In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

ЉУБОВ И ПОЧИТ КОН ЧЕСНИОТ КУР‘АН

Неодамна на хазрети Халифа-тул Месих му беше прикажано видео за некој Африкански верски зналец кој возрасните ги подучувал на Чесниот Кур‘ан и немилосрдно ги удирал и за најмалите грешки кои ќе ги направеле. Некој чиј јазик не е арапски и има 17 или 18 години, или можеби е постар, не може точно да ја изговори секоја буква како личност која е обучена да го учи Чесниот Кур‘ан (таканаречениот кари). Поради таквото однесување луѓето се откажуваат од учењето на Чесниот Кур‘ан и многу од оние кои не се арапи не знаат како тој се учи.

Чесниот Кур‘ан треба да се подучува со љубов и желба тој да се научи. Неодамна една госпоѓа Јапонка која живее во Велика Британија даде завет на баи‘атот и дојде да се сретне со хазрети Халифа-тул Месих. Таа кажа дека со Божјата милост за три години го завршила првото учење на Чесниот Кур‘ан, и сакаше нешто да проучи на хазрети Халифа-тул Месих.  Ја проучи сура Ајетул-Курси на многу трогателен начин. Не е целта едноставно да произведуваме грлени гласови како оние кои за тоа се обучени. Бог наредува Чесниот Кур‘ан да го учиме тивко, внимателно и да изговараме најдобро што можеме. На е лесно Кур‘анот да го изговараме како арапите, и оние кои не се арапи не можат потполно точно да изговорат одредени арапски букви доколку не пораснале меѓу арапи. Навистина, оваа госпоѓа Јапонка не можела точно да изговори некои букви. Слушајќи ја се добива впечаток дека сигурно многу е тешко за некои, ако не и за сите Јапонци да изговорат одредени арапски букви. Најважна е љубовта кон Божјата Реч а не учењето поради покажување на знаење на ниво на обучените луѓе. Ниту еден таков ученик или арап не можат да бидат рамни на драгата Божја милост и на милоста која Неговиот Пратеник с.а.в.с. ја имал кон хазрети Билал р.а. и покрај фактот што тој одредени арапски букви не можел да ги изговори.

Луѓе од многу други религии доаѓаат во Џемаатот и голем број на муслимани не знаат како се учи Чесниот Кур‘ан. Многу мисионери во Африка се соочени со овој факт. Учителите  Чесниот Кур‘ан треба да го подучуваат на начин кој всадува љубов и желба кон неговото учење. Нека Аллах ја награди госпоѓата од Пакистан која не само што ја подучила госпоѓата Јапонка да го учи Чесниот Кур‘ан туку во неа всадила љубов кон него. Главната цел не е Чесниот Кур‘ан да го учиме како оние кои се обучени за тоа; природно важно е да продолжиме да го учиме Кур‘анот поправајќи го начинот на учење но не е во ред едноставно да престанеме со учењето бидејќи одредени букви не можеме правилно да ги изговориме.  Треба да настојуваме нашето изговарање  што повеќе да го доближиме до изворното и да продолжиме со вежбањето.

Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека не е во ред да настојуваме секој збор од Кур‘анот да го изговориме токму како оние кои на тоа се научени бидејќи Бог не ни дал способност за тоа. Тој рекол дека неговиот рахметли дедо по татко бил многу наклонет кон подучувањето на Чесниот Кур‘ан и поради тоа за децата земал учители. Тие учители биле многу груби и ги тепале децата кога тие правеле грешки. Тие на децата им ставале гранчиња меѓу прстите и ги стискале поради погрешното изговарање. Како што е кажано во претходната хутба еден арап дошол кај Ветениот Месија а.с. и кога го слушнал како изговара некоја арапска буква со пенџапски акцент рекол (чувај Боже)   како тој може да биде Ветениот Месија кога дури ни таа буква не може да ја изговори. Ова навистина било многу дрско од еден арап. Секоја земја има свој сопствен акцент.

