In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Потребата од Имам

По учењето на шехадет, тaуза, бисмил и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов Помошник) рече:

Ветениот Месија а.с. во еден од неговите стихови наведува:

„Време е да дојде Месија и да го реформира светот, ако тоа не бев јас, тогаш некој друг ќе беше пратен за оваа задача.“

Во времето на доаѓањето на Ветениот Месија а.с. состојбата на муслиманите била жалосна. Стотици илјади муслимани преминувале во христијанство, верата како да не постоела и како да заминала од Плејади (ѕвезденото јато), што и било претскажано од Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Тие кои имале искрена љубов кон исламот очекувале да се појави Месија и да го поправи и спаси потопениот брод. Меѓу нив бил и еден побожен човек, Суфи Ахмад Јаан, од Лудијана. Господинот Суфи бил сведок на тоа време, таа ера и околностите во кои се наоѓал Ветениот Месија а.с., и еднаш рекол:

„Ние болни гледаме кон тебе. Во името на Бог, стани Месија.“

Господинот Суфи Ахмад Јаан бил сигурен дека Мирза Гулам Ахмад бил Имам и Месија од ова време. Затоа, на своите деца и на пријателите им рекол да го прифатат кога тој ќе објави дека е Месија. Во секој случај, овој побожен човек сфаќал и знаел дека ако некој е во состојба да го спаси бродот на исламот кој тоне во ова време, тоа е хазрети Мирза Гулам Ахмад а.с. од Кадијана, кој ги замолчел непријателите на исламот со книгата „Брахеен-е-Ахмадија“. Ветениот Месија а.с. преку многубројни пишувања, хутби и состаноци изнел докази кои го потврдувале неговото тврдење. За доаѓањето на Месија зборувал согласно на времето и со поткрепа на Возвишениот Бог, но само оние кои имале злоба во срцето и кои биле самољубиви не го разбрале.

Јас сега ќе изнесам неколку докази користејќи ги зборовите на Ветениот Месија а.с..

Објаснувајќи го сето ова Ветениот Месија а.с. вели:

„Ако ме наречете лажливец тогаш ќе останете далеку од исламот. Јас вистинито зборувам дека Аллах ја заштитил религијата и ова е исполнето согласно на ветувањата во Чесниот Кур‘ан и на претскажувањата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..“

Сето ова е поради тоа што во точно потребно време и согласно на ветувањата на Возвишениот Бог и радосните вести на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., Он ја започнал оваа Заедница.

Ветениот Месија а.с. во 1903 година го кажал следното:

„Дваесет и две години поминаа откако ја објавив мојата мисија и поддршката на Возвишениот Бог е покрај мене. Ако сум јас измамник зошто тогаш ја имам оваа поддршка на Возвишениот Бог?“

Ветениот Месија а.с. понатаму продолжил и рекол дека дури и сега кога е потребно, Он го пратил за истата цел. Навел дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. е (сличен) на Муса а.с., како што е спомнато во Деуторономијското претскажување. Апсолутно е јасно дека Божјиот закон на Муса а.с. и Божјиот закон на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. се слични. Системот на Халифатот бил завршен со Иса а.с. кој дошол 14 века по Муса а.с.. Според таа сличност неопходно било Халифатот да се појави 14 века подоцна во иста  смисла како што се појавил и Месијата (Иса а.с.) со сличен закон и дух.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Како што Месијата Иса а.с. не донел нов закон и дошол да го надополни Тевратот, слично и Месијата Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. по Божјиот закон не донел свој закон туку дошол да го прероди и заврши Чесниот Кур‘ан, што се нарекува завршеток на ширењето на пораката.“

Потоа, спомнувајќи уште една сличност помеѓу Месијата од времето на Муса а.с. и Месијата од Мухаммедовото с.а.в.с. доба, Ветениот Месија а.с рекол:

„Јас дојдов да го надополнам Тевратот, и јас кажувам дека мојата единствена должност е да го завршам ширењето на упатството.“

И потоа го спомнува фактот дека ако не го прифатиме него навистина со тоа го одбиваме Возвишениот Аллах и Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Ветениот Месија а.с. вели:

