдахнал хазрети маулан Нур-уд-Дин р.а. да дојде во Кадијана и многу луѓе да имаат корист од него. Неговото присуство била голема Божја наклонетост.

Еднаш некој асхаб дошол во Кадијана да го види Ветениот Месија а.с. и отишол во џамијата Месџид Мубарак. Кондурите биле оставени пред вратата на џамијата. Некој човек во едноставна облека дошол и седнал покрај кондурите. Овој асхаб помислил дека овој човек е крадец кој ги краде кондурите, и затоа го држел на око. Кога Ветениот Месија а.с. починал и овој човек слушнал дека некој станал Халифа-тул Месих, тој дошол да даде баи‘ат. Кога ја пружил раката за да даде баи‘ат го видел токму оној човек за кого мислел дека краде кондури, односно хазрети Халифа-тул Месих I р.а.. Овој асхаб бил засрамен. Навистина, хазрети маулан Нур-уд-Дин р.а. имал навика да седи крај кондурите и напред се поместувал само кога Ветениот Месија а.с. би го повикал. Тој преку постапките на понизност ја достигнал својата висока положба.

Таква понизност била соодветна на оној кој надминувал во духовното знаење и бил меѓу врвните лекари на Индија и на кого Ветениот Месија а.с. му укажал чест и тоа само ја зголемувало неговата понизност. Нека Аллах продолжи да ја воздига неговата положба и нека во негово име им даде разум на оние кои создаваат неред и нека Аллах не оспособи да извлечеме поука од неговиот пример кон желбите на Ветениот Месија а.с..

Денес започнува Џалса Салана на Маурициус. Тие ја одбележуваат својата стогодишнина. Нека нивната Џалса биде благословена на секој начин и од минатите сто години нека огласат нови напредоци. Нека Џемаатот таму направи многу нови планови! Таму ги има оние кои предизвикуваат неред, нека Аллах ги заштити од нив и нека ја благослови Џалса и нејзините програми на секој начин.