Хазрети Муслех Мауд рекол дека Индијците арапската буква ’зад‘ ја изговараат на два различни начина. Бидејќи арапите самите велат дека само тие можат да ја изговорат буквата ,,зад,, има ли смисла да ги критикуваат другите?

Арапи Ахмади муслиманите треба да имаат во предвид дека мнозинството од нив разбираат но некои имаат одлика да се фалат. Една госпоѓа од Пакистан која е мажена за арап зборува со грлен глас и смета дека изговара правилно а всушност не изговара. Ако таа тоа го сочуваше за себе хазрети Халифа-тул Месих тоа немаше да го спомне но бидејќи тој дознал дека таа ги исмејува Пакистанците кога се во нејзино друштво и вели дека тие не знаат како се учи Кур‘ан и не можат правилно да го изговорат арапскиот јазик. Од ова произлегло исмејувањето на Пакистанците од страна на арапите.  Хазрети Халифа-тул Месих рекол дека не мисли дека сите арапи ги исмејувале и дека можеби тоа го правело само семејството во кое таа била мажена. Исламот треба да ги придобие срцата на сите националности и да ги запознае со Божјата Реч, односно да всади љубов во срцата. Меѓутоа, учењето на Кур‘анот со својот сопствен акцент и со љубов кон Кур‘анот секој го учи на најдобар можен начин. Навистина, треба да се посвети внимание на правилно учење и оние кои знаат правилно да изговараат треба да им помогнат на другите наместо да ги исмејуваат.

Хазрети Муслех Мауд р.а. раскажал приказна за еден човек кој бил голема кукавица и замислувал дека е многу храбар. Тој отишол кај некој кој тетовирал и побарал од него да му направи тетоважа на лав. Во старо време храбрите луѓе сакале да имаат  тетоважи за да ја покажат својата храброст. Тату мајсторот почнал да работи и  кога ја забил иглата кукавицата прашал што прво ќе направи. Тату мајсторот одговорил дека прво ќе ја направи  опашката на лавот. Човекот кажал дека лав може да остане лав и без опашката и побарал од мајсторот да ја изостави. Тату мајсторот повторно ја забил иглата и човекот повторно прашал што  сега ќе прави. Тату мајстор одговорил дека ќе ја нацрта десната предна шепа. Човекот кажал дека лав може да остане лав и без предна десна шепа и мајсторот кажал дека може. Тогаш човекот рекол да ја изостави. Тоа продолжило и со левата предна шепа и со десната задна шепа. На крајот мајсторот кажал дека за него не останува ништо што би можел да нацрта. Состојбата на исламот е многу слична на тоа. Муслиманските водачи и зналци ги извикуваат слоганите но во пракса ништо не прават. Тие од луѓето бараат сè да напуштат; пракса која нема врска со исламот.

Хазрети  Муслех Мауд р.а. рекол дека неговиот дедо по мајка зборувал дека како дете бил многу дрзок. Тој раскажувал дека во сезоната на мангото, кога неговите родители браќа и сестри седнувале заедно и јаделе манго тој стоел на страна под изговор дека овошјето било горчливо. Кога сè ќе било изедено тој би рекол: „Добро јас сè уште сум гладен и затоа ќе ги изедам овие горчливите.“ Еднаш неговиот постар брат рекол дека и тој сè уште е гладен и одлучил да ги изеде горчливите манго ставени на страна и открил дека тие всушност биле благи. Иста таква ситуација е и со муслиманските водачи кои сакат да го наметнат законот на Шеријатот но не знаат ништо за исламот. Тие со измама нештата за себе ги стават на страна. Додека однесувањето на дедото на Муслех Мауд било детско, овие водачи свесно го прават тоа што е погрешно.  И тие го ограбуваат исламот поради своите интереси што е голема трагедија за исламот и поради таквите верски водачи одредени групи и организации прават суровости.

Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека ако ја всадите богобојазливоста и побожноста и ја влеете навиката на намазот и спомнувањето на Бог, учењето на салаватите и клањањето на тахаџуд (ноќниот намаз) Бог сигурно ќе ве благослови со вистински соништа и визии и ќе ви се обраќа. Тој рекол дека е живо чудо тоа што човекот ќе го доживее на лично ниво. Нема сомневање дека хазрети Ибрахим, хазрети Муса и и хазрети Иса а.с. покажале многу чуда но за човекот големо е само тоа чудо кое тој го забележува на лично ниво.

Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека хазрети Сахибзада Абдул Латиф Схахеед го прифатил Ахмадијатот и потоа од Кадијана наминал во својата татковина Кабул. Гувернерот на Кабул побарал од него да се покае. Сахибзада му рекол дека пред да ја напуштил Кадијана во сон видел дека има лисици на раце. Како е можно тој да го промени своето гледиште откако Бог му рекол дека на Божјиот пат ќе биде ставен во лисици! Тоа негово цврсто верување потекнува од фактот дека тој тоа го доживеал на лично ниво во сон.

Хазрети Суфи Ахмад Јан Сахиб бил многу побожна личност. Махараџата од Џамма од него побарал да ја посети Џамма и да прави дови за него но тој одговорил: „Ако сакаш јас да го молам (Бог) за тебе ти треба да дојдеш и да ме посетиш.“ Суфи сахиб му бил длабоко предаден на хазрети Мирза Гулам Ахмад а.с. Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека знаеле кога книгата Барахеен е Ахмадија била објавена, дека хазрети Мирза Гулам Ахмад а.с. имал стотици илјади следбеници. Суфи сахиб бил еден од нив но починал пред тој да го изнесе тврдењето дека е Ветениот Месија. Суфи сахиб бил евлија (Божји пријател) и можел да предвиди дека хазрети Мирза Гулам Ахмад ќе стане Ветениот Месија и пред да почине своето семејство го советувал да го прифатат кога тој ќе го изнесе своето тврдење. Другите  следбеници  кои немале видовитост како Суфи сахиб зборувале дека само хазрети Мирза Гулам Ахмад а.с. може да го спаси исламот. Сепак, кога Ветениот Месија а.с. го изнел своето тврдење и го разделил еликсирот (животниот напиток), сите угледни луѓе го одбиле и рекле дека тоа што мислеле дека е злато се превртело во бакар. И додека тој имал стотици илјади следбеници само четириесет дошле на прво примање на заветот на баи‘атот на Ветениот Месија. Маулави Санауллах (кој подоцна станал противник) напишал дека одел во Кадијана за да се сретне со Ветениот Месија по објавувањето на книгата Барахеен е Ахмадија и маулви Мухаммед Хусеин Баталви (исто така станал противник) напишал дека во последните 1300 години никој повеќе не му служел на исламот  колку Ветениот Месија!

Дури и денес таканаречените исламски канали прогласуваат дека тој навистина добро му служел на исламот и дека подоцна, чувај Боже, станал расипан. Овие луѓе се заслепени и немаат вид. Наместо да видат каде се наоѓа Божјата поткрепа на практично ниво, тие се потонати во сопствената темнина.

Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека смета како куќата во Лудхиана, каде за прв пат се одржало примањето на заветот на баи‘атот е место од големо значење и Ветениот Месија а.с. тоа посебно го спомнал. Кога хазрети Халифа-тул Месих I р.а. побарал од Ветениот Месија а.с да го земе заветот на баи‘атот тој за тоа место го одбрал Лудхиана. Хазрети Суфи Јан сахиб, на кого Бог му подарил далековидост за да го препознае Ветениот Месија а.с. исто така потекнувал од Лудхиана и сопругата на хазрети Халифатул Месих I р.а. била негова ќерка.  Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека сака ова место да се истакне и да се запишат имињата на оние четириесет луѓе кои дале баи‘ат.