„Ако мене ме отфрлите не ме отфрлате само мене туку го отфрлате Аллах и Неговиот Чесен Пратеник Мухаммед  с.а.в.с., бидејќи оној кој мене ме смета за лажливец, прво што подразбира под тоа е дека Бог излажал – Чувај Боже!“

Причина за ова е што тие забележуваат дека внатрешните и надворешните немири ги поминале сите граници, но и покрај Неговото ветување Возвишениот Бог не направил ништо за нивно реформирање. (Чувај Боже, уште една причина Бог да се нарекува лажливец). Тој изгледа дека верува во она што Возвишениот Бог ветил во ајетот Истикхлаф (ајет во врска со Халифатот), дека, слично на Божјиот закон на Муса а.с., Он ќе постави систем на Халифат во Мухаммедовиот с.а.в.с. Божји закон.

Како и да е, чувај Боже, Он не го исполнил ова ветување и моментално не постои Халифат во овој уммет.

Ветениот Месија а.с. рекол:

„Размислете тогаш колку сериозна работа е моето отфрлање. Јас ова не го зборувам сам, но се колнам со Божјото име дека оној кој ме одбие и не ме прифати не може само со зборови да го отфрли Чесниот Кур‘ан, тој се отстранува од Бог и од Чесниот Кур‘ан.“

Продолжувајќи да ја објаснува оваа поента дека ако некој го одбие Ветениот Месија а.с. навистина го отфрла Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., Ветениот Месија а.с. пишува:

„Како ова да значи дека се отфрла Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.? Кога јас велам отфрлање мислам на тоа дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. претскажал како ветениот реформатор ќе се појавува на почетокот на секое столетие.“

Поради тоа ова претскажување, чувај Боже, би било лажно. Исто така, претскажувањето во врска со ’ИМАМУКУМ МИНКУМ‘ е дека еден од вас ќе биде Имам. Дали ова, чувај Боже, ќе биде лага како и радосните вести во врска со доаѓањето на Месија и Мехди во време кога опасноста од христијанското учење не окружува. И тоа значи треба да биде лага, чувај Боже, лага, бидејќи Фитна (неред) е присутна, но Имамот не се појавил. Кога некој ова ќе го прифати зарем тој практично не го отфрла Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.?

Ветениот Месија а.с. понатаму кажува:

„Јас јасно нагласувам дека не е мала работа одрекувањето од мене. Оној кој ме нарекува кафир мора прво самиот да стане кафир… Ја потврдувам вистинитоста на Чесниот Кур‘ан и Хадисите и јас самиот сум потврден од нив. Јас не сум на погрешна насока но сум Мехди (праведно упатен) и не сум кафир, туку сум манифестација на (ајет). Јас сум првиот кој поверувал.“

Спомнувајќи ги знаците за доаѓањето на Ветениот Месија, Ветениот Месија а.с. наведува:

„Во реалноста појавувањето на железницата е еден од знаците за доаѓањето на Ветениот Месија и Чесниот Кур‘ан вели:

„… И кога десет месеци стелната камила биде напуштена …“

Побожноста доаѓа со праведноста. И, ако овие луѓе внимателно размислат ќе разберат дека зборовите ’камилата ќе биде напуштена‘, се однесуваат на појавувањето на железницата. Како и да е, ако ова не се однесува на железницата тогаш е неопходно да не информираат за случката која ќе допринесе камилите да бидат напуштени.“

Ветениот Месија а.с. понатаму наведува:

„Толку знаци се исполнети а овие луѓе се оддалечиле од нив дури и влегувале во расправа за нив. На пример, дали лунарната и соларната еклипса се случила во текот на месец Рамазан, како што е и наведено во знаците за доаѓањето на Мехди? Слично на тоа, од почетокот на создавањето ваков начин на транспорт не бил измислен.“

Ветениот Месија а.с. наведува:

„Знаците означуваат дека Ветениот Месија а.с. се појавил. Ако овие луѓе не веруваат дека јас сум тој, тогаш тие треба да бараат некој друг и да го откријат, затоа што знаците кои биле претскажани за неговото доаѓање сите се исполниле.“