Хазрети Халифа-тул Месих рекол дека со Божјата милост Џемаатот сега има имот (куќи) и ако Хазур ги немал фактите и броевите при рака рекол дека се направени напори да се направи споменик како што хазрети Муслех Мауд р.а. тоа го посакувал. Хазрети муслех Мауд р.а. рекол дека на Чесниот Пратеник с.а.в.с. во сон му биле покажани гроздовите од грозјето на Џеннетот и му било кажано дека тоа е за Абу Џехел. Толкувањето на овој сон е дека на Икрам синот на Абу Џехел ќе му биде подарен Џеннетот.

Во текот на една битка во почеток на исламот христијаните имале предност и многу муслимани биле убиени. Икрама ова не можел да го толерира и побарал одобрение и влегол во битката. Овој напад бил толку силен што предизвикал растројство меѓу непријателите. Меѓутоа, Икрама исто така се здобил со сериозни повреди. Човекот кој на повредените им носел вода дошол до него но Икрама го видел повредениот Сохаил  кој исто така барал вода за да се напие па тој човек го испратил кај хазрети Сохаил. Кога отишол до него, Сохаил на тој човек му рекол прво да оди до хазрети Харис бин Хисхам. Кога тој човек стасал до Харис тој починал; потоа отишол кај Сохаил но и тој исто така починал. На крајот отишол до Икрама кој исто така починал. Така тоа претставувало исполнување на сонот/претскажувањето на Чесниот Пратеник с.а.в.с.

Повикувајќи се на ова претскажување на Ветениот Месија а.с. за Муслех Мауд, хазрети Муслех Мауд рекол дека во времето на ова претскажување дури ниту луѓето од Кадијана не знаеле за неговиот благословен татко. Тие мислеле дека неговиот дедо имал само еден син, неговиот амиџа. Така, непознатата личност која била хазрети Мирза Гулам Ахмад а.с. изнела претскажување дека ќе има син чија популарност ќе стаса до краевите на Земјата и низ него пораката на исламот ќе се рашири секаде во светот! Кој може да изрече нешто толку важно сам од себе? Ова претскажување исто така рекло дека тој од три ќе направи четири што значело дека раѓањето на хазрети Муслех Мауд ќе се случи во четвртата година од претскажувањето. Навистина, тој се родил во јануари во 1889 година а во март 1889 Ветениот Месија го земал првиот баи‘ат од своите следбеници.  Ова претскажување било многу популарно во нашиот Џемаат како и надвор од Џемаатот. Луѓето се прашувале кој ќе биде тој син! Претскажувањето имало имиња Махмоод и Бесхир така што на хазрети Муслех Мауд му било дадено име Мирза Басхир-уд-Дин Махмоод Ахмад. Хазрети Муслех Мауд р.а. отишол во Лудхиана за да прогласи дека тој навистина е Ветениот Реформатор. Лудхиана била место каде се случило првото примање на баи‘атот, и тоа било место каде е склучен бракот на хазрети Халифа-тул Месих I р.а. со ќерката на хазрети Суфи Јан сахибаи синот спомнат во претскажувањето за Муслех Мауд роден од жената на Ветениот Месија која живеела во Лудхиана.

Тој рекол дека се сеќава дека кратко време живеел во Лудхиана кога имал околу две години и дека се сеќава како нивната куќа била директно до патот кој бил прав. Тој единствено се сеќава на случката кога бил надвор од дома и некое дете на него фрлило мртов гуштер и дека тоа го исплашило и тој се стрчал дома плачејќи. Лудхиана навистина е место од големо значење. Правило е нештата од Бог да наидуваат на спротивставување на луѓето. По ова претскажување одржани се собири и на други места но немало спротивставување. Но кога хазрети Муслех Мауд дошол во Лудхиана и најавил дека тој е Муслех Мауд и дека претскажувањето е исполнето доживеал непријателска реакција од луѓето во градот. Сепак ова претскажување на Ветениот Месија а.с. било исполнето со сета своја величественост.

Хазрети Миан Абдуллах Санори имал верна љубов кон Ветениот Месија а.с. Еднаш отишол во Кадијана и Ветениот Месија му дал задача. Кога неговиот одмор поминал побарал дозвола од Ветениот  Месија а.с да се врати дома. Ветениот Месија од него побарал да остане. Санори сахиб побарал од својот работодавец да му го продолжи одморот но неговото барање не било прифатено. Му  кажал на Ветениот Месија а.с. но тој сепак побарал да остане. Санори сахиб му напишал на својот работодавец  дека не може да се врати и тие го избркале од работа. Санори сахиб останал толку долго колку што Ветениот Месија а.с. сакал. По враќањето дома открил дека службеникот кој го избркал не бил овластен за тоа. Тој не само што повторно бил вработен туку му бил платен и целиот заостаток.

Друг асхаб на Ветениот Месија а.с. Мунсхи Зафар Ахмад сахиб од Капоортала работел во судот. Тој рекол дека во Кадијана дошол за да го види Ветениот Месија а.с. но третиот ден побарал дозвола да си оди. Ветениот Месија му рекол да остане. Така поминал еден месец. Повеќе немал работа и добивал заканувачки писма од своите работодавци. Тој толку бил радосен во благословеното друштво на Ветениот Месија а.с. што не се грижел и не стравувал. Кога примил уште едно заканувачко писмо му го кажал тоа на Ветениот Месија а.с. тој му рекол да одговори дека не може да се врати. Кога се вратил во Капоортала, Мунсхи сахиб отишол да се сретне со судијата во неговата куќа за да ја види неговата реакција. Судијата рекол дека сигурно Мирза сахиб не му дозволил да се врати и дека неговиот налог има предимство!

Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека оваа група на луѓето втемелила висок пример на верна љубов и преданост. Членовите на нашиот Џемаат можеби имаат слабости и понекогаш можеби се немарни но ако асхабите на хазрети Муса а.с. ги претставиле своите примери ние исто така мора да ги претставиме примерите на овие луѓе и да им бидеме рамни и ако асхабите на хазрети Иса а.с. ги претстават своите примери на Судниот Ден ние исто така со гордост можеме да ги претставиме примерите на асхабите на Ветениот Месија а.с.

Кога Чесниот Пратеник с.а.в.с. рекол дека не може да каже што е разликата помеѓу неговиот уммет и умметот на Мехди, тоа всушност било на грбот на таквите луѓе. Тоа биле луѓе кои секогаш биле подготвени да ги направат сите жртви како хазрети Абу Бакр р.а., како хазрети Омер р.а., како хазрети Осман р.а. и како хазрети Али р.а. Погледнете го примерот на хазрети Халифа-тул Месих I р.а. на кого Џемматот му дал карактеристична положба што тој порано не е спомнат. Меѓутоа, неговите жртви биле огромни. Кога тој дошол во Кадијана за да го види Ветениот Месија а.с. неговата работа дома во Бери била огромна. Кога побарал одобрение да си оди Ветениот Месија а.с. од него побарал да остане. Хазрети Халифа-тул Месих I р.а. дури и не отишол по своите работи туку некој друг му ги донел. Тоа биле жртви кои заедницата ја прават карактеристична пред Бог. Филозофската вера сама од себе не му користи на човекот. Само верата која ја има сласта на преданоста и верната љубов е напредок за човекот. Оној кој ја препознае вистината од Бог со очите на своето срце не може да биде заведен од никој бидејќи умот ја вдахнува филозофијата додека срцето ја вдахнува верната љубов и преданоста.

Нека Аллах нè оспособи да го препознаеме Имамот на ова доба со очите на своето срце и да останеме цврсти на тоа, и нека шејтанот не биде во состојба да нè измами.

Најавена е џеназа во отсуство за нашиот брат дервиш маулави Кхусхид Ахмад сахиб кој починал на 24 јули на 94 години.