Ветениот Месија а.с. понатаму наведува:

„Ако сакате да ја истражите мојата вистинитост направете го тоа со помош на аргументи кои ги изнеле претходните пратеници и следете го овој пат. Обидете се аргументите да ги промислите со побожна намера и ќе ги видите како ваша добра придобивка… Како и да е, оние кои негуваат зло и омраза во своите срца нема да имаат никаква корист од моите зборови. Тие изгледаат како личност со неправилни очи која види дупло. Не е важно колку аргументи им се претставени на таквите луѓе за да се докаже дека она што го гледаат е едно, и тие никогаш тоа нема да го прифатат.“

Ветениот Месија а.с. потоа наведува:

„Јас претставив листа која содржи повеќе од 150 знаци кои ми биле дадени како и листа на милиони луѓе кои тоа го сведочеа.“

Ветениот Месија а.с. продолжува зборувајќи:

„Според тоа, моите тврдења треба да се проверат, како што и тврдењата на другите пратеници биле длабоко анализирани. Јас отворено изјавувам дека со овие критериуми ќе откриете дека сум вистинит.“

Јасно можеме да видиме дека Возвишениот Бог му помогнал на Ветениот Месија а.с. на многу начини.

Додека го објаснувал начинот да се дознае вистината, Ветениот Месија а.с. рекол:

„Ако сакате да го пронајдете вистинскиот пат, тогаш молете му се на Возвишениот Аллах и во Неговото обожавање барајте вистината да ви ја покаже видлива.“

Ветениот Месија а.с. продолжува зборувајќи:

„Ако човекот се моли Возвишениот Бог да му ја покаже вистината, ослободен од секоја предрасуда, тогаш ви кажувам со полно убедување дека ниту четириесет дена нема да помине а вистината да не му биде покажана.“

(Четириесет дена нема да поминат а да вистината не стане обична и нормална за него), се разбира ако човекот вистината ја бара од Возвишениот Бог со чиста совест.

Ветениот Месија а.с. потоа наведува:

„Постојат само неколкумина кои од Возвишениот Бог сакаат вистината да ја бараат според овие услови, и поради своите предрасуди и тврдоглавост го отфрлаат оној кој е пратен од Бог и со тоа се одрекуваат од својата вера. Причина за тоа е она што, ако човекот го отфрли оној кој е пратен од Бог – кој се однесува како сидро за пратеништвото, тогаш тој човек исто така го отфрла пратеникот, и кога ќе го отфрли пратеникот тогаш го отфрла Возвишениот Бог и ја губи својата вера.“

Нека Возвишениот Аллах ги упати муслиманите наместо да го прифаќаат тоа што им го наметнуваат верските водачи, самите да ги согледаат причините и искрено ја побараат наклонетоста на Возвишениот Бог. Нека Семоќниот Бог ги отвори нивните срца и нека  прифатат Ветениот Месија а.с. да ги избави од тешката ситуација во која се наоѓа муслиманскиот свет. Тие се крајно несреќни и не гледаат излез.

Моментално во Пакистан, ново настанатите организации под името ’Лејбек ја Ресулуллах’ неодамна организираа марш; прво го окружија Лахор а потоа и Исламабад. Потоа, друга организација со слично име го затвори Исламабад  и ниту една сила и армија не можеа ова да им го забранат. Ние, Ахмади муслиманите, сме оние кои вистинито можеме да кажеме ’Лејбек ја Ресулуллах‘ (Овде сме, о Божји Пратенику), бидејќи ние сме тие кои сме се одѕвале на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Како тие можат да го разберат вистинското значење на ’Лебејк ја Ресулуллах‘, тие само извикуваат празни слогани.

Нека Возвишениот Аллах го заштити светот, исто така и Пакистан и секоја муслиманска земја од хаос и неред. Нека Возвишениот Аллах ја подари Неговата специјална милост на муслиманите, бидејќи моменталната состојба е таква што постојат застрашувачки организирани проекти против муслиманскиот свет. Ако сега не ја гледаат причината ќе се каат во иднина. Нека Аллах се смилува.